Нема нови картички, нема ни да прават уште некое време. Мене не ми е логично да не може да те пријави со матичен број, јас постојано пријавувам пациенти на тој начин. Потребно е ординацијата, т.е матичниот доктор да има дигитален сертификат, кој што па е услов да го има секоја ординација од 01.12.2018. Затоа ми е чудно што ти рекле дека не можат да те пријават, сега барем е лесно.
Znam i kaj mene vo poliklinika kaj sto rabotam maticnite si imaat i mozat da prijavat pacient.Ama ovaa ocigledno ne e zapoznaena so rabotata.I treba da idam na drugo mesto da vidam za maticen ginekolog.
Бирам приватно. Годинава увидов дека подобро ми е да платам и клатам. Да е некој на мое место малце попаметен и да не сме во банана држава ќе тужи. Мојот случај не се решаваше никако. Одев по гинеколози, приватна ординација, глупости истрескано, појдов на клиника у Скопје, боштум со човек препратена, поголема глупост и студент не би кажал, а да не зборам за односот и однесувањето. Една година со проблем кој требало итно да се реши, мене ме шалтаат по врати. Кога конечно најдов чаре, бев пратена на клиника на пластична. Три реза, не знам колку конци, ужасни болки, солзи, плачење, у тоалет не можев да појдам со недели, седнување никако. Контроли конци ваѓање, катастрофално. Докторката беше толку убрзана што без да ме прегледа рече супер ти е раната. Аха! Не поминаа два месеци, кај мене се појавува истиот проблем од претходно. Појдов на контрола кај истата докторка од државна, ме направи крива зошто повторно се појавило, истреска таква глупост што и неписмен не би поверувал. Нејсе, истрауматизирана, закажав во приватна болница, резултат - неисчистени канали, отворено недоработено. Повторна операција, овој пат целосна анестезија. Саат и пол работење, докторот се крстел. Длабоко зафатено, едвај исчистиле, средиле све. Денеска конци ваѓав. Рана средена, контроли, услуги, кураж све. Болка минимална, скоро па никаква и кај рана и све. Мојата приказна со државно е таа. Пак, да не даде господ. Има квалитетна доктори во државното,меѓутоа многу пациенти и недоволно се посветуваат. Не знам од што друго се такви.
Drzavno ti e katastrofa veke ne ostana eden doktor kako sto treba.Site otidoa po privatnite kliniki.Zatoa ke si platis ama ke ti zavrshat rabota i ke ti pomognat.A drzavno prvo nema koj da te vidi a ne da ti resi problem i da ti pomogne.Ke napravi pogolema katastrofa. Zalosno za site nas.
мене снимката ми ја виде Др Трајковски и рече да се интервенира да се отстрани нешто. Еве денес бев на државна кај др Драге и имаше таму една црна со виткана коса не Знам што функција имаше ана јас го прашувам Драге она одговара. И ми вика она Ма неее кој ти кажал да се средува матка они ти рекле пластика да се стави внатре а кој го прави тоа веќе? И јас се свртев и заминав но интуицијата ми вели да го слушам Трајковски а не оваа
Извини ама сами сте си криви, за диши диши и ѕе 4000 не давам па да е не знам што, да знам да дојде да ме прегледа и лично министер за здравство. Јас носам деца во Козле и Детска, секогаш пречекани и прегледани, одлично истретирани и со 200ден платено. Сакаме да се однесуваме како Рокфелер а да не третираат како да сме сиротињи, епа нема. Сами си правиме да не третираат вака. 2 деца имам ниедно не е носено за диши диши навечер во Систина, а сме имале ситуации машала за носење, ама на крај памет не ми е да дадам толку пари за ништо. Имаме одлични доктори на детска клиника па посебно, специјализанти кои стварно сакаат да научат а ако не се сигурни викаат специјалист. Со големиот ми викнаа тим од 7 доктори, од Козле не пратија и не пречекаа надвор сите ангажирани, без да се јавиме на никој. Сите испитувања ни ги направија и за пола саат си отидовме со соодветна терапија. За 2 дена бевме на нога. Инаку со големото ми платија породување во приватна а со малото бев во Чаир, епа замисли во Чаир поубаво си поминав. Свекор ми почина со 3 дози вакцина, не можеш да знаеш шта би било каде би било.
За муабетот за Козле Скроз утната терапија, во последно време се катастрофа, па после не оправаа во Систина.... Систина има добри педијатри како сакате кажете. Скапо е да многу ...ама пак ке кажам , секогаш сум задоволна.
