Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    23.711
    Да, провлемот е до родителите.
    Ама дали сега треба другите деца да си седат мирно на час и да се плашат да не настрада некое од нив само зашто детето не е криво?
    Еве како да постапат другите деца и родители, многу ме интересира?
    Ако има детето проблем, само стручни лица ќе му помогнат, а не "поддршка и разбирање" од другите деца и родители.
    Поддршката и разбирањето можеш да ги пружиш кога нема ти да настрадаш.
     
    На H.VAGA, bertold, Authentic и 4 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.461
    Па секако дека мора да работат стручни лица. Затоа е и притисокот и треба да има притисок.
    Добро, чиво е детето? Како може да не се знае?
     
    На CameliaMiller и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    На некој шо работи у ДБК наводно ,од муабети
     
    На SummerGirl и JuLleE им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.039
    Допаѓања:
    130.930
    Пол:
    Женски
    Колку пати треба да кажеме дека и други деца растат во лоши средини и услови, но не прават вакви работи?
    Дури и од тие што кршат инвентар, има такви кои не допираат и не тепаат луѓе. Не смее да се оправдува. Оправдувањето ќе им помогне на неговите ова да го пикнат под тепих, а утре нивното мило психопатче да предизвика некој да заврши со фатален исход.
    Се подразбира дека вина имаат и неговите родители. Но, тој е посебна личност и насилник кој ја загрозува безбедноста на другите и поради кој деца (особено девојчето кое го соблекол) заработија доживотна траума за која им треба терапија!
    И за дегенерик и за полош назив е!
     
    На tambelina, fbaby, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  5. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Тешко дека ова дете некогаш ќе се вклопи во системот. Нема ни соработка со родителите. Мислам дека ни психолози ни педагози ни дефектолози нема да можат да помогнат. А поправните домови не се за вакви случаи?
    Жал ми е за децата, ни криви ни должни што минуваат. А дека има таму нормална настава тешко.
     
    На Antebellum, Anyshka, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    14.453
    Пол:
    Женски
    Многу сте ко пристрасни некои од вас, превише отколку што треба. Се прашувам дали ако ваше дете учеше со ваков насилник волку големо разбирање би имале и зошто не?

    Детето не треба во училиште да иде и да ги тероризира сите околу него, детето треба соодветно да се третира и да се лекува. Нормално дете ова не го прави.

    Уште поненормални се неговите родители, а уште поненормални оние кои "процениле" дека се е во ред со него.. Али, со оглед на тоа кај живееме, ништо не ме чуди.

    Ради едно пореметено детиште кое се иживува со сите, цело одделение вака да се распадне, па и наставниот кадар да е тероризиран, е тоа само кај нас го може.

    Сите се за лечење, и родителите и он.

    Ама чим тој копукот татко бил очигледно влијателен, изгледа уште долго ќе си игра со сите психопатчево.
     
    На TammiB5, fbaby, Tanjamm и 7 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    7.827
    Пол:
    Женски
    Така де. Се додека нас не не допира, ќе емпатизираме со насилници.
    Вашето дете да е дел од тероризираната група, не знам дали толку широкоградост ќе покажувавте.

    Имав таков пример од основно. Силуваа деца. Таткото влијателен. Ќе чекаме нешто пострашно да се случи? Кога нема соработка од родителите, не треба да има место ни во училишната клупа. Образованието е задолжително, но само за деца кои одат на училиште за да се стекнат. Деца со психопатски елементи и дегенерици од родители нека си се учат по дома или надвор. Подалеку од нормална раја која не заслужува да биде трауматизирана.
     
    На fbaby, Tanjamm, bertold и 6 други им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.123
    Како сте сигурни толку дека детето е пореметено, као, родено со фалинка? А не дека растело цел живот у лоша средина, не знае за подобро?
    Само зошто се кажува очигледното дека нешто не штима со неговото воспитување, не значи дека се ОПРАВДУВА и дека ако го доживееш на своја кожа дека нема да ти дојде природен нагон да му се одмаздиш.
    Никој нејќе да го доживува срањето, али потребни се повеќе информации што се случува за да се заклучи дека 10 годишно е психопат.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Некако не ми се верува дека е ова дете од влијателни родители, бидејќи немаше толкава хајка да има.

    Овде се најкриви родителите секако, но веднаш до нив стручните служби и учителите во училиштата.
    Основното училиште е задолжително, доаѓаат деца од најразлични родители и не можат сите да бидат како војничиња, послушни, средени, вредни.
    Кога постои проблем, треба да се реши, а не да се организира бојкот и да се манипулира со стравот на родителите.
    Подоцна тие исти родители добиваат право да господарат со неспособните учители, па во круг.
    Срамота....наместо притисок врз родителите на детето и учителите , детето се етикетира, а тоа е само нивни производ.
    И не, не е ова Коста , тој бил пример за фино и послушно дете.
     
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    14.453
    Пол:
    Женски
    Па не викаме не, ете родителите не се во ред, да биле, немало до овде да дојде, нели.
    Туку треба да се одвои од училишната средина, не е за таму, бар не се додека не се третира како што треба.
    Во училиште никој не работи со него ете гледаме, сите му се плашат. Ни мене не ми се верува како може така едно дете сите да ги малтретира, и возрасни и деца, никој со прст да не мрда.. Неверојатно.
     
    На Authentic, SummerGirl и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    7.827
    Пол:
    Женски
    Меѓутоа, како е тоа проблем на оние коишто треба да трпат да учат во таква средина? Во секој случај тука возрасните потфрлаат.

