1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно приватно партнерство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од baba Rada, 29 март 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Министерот за здравство Филипче, најави дека ке стави клуч на сите здравствени установи кои не функционираат.

    Најави за моделот на ЈПП.

    Читаме и слушаме за новитети кои воопшто не беа спомнати во нивните предизборни програми...а еве, времето откуцува а од градење на новиот клинички центар нема ништо, градење на исто така ветената катна гаража во клинички центар исто така нема ништо....И...што мислите, ќе одат ли здравствениве установи во приватни раце, ќе се перат ли пари повторно додека граѓаните ќе останат без лекари и без квалитетна здравствена услуга??
     
    На ocicka2014, Peperutce1115, Јаневски и 2 други им се допаѓа ова.
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Да имаше некоја награда за неспособност, оваа влада ке ја добиеше 3 години по ред! Убедливо нај НЕСПОСОБНИ!!!

    Сега наместо јавно здравство достапно за сите, ќе добиеме приватно здравство достапно само за богатите, а со цел богатите кои ќе го поседуваат, да профитираат од него.

    Јас би прашала:
    А зошто државните болници се "штали"?Каде одат нашите пари? За што плаќаме здраствено осигурување?

    Или не ја довршија „приватизацијата“ претходно, и сега не сакаат да остават ништо на случајноста да остане нешто и за широките народни маси.
     
    На slobodka, Robson, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    ништо од подобро здравство,повторно народот од другите градови и села ќе немаат каде да се лечат и ке бидат приморани да доаѓаат до Скопје..срамота...наместо да ги реновираат старите болници и поликлиники, здравствени домови, тие ке ги издаваат тие објекти на Оље Доље и ке се полнат со пари...срамота:(
     
    На Shmizla94, Peperutce1115, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    https://sitel.com.mk/sindikatot-na-...lipche-za-privatnoto-partnerstvo-vo-bolnicite

    Ако дозволиме да ни затвараат болници и да се предадат на користење на приватници, е тек тогаш го окркавме до балчак.
    Синдикатот на здравство треба дефинитивно да организира генерален штрајк.
     
    На Rama и Cka им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Овие се луди ако мислат дека некој ќе остане да работи во јавно здравство, ама под приватна капа :D

    Мислам, да бидеме реални, во ни една приватна фирма не би работела волку за така ниска плата. Баш поради бенефициите на државната капа се прават компромиси.

    Ако дојде таков ден, давам отказ без 2 минути да мислам, а нема да бидам сама. Ни доктор, ни чистачка нема да им остане во "јавно приватно" здравство.
     
    На Peperutce1115, Rama, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Како што ми мириса работата, за некој месец ќе дојде и тој ден....наместо да дочекаме квалитетно здравство, ние нема да имаме пари воопшто да се лечиме оти здравствените услуги ќе рипнат тродупло.
     
    На Peperutce1115, Rama, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Не знам, јас си кажувам од аспект на вработен во ЈЗ. Имаме ужасен приватен сектор, ем да ме камшикуваат, ем за без пари... јок.
     
    На Animali и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    и јас работам во здравство и ги познавам сите проблеми во него.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Тогаш и сама знаеш.
    За оваа очајна плата не би работела приватно.
    Ако сакам приватно, секогаш има место во приватните болници. За повисока плата.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Па факт е дека оваа влада ги зајакнува точно само приватните установи, нели...давање под концесија за трансплантација на органи, префрлање на детската кардиохирургија, приватизирање на брзата помош.

    Дефинитивно го доразболеа ова наше климаво здравство, а ако успеат во остварување на овј план постои ризик од појава на криминал, продажба на органи.

    Мора да се прашаат граѓаните за ова, да им се објасни што бенефити ќе добијат ако се склучи овој договор.
     
    На PaLaVa, Peperutce1115, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Обавезно ќе не прашаат. Кога не' одминале?
     
    На slobodka, Lianna Anna, Madam-A и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Бабе штом работиш во здравство, си упатена дека штом ова го спомнаа, секако ќе го направат.
    Народот ќе страда најмногу, и сега е лошо но полошо ќе биде. Кај нас веќе приватно здравство им помага на јавно здравство, џабе скокавме кога сега редовно си дежураме во ИМП. Така и со ова ќе го усвојат и ќе бидне.
     
    На PaLaVa, Animali, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Одлично!
    Нека почне од Министерството за Здравство.
    Од Понеделник, сите вработени таму се слободни да си ја бараат среќата во животот.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Државното здравство нема никогаш да се укине.
     
    На buba4e89 и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Нема да се укине но нема ни да имаат што да понудат оти без стручен кадар и потребен санитетски медицински материјал, компјутери, реагенс идр,..е не се работи нели!?
     
    На Lianna Anna, menov, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Е де .. ко шо си е.
     
    На Gosh и Animali им се допаѓа ова.
  17. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    Кога би го укинале од каде во државната касичка пари? Вака, се плаќа за здравствено осигурување..
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не им се исплати..
    Ако се исплаќаше, немаше толку да биде необезбедено здравството.

    А и многу си дрпкаат.
    За тендер од 100к, 20к за ојле-дојле.
     
    На Robson му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Мислам дека им е друга целта.
    Да ги дадат на менаџирање фактички, “под концесија“ болниците, а ние како граѓани и понатаму да си плаќаме осигурување и партиципација, претпоставувам нешто како што функционираат стоматолозите на пример.

    Не е тоа толку лоша замисла, колку помалку е централизирано менаџирањето толку е и подобро.

    Но јас немам доверба дека тоа на хартија замисленото во пракса ќе биде спроведено како што треба.
    2 години секојдневно добивам нови барања, наредби и правила, но ништо се нема помрднато од мртва точка - ништо суштинско, ни за мене како вработена, ни за пациентите.

    Мислам да бидеме реални, Мој Термин колку - толку функционираше, грабнаа нели поарен да го прават, го у*раа до немај каде. Можеше да се потрудат електронските картички да функционираат нели, ама зошто би?

    Да не навлагам што сѐ менуваат, а сепак, ништо, ништо суштинско, ништо што ќе донесе некаков бенефит за било кого.

    Затоа не им верувам.

    А посебно во период кога има страшен дефицит на медицински кадар, вакви потези им се далеку од паметни.
     
    На Lianna Anna, bijonse, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.542
    Преживеавме една приватизација у здравството у време сдссм.

    Платата на мајка ми од 15 000 како сестра стана 8000 со плус 3000 на рака за превоз и храна. А ако сака повеќе плата да најде пациенти и ќе добие процент.

    Кога се побуни доби отказ. После 20 години работа како сестра. Место неа дојде девојче од 19 год.

    Сеа пак е у државно, пак ќе ја приватизираат. Ама има уште 8 год до пензија, па не е страшно.

    Страшното е за нас... пациентите.
     
    На Lianna Anna, Robson, iki26 и 3 други им се допаѓа ова.