1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавен превоз - дај ја искористената карта на друг

Дискусија во 'Политика и настани' започната од mime87, 2 февруари 2015.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.560
    Пол:
    Женски
    Во Македонија владее немаштија.. Поголем дел од народот нема пари ни за леб а не за карти.
    Нафтата падна, картата остана иста цена.
    Ако на некого можам да помогнам и да ја дадам картата со која сум се возела, со задоволство ќе му ја дадам.
    Ако можат тие да финансираат градење на панорамски тркала и чуда, можам и јас да дадам карта на некого, нека ја искористи до крај. И онака ми е веќе платено возењето до крај, без разлика каде ќе се симнам, по потреба.

    Се додека се жалат дека се во загуба и немаат пари за тековни трошоци, а до друга страна градат милионски глупости, не се за жалење. И се додека државата од парите на народот им "донира" автобуси, не ги жалам..
    Сум се возела во најшпицот во Њујорк, мислам дека имам пишано - живеев одреден период таму, знам како е. Не можете да споредувате град со 10+ милиони на кои главен превоз им е метрото (бидејќи кој живеел таму знае дека сите користат метро, затоа што паркингот е изгор скап и го нема секаде) со град од пола милион. Плус тоа, метрото таму повеќе од 5 мин не го чекаш. Особено B.Q.R,1,2 и 3ка...за мерак..Истото важи и за автобусите, не само за метрото. Само што не можеш да влезеш во метро, ако не платиш.
     
    На kjukli, babyblond и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Не ја оправдувам иницијативата, но можам да ја разберам. Таа е веројатно еден од ретките начини граѓаните да го изразат својот револт. Но не можам да ја подржам затоа што ќе оди по грбот на шоферите. Еден шофер еднаш ми се извинуваше што ме праша дали имам слободна но дека контролата него можела да го казни ако начекала повеќе од неколку патника без билет (демек он ги пуштал намерно). И шоферите се луѓе - заслужуваат леб, имаат стресна работа, возат секакви луѓе од зори до доцна вечер.

    Јас би ги укинал слободните возења за пензионерите, а би вовел билети 10-20 денари и слободните за пензионери и студенти да бидат 500 денари, така речиси секој ќе може да си купи.
     
    На babyblond, Doozy, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ова ми се случи уште пред две години. При влегување во автобус, една млада мајка со мало девојче излегуваше од автобусот и буквално ми ја бутна во рака нејзината карта. Да бидам искрена прв пат се сретнав со ова, не бев слушнала до тогаш за ваква постапка, и не знаев која е целта. Влегов во автобусот и се мислев 10 секунди што да правам. Сепак на крај си купив карта и си ја куцнав. Не сакам нечисти работи, па макар биле и најситна ситница како ова. Од друга страна пак, тогаш ова беше нешто ново, барем за мене, и во секунда си помислив триста сценарија, дека можеби внатре има контрола па ги тестираат луѓево за да видат дали ќе купат нова карта или ќе ја искористат таа од другиот патник. :D Научена сум да не верувам на никој па затоа филмовиве во глава ми влегоа.

    Како и да е, подобро да си платам, отколку цел пат да се мислам и да бидам на боцки. Не дај Боже да ме фатат па да се срамам пред толку луѓе за 35 денари. Срамота е според мене, некој плата вади од тоа и деца рани дома. Колку е цената - толку е. Ако ви е висока цената не се возете со автобус. А секогаш постои и варијантата да си ја купите картата за десет возења, па едно возење да ви биде 25 денари. За мене цената е ок, зашто релацијата која јас ја поминувам со автобус премногу често, не можам да ја пропатувам со помалку од 35 денари, а сепак да стигнам брзо. Поефтина варијанта од автобус се' уште немаме. Да, точак, ама не секогаш и секаде можеш да одиш со точак. Зимно време кога врне, дува и кога сте дотерани ќе се качите на точак? А такси искрено во денешно време, барем за мене, е луксуз. Такси користам само кога е крајна ситуација, немам апсолутно никакво друго решение, силум прилика, па морам.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Има да, ако си спремен на таков ризик. 5ка да чекаш, па пушти ја нека помине ако е полна, може ќе дојде друга за пола саат, а може па и ќе смрзнеш на времево.
    Па и цената на лебот ни е висока, да не јадеме ли? Може само треба да се превртиме грбечки во државава и најубаво ќе ни биде.
    Паднаа цените нагоривата, се' останато ќе чека пак да рипне цената, да не намалуваат само за безвезе. Ако ни е скапо, па може и не треба да живееме. На тоа изгледа на крајот ќе се сведат работите.
    А како изгледаат работиве може и не треба да се практикува ова со билетиве. Ќе го дадеш на некој, а тој некој ќе те пријави, па и ќе го изедеш подебелиот стап.:worried:
     