    И не е битно во случајов дали е родено пореметено или живее во ненормална средина. Битно е само за него. Но, не и за останатите деца. Кога родителите потфрлаат, а социјалните служби спијат, според мене ја поздравувам постапката на бојкотирање на настава.

    Едно е да си проблематично дете, друго е да соблекуваш девојче и да бришеш под со мочки со туѓи алишта. Тоа е се, само нормално дете не. Се тепале, се навредувале по школи, што е донекаде типично за тој распон на возраст. Другото е скроз искривување на нормално однесување.
     
    На fbaby, Tanjamm, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.428
    Пол:
    Женски
    плашлив народ... поќе од нормалното
     
    На Tanjamm, Трагедијаупмм и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    Проблемот постоел од 1 одд и од градинка. Од прво одд се пишувале петиции, записници, се викале инспекторати и ништо. Ќе направеле записник, и ништо. 10 деца се отпишале од клас, 2 наставничка барале премештај, една дала отказ....службата на школото наводно се обидувала да реши нешто, ама џабе.....уште лани се чудевме како може да е толку заштитен и никој, ништо да не му може....Ако е точно ова дека таткото е во ДБК тогаш тоа има влијание. Во прво одд кога бил само тоа одд бојкотирале и не иделе у школо 2-3 дена и на крај пак ништо...Родителите најголема вина имаат што дозволуваат ова да се случува, да малтретира други, службите исто толкава вина што не инсистирале на помош уште пред 3 години.
     
    На Tanjamm, Anyshka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.123
    Епа штом се знае дека возрасните се криви, од родители, до служби, до школо, логично е одговорот да се бара у нив, пошо друго чаре нема. Ако родителите нејќат да превземат ништо, тогаш службите треба, тоа сите го знаеме. Ама од некоја причина, не превземаат ништо, дали неспособност е во прашање, дали некој ја штити фамилијата, треба да се дознае. Пошо ако е некој ги штити, што ќе смени еден бојкот у едно школо? Ќе го запишат во друго, може таму нема да бојкотираат. Детето треба да се одземе и да се работи со него, да се лечи и ако може да се смени нешто, да се смени дур не е доцна. Од муабетиве до сеа, родителите мува не ги лази, веројатноста е голема дека и гледа сешто по дома, па ова е отсликување. Мислам, од прво одделение да е проблемот и место да го носат кај што треба да го опраат, они се закануваат на луѓе.
     
    На Angie1432, Трагедијаупмм и sonuvana им се допаѓа ова.
  15. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Каде е учителката додека ова се случува?
    Да имаш вакво дете и да не ти е пред очи нон стоп е опасно.
    Тешко е разбирам , но тоа е прашање кое треба институционално да се реши, а не ќе си дадеш отказ, ќе го препратиш на друга адреса или ќе си организираш бојкот.
    Изгубени се две години во надмудрување меѓу возрасните, важно детето е обележано.
     
  16. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    Учителката е во училница, детето соблекувало друго дете во тоалет. Треба да му биде личен бебиситер на него и само за него да работи. Престанете со амнестирање на дете што свесно повредува други деца, родителите што баш ги заболе и служби што не реагират за да не изгубат работни места. Учителки и деца во исто одд се најголеми жртви.
     
    На andromedae, eliesaab, fbaby и 7 други им се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Да, мора така додека не реагираат стручните служби, бидејќи сите се сложуваме дека најодговорните ( родителите ) не им е гајле.
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    14.049
    Пол:
    Машки
    Детето е престапник, тоа веќе е очигледно, но вистинските престапници се родителите и институциите кои ништо не презеле за да се прекине тоа однесување.

    Значи детето има проблем, мислам дека и самото тоа не е, а и не можи да биди, потполно свесно за своите постапки на таа возраст. Речиси сите овие манифестации и испади на агресија се резултат на конфликти и фрустрации кај детето. Впрочем, најлесно е да се впери прст во него, да се означи како социо/психопат и да се елиминира од образовниот процес.

    Во оваа ситуација незадоволството на народот треба да биде вперено, повторно кон институциите, кои не смееле да дозволат да дојде до момент каде нечие дете ќе биде жртва на еден насилник. Очигледно е дека не постои ефикасен механизам за утвдрување и решавање на вакви ситуации и постои голема веројатност вакви циркузи да гледаме и во иднина, благодарение на некадарноста на надлежните институции.
     
    На eliesaab, Tanjamm, boo3 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    7.330
    Проблемот го гледам и во детето и родителите, институциите. Значи во сите. Јас мое дете не би сакала да биде во близина на вакво. А ти?
     
    На Anyshka и anata им се допаѓа ова.
  20. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Ако родителот не потпише согласност службите во училиште несмеат да работат со него. Ако го викнат детето кај педагог и сл во тој случај мора да известат родител а тој повторно мора да даде согласност за да се работи со него. А колку што кажуваат во случајов родителите не ни прифаќаат дека имаат проблем со детето. Имам сличен пример но родителот после неколку инциденти на кои побурно се реагираше даде согласност. И тој прво постапуваше во стилот "знаете ли кој сум јас". Но за дете никого не го интересира кој е другиот, спремен е и правдата да ја земе во свои раце. Во најголем дел и наставничките ги штитат ваквите деца и не ги пријавуваат инцидентите се додека не ескалира. Службите и училиштата дефинитивно не работат и го имаат пробиено дното. А онде само знаат да се бунат за плати. Оваа година изгубив секаква почит спрема наставниот кадар бидејќи реткост е квалитетен и правичен наставник. Ама тоа е кога се продаваат за едно работно место така и ќе живеат во страв да не го изгубат.
     
    На tambelina, Camille84 и SummerGirl им се допаѓа ова.