1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.377
    Ѓумбирот е подобар од многу лекови
    Истражувањето објавено во списанието „Артритис“ покажува дека некои од најпопуларните лекови против болки всушност не го намалуваат нивото на цитокини во нашето тело. Од друга страна пак, ѓумбирот е одличен во тоа.
    Цитокините можат да бидат негативни и позитивни, а негативните се вид на супстанци кои ги прошируваат воспалителните процеси во нашето тело. Истражувањата покажуиваат дека всушност тие се поврзани со влошувањето на симптомите на артритис и остеоартритис.
    Ѓумбирот е познат по своите одлични својства, а ова истражување го докажува тоа.
    Претходните истражувања покажуваат дека лековите против болки можат да го зголемат ризикот од настанување на различни здравствени тегоби, вклучувајќи и проблеми со видот, собирање на непотребни килограми, депресија, анксиозност, болки во градите, проблеми со спиењето, актни итн.
    Но, ѓумбирот има докажана делотворност во намалувањето на нивото на цитокини во телото. Освен што ја намалува болката, тој во голема мера спречува и настанување на хронични воспаленија во телото,л а исто така може да ги ублажи и постојните инфекции. Одлично е што и свежиот и термички обработениот ѓумбир имаат потполно исти својства.

    -Превземено од hl.mk
     
    На babymama, Annath и Moira им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Ѓумбирот што го земам од продавничката за здрава храна е многу подобар од оној на Виталиа.
    Првиот го потрошив, поубаво се раствараше во водата, поинтензивен вкус имаше, а можеби и ефект :?: , а овој е некако покрупен, остануваат парчиња на дното во чашката и го нема истиот вкус дефинитивно, некако е полесен и не толку лут.
    Да го допијам овој од Виталиа, после се враќам на стариот.
    :)
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.377
    ^Мене тој на Виталиа убаво ми се раствара ,со едно проматување со лажичето.Млака вода ставаш?Може до тоа е.
    Инаку за 2 нед секојдневно пиење,и тоа пола лимон со пола лажиче ѓумбир ја закопчав конечно вчера омилената кошула ^_^
     
  4. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    мора ли секогаш ѓумбирот да го пиеме наутро пред да јадеме? ке нема ли резултат ако се пие во текот на денот?
     
  5. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Луѓе вчера ја потрошив првата кутиичка ѓумбир од виталија и потражив на алкалоид но имаше само пакетчиња од по 15 грами а јас тражев поголеми ама немаше.. И ајде земав на мерење ѓумбир но не е ист како тој од виталија овој не лути толку многу и вкусот му е друг значи савив буквално полна лажичка од овј на мерење и го испив на екс и скоро па ич не ме лутеше додека од виталија ако ставев 1 полна лажичка устата после ке ми лутеше пола час што се вика.. И сега незнам дали е добро ова или не? Ако не да се вратам на виталијата...
     
  6. LGkristal

    LGkristal Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    20
    знае ли некој дали може ѓумбирот да се користи како зачин во храна и каде може да се купи ??
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.377
    ^Може да,имаш во сите маркети ѓумбир,тој на Виталиа е околу 100ден
     
  8. LGkristal

    LGkristal Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    20
    ти благодарам :) :)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.094
    Мене малку ми е неверојатно ова дека само пиете ѓумбир, без диета и физичка активност и се случува чудо. Може грешам, поправете ме,ама...што знам... Мислам не ми е можно само од ѓумбир да се случува тоа.
    Јас престанав да го пијам, не знам од кои причини. Моментално се детоксицирам со зелена глина.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    ^ И јас истото се чудам цело време, викам дали е до психа, па намалуваат со јадење, или се движат повеќе, ама ич, ич не ми е веројатно. Инаку, почнав и јас да го пијам од денес, си го купив вечева и се напив една чаша за проба, ама јас го земав оти читам симптоми на ПМС намалувал и менструални болки, а јас може некогаш кога добијам и да си умрам од болки, па се да си пробам што може да помогне :lol:
    Е сега, не купив лимон оти тој во СП беше овенат, за никаде, а во тоа време само СП и работеше... Сепак не ми имаше лош вкус, така лутко, да те стопли, ништо страшно. Туку си се мислев, дали со лимон да го пијам или некои други цитруси... Само да не заборавам да купам. :lol:
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    :D
    Абе едно чудо, нема грешка.
    Јас не ни разбрав дека само со ѓумбир се слабее. Јади, лежи, пиј ѓумбир - и ете ме, згодна на плажа. :D
    Од намените кои му ги прочитав, конкретно го пијам зашто - многу добро ми ги разработува цревата и немам никаков проблем со одење во вц, насабајле ми го одзатнува носот и секако, убаво ми влијае на сексуалниот живот. :D

