Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    3.190
    Пол:
    Женски
    50/50.
    Ако не делите тогаш е до вашите родители!
    Второ, никој не е должен да ви препише дел од имот. Тоа го прават од желба. И на вашите родители не го препишал никој па сами изградиле.


    Обидете се сами да создадете а не да чекаме само цел живот некој нешто да препише. И крај краева, и да не се дели 50/50 за тоа парче земја треба дс го убијам брат ми?
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.813
    Допаѓања:
    12.726
    Пол:
    Женски
    Па според Тања да, треба да го убиеш, зашто ќе си била 13то прасе. Ама не само брат ти по можност и децата негови…|(
     
    На Mumoftwo30, Iva:), Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.243
    Тоа што кажувам дека народов е алчен не ме прави ненаситна. Зборот ненаситна ви е манипулација во случајот. Патем уште делиме имот од баби, родителите ми се живи мене. Не е баш дека животарам, ама не правам пари. Коса на глава ми се крева кога луѓе што работат една најобична работа кажуваат правеле пари. Терминот не го разбираат. Еден комшија, ни влезе во двор со 60 цм, друг 1.2 метри, и се чувствува дворот е тесен, нели треба кола да свртиш, па и гости да ти дојдат, кога спомнавме да си викнеме геометар, оооооо, носот го кренаа, навредени. Не ве познаваат инаку ќе прават пари, само тајната ако им ја кажете. Со години имавме кавги и стресови оти имотот од дедото тетинот си го узурпира со фалсификат документ, секоја средба со него беше "ако не ви чини тужете ме, хаха". Тотално промовирате шеријатски вредности ако ви е ок братот да земе се, сестрата нека биде бездомник, за да не биде Ненаситна во очите на наводно морални вертикални што на форум се прикажуваат како им чини. Народ што се мава во гради со термин семејни вредности, епа тој народ ликува ако имаат неженет во фамилија, секаде кажуваат дека тој имот ќе им остане на децата нивни. Знам исто за еден човек во поодминати години сакаше да се жени, братот и снаата се потресоа, мозок му испраа дека женачка не му треба, само за имотот да си биде нивни. Што не идат да прават пари? Што им е гајле на колку години ќе се жени, дали е стар, млад е негова работа?

    Не реков да убивате некого, манипулатори, туку навреме заземете строг став и дистанца од роднини што ви се гробари.
     
    Последна измена: 27 јули 2025
    На eliesaab и Meni65 им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.240
    Пол:
    Женски
    Тогаш си една од ретките. Читни по темиве тука, ќе ти стане јасно како ќерките остануваат со прстот во уста. Всушност, мислам дека знаеш само се правиш дека не ти е јасно :?:

    Фала ти за советов. Јас сестри имам, не брат. А, имам и сопствен дом кој сами си го купивме, не се грижи ;)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.243
    Три викенди по ред работам хонорарно, имам и редовна работа и според ветеното месецов ќе добијам 10% покачување. Во таа држава јас кај што живеам квадрат е 1.500 евра, платите не се ни 600 евра. Вие ако пишувате од Германија, тоа е друго. Сите пари правите, нема грешка, самостојни, абе Американци не ви се рамни, Бил Гејтс се загрижи просто. А сите ли се квалификувани, упорни, организирани за да заработуваат солидно? Не. И секој родител што вербално фавозира едно дете на сметка на другото е психо. Апсолутно му набива комплекси на тоа дете и трајно го уништува.

    Куќата во Прилеп горе нема врата, доле прозорец, тоа во зима сигурно е хорор, дува од секаде. Зошто на пример на таков роднина не му замениш врата и прозорец, тоа чини пари, ама не е прескапо.

    Знам за случај каде зовла беше тепана од пијаница и сакаше да се врати во татковата куќа, со двата сина. Снаата ја тероризирала, да си бара чаре, да се мажи, назад не, ќе немало место за нејзиниот син. Кој ќе земе жена со две деца? Каде би нашле работа кога освен текстил и чевларство каде мизерните плати доволни само за кирија доцнеа и по 3 месеци, под услов да имаш испечено занает, да фатиш норма инаку какви пари. И синот на снаата настрада млад, механизација му го искина пола тело, а жената се поболе. На ова гледам како на Божја казна.
     
