1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно VS Приватно здравство

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од angel92, 2 февруари 2012.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас не мислев за нешто итно туку ти спомна да си направиш муабет да те опушти , моите хипохондрични напади не очекувам некој да ги слуша освен ако не сум му платила :D па дури и тогаш треба осет
    Јас не реков дека приватно здравство не треба да постои едноставно не можеш да забраниш на некој да си ја уновчи професијата .
    Туку гледам дека полека полека се почна да се приватизира од матични , гинеколози ...
    Сметам дека треба да се подигне квалитетот на јавното здравство а не да оди кон приватизација ...
     
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност која работела и во државна и во приватна болница. Постои разлика од километар, не само за пациентите, но и за вработените. Но овие разлики се и во позитивна и во негативна смисла. Јас знам дека третманот во приватните клиники е далеку подобар, услови, апаратура. За стручност за кадарот НЕ, НЕ. не мислам така. И сите си викаат ќе платат и ќе се лечат приватно, но драги мои не е исто породување кое е од прилика 1000 до 1500 евра, ќе речеш и кредит ќе земам, па и колку пораѓања ќе имаш 1,2,3. Но што правиме кога доаѓа ред за операција од 20 000 евра (ако ја плаќаш приватно толку е), една магнетна е 150- 200 евра, еден ден во болница е 50- 100 евра, и ред други работи.
    Има уште една вистина тука, искрено ќе пишам. Комплициран случај често се препраќа директ државна, сведок сум, таму работам. Е зошто, нели приватниве беа по стручни :!:
    Пример ќе наведам. Мојот татко пред извесен период имаше тешка несреќа, го носеа од пат дирекно во болница, во бессознание, минути беа во прашање, значи немаше време да се вртат телефони, да се бара добар лекар,да се бараат врски, да се потплати. Систина, ремедика и прашав, се јавив викаат носете го државна да не губите време. Значи и сите пари на светов да ги имам во тој момент џабе. И на државна, како што реков немаше време, дежурниот лекар ни беше судбината. Ама буквално судбината. Имаше господ се погоди искусен лекар дежурен, уште истата ноќ опериран. Болницата е стварно крш, страва и ужас, хигиена :puke: , сестрата вреска ко расипана лента, ама стручност на ниво, преземаа ризик одма го оперираа ГО СПАСИЈА. Несакам да мисам што ќе беше ако речеа чекајте сабајле да дојде хирургот или нема ова, нема она.
    Затоа ако приватно здравство, нека се развива, но и државното нека се држи на ниво неможе без него.
     
    На Meckicja, meckicka, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  3. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    какво искуство имате со неуромедика?дали се добри како клиника и како работат?
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.379
    Во однос на стручноста верувам дека и таму и таму има стручни и квалитетни доктори.
    Голем дел од кадрите се одлија во приватните,така да незнам веќе кои останаа во државно.Малку загрижува и фактот што голем дел од нив(или најголем :?: ) се вработени со врски т.е. партиски ,па се наметнува прашањето за стручноста.Или на мама и тато,мн јасно.
    Зборував со другарка,која скоро дипломира општа медицина и сака да конкурира на специјализација.Многу сака гинекологија,ама вели има само 4 места и тие се за ќерката и синот на тој и тој гинеколог(да не именувам).И навистина е така,па оттука прашањето дали би биле исто толку стручни како родителите,што ретко е случај.
    Од друга страна,можеби третманот што го добиваш во приватните те наведува да мислиш дека е ептен голема стручноста.Во државна кога и да сум одела никогаш добро не сум поминала,ОСВЕН ако некој не сврти телефон да каже дека ќе дојдам.Лично,се чувствувам посигурно во приватните,незнам зошто.Последно правев киретажа во Чаир,ако верувате се тресев и секунда фалеше да ја фрлам спавачата и да трчам во Ремедика :( .Се осеќав буквално како животно,простете ама навистина се осеќав така.
    Жал ми е што за да добиеш третман треба да платиш.Навистина поубаво се чувствувам кога резултати на приватно добивам за ден,два а сега не сум воопшто мирна и звонам секој ден на клиника за да го слушам секогаш истиот одговор-јави се за една недела......
    Јас сум за да се инвестира во државното,нека поработи министерот малку да ги подобри условите,па луѓе сме и не одиме таму од чиста мира и некој искомплексиран на сета мака да те прави лом!Точно дека многу компликации од приватно ги праќаат во државно,и баш затоа нека се поработи малку,аман!
    Последно на трансфузиологија чекав 5 саати со бројче,зошто докторктата пиеше кафе саат и пол со колешка и тоа се осмели да ни го каже шалтерскиот работник,а потоа тој продолжи да игра игра на ФБ и да се допишува на ФБ ,маж ми сакаше да го слика и да ја објави сликата,срамота!
    И-недај боже да прашаш нешто :worried:ilent:
     
