1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавен превоз - дај ја искористената карта на друг

Дискусија во 'Политика и настани' започната од mime87, 2 февруари 2015.

  1. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.244
    Јас го правев ова уште пред да се покрене иницијативата, а сега целосно ја поддржувам. Си седев еднаш во автобус, знам дека купив карта само за 2-3 станици и си реков, чекај бе малку, па картава е важечка до Волково, зошто да не ја дадам на некој? Оттогаш секогаш ја давам картата или, ако нема многу луѓе што влегле кога јас излегувам, ја оставам на првото седиште.

    Многу ми се допадна споредбата од погоре, ако купам леб и го делам со некој, или гледам филм, но не ми се допаѓа, па ја подарувам картата на некој, погрешно ли е? Криминал ли е? Мене картата ми важи од станицата каде што влегувам до последната станица на таа линија и ова не го измислив јас, туку некој попаметен од мене. Градскиот превоз во Скопје е така решен, картата кошта исто без разлика дали ќе патувам од Ново Лисиче до Бисер или од Ново Лисиче до Карпош 4. Ако сакаме да биде фер не е фер ни јас да плаќам 35 денари за две станици кога сум со кеси или куфери, ама тогаш нека направат цената на картата да зависи од времетраењето или километражата на патувањето.

    Не зборувајте дека 25 или 35 денари се многу затоа што не знаете во каква состојба се некои луѓе. Во странство се давало на луѓе што немаат, а тука за да се водело инат, за да се уништело нешто? Не бе драги мои, се дава затоа што е немаштија, затоа што е беспарица, затоа што студентите имаат дури еден бесплатен ден од пред некое време. А јас не би рекла дека иницијативата ќе стане толку масовна што и шоферите ќе бидат избркани; ова не е толку раширена појава, секогаш има луѓе кои веќе имаат купено карти, или имаат карти за 10 возења, или имаат месечни карти, или едноставно не сакаат да земат туѓа карта. А не изгубија ЈСП пари кога дадоа 4 бесплатни дена за пензионерите? Според мене пензионерите се позастапени од сите овие луѓе што ќе ја дадат својата карта на друг, па за тоа никој не е загрижен.

    Затоа претпочитам да се возам со приватни автобуси, ем некои приватни линии повеќе ми одговараат, ем картата е 25 денари, ем нема гужви во вторник, петок, сабота и недела.
     
    На Hipster, sadgirl21, WarriorAngel и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Прво, не ми е јасно како уопште може да има поделени мислења на темава??
    Второ, кој ве лаже дека вработен во државна компанија работи на процент?? Што се они, келнери?? Не сте озбилни, така??
    Трето, нормално дека голем дел од јавувањата во емисии од типот на Јади бурек и сл. се наместени, и не треба да се верува на се што ќе се слушне од некој таму ``јавувач``...
    Четврто, автобусите се купени чисто да се замачка перење пари, како и сите споменици и израдени објекти, не дека на било кој му било жал да не ни дува во старите автобуси, или дека немаме греење, па ај да им земеме нови бувчиња. Факт.

