Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    63.541
    Пол:
    Женски
    Врска нема како некој изгледа и се облекува со тоа дали е или не е психопат. Ене и оној на Ксенија Пајчин, тој Филип Каписода беше модел и ракометар, па го направи истово што и овој.

    Излишно е да се збори. Ние овде ќе си го јадеме џигерот, дури на тие што треба да им светне во главата си го тераат истото и мува не ги лази за вакви хорори. За нив жртвата ќе биде секогаш крива, затоа што она згрешила, си го одбрала, итн, итн.

    Крвта на девојката е на родителите од овој штакоров со очите пукнати ист ко Кешишев во тоа погледот психопатски, судијата што го ослободил и сите оние во полиција solitare што си играат и лапаат пари за кои нас раце ни паѓаат.

    Така ќе си пројде и ова, какви хорори во смрдотијава од држава така си пројдоа, тек па за убиство на жена дури сите спиеле.

    Бидете така дури не утепа некој друг психо некое девојче, оти му рекло не.
     
    На angel92, Waverly Raven, SummerGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    127.904
    Пол:
    Женски
    Весна Стефановска од Орце англиски што предава е мајка му??
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    8.626
    Пол:
    Женски
    (y) се согласувам. Кога вака сите би гледале на работите би се заштитиле на некој начин.


    Во поголем дел случаи поаѓаат од тоа дали си студирал, дали си прошетан, каква облека носиш и одма етикета урбан лик у градот.
    Овој истиот да бил од некое село без сите погоре споменати карактеристики никој не би го погледнал. Никогаш не сакам многу да коментирам околу изгледот на луѓето. Ама овој навистина не бил некој лепотан па дотолку да вртел девојки. Туку ете споменаа живеел во Дебар маало, неговите имале пари, се правел фраер со скејтот и модата.
    Навистина не знам што видела во него, да беше некој убавец ќе речеш се заљубила па љубовта е слепа. Со што да те привлече овој? Освен што може ете сакале исти работи, тетоважи и кучиња.
    Добро пиша @Tanjamm кога дознаваш дека тепал жени не ти треба ни другар да ти биде а камоли партнер.
    Типот очигледно било дека сакал да ја убие прво ја предупредувал и го запалил автомобилот и ја уценувал со секс снимки. Од полицијата фајде немало, толку ли никој не сакал да и помогне? Па била оставена сама на себе, жалосно. Таткото бил во поодминати години со здраствени проблеми. Ама сегашниот партнер? некаде прочитав дека имала и полубрат. Зарем толку не можеше некој да и помогне на девојката за да не дојде до ова...
     
    На SummerGirl, Tanjamm, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  4. flawlessss

    flawlessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    ја нема жива по социјалниве мрежи ...

    https://www.crnobelo.com/intervju/r...onija-se-zarabotuva-od-moda?showall=1&start=1

    https://zenskimagazin.faktor.mk/utr...-uzivanjeto-vo-domashna-atmosfera-e-skapoceno

    само ова излегува, нека потврди некој дали е моделов
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    24.204
    Пол:
    Женски
    А, па едни способни проценувачи на ментално здравје што останаа тука.
     
    На oblace1, Nausicaa, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    3.149
    Пол:
    Женски

    Росица учеше во хемиска така?
    Немаше поубаво девојче од нејзе.сега дознав бидејќи сум далеку од Мк,не можам да се соземам од ова што читам ;(
    Нека почива во мир и она и татко и
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    7.965
    Пол:
    Женски
    ЈАС СУМ ВО ШОК...

    Иле го знам одамна како фаца во градов, ненормално многу бев затрескана во него пред повеќе од 15 години.
    Тој период се запознав и се дружев со скејтерите и блејдерите што возеа на кеј, он беше дел од таа екипа.
    Не сме се дружеле, сме имале само здраво. Така чат пат се погодувало да седиме заедно, на кеј, во парк, на натпревари за скејтање и блејдање. На свирки и концерти исто, на исти места искачавме и имавме многу заеднички познајници. Беше апла популарен, особено помеѓу девојките.
    Господ ме чувал па никогаш ништо не се случи меѓу нас.