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Незнам што те интересера, кој дел. Мојот татко оди таму на очно, лечи глауком, кај некоја докторка, не и го знам името. И човеков е презадоволен. Плус за овој дел соработуваат со фондот, значи си оди со плаво картонче. Ова му е нова дијагноза, од пред некој месец. Прво што требаше да се направи е одредување на видно поле, и во држава му закажаа после два месеца, и тоа со врски и демек итно. После се распрашавме ваму, беше и ептен задоволен од докторката. И сега му дојде редот после два месеци за закажаното во државна и он вика ај бе да видам што ќе кажат ќе одам, ако ми верувате чекал од сабајле од 8 до 13 часот, уште малку требаше дневница за тој ден да му платат :D и резултат од прегледот исти како во неуромедика, исто му кажаа значи тоа е тоа.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Daleku od toa deka vo drzavnoto zdravstvo nema strucen kadar.Sekako deka tie vo privatniot doagaat od drzavniot.
    No mora da priznaeme deka toj istiot ne e ist i vo dvata sektori.
    Vo privatniot sektor raboti vo podobri uslovi kako finansiski taka i osnovnite uslovi za rabota.Seto toa go motivira da bide em po ljubezen so pacientite em da mu obrne podobro vnimanie,od pricina
    sto od nego toa i se bara kako usloven del od rabotata.Istoto se bara od nego i vo drzavniot sektor ama nikoj ne praktikuva.
    Ne samo vo zdravstvoto,taa e razlikata pomegu privaten i drzaven sektor bilo kade.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. stefani.kiki

    stefani.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали Ситина има склуцено некој договор со фондот за здраство за враќане на пари ли % од парите нека пише некој ако знае поз.
     
  8. irence88

    irence88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    ДАЛИ НЕКОЈ ИМА ИСКУСТВО СО NEW BORN CLINIC ?:^) СЕ МИСЛАМ ДА ОТИДАМ НА ПРЕГЛЕД,МОЈА ДРУГАРКА БИЛА ЗАДОВОЛНА Е НО САКАМ ДА СЛУШНАМ ПОВЕКЕ МИСЛЕНЈА
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    132.655
    Сум одела и на приватно и на државно. На приватно бев неколку пати, на систематски, како придружба, на мое барање. Искуство од аспект на стручност, лошо. Може веќе и да сум пишала. Во Неуромедика докторката не знаеше што болест е, дечково жолт, преплашен, резултатите од крв за никаде и кога и реков, добро, или кажи или кажи каде да да одиме, нервозна, рече, да прочитам у книгите, па на крај, кога и тоа не одеше, рече, одете во државна, има постари доктори таму, јас не знам. И правец у државна, итно со инфузии, итно со лекови и се оправи дечково, без џигер ќе останеше ако оваа уште некоја недела се поврткаше мислејќи што болест е, а во државна докторот веднаш ја кажа како се вика и како се третира, за 24 саата на нозе здрав беше човекот, со препишана добра терапија. Докторкава после разбрав, отишла да работи у Германија, немало леб тука. Мхм.

    На систематски на приватно, очната не виде дека носев леќи. И тоа на апарати ме гледаше, вика океј ти е видот. Викам, ако со леќи сум да ги видам? Вика, аууу, леќи носиш, убава боја, не ги забележав. Мхм, фала.

    На една другарка гинекологот у приватна клиника за да земе пари и викаше да дојде пак, нешто се гледало, да дојде пак да се види убаво. Секој преглед, наплатен. И на крај отиде испаничена со приоритетен на државна клиника, и рекоа нема ништо се океј.

