На мој профил на социјална мрежа имам право да си објавувам какви сакам лични слики и постови. Никој нема право да ги копира и злоупотребува со цел да ме омаловажи и понижи , уште помалку јавно да споделува моја слика на свој профил, освен ако не е за хумани цели или ставено ,,сподели,, Ама НИКОЈ не го смее тоа. Па и најголемата развратничка да сум на свет. Можеш коментар да ми напишаш под слика ако сметаш дека така треба, ама мои приватни работи со моја слика на ачик - НЕ !!!
И до кога ќе се тешите дека мажите пишуваат само за забава по напорен ден? Ради тоа простувате, или како? Можеби немало да излезе, бе. Секако ќе си го губи времето онака. Ќе излезе дека и да му предложела она, ќе ја одбиел.
Сликите на конкретниот профил се јавни. Кога веќе сам ги споделил - секој друг може да ги искористи. Свесно ги ставаш тие слики, знаејќи дека било кој може да ги преземе. Впрочем, и кога се регистрираш на социјална мрежа, потпишуваш terms of agreement, така што - се што сам си објавил јавно, секој може да го преземе и законот ништо не му може. За приватни пораки - ако се во мое сандаче и јас сакам да ги објавам - можам, мои се, никој не може да ме гони за тоа.
Па ако ти се ставени јавни уствари може. Немаш права (копирајт) на тие слики ти. Затоа и ќе забележиш дека ставаат watermark (не знам како е на македонски, воден печат?) каде има сопственост, да речеме. Инаку ако си ставила public слики, апсолутно може да се преземаат и да се користат во секакви цели, па дури и комерцијални. Никому не го интересира тоа сподели, ништо не значи ако пишеш сподели освен молба да се сподели. Но не е никаква дозвола тоа или забрана
Не ме интересира конкретен профил. Темата е дали си ЗА или ПРОТИВ објава на туѓи лични податоци и зошто.
За секаде важи. Впрочем за секоја социјална мрежа или да кажаме и на гугл драјв ако ги ставиш како јавни
Ако е сликан личен документ и јавно ставен на социјални мрежи, форум или слично, секако дека не оправдувам, исто како што не оправдувам откривање на идентитет на членови на форумов на пример. Ама споделување на профил каде што сликите веќе се јавни и секој може да го види и без споделување, не е ништо илегално.
Не може за објавување на јавни слики да те гони законски, ете истите и порталите ги објавуваат. Но, може за нарушен углед, клевета, навреда и нанесена душевна болка. Еден од попознатите овакви случаи беше, колку што се сеќавам кога Миленко го навреди дечкото од Шарената револуција со статус кај него на фејсбук поради неговата сексуална ориентација и јадеше тужба и си исплати оштета. Фросина како колумнист сигурно ова го знаела и одела на свесен ризик, пак, поради популарност, и себепромоција, не поради етички, морални и било какви цели.
Фросина е колумнист?? О Боже, кај живееме Сепак, мислам сосема е друго да навредувам некого зошто е геј, а друго е само да ги споделам работите што сам ги пишувал ако не се менувани. Јас сум скоро сигурна дека овде основ за било каква тужба нема. А дека е ок, не е, од морален аспект зборувано. Но многу работи не се морално исправни, а се легални.
Значи ако некој ја земе мојата слика од мој профил и ја препраќа со цел да ме омаловажи (како во случајот со сликите од девојките на ФБ кои беа споделувани во Јавна соба) е дозволено ?
Еве извадок за кои права му ги даваш на ФБ, немам време да барам за останати корисници: https://www.facebook.com/terms.php Инаку за јавна соба искрено не знам точно за како беа земани тие слики. Тука зборуваме за контент што е јавно споделен и достапен, а мислам дека таму беше друг случај.
Па, колку што разбрав јас, колумнист е под псевдонимот "Раскажувачката", што доволно говори за тоа какви цели има. А некаде се спомена и дека се знаела приватно со жената на Стефан, па не би ме чудело да има и некои други заднински причини за објавување на постот, зошто се гледа во пораките дека со цел го "лови". Сепак, не би да шпекулирам за нешто што не знам. Инаку основ за тужба има несомнено, поготово за навредите упатени кон жена му (стварно е чудно зошто би упатувал такво нешто кон некој што лично ништо ти нема згрешено?), а и чим излезе јавно дека се спремаат за тужба, сигурно има основа за истата, иначе не би се решиле, нели? Тој сноси морална и етичка одговорност, но судија е жена му, таа сноси морална, етичка и законска одговорност. Може и затоа е толку поделен народот, секој од свои побуди, иако е просто како грав. И двајцата се криви и треба да се сносат со последиците за своите постапки. Како и да е, случајов стана реалити шоу само и само затоа што народов наш е серџиски настроен и го заболе за тоа кој на крај ќе ги сноси последиците, а тоа е жена му.
Ако сметаш дека ти е нанесена штета, можеш да поднесеш цивилна тужба за оштета. Граѓанска, по дифолт, не ти следи Кој одговара за навреда? За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед. Одговорност за навреда постои и ако со такво дејствие се омаловажува угледот на правно лице, група лица или умрено лице. Доколку навредата е сторена преку средство за јавно информирање, можат да одговараат авторoт на изјавата, уредникот или лицето кое го заменува во средството за јавно информирање и правното лице.
Значи Фросе требало да мисли да не го побаци детето сопругата, а Стефан имал напорен ден? Ми иде да дојдам да те гушнам од што си наивна
Сликите во јавна соба не беа споделени на профили од кај што може секој да ги превземе и затоа таа споредба со јавна соба е несоодветна.
Ќе ги најдам дискусиите на форумов во врска со ова и ќе ставам линк. Знам дека на добар дел од девојките сликите кои ги разменувале во Јавна соба биле превземени од ФБ. Еве И во воведот си пишува
Фросина не дава број на лик со кој пие кафе, ама затоа враќа на порака на виртуелен лик на фб. Не ми е јасно сеуште која е потребата од јавно споделување, чива подршка и одобрување е неопходна? Целокупно, постот и нејзиното предавање за мажите делува како да пати за внимание.