Демек не знаеме како иде нормален флерт на социјални мрежи, те аднува некој гледаш заеднички пријатели кој е што е, па лајкови, реакт на стори ако има фидбек пишува/пишуваш. На оние манијацине што улетуваат со маче, срце,кукле на секоја втора еве легендата вели дека некоја им вратила
Не знаеш какво искуство која има. Имам и јас лично, бев нападната од 5 момчиња (тинејџери бевме), без никаква причина. Толку ми беше срам тогаш, што прв пат во живот сега тебе ти кажувам. "Среќа" поминав само со драпање. Можеше и полошо да биде. На најпоследното место што ќе помислиш - школски двор. Ме спаси рандом чичко, ме слушнал дека плачам, шетал куче. Ги знам кои се... ама ете, помина. Всушност, има многу, многу повеќе сексуално злоставувани девојчиња и жени во Македонија, него што воопшто е тоа било каде пријавено. Од виктим шејминг и блејминг, од што ќе кажат комшиите, од жигосување...
Ок, ама треба да правиш разлика од напад, посебно пак како твојот, и тип што и пишува на некоја што му фатила око на фб. Заради вакви случки не може да го истураме бесот секаде. Тогаш сме биле помали и не сме кажале дека некој не малтретира од страв или срам или не сме знаеле поинаку и ај сега во друга крајност, ќе се фатиме за еден и тој ќе ни плати за се. Не ја начекал во ќоше и не ја фаќал и малтретирал. Возрасен е, и напишал на фб, ако биде арно, ако не -никому ништо. Дали е женет или не негов проблем.
Точно, затоа реков дека ова што го правиме е буквално шејминг, ништо друго. И не ми е гајле за неговите чувства, затоа што од тогаш до сега, не сум била нападната, ама секакви будали ми пишувале, и едноставно иритира. И свиркале по улица итн. Многу е покомплексно од на Стефче :здраво, гледам се имаме на фејс (лага), па да видам кои сме што сме Едноставно иритира и прекурчува, пошто е секојдневие, а зад тие пораки се реални мажи со кои се среќаваме секој ден. Дали некој швалерисува или не, негов проблем, дали некој замара... проблем е и на замараната.
Ја читам темава, па ми се смее, па ми се плаче. Не можам да разберам дали навистина не разбирате или свесно глумите лудило. Смрди на мизогинија темава, страшно е дури. Тоа фамозното „здраво“ од непознат е сосема исто, само очигледно различно реагирате во зависност од тоа колку сте безбедни во моментот. Дење, меѓу луѓе, не се замарате. На фб, исто ви е галје, што ви може, ќе го блокирате. Ноќе, кога е пусто и нема кој да ви помогне, е тогаш ќе се посерете од страв. А истото „здраво“ е, сосема истото „здраво“... Епа зошто тогаш е ок некој на фб да ми пишува „здраво“ а не е ок ноќе да ми го кажува во живо? Мислам, знам дека ви е јасно што сакаме сите да кажаме
Не, не може да е јасно. Имаш и 'здраво' на увце дури си под туш во затвор, имаш 'здраво' од непознат глас дури спиеш и мислиш дека си сама дома И не се збори само за -здраво, поширока е темата, само некои сакаат уште повеќе да ја стеснат.
Јасно е, @Bridget, прејасно е, само што се правите наудрени. Јас објаснив, уште неколку членки објаснија, од вчера истото го вергламе. Ајде сега кажи и на тебе што не ти е јасно, да ти објаснам додека сум уште на пц. А дека темава отиде во десетти правец, отиде.
Овие селебрити станале, папараци ги следат и во маркети. И ме фаќа смеа дека мислев не може полоша група од ЖДМ, ама ете машката била бетер бдв, дали ќе го тужат овој што ги сликал во маркет? Или само Фроска?
И јас завршувам со муабетов за здраво, ко @Nausicaa не знам дали да се смеам или да плачам. Не знам дали озбилно не разликувате контекст, или не тролате овдека. Никогаш не ми е проблем некој да ми пристапи ако сум му привлечна. Ниту пак да ми пише. Ниту пак да ме покани на пијачка, да сака да флертува. Културен пристап ми е сосема океј. Не сум воопшто свилена. Ама да си идам сама по улица, ноќе, без народ околу мене и некој од нигде никаде здраво да ми рече и да ми се закачи - не сакам. Имав ваков случај нажалост, каде од град си идев дома, тип ме виде, ми рече здраво, јас само го одминав и си продолжив. Почна да ме следи и језиво да чекори зад мене. Никогаш на никоја од вас овде што ме правите будала не би сакала тоа да ви се деси. Ова најискрено. И не е исто да дојде во кафич и да ми рече здраво може ли да се запознаеме и истото да го направи кога сум сама у темна улица. Членката што ја почна дискусијата праша само што би направиле здраво да ви рече некој, не прецизираше каде и како, можеби требаше да ја прашам каде се случило тоа пошто и те како е битно. А останатиот дел од мојот пост упорно се игнорира, а тоа е што следи ако неговото здраво не е алтуристички, туку е вовед во многу полоша ситуација што еве лично мене можеше да ми се случи. Ќе се фаќаме за здраво овде и за останати глупости а тоа што да ви се случи нешто пак ќе е ваша вина по нашиов менталитет ако се водиме. Ќе се оправаме за глупости дури вистинските проблеми ќе си стојат во фиока нечепнати.