    За пораѓај знам дека секој комплициран случај оди на државно, односно имаат забрана да имаат смртност на доенчиња, да не се квари просек. И ако видат дека има опасност, ја праќаат родилката на клиника. Затоа од лани мислам дека за секој пораѓај започнат во приватно, а препратен на кликинка, државната клиника си бара пари на приватно од болницата што ја пратила родилката.

    За лош однос не сум имала досега на државно, осван на кожно кога се изнервирав, у 5 згради влегов, ми викаат у некоја зграда требало да одам на 2 кат, од кај јас да знам, провинцијалка, кај е таа зграда, се убив од шетање и на крај еден болничар на улица го најдов, за рака, и ме однесе. Пукнав од нервоза.

    Еднаш на ургентен бев, докторот беше супер, дадена терапија, однесување одлично, во секунда сфати оти му шепотам зошто не пратиле од друг град и беше крајно професионален. За жал, ми сметаше што прегледите на сите на ургентен се во иста просторија, само со чаршафи раздвоени кревети, па се гледаа крвови, старци, повраќања... После видов дека секаде е така, ама во моментот да требаше јас да се соблекувам ќе ми беше незгодно. Среќа топло беше, а среде ноќ моравме да одиме на КТ во соседната зграда. Можам да замислам колку ладно ќе беше среде зима тоа. Ама гледано од аспект на стручност, доктор и сестра стоеја надвор, кога дојде амбулантната, докторот веднаш зема документи, му кажав што и како е, го виде пациентот, одма со него на преглед, одма пратен на КТ и одма дадено се што треба.
     
    На PaLaVa, joy1, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Нема правило за ова, како ќе ти се посреќи така е работава, најдобро здравјето да те служи.
     
    На joy1 и Cka им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.056
    Пол:
    Женски
    Јас сум за државно здравство. Не се согласувам дека во држвна болница докторите се нестручни. Има такви што знаат да си ја работат својата работа. Приватните клиники не ги
    сакам затоа што е премногу скапо, а за истата работа во државна ќе поминеш поевтино. Јас се пораѓав на ГАК и сум задоволна и од докторите и од сестрите. А за истата работа во приватните болници ќе платев многу поскапо. На ГАК ништо не платив. Немав ни врски. Во приватните болници љубезноста на докторите е заради парите. Нормално е дека ќе те третираат како кралица, кога знаат дека ќе добијат многу пари. И таму има стручни доктори, ама колку поголема плата земаш, толку ти е поголема мотивацијата за работа. Мој роднина работи доктор во државна болница и одбил неколку понуди за работа во некоја од приватните болници. Немам поим зошто. И во јавното здравство треба да се променат многу работи.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Сакам еден пример да дадам,а после ќе се изјаснам за приватно-или државно:)
    Пред 15год.бев на ОРЛ во Румунска,значи државно и прегледот беше со "инка" во уво и онаа "клешта" во носот:( Во октомври повторно бев и суште со истите алати вршат преглед:( кај е апаратурата што ја имаат приватните ординации:(
    Отидов на приватно,ми одредија терапија,контра на тоа шта ја добив на државно:(
    Проблемот е што приватните ординации наплаќаат од 800 до 1500 ден.и тоа на секое одење,дали преглед,дали контрола:(
    Со мој термин,требаше да чекам два месеца за ехо на абдомен и отидов во Филип втори и си платив 1800 ден.на гладно срце;)
    На државна клиника е страшно:(
    Четири месеци чекав за операција,со изговор дека Косоварите имаат предност....наводно они плаќаат:D
    Хигиената да не зборам,лебарки и бубашваби ти прават друштво,само што ќе се угасат светлата.За вецињата да не ни зборам:(
    Кој има пари нека оди на приватно:hai:
     
