Некој на дете твое ќе му гаси цигари и тера да јаде гомна од куче, јас емпатија ќе покажувам. И светот слеп нека оди ако мора така биде, око за око, ама ќе ги јаде истите гомна. Стајте се еднаш на местото на жртвата или на ваше најмило да му се деси истото, и после слободно емпатирајте се до утре.
@Cosmic Girl извини ама за монструми немам емпатија. Сиви дом, строг систем, казнети да не им текне ливче од цвеќе да скинат а не да малтретираат. И да, со име презиме, слики нивни и на нивните родители, срам за век и веков. Ама според инфото што го имам влакно нема да им фали, така да не се секирај за монструмчињата.
Ми беше детето жртва на булинг, сме биле на тоа место. Не му ги извадив очите на другото дете. Му помогнав на моето како да се спротистави на другото дете, го научивме како да покаже дека ништо не му можат, дека немаат моќ врз него и дека не им се плаши. И не употреби насилство при тоа, за што сум особено горда на него. Не им текна да го чепкаат после тоа.
Епа заради тоа што сме полни со разбирање и емпатија се почесто читаме за вакви настани. Девојчево го малтретирале, гаселе цигари од неа, се изживувале, буквално ја осакатиле за цел живот и сега треба да покажеме емпатија спрема психопатите што ја малтретирале? Ај важи!
Косми све те разбирам ама по пишаното испаѓа оти жртвата е крива што не е моќна, не знае да се спротивстави. Не треба никој да се поставува, да покажува став за да не го закачаат. Оти истиов насилник нема да го закача син ти, ама ќе најде друг што е така тивок и мирен и он ќе му биде жртва. И, како сме решиле? Си го спасила син ти оти покажал став, ама пак не се свестил насилникот дека неговото дело е погрешно. Имаш деца што се ете мирни, повлечени, таква и јас бев. И јас се дерев и ги мавав и што добивав? Бетер ми се нафрлаа.
Нормално. Пријава пред месец дена, стои во фиока. Се дозна па Панче сега прави театар за деца и младинци.
И да се надоврзам не сум имала булинг у школо но еднаш еден проба као да ми врши и со насилство го решив проблемот јака клоца у препони доби идиотот и не смееше да зуцне се криеше ко пичка под кошула од мене а две глави поголем од мене
Далеку од тоа дека жртвата е крива. Проблемот не продолжи, други деца не беа после тоа никогаш малтретирани. Детето што правеше булинг сфати дека не е во ред и дури и си кажа зошто така се однесува и испадна дека и самото било повредено. Неговото однесување беше реактивно. И најчесто е така- децата што се насилници, самите биле жртва нечија. Не се родиле такви. Тоа беше нашето искуство. Што не значи дека е ист случајот за кој се зборува. Ама воопшто не ми се допаѓа демонизирање и на престапниците и не ги оправдувам повиците да се линчуваат јавно.
така де.. само мораш да образложиш како ќе рехабилитираш толку болен ум што тера друго човечко суштество да јаде измет а не само да ми оставиш реакција фејспалм без образложение.
Јас сум била жртва на булинг и во основно и во средно. Во тоа време немаше телефони да се снима. Ама лузните на психа останаа. Така да.. емпатија -0 за овие.
Не морам ама баш ништо. Прво за да на некој нешто му дадеш, треба тој да сака да му дадеш. Ти штом од старт знаеш се-и што се психички болести а што не се, и што се лечи, а што не, ти не си отворена да чуеш други. Некои луѓе учеле години како да работат со "болен ум", стекнувале искуство како треба низ работа со нив, и тоа знаење не се сублимира во еден пост на социјалните мрежи или на некој форум.
Не бе не знам се. Тоа што знам е дека на психопати и социопати им се суди за свесно зло а шизофреничари и други со сл. душевни болести ги праќаат у лудница на рехабилитација да се лечат, пошто има лекови за тие состојби што ги ставаат под контрола. Ваљда судот со обвинителите поише знаат како да судат.
Имам емпатија за детето жртва, немам за тие насилничките. Кога ќе се спомене ресоцијализација или рехабилитација, ми се темни. Оти ова не успева кај сите кои направиле криминален акт. Многумина ги повторуваат делата или прават уште поужасни. Не, некои личности заслужуваат само да бидат целосно изолирани од општеството бидејќи нема да престанат да бидат опасност за тоа. Да можела совеста да им работи, ни првата грешка немало да ја направат. Секој нов случај покажува дека мора да се промени границата за кривична одговорност. Какви 14, бе? И помали да се, нека бидат фрлени и нека гнијат. Права доживотна треба да биде, не да излезат после неколку години и пак да се заканат на некој/а. И сме запнале ЕУ да ја слушаме, да немаме смртна казна. Да раниме проклетии зад решетки со нашите пари и они да си уживаат додека жртвите лелекаат од трауми.