1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што да правам..??!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Denna, 1 јули 2010.

  1. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Одев со дечко ми една ипол година.Беше тоа врска која многу други би ја посакале,со многу разбирање,љубов,пријателство...навистина имав се што би можела да посака една девојка.Момче кое и посветуваше огромно внимание,нежност, со што го заслужи и прекарот папучар од другарите.На почетокот ми беше само мил,ама подоцна времето си го направи своето-иако јас не забележав. Од време на време се примешуваше мојот бивши за кој не чувствував апсолутно ништо но сепак го користев како повремена провокација за дечко ми ИАКО навистина немав потреба од тоа.За жал. Така,дојде и мојата екскурзија,а тој една год помал од мене (генерација сме ама јас сум 1 год напред ф школо) остана да ме чека. Таму како што можете да претпоставите,го изневерив со горенаведениот кретен. Без ни малку желба,ни страст,ни љубов,се мував со него 2 саати. Знаев дека направив грешка,ама беше касно. Чуствував вина иако да изневерам некој не ми беше првпат :P .....Веќе имавме напраено година и 2-3 месеци сигурно сум го засакала...уф! :sweat: Се вративме,тие што дознале почнале да шепотат пред него,да се смеат,што да ви кажам! најгадната ситуација....се видовме и ми го кажа тоа на начин као “се збори свашта,ама кој ги слуша“ значи никако не верувал! Кога тоа го слушнав,ќе умрев од жал.И тогаш му признав.Сепак не се разделивме.Ме сфати замислете! Ама не за долго...Зашто јас бев таа што повторно уништи се! Му раскинав со изговор дека не го сакам,а ни сама НЕЗНАМ ЗОШТО!!! после недела,му реков едно здр и тој пак почна....се фативме,зашто јас,г-ѓицата решив да се поправам.После недела,раскинавме по негова вина.Неможел да премине преку моето неверство и...... По 2 месеци пак стапивме во контакт.Божем како другари (зошто јас во ниеден момент никогаш не покажав емоции) и пак заврши на тоа што правиме со НАС? Му признав дека го сакам,и го молев да ми прости.Се понижив бескрајно иако за никој никогаш не направив ништо такво!... а тој ми стави до знаење дека ако се фатиме нема да кажеме на никој зашто „мамичка“ му рекла дека јас несум за него,си играм мајтап и го лажам ( што и не беше далеку од вистината ама....) тоа ме заболе. Му ја лупнав вратата и заминав. Тоа беше на 16ти јануари.Оваа година. До пред 3 дена.......пак почнаа разговорите. Иако се правев луда пред него и кулирав како луда дека не го сакам,а бев и со 2ца други. Нз што да правам,Помагајте!!! (ве удавив со рефератот а :) )
     
  2. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Овде само ти си си крива сама и не гледам дека нешто многу може да се направи.Едноставно речи му извини ама јас уште те сакам и сакам да сме заедно по секоја цена.А ако мислиш исто пак по старо да си тераш и ако не си сигурна дека го сакаш немој ни да се зближиш пак со него.
    Ај позз и пиши што си одлучила ;)
     
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Незнаеш што сакаш кого сакаш како сакаш, и нормално тие се годините,мајка му се грижи за него и му мисли најдобро па не с елути за тоа,но треба да расчистиш со себеси дали сакаш да с со него или ти се шета од еден на друг кратко ии јасно! поздрав
     
  4. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    абе го сакам сеа,решив да се посветам на врската,зашто знам дека несум мала веќе да се понашам како дете! Плус му се јавив еднаш кога бев отров пијана му признав дека го сакам,дека во сите го гледам само него,дека сакам да ЛЕГНАМ со него првпат,зашто немавме секс сеуште...и тоа заради мене! ;(
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Си ја покакав најубавата врска на светот и сега сакам назад.
    Е нема златна, кога не знаете да цените тоа што имате.
    Еве и јас имам врска каква што опиша ти.Буквално сум со се задоволена и имма се што едно девоче може да посака. И замисли! Никогаш, ни на крај памет не сум помислила да му набијам РОГОВИ и да му се смее цел град на некој што се што правел било за мое задоволство.
    Е сега трпи си ги последиците! Јас незнам зошто и отварате вакви теми, сигурно за да ве сожалува некој. Прво си го изневерила, па си му раскинала па си била у меѓувреме и со двајца други, па пак си му раскинала... Па што сакаш ти? некој вечно твоите каприци да ти ги трпи и да преминува преку нив ???
    Сркај тоа што си го надробила, не заслужуваш ни совет, туку заслужувај да си ја чукнеш главата и да не се однесуваш како разгалена пуфла.
     
