Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    3.128
    Пол:
    Женски
    50/50.
    Ако не делите тогаш е до вашите родители!
    Второ, никој не е должен да ви препише дел од имот. Тоа го прават од желба. И на вашите родители не го препишал никој па сами изградиле.


    Обидете се сами да создадете а не да чекаме само цел живот некој нешто да препише. И крај краева, и да не се дели 50/50 за тоа парче земја треба дс го убијам брат ми?
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.727
    Допаѓања:
    12.564
    Пол:
    Женски
    Па според Тања да, треба да го убиеш, зашто ќе си била 13то прасе. Ама не само брат ти по можност и децата негови…|(
     
    На Mumoftwo30, Iva:), Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.709
    Допаѓања:
    14.170
    Тоа што кажувам дека народов е алчен не ме прави ненаситна. Зборот ненаситна ви е манипулација во случајот. Патем уште делиме имот од баби, родителите ми се живи мене. Не е баш дека животарам, ама не правам пари. Коса на глава ми се крева кога луѓе што работат една најобична работа кажуваат правеле пари. Терминот не го разбираат. Еден комшија, ни влезе во двор со 60 цм, друг 1.2 метри, и се чувствува дворот е тесен, нели треба кола да свртиш, па и гости да ти дојдат, кога спомнавме да си викнеме геометар, оооооо, носот го кренаа, навредени. Не ве познаваат инаку ќе прават пари, само тајната ако им ја кажете. Со години имавме кавги и стресови оти имотот од дедото тетинот си го узурпира со фалсификат документ, секоја средба со него беше "ако не ви чини тужете ме, хаха". Тотално промовирате шеријатски вредности ако ви е ок братот да земе се, сестрата нека биде бездомник, за да не биде Ненаситна во очите на наводно морални вертикални што на форум се прикажуваат како им чини. Народ што се мава во гради со термин семејни вредности, епа тој народ ликува ако имаат неженет во фамилија, секаде кажуваат дека тој имот ќе им остане на децата нивни. Знам исто за еден човек во поодминати години сакаше да се жени, братот и снаата се потресоа, мозок му испраа дека женачка не му треба, само за имотот да си биде нивни. Што не идат да прават пари? Што им е гајле на колку години ќе се жени, дали е стар, млад е негова работа?

    Не реков да убивате некого, манипулатори, туку навреме заземете строг став и дистанца од роднини што ви се гробари.
     
    Последна измена: 27 јули 2025 во 08:56
    На eliesaab и Meni65 им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.027
    Пол:
    Женски
    Тогаш си една од ретките. Читни по темиве тука, ќе ти стане јасно како ќерките остануваат со прстот во уста. Всушност, мислам дека знаеш само се правиш дека не ти е јасно :?:

    Фала ти за советов. Јас сестри имам, не брат. А, имам и сопствен дом кој сами си го купивме, не се грижи ;)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.709
    Допаѓања:
    14.170
    Три викенди по ред работам хонорарно, имам и редовна работа и според ветеното месецов ќе добијам 10% покачување. Во таа држава јас кај што живеам квадрат е 1.500 евра, платите не се ни 600 евра. Вие ако пишувате од Германија, тоа е друго. Сите пари правите, нема грешка, самостојни, абе Американци не ви се рамни, Бил Гејтс се загрижи просто. А сите ли се квалификувани, упорни, организирани за да заработуваат солидно? Не. И секој родител што вербално фавозира едно дете на сметка на другото е психо. Апсолутно му набива комплекси на тоа дете и трајно го уништува.

    Куќата во Прилеп горе нема врата, доле прозорец, тоа во зима сигурно е хорор, дува од секаде. Зошто на пример на таков роднина не му замениш врата и прозорец, тоа чини пари, ама не е прескапо.

    Знам за случај каде зовла беше тепана од пијаница и сакаше да се врати во татковата куќа, со двата сина. Снаата ја тероризирала, да си бара чаре, да се мажи, назад не, ќе немало место за нејзиниот син. Кој ќе земе жена со две деца? Каде би нашле работа кога освен текстил и чевларство каде мизерните плати доволни само за кирија доцнеа и по 3 месеци, под услов да имаш испечено занает, да фатиш норма инаку какви пари. И синот на снаата настрада млад, механизација му го искина пола тело, а жената се поболе. На ова гледам како на Божја казна.
     
    Последна измена: 27 јули 2025 во 09:14
    На Irenaiki и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.740
    Допаѓања:
    13.611
    Пол:
    Женски
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    24.177
    Пол:
    Женски
    Луѓе, читате ли за девојчето што потона во Вардар?
    Нејзината прва братучедка тврди дека е од дисфункционално семејство и има сомнежи дека е продадена (за проституција).
    Читајте на фб кај Петковски Лидија.
     
    На Mumoftwo30, Лејди Гага, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.746
    Пол:
    Женски

    Мајко света, десет пати кожа ми се наежи. Дали е можно ова? Дали стварно една мајка може да си го продаде своето дете?
    Зошто не можам да најдам други вести, да гори интернет и вести за да се најде девојчево?
    Прежално, се надевам ќе се најде девојчево живо и здраво.
     
    На Panda00, Mumoftwo30, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  9. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    По порталиве веќе и да нема ништо за случајов. Да беше за некој случај во Саудиска Арабија, само за тоа ќе пишуваа.
    Говеда.

    Дај Боже сами да се најде жива и здрава
     
  10. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    22.090
    Во Србија веднаш реагираат за вакви и слични можни сценарија.
    Јас не видов никакви официјални вести , надлежни нешто да кажат. Ништо.
    Само сомнежите на жената , друго ништо не се пишува.
     
    На Panda00, Mumoftwo30, Eunoia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Јас да. Уште го бараат;(