Следствено моралниот компас кој не води ние можеме да си прикажуваме и градираме скрос жртви или не. За законот не е така. И баш поради тоа што не се случило на улица и се вклучени ТРИНАЕСЕТ ГЛАВИ ,тринаесет мозоци на возрасни единки. Тринаесет еј. Од тринаесет возрасни единки еден читав немало. Тринаесет педофили се собрале да оргијаат со пијано,дрогирано дете од 14години. Што не е во ред со тие тринаесет возрасни единки ?!? Тоа ме загрозува и загрижува. Со детево сфативме што не било во ред,запоставено и само на себе оставено. Туку овие монструми немаат изговор за педофилија ...
Ја читав пресудата дента кога ја донесоа ја имаше онлајн и еве една контрадикторност во истата: тоа е дека конкретно тој со детето не учествувал во сексуалниот однос со жртвата а доби најголема казна и дупло поголема од силувачите. Тој е осуден за дистрибуција на порнографски материјал на малолетно лице и секако зошто веројатно бил таму и снимал и на некој начин е соучесник заслужува казна затвор но сепак силувачите не заслужуваат 6 месеци или 1 година кога овој кај не учествувал доби 4. Законов или е чуден или судењето е чудно. Некако казниве не ми се реални, силувачиве на дете добија смешни казни а единствениот што беше во пресудата назначено дека немал сексуални односи со детето доби 4 години.
Искрено не го допратив судењето ниту случајот оти ми беше прејезиво и жално. Во секој случај пресудата е смешно мала за сите... и не е во ред за тој што била само снимател да е најголема ама јбг. Судство наше...
Е, и што сакаш од оваа држава и власт... Утре кој ќе гарантира дека нема да го повтори делото? -Никој!
Убиецот на Викторија на пешачкиот кај Сити Мол добил само 3 години затвор? Прочитав негде, ама во неверување, па да прашам пак дали е вистина тоа што го прочитав...
Да. Мислам дека оваа година треба да излезе од затвор. Некаде како да прочитва дека му ја намалиле таа казна. Може грешам. Убиецот на Иван Билински е избеган. Делото му е застарено. Гордана која го прегази Слободан на секој начин ќе се обиде да избегне казна. Демек умрениот е виновен. Има пари и мисли дека ќе успее. А сведоците кажале дека таа не застанала на пешачки.
Судската пракса за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот е казна затвор ДО 3год. Сообраќајна несреќа во која постои ЕВЕНТУАЛНА УМИСЛА се казнува со казна затвор од 4 до 20години. (КЗ член 300 став 2) Оваа казна му се заканува на убиецот на Фросина. Според тоа со какви докази располага ЈО се одредува и квалификацијата на делото. Понекогаш во ,,недостаток,, на докази обвиненијата се штури. А да не грешам душа ама имаме и опасни правници кои намерно или не ,прават процесни грешки па делата се отфрлаат ,застаруваат...
Македонија нема судство. Нема да има спас додека повисоки инстанци не преземат многу строги мерки кон властите. Видовте ли деновиве, ние, Србија, Босна, Суринам, Казахстан најкорумпирани. Мито не зема само тој што не може. Тоа се 15 распаднати семејства, тоа на девојчето и на силувачите. Се е тоа канта, хотел промаја, штетници.
Сите бараме високи казни за разни дела. Но дали сме се запрашале што ќе се случи во нашето опкружување кога тие осуденици ќе излезат од затвор. Ресоцијализација е само поим на лист. Колку подолго се во затвор толку полоши ќе излезат. Замислете сите осудени од сообраќај да лежеле по 15-20год затвор,знаете ли во какво општество би живееле со куп поранешни затвореници кои најпродуктивните години од животот ги поминале зад решетки . Инаку,судиите се ставени на свршен чин на крај. Ако низа органи под нив не сработат како што треба ,судијата и да сака не може да суди поинаку без докази. Значи проблемот е комплексен не е така едноставно.
Делумно да, еве одговорните нека си ги засукаат ракавите со стратегија која ќе функционира (соодветно на делото). Револт создаваат и малите казни моментално. Не може тој со ќебапите казна затвор поголема од некој што прегазил пешак.
Читав статистики некаде дека високите казни не гарантираат никакво намалување на престапничкото однесување, зборувам за мета-анализа од повеќе студии од повеќе земји... Треба да ја најдам статијата за конкретно. Го сфаќам барањето за високи казни како неартикулирано незадоволство, „треба да ги обесиме на бандера“ “да се удри по џеп па да види“ „, само копач у глава“ , „нека скапе во затвор“, итн, итн... ама не како реално и практично решение. Всушност, еден наш „поранешен“ имаше слични идеи па ништо не се смени... И онака тој што ги правел законите кај нас, не смислувал „топла вода“ нели, од некаде ги видел на основа не некое искуство. Проблемот е комплексен... Нема реална промена во едно општество ако не е повеќестрано решението и на разни ниваоа, со конкретен увид во проблемите и пред сѐ, доследност на законите и промена на навиките, се разбира. Сѐ друго е тенчење нерви и генерирање непотребен текст.
Е ај ако не да ги оставиме да газат луѓе и да шибаат ко на формула трки без последици. Земјите со најстроги казни во Европа ги имаат најбезбедните патишта, едноставно е. Во Швајцарија за 1 км над дозволеното камера те слика и добиваш казна, над 20 км автоматски одиш во затвор, без да направиш сообраќајка.
Ти затворот го гледаш како некоја рехабилитација, а не превенција или одговорност кон сторителот, без разлика дали со кола убиство или било што. Не знам дали живееш во стаклено ѕвоно или не, ама има страшно јаки девијантни појави од личности што не заслужуваат втора шанса на овој свет со останатите луѓе и заслужуваат да се во затвор.
КазненоПоправнаУстанова е. Ама и не е битно како јас го гледам ,во момент на гнев и на хотел ми личи а не е. Наназад неколку мислења мислам дека ми се познава револтот повод девијантните појави како што се педофилите. Мислењево што си го цитирал го напишав како надополнување дека иако како сведоци сме згрозени од кривичните дела немаат сите иста тежина и навивањето за високи казни може да ни се удри од глава. Тоа сакав да кажам . Еве и предлог ,да се одземаат трајно возилата на возачи кои возеле во алкохолизирана состојба со над 1.5 алкохол.
Се. Како не се. Според секој закон, и морален и правен се. Чисто информативно, од кога е кај нас валиден consent за се*кс? И дали е исто и со полнолетен партнер? Или за двајца малолетни?