  6. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    ....фала многу ама јас мн убаво знам шо си напраив и мислам дека секој заслужува втора шанса ако сфатил некои работи...а не пишав тука ако сакав да добијам осуди,туку совет како да ја поправам ситуацијата зашо знам дека ТОЈ сеуште ме сака,а и јас него.Премногу. :worried:
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    Сори што ќе ти кажам вака ама сама си крива,а мамичка што му рекла така е во право.Тој се однесувал со тебе како принцеза,а ти го лажиш и изневеруваш.Јас мислам дека не го заслужуваш дечкото.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Златна, ти си добила и втора и трета шанса. Епа преку леб погача не бива.
     
  9. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    И јас вака се занесував........но не колку тебе. Бев гледана како принцеза и уште сум.Но кога тој си го смени понашањето видов колку е болно три дена ми беа пекол и беа како цела вечност.Од тогаш се променив многу и среќа што и тој пак го врати истото однесување со мене.Но ти грешиш,грешиш и постојано грешиш.Ти како свесно да сакаш да му нанесиш болка,а кога дојде ред тој да се однесува така те боли.Епа боли.Го болело и него да му се смеат сите во фаца и да зборуваат како му набиле рогови.Ај ти стави се на негово место.И тој има гордост колку и те сака па не е тој било кој за ти да се однесуваш како ке ти прдне тебе.Која си па ти да му правиш него така.Те сака?Размисли по ова колку можеш да саакш некој.И да го сакаш во мислите ќе ти биде сето зло што ти го нанел а не друго.Извини но тоа е реалноста и мислам дека нема потреба да се лутиш.Сега од него зависи дали ќе бидете заедно.
     
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Како за секоја мајка , па така и за неговата .. нејзиното дете е најдобро и нормално ќе го брани . Дарки убаво кажа ти си имала и 2 и 3 шанса . Мислам дека ти веќе ништо да направиш , освен да чекаш тој да превземе нешто . Сега се на останува на него и неговата волја . Само не прави глупости , за да му помогнеш да одлучи побрзо и тоа само лошо . Јас искрено , да сум на негово место .. ќе ти се вратам и ќе ти вратам за да осетиш на своја кожа . Зашто колку и да сака дечкото .. ти веќе си ги преминала сите граници .. Поздрав , се најубаво . Кажи ни ако има нешто ново :*
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Јас колку што разбрав од твојот прв пост ти веќе си добила втора шанса. Не знам што бараш повеќе... Си имала можност да се поправиш - си му раскинала. Никој не е должен да биде предмет на твојата игра. Барем за момент стави се на негово место. А тоа што го рекла неговата мамичка - па со право го рекла. Си го варала, откако сте раскинале си била со двајца ама уште го сакаш... јас не знам како можеш да направиш такво нешто на човек кој го сакаш. Памет за друг пат. Во денешно време да имаш убава врска е реткост, така што цени ја повеќе следниот пат.
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ајде да речам не критикувам. Ти самата си сфатила дека си погрешила. Како прво те советувам да ги преиспиташ твоите чувства. Не ми мириса мене ова на љубов. Повеќе ми изгледа како да не сакаш да останеш сама, па ете тој е добар го сакам него. Значи ако не си сигурна дали го сакаш немој ни случајно да му се приближуваш на дечкото и да си ги лечиш твоите каприци, повредувајќи го. Никој не го заслужува тоа. За жал не до цениме тоа додека некој убаво се однесува кон нас, а откако го изгубиме веднаш ни текнува на него. Не си мала, имаш 18 години и мислам можеш да расудуваш правилно. Ако навистина го сакаш има многу начини на кој можеш да го вратиш. Со убаво однесување и со пријатен разговор можеш многу да постигнеш. И не гледај се да биде на брзина. Дружете се малку, излезете на кафе... другото само по себе ќе си дојде. Сигурно ќе го пронајде она убавото во тебе во кое се заљубил и првиот пат. Со среќа, но понатаму внимавај како ќе се однесуваш кога си во врска. Како што кажа Ординари грл во денешно време убавите врски се реткост и треба тоа да се цени. Позз
     
  13. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Се знам,и сфаќам колку сум била глупава! ама тоа е.
    во петок бевме заедно,онака спонтано се случи и се смувавме.....нз шо да мислам сеа,и за мене и за него.кој му беше филмот и шо мислеше со тоа-уште повеќе. продолживме да комуницираме тие 2 дена и се однесуваме како и обично. ама немаме иднина зашто колку и да се сменив јас,знам дека неможе да ги заборави сите глупости и грешки. Треба еднаш за секогаш да се помирам.... :|
     