    А има ли тука некоја што го пие САМО ѓумбирот (без дополнителна правилна исхрана и вежбање) и слабее?
    Има ли таква???? ]:) :devil:
     
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да ви се приклучам како тазе ѓумбирка :rofl: Почнав од денеска да го пијам,најмногу поради тоа што забрзува метаболизам а јас сим имам проблем со тоа :doh:
    Купив на Виталија и испив една чаша (со млака вода) со еден цеден лимон и рамно лажиче ѓумбир.Лутичко троа ама се пие не е нешто гадно.Се решив да го пијам секое сабајле,па уште и ако ми се намали мешево супер :wasntme:
     
  13. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    А колку пати на ден го пиете чајот од ѓумбир?
     
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Абе има и таква, еве ме мене Трендафилке, со + уште еден (Петко).
    Го пиеме оној на Виталија, веќе негде 2 месеци, во април можда и подвежбав малкуцка (2-3 пати) ама од 1 мај откако ми се окучи кучката немам време за вежбање, секое слободно време го користам или да одморам или да се видам со друштво.
    За слабеењето јас кога почнав бев бајаѓи здебелена негде над 63-4 килца, сега имам 57-8 а Петко ослабе поише, сигурно 10тина кила, он и имаше поише за слабеење.
    Јас ослабев 3 кила за 3 денови (од 1 до 3 мај), али тоа ми беа течности и изгладнување и еден тон стрес, па после тоа кога се стабилизирав ми се вратија кило ипол, па тие 56 сега се 57/8 зависи.

    Што се тиче храна, морам да ги поздравам Ројал Бургер, Пица 5, ХХЛ, Вили и други месождерачки установи близу Аеродром. Уопште не пазам на храна, значи некогаш се дешава цел ден ништо да не јадам или само да грицкам (чипсови, ресани, ретко некое овошје) и вечерта во 10-11 да фукнеме по еден бејкон бургер ( :inlove: ) + 2 литри Кока кола и некое чоколадиште или фамилијарна+ средна пица со секако сок и чоколадо и да спиеме а сепак вагата да оди надолу. Немам време да готвам па затоа на брза храна сме нон-стоп периодов.
    Јас мислам дека ако пазев на храна до сега ќе се стопев, не дека сега не сум, али лани ова време 3 месеци се мрцварев со диетата на Ирена, пазев што и кога јадев за да ослабам волку а сега си гнетам што сакам, колку сакам и кога сакам и пак слабеам.
    Од понеделник планирам т.е. морам да најдам слободен саат време за вежбање, зошто иако сум ослабена жгуљава сум, па планирам со онаа Џулиен да вежбам малку да се стегнам и уште килце две да симнам па да бидам рибетина до крај на летово.

    На Моира и должам благодарница, ова ѓумбиров светска работа е.
     
    На ana-banana, Moira, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    За девојка што праша, што последици може да има ако се претера со ѓумбирот :

    - може да осетиш непријатност,раздразнетост во желудникот, парење... киселини *лично искуство...што значи, може да си стасаш и до чир на желудникот, особено кога секојдневно го конзумираш со лимон! Докторките на форумов,слободно нека си кажат поинаку.
    Тие, што веќе имате проблеми со желудникот, не се будалејте со пиење сто пати на ден, или со џвакање коренче по три-четири и повеќе пати во големи количини, плус пак и со секојдневна употреба.
    Штом осетиш, и најмало пецкање во желудникот,непријатност, паузирај неколку дена,ако не и повеќе..оти, се што е добро,колку што е добро, и колку што лечи било што, во преголеми дози и продолжителна конзумација увек,ама увек има контраефекти.

