Silent treatment е класична форма на манипулација. Целта на манипулаторот е да воспостави контрола над одредена личност, на некој начин да ја казни и да и наметне чувство на вина. Тој комуникацијата ќе ја прекине без објаснување и ќе ја тера се додека тој сака. Ако станува збор за фер намера и давање простор на себеси тогаш тоа јасно би го кажал. Премногу мразам такви манипулативни и одвратни личности. Се што прават прават во своја корист. Од такви токсични створови само подалеку. Нема да дозволам некој да си поигрува со моите чувства и емоции само затоа што не умее на зрел начин да реши ниту еден проблем. Порано во една фирма кај што работев газдата (тежок манипулатор, лажго и преварант) при најмал проблем или расправија ни правеше silent treatment. Се случуваше по две недели целосно да игнорира некого се до моментот кога мораше да искомуницира со него ради некоја потреба. Арно ама ние си го научивме какво ѓубре е и почнавме намерно да го закачкаме за да не не замара после тоа. Среќа што за брзо време сите кои вредат му заминаа, нека им ќути сега на празните канцеларии оти е неспособен да најде луѓе.
Делумно го оправдувам. Сметам дека silent treatment е убиец на секоја врска, без разлика дали фамилијарна, брачна, пријателска итн. Кога се работи за човек што ти е близок, важен во животот и/или не сакаш да го изгубиш или повредиш, разговорот е најдобриот начин за да се разрешат проблемите и дилемите. Особено во врска и брак каде секој проблем треба отворено да се дискутира. Silent treatment заслужуваат само они е кои навистина неопростливо ви згрешиле, ве повредиле и не размислувате да продолжите било каква комуникација со нив.
Убаво објаснила Cosmi. I couldn't agree more за секое нејзино зборче на темата. Имено, постојат битни разлики од нарцисоиден молк проследен пасивна агресија, која тера да си ја разнишаш самодовербата, 'јадеш' каде си погрешил после кавга, додека другата личност (нарцисот) е најчесто студен, дистанциран и емоционално не го сфаќа импактот од своето однесување или те обвинува тебе. Тоа Е НАСИЛСТВО! Сепак, silent treatmen не е да се повлечеш ако некој бара одговори од тебе, а притоа направил очигледни грешки. Од типот себичност/скржавост/занемарување/искористување на твојата достапност и добрина. Или емоционална невалидација што е чест денешен феномен на социјален хендикеп. Во вакви моменти ^ е ок да ја спознаеш сопствената вредност и повлечеш црвена линија без претерана експликација со цел избегнување конфликт. Не затоа што тие биле нарциси или ти си нарцис, туку simply because you outgrow each other еволуциски. Разликата е што првото опишано е облик на нарцисоидно однесување, како што веќе напишав, додека второто зрелост и култура, преку оставање простор луѓето да се преиспитаат и согледаат грешките без ти повеќе да си дел од сликата.
Silent treatment e emocionalna manipulacija Kaj narcisoidni lichnosti. Za sekoj problem vo vrska treba da se stavi na masa I zboruva. Lugjeto koi premolchuvaat I se pravat kako nisto da ne bilo, a vo isto vreme ima ignorantski odnos na nesto sto obajcata se zasegnati,se dobri manipulatori koi go teroriziraat partnerot na najvisoko nivo. Toa e znak za povlekuvanje na crvena linija vo sekoja vrska od bilo kakov tip.
За танго се потребни двајца. Ако некој решил да ме казни со молчење, молчење за да ме нервира и манипулира, а не колку да олади глава, може да ме види на заминување низ врата. Кој сака нека биде. Па макар и родител. Ти мене тишина, и јас тебе те множам со 0 и продолжувам да си терам што си имам за правење .
Како јас го гледам silent treatment, а и како созревам се' повеќе го сфаќам терминов, а и доста читам околу овие теми. Според мене начин на манипулативна тактика за да на некој начин 'те казни' или 'контролира'. А за било каква добра врска, дали е љубовна или пријателска па дури и со родители, треба двајца да комуницираат. Баш какошто кажаа и погоре нарицсоидно растројство што го користат луѓето кога не знаат да ги искомуницираат своите чувства јасно и гласно па се користат со тактикава. Емотивно манипулирање е нешто најлошо на цел свет, па останете подалеку од такви луѓенца. Секој однос безразлика каков е си бара разбирање и комуникација, не ви требаат луѓе што при мало недоразбирање ќе ве манипулираат ќутејќи и притоа ви создаваат чувство на вознемиреност, ги бркате за разговор и слично.
Појако од молчење после кавга е кога појма немаш што си згрешил во нечиј однос, но од тебе се очекува да им ги прочиташ мислите и да знаеш што осеќаат во секој момент, наместо да искомуницираат. Тоа е сајлент тритмент ултра про макс со доза на гоустинг зачинето со емотивна манипулација. Ни со ни без кавга ич немам време ни енергија да трошам на вакви личности, скриени нарциси и манипулатори. Ако не ме почитуваш доволно да искомуницираш со мене во име на нашата љубов или другарство и/или немаш доверба во мене, можиш слободно да си се испратиш, you won't be missed. Да молам нема никогаш, стара сум за вакви глупи игрици.
Можда полошо од silent treatment е gaslighting. Нарцисите одамна треба да се исклучени од комуникација при првиот ред флег, убици на љубов се, они не сакаат да ги сакаш, сакаат да ја убијат љубовта во тебе и после да те обвинат тебе зашто е убиена.
Манипулативна тактика за уште да трчаш по нив ништо повеќе... за мене многу незрело однесување и тажно, сум потпаднал под то, ама никогаш повеќе..