1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно приватно партнерство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од baba Rada, 29 март 2019.

  1. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...има многу да се коментира на ова тема,
    ај прво ќе кажам околу ова, причина за тоа што „има здравствени установи кои не функционираат“ е затоа што ИМА пациенти, а НЕМА здравствен персонал! значи НЕМА кој да даде здравствена услуга!
    - а зошто нема здравствен персонал?
    ...затоа што сите „ си заминале во ЕУ“?
    - НЕ, НЕ, не ...здравствен персонал НЕМА по овие јавни здравствени установи затоа што вработуваат немедицински персонал од правници, економисти, техничка служба, зборуваме за вработени без било каква средна, више или висока медицинска школа кои СЕ НЕздравствени работници!
    - а зошто?
    ...ЗАТОА ШТО ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ СЕ САМО ТИЕ КОИ ИМААТ ИЛИ СРЕДНО, ВИШЕ ИЛИ ВИСОКО МЕДИЦИНСКО ОБРАЗОВАНИЕ, а тие поретко се партиски одредени, па затоа и не се отвараат такви места за вработување!
    - а кои се новите вработувања?
    ...затоа што партиските вработувања се со било која професија, но не и медицинска, нека кажат колку вработени немедицински лица има во Здравствени домови т.е. во сите овие јавни здравствени установи „кои не функционираат“ споредбено со медицински...ова како прв проблем!
     
    Последна измена: 3 април 2019
    На LollySky и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... примарното здравство е апсолутно приватизирано, не постои државно примарно здравство ....тука спаѓаат:
    - матични општи лекари
    - матични стоматолози
    - матични педијатри
    - матични гинеколози
    - нематични аптеки
    и тоа тие кои користат државни објекти, простории, инвентар, апаратура се концесионери приватници (плаќаат паушал вода, струја и ќирија) и тие кои се вон државни објекти т.е. во приватни објекти каде плаќаат многу повисока ќирија и индустриска струја и вода) но СИТЕ СЕ ПРИВАТНИЦИ !
    ...овие две групи што ги спомнав во примарното приватно здравство склучуваат договор со Фондот за давање бесплатни здравствени услуги, а за тоа добиваат одредена капитација за одредените пациенти!
    И ТОЛКУ! доколку треба да се ординира лек кај матичен лекар, пацинетот ќе си го плати со сопствени средства, со еден збор бесплатно следи само пакетот на прегледи што има договорено со Фондот или процент на делимично плаќање за здравствена услуга - пломба, екстракција на заб, лек на рецепт...итн!
    ...сега сакаат и секундарното здравство да го приватизираат, т.е. сега во Јавните клиники целосен третман и здравствена услуга не се наплатува туку се одредува партиципација на целата сума, а кога се иде во приватна клиника има САМО ОДРЕДЕНИ зравствени услуги бесплатни и само одредени лекови со партиципација, а се друго се наплаќа приватно, денес самите знаете дека приватните клники на пример по извршената операција се препраќа пациентот во јавна државна клиника да прими терапија постоперативно со партиципација!
    .... е сега кога ќе го нема секундарното здравство - државно, туку приватните клиники како секундарно здравство приватно ќе склучат договор со Фондот само за одредени интервенци и одредени лекови само за време не тие интервенции да биде со партиципација, а се друго дополнителни прегледи и лекови пациентот ќе си ги плати од својот џеб, ете тоа не чека!
    ...и кога ќе се приватизира секундарното здравство, ќе се оди на приватизација на терцијарното здравство како највисоко место на давање здравствен услуга за најсложени консултации и болести, е тогаш ќе речеме дека цело здравство се приватизира со само одредени здравствени пакети и лекови кои ќе бидат со партиципација кои овие приватници ќе склучат договор со Фондот, се друго пациентот ќе си плати од својот џеб и богами тоа ќе биде висока сума на средства!
     
    Последна измена: 3 април 2019
    На LollySky, orevokrsacka, iki26 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Медицински персонал нема..епа кој ќе работи тогаш во тоа нивно јавно приватно партнерство, со кои услуги ке си компезираат едни со други, мислам на овие јавните и приватните...или ќе увезуваат медицински персонал??

    Потполно си во право што со години се вработува вишок и непотребен кадар, еве на пример ќе ти кажам во ГОБ *ми септември, замисли, се примија пет психолози, тројца социјални работници, еден куп општи лекари, и тоа со решение., п цел седат сите во една просторија и на едно биро, клатат врата и фризури прават,.а рмбачи, болничари и др.технички кадар нека дреме со години како договорци на одредено за бедни 10000 денари.
    Па нели е тоа искористување на работна сила, едни ги примаш, им даваш да засноваат работен однос на неодредено време а од друга страна го експлоатираш нејдефицитарниот профил на луѓе во една болница....