    - Прибидејќи, го намалува шеќерот во крвта, ризичен е за... - Луѓенцата, на кои крвта си им тече од нигде-никаде ...може да им се зголеми тоа крварењето уште повеќе (кај некои менструацијата може да трае подолго и пообилно).

    - Штетен и за луѓето кои си имаат проблеми со срцето, шум итн., може да им ја влоши состојбата ... да не им делуваат терапиите што паралелно ги зимаат (обратете се кај лекар).

    Веројатно и други некои работи, за сите со кревко здравје луѓенца ...

    За оние што пре би да се насмеат.... и пролив може да предизвика, гасови, подуеност...иритација во устата.

    За повеќе инфо, обратете се кај доктор.

    Во врска со слабеењето.
    Делува ко магично стапче, до тој степен да, ти не се прејадуваш ко никогаш до сега... Ама, покрај ѓумбирот, килажата нема да ти отиде до небо, ко што инаку би ти одела.
    Но, за скептичните, пробајте ги сите варијанти и видете си..нормално,без претерување.
    Јас преферирам да џвакам коренче само насабајле (големина,колку коцка за супа :D ), без да пијам лимон,оти лимон после три дена ми ствара страшни киселини и партал ми ја прави устата .
    Заклучок,супер е...ама.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    И кај мене има ефект ѓумбирот, посебно на целулитот. Јас си признавам дека не пазам многу на исхрана, во смисла нејадење благо и слично, ама готвам поздрава храна. Благо јадам, леб јадам, пијам многу вода, не пијам кафе ич, секој ден наутро пијам ѓумбир од февруари навака (освен кога бевме на одмор), секој ден минимум по една шолја зелен чај и пак слабеам. Поточно... целулитот магично се губи! :rock: јас тоа го сметам за успех, затоа што после бременоста безуспешно се борев против него, и мислам дека конечно ја најдов волшебната формула. Не се мерам, немам поим дали сум ослабела или не, ама целокупно во обем имам намалено прилично. Ама многу ми е ќеф што немам целулит. Озбилно, ко луда само си ги гледам нозете во огледало :$
    Може има улога и вежбањето, ама фактот што целулитот почна да се губи уште пред да почнам со вежбање, придонесе да верувам дека во ѓумбирот има нешто. А да не зборувам за ПМС и подуеноста, полесно ми е во тој период, дефинитивно.
     
  17. mnikolovska

    mnikolovska Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2

    Се убаво ова изгледа како за 1 недела да си симнала 2 килца :?: или грешка сум :wasntme:
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    A незнам колку на почетокот ослабев, ниту знам со која тежина почнав да го пијам ѓумбиров, тресам од ракав дека бев окулу 64кг кога почнав сега после скоро 2 месеци сум 57/8, што отприлика би му дошло окулу килограм неделно. Но слабеењето е индивидуално и зависи како од тоа колку вишок имаш и како телото слабее. Јас на пример сега сум скоро до идеална тежина за мојата конструкција, што значи тие 8-9 килца сепак брзо ги ослабев, а вереникот на пример имаше повеќе вишок и за истиот временски период тој симна окулу 10килограми.
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    За недостатоците и евентуалните последици пишував и јас пред некое време, кога и констатиравме дека како и за секоја работа се што е претерано не чини. Некои луѓе со одредени здравствени проблеми треба да го избегнуваат, но ако сте здрави немајте гајле ѓумбирот е сепак здрав и природен што е многу важно. Потврдувам и јас дека делува позитивно, пред се непријатната подуеност во стомакот ја немам веќе (но тоа не значи 10 пати дневно да го јадете/пиете :) ).
    Ако имате некаков друг здравствен проблем, проверете и информирајте се претходно како евентуално би делувал ѓумбирот на Вас и дали е во ред да го конзумирате.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Јас пак со прашање.Мора ли баш наутро да се пие???Се трудам бре ,го гнетам ,затворам очи и ми доаѓа мачнина на душава.Мислам ако е некаде во пладневните часови или вечерните подобро ќе го поднесам. :emo: