1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно искажување на политички став

Дискусија во 'Политика и настани' започната од dankee, 16 јуни 2020.

  1. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Аполитички сум ориентиран и на ниедни избори до сега немам гласано.
    Можеби ако живеев во нормална држава каде што ќе имаше политичари кои ќе помислеа на народот ќе бев воопшто активен.
    За дебати и разговор со никого не разговарам на оваа тема и секогаш ја избегнувам ако случајно се затера во тој правец.
     
    На prashinka и ohlalalala им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    42.887
    Пол:
    Женски
    Да.Си зборам, не се устручавам
    Без осет сум на моменти
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Не вреди. Не разбираат.
     
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Не сум политички определена, не сум член на ниедна партија и слободно го кажувам мислењето, ретко но сепак коментирам на фб страници кои објавуваат вести од мојот град најчесто критикувајќи ја владеачката партија пошто стварно го уништија градов, т.е. Градоначалникот си го претвори во сопствена империја и сеедно ми е кој како ќе ме сфати. Бидејки работам приватен бизнис не можат директно да ме избркаат од работа ради ставот, но можат ете да ми праќаат инспекции ако некому му сум трн в око и да ми бараат влакно во јајцето. Јбг, што е тоа е. Смачено ми е од ситуацијава до која сме донесени и зошто да молчам?
    Исто имам и блиски роднини и пријатели членови и на двете партии и апсолутно не се устручавам што ќе речам пред нив. Едноставно ми смета ова дереџе во кое живееме и го кажувам тоа. Ако не се спремни да го почитуваат мојот став, нивно право/нивни проблем. А дека некој политичар се замара за ставот на некој граѓанин, мало сутра…
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да го искажувам јавно. Да ми се закачат, па да треба да се расправам со секакви. Се случило неколку пати на социјални мрежи да искоментирам, на нечии објави, не кај мене на профил, и се напраила големата. Оти секакви имаат пристап до интернет. Форумов повеќе сум го користела за таа работа. А и не дека експерти по Фб и Твитер со статуси и коментари ја оправија државава.
    Работното место секако не ми зависи од политичкиот став, не сум пикната од партија никаде, не трчам по штабови и немам партиска книшка.