  14. martinagirl

    martinagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    не можам повеке,тешко ми е премногуууууууууууууууууу ми треба помош.......оваа вечер пиев затоа што ми е премногу тешко,знам дека не е најдобра избор ама тешко ми е премногу .........мојот идеален фраер,постана ѓубре кое ми е одвратено ......... ;( не свакам каде згрешив,ништо не свакам веке :( значи бевме во врска 3 месеци знам дека некој ке рече дека е премалку за да се засака некој,може и не го сакам може е само болно да не се изгуби некој кој ми значи со кој ми е убаво.....незнам ама сакам помош.....прбиот месец два ни бев феноменални,тој беше затрескан по мене а јас не затоа што еднаш бев излажана и ми беше страв повторно да сакам ....ама пусто срце незнае да биде лошо,со самите негови постапки го засакав,на почеток тој ми го поставуваше прасањето како ке се гледаме летото затоа што не сме од исто место а на крај јас го прашувава а тој ми рече кога ке се вратам можеби пак ке си бидиме заедно,а сега летото да си кулиркаме :( јас не можам така срцето ме боле ,,,,,незнам како да го сватам ....на момменти ми реагираше како да не може бе з мене а на моменти како воопшто да не постое...веке како два дена го нема на тел..последно ни беше тоа што јас му се јавив и го прашам што ке биде помеѓу нас а тој само ми каза ке се договориме после и ни се јави ни ништо .........НЕЗНАМ КЕ СКРЕНАМ ДОМА ВЕРУВАЈТЕ МИ незнам како да постапам ,,незнам како да го сватам неговото понашање ;( ;( ;( помогнете ми бе моламммммммммммм советттт ;(
     
  15. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    уф леле....дечкото глуми фраер а...абе срце,пушти го нека кулира,биди силна,не се покорувај повеќе.Си се јавила,си видела ситуација и се,епа сега тој е на ред....не дека има некои правила,ама тој треба да те моли,не ти него! Не се нервирај само,ќе чукне тој пак на твојата врата! ;)
    Остави ја ситуацијата во мирување,чекај да видиш што ќе се случи.
    Поздравче :*
     
  16. martinagirl

    martinagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    ох мило знам дека е најпаметно да оставам на него тој да ја реши целата ситуација ама страв ми е од одговорот доста ми е да губам некој кој ми значе ако не успеам и со него тогаш дефинитивни никој нема да засакм у мојот жибот цврсто решена сум за тоа ;( ;(
     
  17. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Со сила убавина не бидува!! ако е тој решен да нема ништо сериозно со тебе,шо и да правиш џабе ти е...знам само дека ако инсистираш и го притискаш никако нема да има добар ефект,зашто ќе мисли дека ќе те има коа ќе посака! ќе му покажеш дека ти е ептен криво и ти значи,и..... само ќе го одбиеш од тебе,наместо да дојде.
    ПОчекај и ќе видиш,а нема врска дека нема никој друг да засакаш..глупости,животот е пред тебе!!
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    За Денна:
    Вистината е дека ти си виновна за тоа! Ми се чини и не го сакаш искрено :worried: Зошто кога си имала таква прекрасна врска си ја упропастила? Зошто си дозволила да помине толку време без да го бараш? Можеш само да му кажеш дека ти е жал(ако е стварно така) и ако мислиш дека би можела да одиш со него без да го изневериш тогаш пробај пак! Ама кој изневерил еднаш ќе изневери уште еднаш(барем гледам дека во твојот случај е така) Ме потсети на еден мој дечко кој ми угодуваше во се, но јас не бев вљубена во него ама сепак не го изневерив! Не знам друго што да ти речам, пробај разговарај отворено! За тоа што мајка му се вмешала и не ми се допаѓа баш, најмалку сакам родители да ми се мешаат во врска, било мои, било негови! Но како што кажа и самата- жената била во право што го рекла тоа! Не те осудувам, но ако не можеш да се посветиш само на еден барај некој на кој што нема да му смета тоа, па така никој нема да повреден.
     
  19. thenurce

    thenurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    не мора советото да го чуеш од нас јасно е што треба да се направи :fubar:
    веќе навикнав дека повеќето од темите се отворени за да собериме народ да не сожалува одколку за совет :hai:
    ...и јас си сум таква не велам не :lol:
     
  20. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Незнам која беше причината поради која пишав тука,дали да натерам некој да ме сожалува :$ или да барам совет,шо ств ми требаше зашто со никој не сум разговарала на темава,знам само дека многу ми помогнавте! Слушнав и критики,остри осуди кои ме залепија за стол и останав со отворена уста кога ми ја плеснавте реалноста в лице,ама се освестив! Како шо ми рече дарки,шо сум надробила тоа ќе си сркам! :) ама памет за друг пат...
    Фала ви на сите!!! :* :* :*