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Има добри доктори и на државното здравство, не дека не. Ама зависи од среќата ако ти се погоди добар доктор што ќе си го изврши прегледот целосно, ќе ти каже дијагноза и све, а на само да те мавтаат лево десно и на крај да ти дојде преку глава. Ќе кажам мое искуство
    Бев испратена во Гастротоп да ми направат ехо на срце. Жената таму ми направи ехо на други делови, а за срце ме препрати на Кардиологија и јасно имаше напишано дека треба упат и холтер. Си викам државна таман е, ама се излажав. Прегледот беше после 2 месеци. Кога отидов таму, прво чекав повеќе од пола саат на шалтер, а горе кај докторката влегов 2 саати покасно од закажаниот термин, дури она едно време ја немаше. Ок, влегов. Докторкава ми го гледа ЕКГ и упатот секако го виде, вика се ти е во ред со срцето, нема потреба од никава терапија ова она. И завршивме работа (демек) за 5 минути.
    Една вечер ме однесоа во 8ми септември со јака тахикардија, каде што исто ни напоменаа да направиме ехо. Мене веќе ми препукна и плативме 1500 ден во Филип Втори, каде ми направија и ехо и екг и конечно бев мирна.
    Кажав, ретко ќе ти се погоди добар доктор на државниве. Има и стручни и можеби знаат да си ја работат работата ама буквално како да ги мрзи да работат. Само за џабе плаќаме здравствено кога за возврат речиси не добиваме ништо. Пак треба да дадеш пари на приватно да те средат.
    Како членката погоре и јас би рекла - Кој има пари нека оди на приватно, инаку само ќе ве влечат ваму таму и за обичен прглед.
     
  14. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Прашајте ме мене за тие 11год колку се борам со стерилитет можам да кажам од државна болница поарно нема сум била и во плодност битола каде недај боже нешто да тргне наопаку докторот одма исклучува тел а во систина докторот на снимка стара 10год на матката неможеше да виде оти има преграда на матката и дојде до втор спонтан абортус отидов в државна болница и др трајанова одма ја виде преградата и ја отстрани што сакаме ние во државна болница доагаат пациенти цела македонија и пак лугето се услужливи колку толку во систина кога и да се јавев сестрата на др лазаревски нон стоп мр прашуваше за ваучерот од фондот за здравство за инвитрото до каде сум стигната и ми пукна филмот еден ден и реков јас повеќе таму неодам нема шанси
     
    На PaLaVa и joy1 им се допаѓа ова.
  15. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Нив ги интересира ваучерот или инвотрото да заврше успешно сега сум решена ќе одиме во њу борн клиник таму е др трајковски на кого му бев пациент уште кога беше на гак
     
  16. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Хаха подобри услови во приватните болнивиможда има ама подобри лекари не јас после биохемиската бременост го прашав др лазаревски дали ќе треба да правам нова хистероскопија рече не нема потреба добра ти е матката не е проблем а не е точно требало и те како среќа што после отидов и кај др трајанова и само што ја виде снимката од хсг стара10год истата снимка што ја гледаше и др лазаревски и не виде дека матката не е во ред оти има преграда рече оти ќе мора да се направе нова хистероскопија и те како штом се губат бремености мене не ми треба некој што ќе ме тапша по рамо или ќе ми се омилкува како да многу му значам аму значат само парите што ќе му ги дадам туку ми треба доктор што успешно ќе ме излекува тоа ми е битно
     
    На Norah Jones и joy1 им се допаѓа ова.
  17. Диња

    Диња Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Во филип втори има некој правено операција?
     
  18. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki.Dali nekoj znae sto se slucuva koga ke ti istece zdrastvenata karticka? Jas sea doznav deka mi e istecena i deka ne mozam da si izberam maticen ginekolog.Jas imav no mojata pocina pred 1 nedela i sea nemam maticen ginekolog.Otidov da si izberam nova i taa mi kaza deka mi e istecena i deka ne mozam da odberam.I sea jas sto da pravam?Aj idam na privatno se,ama bremena sum i mi treba maticen ginekolog.I sea sto treba da pravam? Dali nekoj e zapoznaen so ovoj slucaj?
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    Само со матичен број може да те пријави, си имаат ординациите дигитални сертификати за пријавување пациенти. Како тоа не може да те пријави?
     
  20. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Pa ete sega koga bev da si izberam maticen ginekolog,zatoa sto mojot pocina.Taa na nejzinoto mesto mi kaza deka ne moze da me prijavi zatoa sto zdrastvenata karticka mi e istecena.I deka treba nova karticka pa posle da me prijavi.A koga se javiv da prasam za nova mi rekoa posle praznicite se uste ne znaat sto ke bide so kartickite.I sea jas sto da pravam.