    На galapce, butterfly4, fificaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.456
    Допаѓања:
    22.759
    Пол:
    Женски
    Верувале или не, ова и во Италија го прават.
    За италијанците зборам, не за нашите во Италија.
    Ако има некој да ти даде билет - супер, ако не купуваш ОБАВЕЗНО.
    Ептен строги казни имаат таму за возење без билет во јавен превоз.
    Ама гужвите им се растеретени така што билетот трае само еден час возење.
    Италијанците се ептен фини за ова, и на паркинг место да се, доаѓа по тебе, нит те знае нит те познава и ти дава билет за автобус или паркинг гратис.
    Искрено, за ова тука вака лабаво да функционира - тешко. Има клети луѓе како шо е гужва, ќе те видат и ќе те издадат, а и како народ сме у стилу: Како не... јас сум плаќала, она без пари ќе се вози. Абе ќе го фрлам - не ти го давам тебе. Тоа е.
     
    На butterfly4, SexiLy, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Не се никаква донација, донација би биле кога Грујчо и компанија од џеб ќе ги платат. Купени се со буџетските пари, кои патем се пари на граѓаните, заради очајната состојба во која што се наоѓаше возниот парк на ЈСП, а и за да се испере некое милионче ;) За тоа какви автобуси се купија, не би да елаборирам на долго, само ова ќе кажам: најтешките ѓубриња завршија во Скопје, реалната цена им е 10 пати помала од таа што ја платија граѓаните на РМ.
    За тебе ова е оправдување? Сериозно?
    Работава му доаѓа ем шуто, ем боде. Еден тон буџетски пари се излејаа во ЈСП, а замисли си господата финансираат панорамско тркало!? Ова само кај нас го има, а што е најтрагично има еден тон будали кои го перцепираат истово како нешто најнормално.
     
    Последна измена: 2 февруари 2015
    На galapce, MiloMalo, SexiLy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Неможеш кривично да одговараш ако билетот го дадеш кога си излезена од автобус затоа што надлежноста на контролорите завршува со твоето излегување од автобусот. Единствено може да наебе тој што ќе го земе и ќе влезе во автобусот под услов да се качи контролорот со него на истата постојка или да е веќе во автобусот.
    Нормално дека они на секој можен начин ќе се обидат да ги заплашат лугето но тоа им е правно неиздржано.
    Затоа ич уво да не ве боли, дури и да ве фатат со таков билет на влезот како ќе докажат на суд дека си се качил баш на таа станица? Само битно е да се качите во истиот автобус а не во наредниот бидејки на картата има број на автобус не во смисла на 19.57,63... не број на линија туку сериски број на автобус, потоа линија бр потоа време.
    Е, сега во такви случаи добро е веднаш да ја проверите картата која ви ја дале, затоа што може да е од некој друг автобус или дури и од некој друг ден.
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    А што има за џабе на овој свет? Сакате да користите некоја услуга (било каква), а да не платите. Мене карта од 25 денари за релација од еден до друг крај на градот не ми е многу. За поефтина варијанта барем јас се' уште не сум слушнала. До сега не ми се случило да не платам во автобус, ако не сум имала пари сум си одела пешки. Просто и едноставно. Тоа ти е исто како да влезеш во пекара, си земеш баничка и си излезеш како ништо да не било. Не ми е разбирливо и прифатливо. Не дека мене ми е гајле за Грујо, туку мене лично воспитувањето не ми го дозволува ова. Нема да се осиромашам за 35 или со подобрата варијанта 25 денари.

    Со 5ка се возев секој ден по два пати, точно една година. Од Центар до Дексион и назад. Не сум чекала повеќе од 10 минути од еден до друг автобус. Од каде тоа дека за 5ка треба да чекаш пола саат?
     
    Последна измена: 2 февруари 2015
    На the.vampire.girl, Joi, tinan и 3 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ти може нема да се осиромашиш, ама има луѓе што бројат до денар. Има луѓе што одат во неколку места за да земат за денар поевтино. Еј, онаму се портокалите поевтини за два денари. Замисли. Два денари прават разлика. Зошто да не ја симнат цената како што беше 30? Зошто да биде 35? Ти ако можеш да одиш пешки има луѓе кои не можат.
    5ките често одат една по друга и потоа следната доаѓа по половина час. Ако ти отиде втората толку е. Ти може една година си се возела, јас цел живот.
     