    Е сега мојот став. Ја поддржувам, споделувам, и повикувам на здружување на оваа иницијатива.
    Од повеќе причини. Многу пати сум била сведок како се фаќани без карта наши, и се омаловажувани, навредувани пред цел автобус.. Бил фаќан Албанец, и никому ништо, не смее да му писнат. Дали сум револтирана? Да, нормално дека сум. Зашто јас да се правам паметна, и совесна граѓанка, некој да си праи како ќе му прдне, и на крајот поубаво да помине од мене?? Епа нече мочи. Се возам гага секој пат кога ќе проценам дека нема шанси да влезе контрола, на пократки линии, со последните линии, или кога е лошо времето, тогаш ги мрзи контролорите да работат. си пијат кафе во тоа главното што им е во транспоретен центар ( од сигурни извори :) ).
    Услугата на ЈСП не е кој знае каква, па да осеќам грижа на совест. Тргаат порано од распоредот објавен на интернет на нивната официјална страна, тргаат покасно, уопште не тргаат... и тако даље...
    Што треба да правам јас ако единствен превоз до дома ми е тој автобус , а на шоферот му текнало да не ја вози таа линија под претпоставка дека нема да има патници, и нели никој ништо не му може?? (ми се има случено повеќе пати, не лупам примери ради реда) . Нормално дека се јавувам, и пријавувам, и никому ништо.
    Цената од 1500 денари за месечен билет.... Па и не е така мала, кога ќе се има предвид дека некој работи за плата од 8.000. И ај некако ќе се проголта да се опфатени сите нивни услуги во таа цена. АМА, нив им текнало дека ноќен автобус треба да се плаќа плус карта од 40 денари??? Жити се, многу паметни бе...
    Па зашто и ние да не се правиме паметни..
    Имав случај, ја имав загубено слободната во автобус. Уште не стигната дома, немав ни приметено, на фб ме аднува еден непознат, и не го прифаќам. Виде невиде, ми пишува порака ~Абе ти да не изгуби денес слободна во автобус, јас ја најдов. ~ И сеа прва реакција као еј супер, уште има хумани луѓе бла бла, ја му кажувам фала се тоа супер, за типчево да ми каже као епа ај да идеме на кафе да ти ја дадам??? И ја као не не , ќе се сретнеме негде низ центар.. И овој дрзнување, ама знаеш , ја сум контролор во ЈСП, може више никогаш да не си ја видиш картата?? И ок ај се согласив демек, и отидов со дечко ми да ја земеме, најсупер фин беше кога ме виде со машко, одма ми ја даде, ја фала, и толку.. И за ваква ``услуга`` треба да плаќам??? Немојте со коментари Па не се сите вакви... Повеќето се тешки манијаци.
    За возачите исто.. ретко културен и воспитан. Ја разбирам цел ден се расправаш со секакви, ама ја ако сум фина со тебе, очекувам и ти да бидеш со мене. Му даваш 1000ка и ти вика, еј кај ја најде сеа, тактика ти е ова знам, ќе си речеш нема да има кусур да ми врати, па да поминам така се возам без да платам... Епа имам , и хахаха..... WTF ?? кој ти е проблемот. ти давам 1000ка дека неам поситно, што ти е проблемот.... За каква музика пуштаат, и дека гасат светла и мртва темница е кога ќе им текне, нема потреба да зборам...

    И мало појаснување кога и како да ја дадете картата на друг, за да не заебете некој ненамерно.
    Пример: Се качувате во 4ка во Хром, се симнувате кај Сити Мол. Тука ја давате на некој што се качува и кој ќе се вози понатака со истата таа линија, пример до Градска. Тој се симнува кај Градска и ја дава на некој што се качува на Градска, и ќе се вози до Кисела Вода. Ако влезе контролор не може да знае дали ти си се качил на почетна станица во Хром, или тројца сте се извозиле до сега со неа..
    Значи не може да се качам во 2ка, да се симнам, па да се качам во 5ка. Мора да е истата таа линија, каде што е куцната картичката. И друго многу битно, ако линијата е завршена, не важи картичката, бидејќи гледаат и по саатот. Не може да се возам со 2ка од Ѓорче до Автокоманда, и после со истата таа картичка да се качам пак од Автокоманда до Сарај. Линијата во која сум се возела завршила, и почнува друга.

    Јас ова го имам правено и порано, пред сега да почне да се зборува јавно за тоа. Дали ќе му ја дадам на некој во раце, дали ќе ја оставам на седиште, дали ќе ја ставам во тоа гумата на оквирот на прозорот...
    А и се погодило 2 пати до сега да ми дадат. И бев многу среќна. Не е до толку до парите, колку што самиот гест те расположува , и те тера и тебе да правиш повеќе добрина. И да, меѓу себе си правиме добро, на никого лошо...

    Еве ви ја страната на фб, лајкувајте, споделувајте и давајте билети :)

    https://www.facebook.com/pages/Подај-јсп-билет-биди-хуман/397891120378782

    И не ми контрирајте тие со спротивно мислење, си изнесов мои ставови, мислења и искуства, без желба за објаснување, докажување, а најмалку кавги и сл глупости. Фала.
     