    Мислам дека ова ќе биде нуклеарка за македонското здравство.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Мене искрено, не ме плаши тоа...
    Се додека државата собира даноци и покрива поголем процент од медицинските улуги, ич не ми е гајле дали е со име: Приватно, или Државно.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Државата собира данови од нас вработените секој месец редовно и тоа по 7%(мислам, незнам колку беше точно) од бруто личниот доход..епа не е тоа мала пара..израчунај годишно колку даваш и колку користиш...
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Од се' собира даноци државата.
    Не е дека не собираат доволно, само крадат премногу.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...не е баш така, услугата што ти ја дават во „приватно“ здравствениот работник конкретно докторот има месечен приход над 2 000 евра, додека истата услуга што ти ја дават во „државно“ здравство докторот има месечен приход од 500 евра!
    .... сега прашање? од каде ќе има толкава плата докторот во „приватната“ клиника, ако не ќе постои веќе докторот во „државната“ клиника? што мислиш?
    ајде вака конкретно, здравствената услуга за еден посложен пакет што ќе плати Фондот е 50 евра од пациент, доктор на пример во приватните болници како Ремедика, Сисистина, Филип се со 2000, 3000, 4000 евра плата? каде тука се трошоците на лекови и сместувањето на пациентот, кога Фондот ќе плати само 50 евра од тој пакет на пациентот на болницата? од каде пари на Жан Митрев да му плати 3 000 евра на својот доктор што ти ќе ти ја даде услугата? од воздух? не не не....од тебе, ТИ ќе си го доплатиш здравствениот пакет, исто како што за лекови на рецепт платено од Фондот ДОПЛАТУВАШ свои средства, исто и тука ЌЕ СИ ДОПЛАТУВАШ свои средства, за да би тој доктор би зел 3 000 евра плата, ееееее тогаш вака не ќе коментираш, 50 евра ќе ти плати Фондот, а 250 евра ТИ од твои џеб ќе си платиш!нема да ти е гајле повторно?....всушност тоа е сега пред врата да се спроведе!
     
    На iki26 и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    или ќе плаќаме повеќе здравствено..
    Или ќе има различни пакети за здравствено осигурување..
    Некои ќе плаќаат основно.. до 50евра, други повеќе... И така
     
  9. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ..прашање од каде пари да се плати повеќе за здравствено осигурување?
    еден пакет за една посложена операција во приватна болница е 10 000 евра, Фондот ќе покрие 200 евра!
    и ? што понатаму? се има две опции или да се умре или да се подигне банкарски кредит, кој богами дупло ќе се врати! И? ...некако чудно си ги сфаќаш промениве се прашувам зошто ???
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    А сега како е?
    Прво, нема да дојдиш на ред да те оперираат на државно, а ако дојдеш на ред, шансата е да треба да го потплатиш докторот.
     
  11. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...а во приватно? колку ќе платиш само за операцијата? еве ценовник за Систина!
     
    Последна измена: 5 април 2019
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Епа затоа ќе има здравствено осигурување.
    Иначе, и на државно исто кошта, само што осигурувањето покрива...
    Ако е 50.000 евра операција, не значи дека ќе платиш 50.000 евра осигурување месечно.
    Статистички, повеќе треба само да се внесува во фондот, отколку што се користи.
    И не на сите им треба секој месец, а уште помалку, скапи медицински зафати.
    Има месеци, кога воопшто не користиш здравствени услуги, ама здравствено осигурување си плаќаш секој месец.
     
  13. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... ај вака одговори ми искрено, сигурно си била на преглед кај матичен гинеколог, колку ти наплати за прегледот?
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    200 денари.
     
  15. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ..така ли?
    тие 200 ден , отидоа во џебот на гинекологот,
    матичен гинеколог склучува договор со ФЗОМ, за пакет услуги НЕ СМЕЕ ДА ТИ НАПЛАТИ ПРЕЕГЛЕД, значи гинеколошкиот преглед кај матичен гинеколог Е БЕСПЛАТНО!
    И? го пријави некој ? ДА ! ама тие си го тераат по свое...приватници се!
    ТИ? се бунеше ли? му кажа ли дека не плаќам 200 ден оти прегледот е бесплатен? НЕ! си ги извади парите и си плати без коментар! ...зборуваме за 200 денари, е утре и тој пакет што ќе биде платен од ФЗОМ а за тебе како пациент бесплатен, докторот во приватна клиника ќе ти наплати...ама со уште две нули најмалку! и? ќе се буниш? ќе ги пријавиш? НЕ ќе си платиш и ќе си ќутиш, како што си ќутеше сега што плати 200 денари за нешто што ти следи бесплатно наместо да си се почастиш со тие пари, оти се твои!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Шо се дериш!?
    Се сложувам со тебе дека е незаконски...
    Му кажав кога дознав... Не знаев првите пати :lol:

    Ако имаш осигурување и да е приватно, кое работи со Фондот, нема да има уште 2 најмалку нули..
    И типов е приватен.
     
  17. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...сите „типови„ се приватни кога се работа за матичен гинеколог, реков дека примарно здравство е целосно приватизирано, а тие склучуваат договор со ФЗОМ да дадат бесплатни услуги, а за тоа добиваат паричен износ -капитација од ФЗОМ, и затоа се „матични“ ... тоа што си му кажала сигурна сум дека пак ти наплатува тие се толку безобразни (секоја чест на исклучоци) да на врата пред да влезеш во ординацијата имаат напишано јавка дека гинеколошкиот преглед е бесплатен, а внатре сестрата ќе ти земе пари, па ти до утре да кажеш дека не ти зема...;)
    П.С.
    ...големите букви не се „дерење“ тоа е потенцирање на збор или реченица да се внимава на реченото!:)