    На SexiLy, WarriorAngel, babyblond и 2 други им се допаѓа ова.
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ваквата акција е за мене показател дека се уште има надеж и се уште колку толку и покрај тоа политичките партии цели фамилии искараа, сепак има некаква топлина блискост и соживот меѓу луѓето. Дека не е целосно дојдено она западњачкото екоистичко отуѓување. Оваа акоција е добра за да се намалат шверцерите и да не се пишуваат казни. Знам за еден куп случаи кога луѓе биле во стресна ситуација и заборавиле да купат карта или ја заборавиле месечната некаде..., додека секогаш кога сум се возела во 2ка или 19ка си влегуваат деца низ втора врата (најчесто албанчиња) ни плаќаат ни ништо, а некој друг ќе плаќа казни оти автоматот не му ја куцнал правилно или контролорот има проблеми со видот. Кога сите ќе бидат исто третирани од страна на контролорите или кога ќе се постават камери во автобусите тогаш колку толку ќе сфатам да се против нешто вакво. АМА сепак кога веќе е намалена цената на горивата, а цената на ниеден производ ,ниедна услуга поврзана со транспорт не е намалена, луѓето имаат право да си најдат начини поединечно или колективно да си заштедат пари и да си помогнат меѓусебно, чунки тоа е и христијански и хумано и секакво.
     
    На baby-star, galapce, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    И јас ги бројам парите, верувај, не ми тече мене мед и млеко. Сум броела денарчиња дома и со денарчиња сум се возела со автобус. И што имаат врска поефтините цени низ градот со картава за автобус? Тоа си е избор, кој, колку сака ќе потроши и каде сака ќе ги даде парите. Дали за еден денар или два, повторно избор.
    Не знам, очигледно имаме различни погледи кон нештата, за мене е незамисливо да искористам нешто, а да не платам за тоа. И се' уште си стојам на тоа дека автобусите не се толку скапи, со оглед на тоа што има релации и од над 10 километри, а ќе повторам, поефтино не можеш да поминеш ниту со едно друго превозно средство.
     
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Ако веке правиме споредби јас на ова вака гледам...
    -Идеш во пекара си купуваш баничка и на излезот од пекарата ја делиш со некој друг.
    -Си купуваш блуза ја носиш неколку дена и ја даваш на друг да ја доноси.
    -Купуваш билет за кино, го гледаш филмот 30мин. не ти се допаѓа излегуваш и му го даваш на друг да го догледа.
    Јас неможам да видам ништо лошо во ова. Освен солидарност
     
    На Oxymoron и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  13. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно..Сите сте во право :D !
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Сосема го подржувам ова, сега не би го употребувала зашто имам слободна, ама ете за распуст или во друга прилика не е лоша идеја.Кога можат пензионериве да се возат 4 дена слободни, браќата цел живот без да платат а казна да е 1000 зашто да не помогнам на некој.Еве да треба некој да менува два автобуса по 2 пати во денот пола дневница од просечна плата од 150 евра отишла.А не дека се вози некој од мерак во автобус, да имам сега кола и кеш за бензин секој ден во автобус не би се качила.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Абе разумни сте, мислам се читате што пишувате?
    Околу цената на нафтата и падот на цените, во секоја нормална економија цените се формираат на долг, а не на краток рок. Не може нафтата паднала еден месец и ајде, одма да се намали цената на се. Дали ви текнува кога беше последното зголемување на цената на картата во ЈСП? 2011 во октомври. Од тогаш се поминати 3 години, при што цената на нафтата постојано растеше, а немаше промена на цената на превозот ( таксисите издејстуваа покачување на цената во истиот период ). Што значи дека сите кои работат со превоз последниве година/две работеле со загуба или на прагот на рентабилноста. Зошто при раст на цените не се буните да ви ја зголемат цената?

    Околу иницијативата,ја поддржувам и ќе ја реализирам при прво возење со автобус. Зошто? Еве зошто.
    Затоа што платата на шоферот не зависи од тоа колку е полн автобусот. Бабини деветни, нека не ве лаже никој. Прво, не би било фер спрема шоферите кои возат линии кои се нон стоп празни. Во една петка, на едно возење се качуваат можда 300 души. Што не е случај за некоја забутана линија. Второ, да беше ова вака, и шоферите нема да дозволуваа шверцање, туку ќе бараа карта на секое влегување во автобус, и немаше да ми затвораат врата пред нос. Ако не сте информирани, да ве информирам дека ЈСП е еден од главните инвеститори во панорамското тркало. Не може бре фирма која со години работи со загуба да инвестира во проект на Владата. Мислам, апла смрди. Трето, јас како студент добивам едно бесплатно возење во неделата, а пензионерите може да се шлепаат цела недела. Епа не може бе, нека се слушне револтот. Кога не одговараат на писмени барања и иницијативи, да ги видам сега. Ушите како на Дамбо ќе им се сторат.
    И не ги жалете возачите. Да, возат и на ладно и на топло, ама земаат пристојна и редовна плата. Плус цело семејство има бесплатен превоз во автобусите на ЈСП ( обезбедено од компанијата ).
    Земете чукнете си ја главата малце за работниците во текстилната индустрија кои работат цели денови за 6000 денари плата, или за стечајците со години заглавени низ судовите. Се јавуваат луѓе по емисии со судбини никакви, пари немаат за леб, вие жалите некој кој зема 20 000 плата. Дали ќе се свестите некогаш во каква држава живеете или уште ќе гледате со розевите наочари?
     