    Последна измена: 27 јули 2025
    На Irenaiki и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.694
    Пол:
    Женски
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.909
    Допаѓања:
    24.184
    Пол:
    Женски
    Луѓе, читате ли за девојчето што потона во Вардар?
    Нејзината прва братучедка тврди дека е од дисфункционално семејство и има сомнежи дека е продадена (за проституција).
    Читајте на фб кај Петковски Лидија.
     
    На Mumoftwo30, Лејди Гага, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    4.853
    Пол:
    Женски

    Мајко света, десет пати кожа ми се наежи. Дали е можно ова? Дали стварно една мајка може да си го продаде своето дете?
    Зошто не можам да најдам други вести, да гори интернет и вести за да се најде девојчево?
    Прежално, се надевам ќе се најде девојчево живо и здраво.
     
    На Panda00, Mumoftwo30, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  9. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Женски
    По порталиве веќе и да нема ништо за случајов. Да беше за некој случај во Саудиска Арабија, само за тоа ќе пишуваа.
    Говеда.

    Дај Боже сами да се најде жива и здрава
     
    На st-el, Panda00, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    22.143
    Во Србија веднаш реагираат за вакви и слични можни сценарија.
    Јас не видов никакви официјални вести , надлежни нешто да кажат. Ништо.
    Само сомнежите на жената , друго ништо не се пишува.
     
    На st-el, Panda00, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Јас да. Уште го бараат;(
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.162
    Допаѓања:
    329.393
    Пол:
    Женски
    Sitel објавиа дека е најдено телото.
     
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    10.829
    Пол:
    Женски
    Лелее, удавена значи... :(
     
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.694
    Пол:
    Женски
    Телото на 16-годишната Теодора Б. е пронајдено денеска околу пладне во реката Вардар, шест дена по нејзиното исчезнување.
    Од МВР потврдуваат дека околу 12:10 часот во Вардар во близина на Старо Градско пронајдено е телото на малолетничката.
    -Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24.07.2025 исчезна во реката Вардар во атар на село во општина Градско. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, потврдуваат од МВР..
    Штета, јас до последен момент се надевав дека ќе искочи некоја глупост и дека е жива и здрава некаде, нека почива во мир..
     
    На SummerGirl, Лејди Гага, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Лелеее, страшно. ;(Нека почива во мир. Греота родителите цел живот зацрнети:u:
     
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.694
    Пол:
    Женски
    Па по ова што читам, мн мн и не се замарала мајката со децата, ја напаѓаат мајката сите, дека не била заинтересирана, да и ги земеле и другите деца, за таткото нема ништо, и најверојатно брат и е овој цело време што бараше помош за да се најде..
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    10.829
    Пол:
    Женски
    Пишуваше и дека 5 години ги имала оставено со таткото, и заминала со девојка и Катерина, па и текнало после 5 год. дека има деца, па судот повторно и ги доделил сите 4 деца на неа.
     
  18. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Греота за девојчето, премлада со цел живот пред неа, а по тоа што го прочитав баш рано и морала да созрее...

    Не е убаво да се збори ама мене тука нешто не ми штима, ептен ми се сомнителни мајката и партнерката.
    Штета само што случајов сигурно вака ќе се остави и жално што децава биле оставени сами на себе.
     
    На SummerGirl, Eunoia, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.694
    Пол:
    Женски
    Ужас, не сакам да ја обвинувам само со прочитани коментари од фејзбук, ама ако стварно има барем 1% вина, нека си го носи девојчето на совест цел живот, правда во оваа држава нема..
     
    На Mumoftwo30 и st-el им се допаѓа ова.
  20. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    6.484
    Пол:
    Женски
    Некако одма, прво мајката се напаѓа...