За специфични ситуации и јас ќе барам Систина, фала богу барав и јас мислење, ама за диши диши, те молам, сами си бараме цени ко што направија Систина. Не мора Козле, детска, има 3 доктори на дежурство, 2 специјализанти и еден специјалист, ем е побрзо ем имаш се тука и чини 200ден. Изгубивме вредности, одиме на приватно и скокаме матични, државно здравство, итна, и после не функционира државна е не функционира, зјаат празни амбуланти. Со матичниот гинеколог кога зборев дека не одам на второ мислење никаде освен кај него, беше запрепастен, вика единствена пациентка си ми, а што ќе ми е да ме види во Систина 6мин на ехо доктор и ми каже исто што и матичниот, зошто, која е потребата... Не може никој да ме убеди дека Систина има подобар преглед од матичните на децава, никој. Сакам да ги однесам на вакцина, договорив на задна врата да не прими во задна чекална рано сабајле пред да почне се за да не го мешам со болни деца и да ги боцнам после, во Систина мало морген што ќе се договорам со некој. Не си го цениме тоа што го добиваме гратис и после Камчев ќе се богати, епа ќе се богати.
Ај те молам не ми романтизирај државно здравство, 3 месеци термин не можам да најдам на интернист со упат. И ред други работи. Ти цени си го здравството ама јас не сакам да чекам со месеци за едно ебано ехо, за преглед кардиолошки или слични заебанции. И тоа диши диши се виде кај дететнцено како заврши.. толку знаат да слушаат .. Што имам поминато со здравствово ми се крева коса на вакво романтизирање.
Не романтизирам, ама прашај зошто нема термини па после нека ти се крева коса. Минатава година 3 доктори од моето окружување заминаа во приватни и 2 во странство, тек ќе нема. А тоа што за секоја ситница одиме во Систина е друго дваесто. И пак ќе речам, интернист не е примарна здравствена заштита, не извртувај ти муабети, зборам за примарна заштита, настинато дете не е за на интернист. И јас бев на кардиолог во Жан Митрев за дете, зошто кај единствениот добар државен детски кардиолог имаше термин дури за месеципол, ама не можев да чекам да ме смири докторот па отидов на приватно, али за црвено грло нема да отидам сигурно. Јас имам од таа детска клиника многу позитивно искуство во многу лоша ситуација, што е апсолутно релевантно како и твоето негативно.
Рибата смрди од главата, а не од опашот. Приватниве болници станаа како елитни болници. Кривете го здравстцото, а не докторите што бегаат во приватни болници и странство. И јас да сум доктор на државно, ќе избегам од таму.
За детска клиника дежурство, особено за време на викенд не ми збори молим те. Освен неписмени специјализанти што уште кога ќе дипломираат се нарекуваат себеси доктори иако имаат уште многу муви за лапање, друго нема. Егото им е огромно, да ако не знаат да постават дијагноза, не се консултираат со специјалист, туку одма антибиотик или ништо не му е. Трета опција-нема. Со поголемото точно 4 пати сум била, дадов 4 пати шанса пред да си ја научам лекцијата. Нема да заборавам, на осип по тело од коксаки, буквално крукчињата беа полни со вода, ми рекоа абе ништо не му е од тт што кренал висока се исфрлил, ни маст ни третман ни ништо. Давај витамин ц и далерон ќе помине и немај гајле, за второто мајка вака нема да се оотресуваш-ќе знаеш. Муабетов еј !? На кандида во црева и црп однесено до даска 160 се мислеа кој витамин да му го дадат и од што можело да му биде сеа. А да не зборам колку се чека ред, попрво ќе умрам дур дочекам. И ќе платам 4000 во Систина ама нема да дремам 2 часа со дете полузаспано во раце на минусни температури, заедно со уште едно 20 родители со по 1 или 2 деца (на 1ви јануари птре неколку години, што нема никогаш да гп заборавам) и него а и себе да се мрцварам, а ни една крвна слика да не сакаат да направат. За козле немам лош збор ама за клиника не чепкај. Нејсе, не е темава за дискусија за тука си има посебна тема, не можев да се воздржам да не реплицирам.
Збори ме за иста детска клиника во која последниве неколку месеца починаа неколку бебиња, деца? Треба во воздух да ја дигнат, да гори се до последно. Бев еднаш и фала никогаш повеќе и тоа пази со врски. Е ради такви доктори на државно и за диши диши ке водам на приватно.
Настрана се ова ама за коксаки и нема што да ти дадат освен витамини.Толку немаме доверба во здравството и тоа е страшно.Немам ни јас да не помислиш дека нешто се контрам.
Преглед за ортопед , чекав 5 месеци. Добро што не промашив денот. За операција на жолчка, срам несрам, ќе си кажам, среќа со врски бев, па добив термин брзо. Кумата на мм, ене ја година ипол чека да ја викнат и дали ќе ја викнат, дека била стара. Е ова подвлеченото никаде. Ти или еве дете, би однела било каде на преглед? Кај моите матични што се, фамилијарно работат снаа и свекор, има апарат за ехо. Не би правела ехо таму никогаш, од причина што знам дека не се стручни. Се знаеме долги години и приватно. Особено матичната (снаата) што ехо во рака нема фатено. Истата на ренген снимка од колкови, ми кажа дека сум била целата со шилци. Ни ш од тоа немам.