Не може да се пропагира страв од запознавање и приоѓање затоа што една вечер позади тебе некој некогаш одел, па и не сакам да ви се случи вас ко да никогаш да не сме се нашле во таква ситуација и најчесто стравот во главата ни е, не дека сите нападнати сме. Има жени што сакаат некој да им пише -здраво маче, многу си убава, те гледам нон стоп на фејс, сакаш ли да се запознаеме? И? Ќе одиш да ја убедуваш дека си има работа со сексуален манијак? Може сака познанство, дружба, секс, ватевер. Не можеш за вакви работи да креваш бунтови и цела јавност да ја дрмаш оти тебе сељачки ти звучи. По светот свингери, тројки, четворки, фетиши и свашта се дешава, ние тука на клада ќе палиме за -здраво, сакам да те запознаам
https://shilomagazine.com.au/2020/10/15/статус-на-фросина-од-скопје-мажи-ако-са/?fbclid=IwAR0Tl5bao9o0ZEBFdmSReImqfnWvEGKMHcr6ArzxpYWktIDydpIyC2MOmIA Дури сеа го прочитав ова Бравос девојко се направи славна денојве, дури и со статусите дека многу сакале да ја запознаат Лезбејкава очигледно има страсна желба за внимание и се да се врти околу незе. Не ме ни чуди и кизне колку има шо и пишувале до сеа како овај Стефан или како год беше. Се извинувам за реченицава ама боље би го истурил на камен, отколку со кокошкава да имам нешто изреволтиран од јавно омаловажување на мажените жени(има зошто во првите страни) и потцена на машкиот род. Др шо прочитав е дека била "попаметна" од мажениве, и дека не била будала некој да ја изневерува, и воопшто немало да се мажи. Одличен избор, боље ич нека не се размножува!
Ве молам да продолжите со дискусијата за сексуално вознемирување овде https://forum.femina.mk/threads/Син...-и-искуства-со-сексуално-вознемирување.29056/ или пак може да се отвори нова тема, што според вас е сексуално вознемирување, па да се продолжи таму. Овде веќе е прилично оф топик.
Па чудно е само "здраво" без ништо друго. Здраво, може да се запознаеме? Здраво, колку е часот? Здраво, може да ве прашам нешто? Никој нема да се потресе на тоа. Да стојам и онака некој да ми рече само "здраво", без ништо друго во контекст, во најмала рака би ми било чудно. Ќе игнорирам, ама нема да се чувствувам прекрасно, ќе бидам на штрек. Е сега темава не е за во живо, туку онлајн. "Здраво" онлајн најчесто се игнорира. Еднаш, два пати, пет...колку пати? И секогаш паѓа товарот на (најчесто) женското да игнорира, да се воздржува. Може да го затвори инбоксот, да не е на социјални мрежи, да се пикне во пештера за конечно да се заштити од тоа несакано машко внимание. Конкретно во случајов, она што е причина за цел разговор е фактот што е оженет и очигледно сака да ја изневери жена му. Веќе знаеме што значи тоа "здраво" онлајн. Дали можела да го игнорира? Можела. Но дали мора да го игнорира? Ете одбрала да не го направи тоа. Она што го пишувавме веќе наназад е дека постапката не и е добра. Не требало да ја вовлече така жената. Но, што се однесува до самиот разговор? Не гледам зошто да не го објави ако сака. Кога веќе пишувам реферат, да одговорам на едно прашање од воведот. Мислам дека има веќе ваква тема. За жената има поделени мислења, а мажот е осудуван. Во пракса? После строгата осуда на мажот на збор, ќе седнат на кафе со него и ќе ја оговараат жената.
Кога сме кај борење против „си го барала“ менталитет, тука некои велите дека сопругата „си го барала“ изневерувањето штом се омажила со идиотов. Зборувајте ми за двојни аршини.
А јас мислев "здраво" од општа култура се кажува. Јас па често викам здраво на непознати, кога се разминувам со некој на поблиску растојание и слично. Арно што не сум добила некоја тужба за сексуално вознемирување до сеа
Леле да, верувам дека тоа те изреволтира до коска и тебе и сите мажи у приказнава. Самите се потценувате со идиотски потези, начини на однесување, изразување. Никој друг.