    На Hipster, WarriorAngel, Despinaa и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Дај ја искористената карта на излегување од автобусот за некого за да се вози бесплатно?!! Не одобрувам!!!
    Сметам дека за секоја услуга ТРЕБА ДА СЕ ПЛАТИ!!! Зошто некој да не земе плата затоа што некој друг не платил??? (Не сум баш сигурна дека платата на шоферите зависи од продадените картички!!! Тоа го прочитав од претходните постови.)
    Се согласувам со ова мислење!!!
    Зошто дел од средношколците немаат право на слободен билет - живееле блиску до училиштето!!! Ама курсевите и тренинзите им се далеку па плаќаат картичка, или во полош случај немаат никакви активности затоа што родителите неможат да си дозволат да плаќаат плус за превоз. А учениците што добиле бесплатен билет можат да го користат неограничено - за вечерни излагања во град, за викенд, а тогаш не се на училиште, нели... Неправда!!! Ако билетот е само за одење на училиште, сите знаеме од колку до колку часот траат часовите, тогаш билетот нека неважи надвор од тоа време!!! Зошто сите ученици да немаат исто право???
    Зошто студентите и невработените плаќаат билет од 35 денари - секојдневното идење на факултет и потрагата по работа кошта!!! Зошто да немаат право на билет по некоја симболична цена???
    Зошто да нема билети по пониска цена ако превозот се користи за кратки релации 2-3 автобуски станици - не е блиску да се стаса пеш, а 35 денари двапати во денот не е мала сума!!!
    Зошто бесплатно возење за пензионерите дури 4 дена во неделата - 2 беа сосема доволно!!! Или зошто воопшто бесплатно да се возат пензионерите - нека имаат некој слободен билет по симболична цена!!!
    Порака до ЈСП - корегирајте си ги цените за да не Ви се случува „дај ја искористената карта на друг“!!!
    Многу ретко го користам јавниот превоз, претежно пешачам!!! Инаку за новиот возен парк на ЈСП Скопје - само пофалби (y)!!!
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Јас само да повторам, информацијата за платите на шоферите не ми е проверена, туку ја слушнав од жена што се јави на контакт емисија. Ако таа излажала, тогаш информацијата е неточна.
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.560
    Пол:
    Женски
    Плата земаат фиксна месечно, зголемена за дежурствата (ако сеуште им ги плаќаат :) )
    Инаку
    Се монтира опремата за електронска наплата на билети во автобусите

    Не знам уште колку ќе може да се дава билетот на друг....
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Сопруг на прва братучетка на снаа ми е шофер во ЈСП и земаат 25.000 плата и плус бенифициран стаж, не им зависи платата од продадени билети.

    Инаку и тука се даваат картите на други, картита важат за сите јавни превози, автобус, воз и трамвај и се за цел ден така да вообичаено е некој да ти подаде билет на станица, ништо страшно ни незаконски, сум платила и после сум ја подала некој друг да си ја користи.
     
    На anuskaNESTLE, Bozica1980, butterfly4 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    А замислете ситуација ако има контролор више во автобусот, овој шо ви дава на врата не успева во гужвите да ве предупреди ви ја дава картата здрава права. Контролорот ве следи со поглед што ќе направите, ви бара карта и вие нормално таа ќе му ја покажете. Ќе те праша кога си ја куцнал картата, кога тој те гледа цело време дека ти одма си седнал на стол и од џеб ја вадиш.....фино лепо не можеш да докажеш, цел автобус гледа во тебе, бруки за 30 денари. Затоа најубаво е да си купиш или од билетара или од кај шоферот, за 30 денари не планирам толкави срамој да трпам....
    инаку примерот е од искуство на другарка пред мои очи. Не знам како картата не беше потскината горе дека ја прегледал контролор, обично ги кинат кога ќе ги прегледаат ама таа важно си плати 300 ден (тогаш по старо беше законот)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.