    Последна измена: 3 февруари 2015
    На anuskaNESTLE, Bozica1980, sadgirl21 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Нечесно е тоа што го прават поединци.
    Не е ни чудно потоа што следува со години акумулиран хаос, самоволие и непочит взаемен кај лугето.

    Кој и кога ке среди таков темперамент и малограѓанство ?
     
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Ја подржувам иницијативата. Супер е. Коа може некој без потреба, бесплатно да се вози од едно до друго место зошто некои други да не сакаат да си помогнат меѓу себе коа можат, колку и да е минимална помошта во некоја ситуација би ти дошла као кец на десетка. Толку идеални услови демек ни пружа државата па сеа ке се секираме ЈСП да не пропадне, па на процент биле шоферите па дрн дрн... мало морген. Еве и да се на процент, има линии на кои без разлика колку се чести автобусите секогаш се полни. Ако е така тие шофери би земале директорска плата тогаш.
     
    На senza.parole и Dust им се допаѓа ова.
  5. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Ама не се работи за тоа колку ние ЈСП или пак возачот ке го оштетиме или пак владата.
    Сепак ако размислуваме на здрав начин и поинаку дека се работи за јавно претпријатие кое се финансира со дел од пари собрани од данок(кои ние сите го плаќаме) ке дојдеме до заклучок дека всушност идејата и не е многу интелегентна.

    Од кого ке земеме што мислите вие?

    "Народот побара намалување на давачките-зборави дека државата живее од него."
     
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Не значи, од една страна добро за нас а од друга лошо за шоферите.
    Греота се шоферите, ако не заработат како ќе однесат дома леб да си ги најадат своите а?
    Глупост секој возрасен може да се издржува и да плаќа. :(:(
     
  7. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.579
    Пол:
    Женски
    Неможам да ги разберам тие што викаат дека 35 ден им е многу за карта а даваат по 50-60 за цигари....Нема ништо да се постигне со ова,други промени и треба на државава. Вака сами по себе маваме.
     
    На Auditor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални, на многу луѓе им е многу 35 денари за карта и не купуваат цигари.
    И тоа не се 35, туку 70, затоа што мораш да се вратиш некако дома. Ова под услов да одиш со еден автобус до местото кај што треба да стигнеш.

    Мене ми е супер идејата да се плаќа помалку за помали релации и повеќе категории на граѓани да бидат ослободени од плаќање.
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Не се во прашање само 35 денари ако одиш некаде треба да се вратиш, во прашање се 70 денари е не се малку луѓето денарот го цепат како што кажаја погоре на пазар да одат се тепат за 2 денари поефтино а и како да не се тепат кога се зема по 8000 по 10000 12000 плата што ќе направат побрзо со тие пари ништо...
    Во Бт има луѓе кои одат пешки од едната страна на градот до другата со чудење сум ги прашвала зошто кога има градски авт.и ми велат со 20 денари ќе купам еден леб,автобусот овде беше 10 ден.на почеток па 15 па 20 сега па и тоа на луѓето скапо му е...
    Нафтата се поскапила долгорочно и удри по џебот на граѓаните и каде во најнеопходните работи превоз (со никаква услуга)и храната и што треба сега јас да молам бога ова со нафтата да не биди краткорочно за да се поефтини картата за превоз,а пак тие курназитете ќе си чекат и нема да ги поефтинат картите оти повеќе му одговара вака пссс глупости јас нив ќе ги правдам или жалам јавно претпријатие ќе немало пари, и ќе ги тинтрам ако до крајот на денот можи некој друг да ја искористи картата,па не ќе се вози 1 месец со дадена карта бре...
    А што да кажиме за граѓани кои идат надвор од Ск по потреба и најчесто поради здравствени причини, просек во помалите градови се знај колку се платите и колку има загрозени луѓе,цените на таксито до плафон несакат ни да слушнат,овде вледва човек нема кај да седни катастрофа...
     
