Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    Следствено моралниот компас кој не води ние можеме да си прикажуваме и градираме скрос жртви или не. За законот не е така. И баш поради тоа што не се случило на улица и се вклучени ТРИНАЕСЕТ ГЛАВИ ,тринаесет мозоци на возрасни единки. Тринаесет еј. Од тринаесет возрасни единки еден читав немало. Тринаесет педофили се собрале да оргијаат со пијано,дрогирано дете од 14години. Што не е во ред со тие тринаесет возрасни единки ?!? Тоа ме загрозува и загрижува. Со детево сфативме што не било во ред,запоставено и само на себе оставено. Туку овие монструми немаат изговор за педофилија ...
     
    На butterfly6223, Adidas888, see.emily.play и 7 други им се допаѓа ова.
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    Две години условна е досудено за еден од педофилите. За конкретниот случај со тринаесетте педофили
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    И ете некој од нив има женско мало дете дома ,значи тој е опасен и за неговото дете...
     
    На Adidas888, Tanjamm, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.137
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Ја читав пресудата дента кога ја донесоа ја имаше онлајн и еве една контрадикторност во истата: тоа е дека конкретно тој со детето не учествувал во сексуалниот однос со жртвата а доби најголема казна и дупло поголема од силувачите. Тој е осуден за дистрибуција на порнографски материјал на малолетно лице и секако зошто веројатно бил таму и снимал и на некој начин е соучесник заслужува казна затвор но сепак силувачите не заслужуваат 6 месеци или 1 година кога овој кај не учествувал доби 4. Законов или е чуден или судењето е чудно. Некако казниве не ми се реални, силувачиве на дете добија смешни казни а единствениот што беше во пресудата назначено дека немал сексуални односи со детето доби 4 години.
     
    На Adidas888, Amelia, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Искрено не го допратив судењето ниту случајот оти ми беше прејезиво и жално.
    Во секој случај пресудата е смешно мала за сите... и не е во ред за тој што била само снимател да е најголема ама јбг.
    Судство наше...
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.392
    Пол:
    Машки
    Е, и што сакаш од оваа држава и власт...:@

    Утре кој ќе гарантира дека нема да го повтори делото? -Никој! :|
     
    На Adidas888, Tanjamm, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.392
    Пол:
    Машки
    Убиецот на Викторија на пешачкиот кај Сити Мол добил само 3 години затвор? :o

    Прочитав негде, ама во неверување, па да прашам пак дали е вистина тоа што го прочитав...:|
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.667
    Допаѓања:
    23.943
    Пол:
    Женски
  9. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.122
    Допаѓања:
    9.433
    Пол:
    Женски
    Ништо не го средува македонското судство!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.692
    Допаѓања:
    38.360
    Пол:
    Женски
    Да. Мислам дека оваа година треба да излезе од затвор. Некаде како да прочитва дека му ја намалиле таа казна. Може грешам.

    Убиецот на Иван Билински е избеган. Делото му е застарено. Гордана која го прегази Слободан на секој начин ќе се обиде да избегне казна. Демек умрениот е виновен. Има пари и мисли дека ќе успее. А сведоците кажале дека таа не застанала на пешачки.
     
    На Waverly Raven, Anyshka, Компир Манџа и 2 други им се допаѓа ова.
  11. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    Судската пракса за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот е казна затвор ДО 3год.

    Сообраќајна несреќа во која постои ЕВЕНТУАЛНА УМИСЛА се казнува со казна затвор од 4 до 20години. (КЗ член 300 став 2) Оваа казна му се заканува на убиецот на Фросина.

    Според тоа со какви докази располага ЈО се одредува и квалификацијата на делото. Понекогаш во ,,недостаток,, на докази обвиненијата се штури. А да не грешам душа ама имаме и опасни правници кои намерно или не ,прават процесни грешки па делата се отфрлаат ,застаруваат...
     