    Многу девојки вклучувајќи ме и мене, паѓаа во несвест по него.
    Порано го имав на фб ама одамна го избришав. Пред неколку недели ми се појави на инстаграм во suggested friends.
    Нити сум го видела нити сум слушнала нешто за него се до вчера, кога ми се појави неговата слика дека он е убиецот... :shake: :puke:
    Ме полазија морници, ми се згади и ме лупна таков шок не можам да ви опишам.

    Многу ми е жал за девојката и за татко и, бог да ги прости.
    Особено за девојката, затоа што живеела во константен страв, во ужас, во параноја, а на крајот ја снашло најлошото. ;( Реагирала, пријавувала, ама се било залудно.

    Згрозена сум од тоа во каков трул систем живееме, колку е се изопачено и отидено во неповрат. Закон не те штити, полицијата е слепа и глува, фемицидот расте и ништо не се превзема. Толку многу насилство, безредие и самоволие без никакви последици, без некој да одговара!
    Страшно и жално, немам надеж дека нешто ќе се смени на подобро во блиска иднина. Ми се повраќа и ми се гади во какво нездраво општество живеам, веќе никаде не си безбеден, опасност демне на секој чекор.
    Господ нека ни е на помош, не знам друго што да кажам...
     
    На Alm., Troi, Golden и 3 други им се допаѓа ова.
  8. MrsBrown

    MrsBrown Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Како и до сега, ништо нема да се смени.
    Жената останува улов на некој психопат и убиец.
    Никој баш од надлежните не се потресе,
     
    На SummerGirl, milkyway^^ и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    677
    Таа е да, сега ја најдов
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    21
    Screenshot_20250917_114827.jpg
    И татко му бил вмешан во малтретирањето:puke:
     
    На SummerGirl, ALISA0000 и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    3.229
    Пол:
    Женски
    Има и доста на форумов пишувано за мајка му. Она е професорка во Орце и ретко кој од учениците ја сакаше.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    21
    Социопатите имаат харизма ова не знам дали некој може да го објасни зашто е така али тоа им е една од особините.
    И нз како сите вакви исто се однесуваат :?: ова сценарио многу пати го имам сретнато ја малтретира девојката, и се заканува, она го пријавува и кратко после тоа ја убива.
     
    На MarijaMi90, SummerGirl, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    11.981
    Што работи бе таткому, каков профил на човек е?
    Дајте слика да му го видиме суратот. Треба да се знаат.
     
    На oblace1, SummerGirl, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    14.307
    Жал ми е и за таткото, зошто некој да го заколе? Ќе си умре од природна смрт кога ќе му дојде денот. Треба многу селекција кој се пушта во личен простор, општо во личен простор, врски се нешто посериозно, ама денес врска се вика тоа денес се запознаваат, утре почнуваат врска, задутре секс снимки веќе имаат, петти ден се пријавуваат во полиција, ова зборувам општо, не конкретно за овој случај. И секс снимки и фотки мене не ми е нормално, ама огромен дел ги имаат. Златни времиња кога имаше некој ред што е мувач, што е дечко, што е нормален човек, што е веќе сериозна врска, сега живееме во морално руиниран свет.
     
    На Troi, eliesaab, Anaroz1 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    25.798
    Пол:
    Женски
    Апсолутен public shaming е потребен, кога веќе копилето се убил самиот, треба да му страдаат најблиските без грам емпатија за нив, очигледни enablers. Гниди гнидосани и фамилијата негова и другари шо го бранеле цело време.
     
    На happygirl, Sofia*, eliesaab и 19 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    46.326
    Пол:
    Женски
    Не знам што ве чуди луѓе што не бил лепотан а вртел женски, знаете дека најпознатите водичи на култови, најпознатите убијци се вооедно и едни од најшармантните. Не може да знаеме како се понашал и како привлекувал луѓе, се тоа е маска, ама и затоа тоа било отежнувачки фактор да и поверуваат на девојката што се случувало.
    За жал најчесто ваквите се злосторувачи, убијци, најпопуларни секаде, тоа е профил на таквите.