    На WarriorAngel, Dust и molikaMk им се допаѓа ова.
  10. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Еве јас нешто друго да предложам 8-|
    Никој да не плаќа карта... ете така... ;)
    ЈСП да пропадне и тогаш да си се возиме со каравани од магариња. Молим лепо. Ако има слободно магаре, ќе се качиш, ако нема.... ќе си го чекаш следниот...:rofl:

    Очигледна на многумина во Скопјево тешко им паѓа прелазот од магаре на автобус .... па..... ете ти проблеми...

    И кај се видело за јавање магаре да се наплаќа а? Додуше за јавање камила у Египет наплаќаат :?:

    Домашна култура.... тоа е работата... така ги учат од дома... зграби, здрпај, мазни, здипли, да е само џабе, да е гага и да не се плати ако може..
     
    На Daydream и Fillia им се допаѓа ова.
  11. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.579
    Пол:
    Женски
    Ама и треба да се земе во обзир тоа дека никој никого не присилува да оди со ЈСП има и други средства за превоз...еве ако е за кратки релации -точак. Без пари е :)
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.081
    Пол:
    Женски
    Не знам оти велите 35 ден? Па јас секогаш купував за 10 возења и ми беше 25 ден. Човек ако нема треба да си ги испита сите опции, да ја најде најефтината варијанта. Можеби јас сум така воспитана, секогаш да си го најдам најефтиното решение, ама да не е илегално, ама пак затоа дома секогаш сме имале.

    Јас би си купувала карта. Не знам, најверојатно оти не ми стиска и немам храброст, па да ми е мирна душата би купила карта. Ако има некој храброст нека ја земе мојата, ама така крадеме сами од себе, утре тоа пак ќе се одрази на наш џеб, на овој или оној начин.

    Никој не смее да има бесплатен превоз. Сум била во странство, во Англија, Германија, и да ви кажам и пензионерите и учениците си плаќаат, само што имаат попуст. Си се знае - тарифа за стари, тарифа за ученици, тарифа за инвалиди итн. Срамота е ова со пензионерите, ко кралеви во автобус. Не може да оди, ми влегува во автобус, не можев на работа да одам како човек. Уште па се дерат, се расправаат, сакаат сите да им се клањаат, и а нешто не им е во ред 'леле невоспитани овие младите'. Абе седи си дома, ене и јас имам стар дедо, па дома си седи, не трча да искористи оти било бесплатно и да прави гужви таму. Знаев стари што во тие нивни денови секој ден се возеа од крај до крај по неколку пати за да не грееле дома, да се топлеле во автобус. Заштедија дома ама удрија по туѓ џеб.

    Затоа викам, ова со картите пак на нас ќе се одрази. Треба да се жали народот за тоа пензионерите да немаат бесплатно возење, затоа што тоа го испусти ЈСП, тука дојдоа загубите.
     