    На Vikktorr, st-el и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.632
    Допаѓања:
    14.078
    Македонија нема судство. Нема да има спас додека повисоки инстанци не преземат многу строги мерки кон властите. Видовте ли деновиве, ние, Србија, Босна, Суринам, Казахстан најкорумпирани. Мито не зема само тој што не може. Тоа се 15 распаднати семејства, тоа на девојчето и на силувачите. Се е тоа канта, хотел промаја, штетници.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    Сите бараме високи казни за разни дела. Но дали сме се запрашале што ќе се случи во нашето опкружување кога тие осуденици ќе излезат од затвор. Ресоцијализација е само поим на лист. Колку подолго се во затвор толку полоши ќе излезат. Замислете сите осудени од сообраќај да лежеле по 15-20год затвор,знаете ли во какво општество би живееле со куп поранешни затвореници кои најпродуктивните години од животот ги поминале зад решетки .

    Инаку,судиите се ставени на свршен чин на крај. Ако низа органи под нив не сработат како што треба ,судијата и да сака не може да суди поинаку без докази. Значи проблемот е комплексен не е така едноставно.
     
    На Vikktorr и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    15.391
    Пол:
    Женски
    Делумно да, еве одговорните нека си ги засукаат ракавите со стратегија која ќе функционира (соодветно на делото). Револт создаваат и малите казни моментално. Не може тој со ќебапите казна затвор поголема од некој што прегазил пешак.
     
    На Трагедијаупмм, Tanjamm и tambelina им се допаѓа ова.
  15. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Машки
    Читав статистики некаде дека високите казни не гарантираат никакво намалување на престапничкото однесување, зборувам за мета-анализа од повеќе студии од повеќе земји... Треба да ја најдам статијата за конкретно. Го сфаќам барањето за високи казни како неартикулирано незадоволство, „треба да ги обесиме на бандера“ “да се удри по џеп па да види“ „, само копач у глава“ , „нека скапе во затвор“, итн, итн... ама не како реално и практично решение. Всушност, еден наш „поранешен“ имаше слични идеи па ништо не се смени... И онака тој што ги правел законите кај нас, не смислувал „топла вода“ нели, од некаде ги видел на основа не некое искуство. Проблемот е комплексен... Нема реална промена во едно општество ако не е повеќестрано решението и на разни ниваоа, со конкретен увид во проблемите и пред сѐ, доследност на законите и промена на навиките, се разбира. Сѐ друго е тенчење нерви и генерирање непотребен текст.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ideniki1

    ideniki1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Е ај ако не да ги оставиме да газат луѓе и да шибаат ко на формула трки без последици.

    Земјите со најстроги казни во Европа ги имаат најбезбедните патишта, едноставно е. Во Швајцарија за 1 км над дозволеното камера те слика и добиваш казна, над 20 км автоматски одиш во затвор, без да направиш сообраќајка.
     
  17. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Машки
    Прочитај пак што напишав повнимателно.
     
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.372
    Допаѓања:
    21.839
    Пол:
    Машки
    Ти затворот го гледаш како некоја рехабилитација, а не превенција или одговорност кон сторителот, без разлика дали со кола убиство или било што. Не знам дали живееш во стаклено ѕвоно или не, ама има страшно јаки девијантни појави од личности што не заслужуваат втора шанса на овој свет со останатите луѓе и заслужуваат да се во затвор. :D
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    КазненоПоправнаУстанова е. Ама и не е битно како јас го гледам ,во момент на гнев и на хотел ми личи а не е. Наназад неколку мислења мислам дека ми се познава револтот повод девијантните појави како што се педофилите. Мислењево што си го цитирал го напишав како надополнување дека иако како сведоци сме згрозени од кривичните дела немаат сите иста тежина и навивањето за високи казни може да ни се удри од глава. Тоа сакав да кажам .

    Еве и предлог ,да се одземаат трајно возилата на возачи кои возеле во алкохолизирана состојба со над 1.5 алкохол.
     
    Последна измена: 13 февруари 2025
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    5.919
    Пол:
    Женски
    Се. Како не се. Според секој закон, и морален и правен се.
    Чисто информативно, од кога е кај нас валиден consent за се*кс?
    И дали е исто и со полнолетен партнер? Или за двајца малолетни?