1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавен превоз - дај ја искористената карта на друг

Дискусија во 'Политика и настани' започната од mime87, 2 февруари 2015.

  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Леле пак она Владата дала од своите пари, кои свои пари?
    Да резимираме: граѓаните плаќаат даноци, владата ги собира и ги дониира на ЈСП и при тоа ги вика сите новинари и се слика до бескрај и тоа го нарекува донација. Во случајов сите нови автобуси се донација од граѓаните на РМ и точка,
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Се слагам со се што си напишала ама аманте престанете да се буните за ова. Ќе се самоцитирам

     
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.181
    Пол:
    Женски
    Чисто за споредба во Катар, која е една од најбогатите земји цената на јавниот превоз е 3QR=36 денара, Македонија, која пак е една од најсиромашните цената на билетот е 35 денара.
     
    На Sanjichka007 и mime87 им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.219
    Допаѓања:
    124.236
    Се надевам дека не си економист. Толку имав да кажам...
     
  5. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Владата нема свои пари ако не дадат граѓаните. Да не дале од свој џеп?:drunk:
    А и да дале, и тие се пари на граѓаните
    :!: И тоа крадени
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Како не им текнало ова и низ аеродромите, авиокартата по симнувањето во на пр. Сиднеј, дај ја на друг :wasntme:
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли ти воопшто што е донација?
    Остај што ти зборат другарчињата од ВМРО, некој друг да прашаш да ти каже.
    Владата донирала! Знаеш кога ќе се смета за донација од владата, кога од свој џеб ќе извадат да платат, се останато се народни т.е буџетски пари за коишто владата е одговорна како ќе се трошат.
    Ај, може ќе ја сфатиш разликата некогаш.
     
    На SexiLy, Mimi123, babyblond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Како се дрзнувате да правите вакви глупави споредби? Кај авиониските патувања се работи за илјадници километри и одредена релација од точка А до точка Б. Кај автобуските релации сите плаќаме иста цена за релација од неколку километри иако ретко кој ја изминува таа релација. Кај автобусите ете на пример ќе ја земам 22ка од Волково до Транспортен центар, каде ретко кој патува од Волково до Транспортен центар, зошто ако некој купи карта од City Mall до Градежен факултет, не му ја даде на друг да се вози до Транспортен центар и така е платено до Транспортен центар? Плус зошто пензионерите да се привилигерина возрасна група? Ако тие се сигурни гласови, јас сум студент идна мајка на иден плаќач на данок и самата сум иден плаќач на данок, полначи на државната каса. Зошто пензионерите да се попривилегирани од мене?
     
    На WarriorAngel и daylight им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Па што? И автобусот и авионот се превозно средство. Освен тоа и патувањето од илјада милји почнува со еден чекор. Плус ако ти се погоди да начекаш некој што се возел со прва класа, мераци...
     
    На Umbrella22, Cka и Daydream им се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Не оправдувам затоа што во Македонија сите гледаат само да искористат и да се снајдат. Кога е нешто без пари се повеќе и повеќе гужва се ствара. Ти ќе платиш 35 денари, а зошто не плати некој цел живот што е циција ? Зошто тој не ти ја подари картата. Картата не би му ја дала на секој, а искрено сметам дека не ни треба да има бесплатно возење.
    Цел живот некој да плаќа за друг што се жали дека нема, а уставри има ама не сака да даде... па ти се молам :x
     
  11. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Токму така, лицемерните симпатизери на СДСМ може колку сакаат да трубат за картите и владата и за сиромаштијата ама стои фактот дека кафаните и кафичите се полни(тоа не е сиромаштија-тоа е само нечесност и изразување на непочит кон се тоа што се вика нивна држава во која тие живејат)

    Предлагам да ги пријавувате сите тие што ке ги видите дека билетот го даваат на некој друг.
     
  12. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Хахахахахахаха
    Јас предлагам тебе да те банираат.. Ајмо, кој е за?? :rock:
     
    На Auditor му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Темава ја следиш од штаб или од новото работно место во државна администрација?
     
    На SexiLy, butterfly4, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    И? Врз основ на кој закон ќе не казнуваат?
    Море кога ќе размислам како што ни е тоталитарна државава ништо чудно и на криво да ги погледнеш да почнат да делат казни.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.219
    Допаѓања:
    124.236
    Другар, надвор од темата е тоа. Такви се на пример твитерџиите кои серат за цела држава, а твитаат дека само дебилите немаат ајфони и се глупаци што немаат пари за коли, па возат точаци.

    Обука за дефинициите за донации, после 20 часот :)

    За мене, неплаќање услуга е крадење. А вие можете и во кафана да не платите и да си отидете, што се однесува до мене. Келнерот ке го избркаат. Како и во ЈСП шоферот. Ама што ви е гајле за него?
     
    Последна измена: 3 февруари 2015
  16. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    По закон за превоз во патниот сообраќај.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ја исчитав цела тема, па ќе почнам со неколку работи што ги прочитав овде.

    Прво, сите шофери не земаат иста плата, иако ја имаат истата работа. Во последниве неколку години вработувањата одат преку агенции што се полнат со пари на сметка на платата на шоферите. Затоа има шофери што земаат 25 000 денари, ама има и такви со по 14 000 плата. И не, платата не им зависи од продадените билети, дури и апсурдно е такво нешто.

    А што се однесува до картичките од по 10 возења што чинат 250 денари, тие важат за градски линии. За приградски цената е 300 денари.