    А не ме ни чуди за родителите, оти најчесто ваквото однесување започнува во текот на растењето, дали од околина, дали врежано од родителите, сигурно се исто такви социопати и они.

    Жало,прежално.
     
    На MandyLane, Polyincognito, lorenn и 3 други им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    63.541
    Пол:
    Женски
    Па затоа си земал сила "лепотанов", ветар во грб имал и од неговите и од другарчињата. Дента кога ќе разберам дека некој мој другар напраил некаква штета на девојче и ќе го бранам јавно имате дозвола од мене секира меѓу очи да ми акнете. Или во Бардовци да ме испратите, пошто очигледно паметот сум го изгубила.

    Да разберам дека некој напишал толку одвратен графит за девојка си и при тоа јавно да го бранам... Па после леле мори мајко мила.

    Па ко права пичка некоја, тактички отишол прво кај татко и, знаел дека она ќе го побара, за да ја чека кога ќе дојде. Пичка пичкосана, се јачал на жени и на постари луѓе, пошто ако му се јачал на некое бате ќе го испрателе на костозглобна.

    Пеколот да му биде олеснување, а не казна, ако има некоја некоја космичка правда, се надевам дека ќе гори во најжешкиот казан копилето.

    Иначе ме интересираше што мислат машките на темава, па го отворив другиот најпопуларен форум во држвава... Секако дека нема да се изненадите дека сама си го барала што се фатила со таков тип, жените сакале бед бојс па плачеле после.

    Уште еден ден во државава...
     
    На happygirl, Alm., eliesaab и 16 други им се допаѓа ова.
  18. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    7.965
    Пол:
    Женски
    Боже господе, што сакаме со затуцано размислување од минатиот век... не не бива, дно дна сме.
     
    На SeñorPink, eliesaab и KateKane им се допаѓа ова.
  19. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    8.632
    Пол:
    Женски
    Страшна трагедија, ова што се случува е ужас.

    Уште пожален и трагичен е фактот дека го знаеле каков е. И претходно бил насилен, го посочувале и пријавувале, видовме во постот пред шест години од некој дечко напишан, го направи лом и уште некои лица во коментарите кажуваат каков е, ама штета никој не реагирал. Чак што више го видовме и неговиот џган од другари и другарки, бивши клошарки, кои го бранат. Епа сигурна сум дека се исти гомна како убиецот, кога браниш и подржуваш нешто значи ист си. И треба да бидат максимално социјално изолирани, да ги натераме да се преселат во друга држава. Да стабвиме слики тука од истите, во случај да си ги избришат профилите, да не се заборават. А и кога ке ги сретнеме на улица да знаеме кого да плукаме.

    Штета голема која можела многу одамна да се спречи, ама да реагирала полицијата како што треба. Али пошто нашата полиција, дувло на кретени, постои само за да пишува казни и да мава луѓе од тротоари кои продаваат тревки, цвеќиња, зеленчук…Препуштени сме сами на себе, нема кој да не заштити, нема кому да се пожалиш и обратиш. Кај нас криминалците и психопатите се заштитени, законот работи на нивна страна очигледно.

    Сум била жртва на психичко насилство, ете сакав тогаш да го пријавам мочкото, ама на физичко не реагираат, за психичко ке се потресат. И сега најверојатно се изживува врз некоја друга и таков ке си остане доживотно, се додека законот не почне да функционира и не се воведат построги закони.
     
    На eliesaab, 1209 и rainbowec им се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.801
    Допаѓања:
    10.589
    Срце ме боли за Росица. Прекрасна девојка, не знам зашто се врати тука најверојатно семејство, живееше надвор подолго време ептен беше фешн девојка. Што како заврши во рацете на гнидава не знам ама подолго време беа заедно, чуваа кучиња.

    Гнасава многу јавни фаци го следеа сега гледам сите го избришале ама уште ќутат за случајов. Една од нив Ружица Антиќ, која е константно меѓу многу "урбани" фаци, уредник на магазин, гласна на доста социјални и феминистички теми ама за ова ни глас.:puke:
     
    На happygirl, lorenn, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.