    На WarriorAngel, tessie и Daydream им се допаѓа ова.
  13. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Поделено ми е мислењето околу темава и сум за и против давањето на карта ама да не опишувам на долго.А шоферите ни малку не ги жалам бидејќи не работат на процент или слично. На мм другар е шофер во приватниве автобуси незнам колку плата зема, има 2мали дечиња, жена невработена а дома куќа од 100 и кусур квадрата ја среди по најнова мода да ти е жал да стапнеш во неа, така да не се ни шоферите за жалење си прават некои дубари и они ама ајде тоа е друга тема
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    @tinan Аман никој не рече воопшто да не се плаќа карта,туку ако некој платил карта,35 денари а се вози 2 или 3 станици да му ја дај картата да ја до искористи некој друг.
    Пораката со оваја иницијатива е дека скапи се картите за јавен превоз а не нудат никакви услуги тоа е работата...Нека биди картата во Ск 20 денари а во другите градови по 10 денари веднаш луѓето позитивно ќе рагират,и инаетот е дека нафтата падна на толку ниска цена а тие ни 5 денари несакат да ги поефтинат картите кој кого дрпа сега тука?аман доста со тие проповедите твои,од нас ЈСП ќе пропадни ДА сигурно жалај ги ти...Пензионерите нека си прават сеир,со 4 дена во неделата студентите и другите граѓани нека трпат .толку НЕрегуларности има што незнат како да си ги средат ама оваја иницијатива му засмета зошто оти нема да му се слеват пари во касата како вообичаено,одма почнаја да барат чаре за ова а за поефтинување на картите ни А од то мајката е не че мочи ове ночи...И ако си ти толку од големото добро утро не се мешај со граѓаните од магаре во автобус што се качиле возиси се со автомобил... Јас можам тоа БТ да си го дозволам,но мн.други луѓе неможат и не гледам само за себе иако ретко се возам во јавен превоз гледам општо за луѓето и за безобразлокот што се случва а е далеку поголем од на граѓаните...
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Се возам со автобус... си купувам блок по 10 карти... by the way
    и точак си возам... а понекогаш и пешки си одам...
    ова големо добро утро е ? :^)
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Малце моето мислење ќе биди и површно зошто е базирано на читање на ситуацијата, а не да сум била дел од ситуацијата зошто не сум од Ск.
    И ја оправдувам оваа иницијатива и не. Прво велев, океј е, ако можат нека прават, ама од друга страна ако граѓаните не плаќаат тогаш нема смисла јавниот превоз да работи зошто тие сепак работат за корка леб.
    Од друга страна кога кога беше речено дека ќе се казнуваат сите што тоа ќе го прават ... малце ми беше и апсурдно, затоа што сепак, навистина се работи за 35 денари кои да, на ЈСП им значат, ама не секој револт се задушува со казна. Ако некој се обидува да искажи револт, не го истуснувај туку остај го да кажи што сака и пробај да му помогниш.
    После ова, сериозно почнав некако повеќе да сум наклонета кон поддршка на оваа иницијатива.
     
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Не ми е јасно мене од каде има владата на РМ пари за да донира нешто? Демек донира со пари од граѓанинот? Ај појасни ми те молам како тоа владата заработува?
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    А што сте се запнале за тие 35 денари? Кој човек што се вози секојдневно со автобус најмалку по 3, 4 пати плаќа карта во автобусот? Сите тие си имаат месечни билети или си купуваат картички од десет возења. Јас подолг временски период секој ден, дневно менував четири автобуси. Таа ми беше релацијата, морав да се возам со четири автобуси. А секој втор, трет ден се случуваше кога патував и на други места, дали до Центар на кафе да се видам со другарка, дали до кај дечко ми ќе отидам со автобус. Значи ми се случувало некои денови и по 6, 7 пати да се качам во автобус. Ако пресметате мене едно возење ми се фаќало по најмногу 15 денари. Со тоа што имав месечен билет, плаќав 1500 денари. Е сега кога ќе видиш 1500 денари не се малку да ги одвоиш од плата, ама па ај пресметај колку пати сум се качила во автобус? Да сум плаќала по 35 денари секое качување? Или па да сум одела секаде со такси, или со кола? Колку ќе сум потрошела? Тоа ми е мене поентата, дека поефтино од автобус нема. Инаку немаше да бидат преполни автобусите наутро кога сите луѓе одат на работа, или пак подоцна кога сите се враќаат од работа.
     
  19. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    искористена карта да дадеш мислам дека и не е во ред,а и важечка да е за до следна станица а ти не си ја искористил и да дадеш некому и тоа баш и не е како што треба, сеа тоа е мое мислење, значи ти возил ли се или не картата е купена, дадена на патникот и толку, сеа дали ќе се возиш до крај,картата е таа, дадена на една особа не двајца да се возат со неа, таа е искористена без разлика дали си се возил или не до другата станица.....
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.551
    Парите се донација на ЈСП кое ги добило од Владата. Не хејтајте донација, ако сакате основан хејт тука, пишете дека парите од сите граѓани на РМ се дадени за ЈСП во Скопје за скопјани. Е тоа веќе има смисла. А тоа што Владата дала дел од своите пари за претпријатие се вика донација.