    Мене лично не ми се случило некој да ми даде билет во рака, јас до пред некое време не ни знаев за ова. Ама сосема го разбирам револтот, зашто имам видено сѐ и сешто по нашиве автобуси. Замислете плаќате карта, ја куцате, поминува контрола и почнува да ви се дере и пред цел автобус да ве обвинува дека лажете, затоа што немате искуцано шифра на картичката. На крајот испаѓа дека кај старите апаратчиња се случува да прескокне некоја картичка и да не ја искуца, па ќе се објаснувате и Бога ќе молите да не ве казнат. А некој до вас што воопшто нема картичка и прашање е дали некогаш купил, ќе помине неказнет. Цел факултет го поминав возејќи се со такви.
    Друга работа, откако почнаа бесплатните превози за пензионери, јас тргнувам пола саат порано ако никако не смеам да задоцнам, особено тогаш кога беа само вторник и петок бесплатни. Плаќаш карта, одиш на факултет, школо, работа каде не смееш да задоцниш, а во автобус гужва од некој што се шета. И ве молам не правете споредби со гужви во метро, сум се возела и јас, ама некој дека во тие гужви се шета од ќеиф - тешко. Овде буквално пензионериве вртат и по неколку кругови и фаќаат место на некој што стварно има потреба од превоз. Колку пати сум била сведок на кавги во автобус, зашто луѓе не можат на работа да стигнат. Јас разбирам да одиш на лекар, па ајде и на пазар, ама да се возиш по цел ден, тоа не разбирам. Го злоупотребуваат бесплатниот превоз до бескрај.
    Имам еден куп патешествија со ЈСП, да не бегам од темата, само сакав да кажам дека го разбирам револтот.

    Мене конкретно не ми се случило некој да ми даде карта. Јас и за една станица купувам, зашто ете, не можам мирно да седам ако не сум си платила. Ама својата карта би ја дала на друг, па тој ако сака нека ја искористи, а ако сака и нека си купи.
     
    Последна измена: 3 февруари 2015
    На mamma-mia, anina, WarriorAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.243
    Сум направила мала грешка, ако не е забележливо од контекстот, сакав да кажам не зборувајте дека 25 или 35 денари не се многу затоа што не знаете во каква состојба се некои луѓе.

    Кои лицемерни симпатизери на СДСМ бе драга? Какви времиња дојдоа, да не може човек да каже дека нешто му се допаѓа или не му се допаѓа, веднаш е партиски обоен. Лично ниту јас, ниту некој од мојата фамилија е партиски определен. За мене и моменталната влада и моменталната опозиција се сра*е во боја. Еве мислам дека и сите споменици во Центар се глупости, мислам дека и воведувањето на државен испит за студентите е огромна глупост, и што значи тоа, дека сум симпатизер на СДСМ? Не, туку сум симпатизер на здравиот разум.

    Тоа за кафаните и кафичите не сакам ни да навлегувам да го објаснувам затоа што е тотално ирелевантно и премногу генерализирано. Само кога ќе отидеш во некој помал град во Македонија, на пример во мојот, баш провери каква е ситуацијата во кафаните/кафичите, особено од недела до четврток. Живо пиле нема ни по улиците, а не по кафаните или кафичите. Добро во кои кругови се движите вие луѓе? Зарем мислите дека Македонците се генерално богат народ?

    Да повториме, ова не е нерегуларно затоа што картата што е предадена важи до крајот на таа линија, значи картата е важечка. Ова се случува и во Америка, како што погоре кажаа се случува и во Италија и во други светски метрополи, па мене не ми се чини дека со тоа страда јавниот превоз во овие градови, неговите вработени, или горенаведените држави. Јас ова не го сфаќам како искажување револт или партиска наредба, туку како солидарен гест со кој на некој ќе му го разубавиш денот.
     
    На do-re-mi, Mishela, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Ахах,кога сме кај темава,да ви кажам што ми се случи.Ова беше малку пред идејава со картиве,а можеби и веќе беше во тек само јас не бев упатена.Влегувам во автобус и еден дечко излегува и ми пика карта во рака.Толку брзо се деси што јас немам време ни да изреагирам или да не ја земам картата.Си мислам што му е на будалиов.Е после по фејсбуков видов што била целта.
    Инаку за идејава и се сложувам и не.
    Се сложувам затоа што луѓето кои што имаат потреба за јавен превоз,а немаат финансии да си го дозволат од било кои причини ќе заштедат некој денар.Првично гледано и не се многу 35 денари,но за некои луѓе се.А,замисли сега токму тие луѓе патуваат на одредена дестинација и користат два автобуси за да стигнат до таму и плус два за назад.Тоа се 140 денари и како што кажав за некого се многу.
    Од друга страна пак,навистина не би било хумано и коректно како последица на ова да ги репнат по џеб шоферите на ЈСП,што искрено и верувам дека ќе биде така.
     
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Другарка ми еднаш не можеше да се симне од автобус, бидејќи контролорите забраниле излегување додека не ги проверат сите патници. Мораше да слезе две станици подалеку, заради нивниот инает.
    А ми се има и случено ситуацијата апаратот да не ми ја искуца картичката, ми се дереше контролорот 5 минути и на крај ми рече дека не морам да платам казна ама да се симнам на следната станица. Како да ми прави услуга. |(

    Многу се некултурни.