Само да ве потсетам, вечерва за заедничкото гледање, коментарите и сеирите општо околу Евровизијава - да се чекаме тука За Јана сè најпозитивно имам да кажам. Од самата песна со спотот што уште од почеток ми се допадна, тоа како нè претставува таму (ептен ми е мило за добриот англиски и однесувањето), до она што можеме да го видиме на пробите, посебно како песната звучи и во живо. Ептен заслужува во четврток да влезе во финале
Косата и’ е многу лоша. Разлетана, неквалитетна, не е за долга и пуштена. Инаку, многу убава. Шуќур што Дадар не ја нашминкал во негов стил, туку во нејзин.
Супер ми е. Уште на настапот да биде супер..сосе ефекти, сосе озвучување И ништо да не направи, во смисла некаква победа,први три места... би сакала да видам успех од момево,кариера да не згасне после некоја недела,месец.
Истото го кажав и вчера, косата и' е убава кога ја средува сама, ама овде не е воопшто добро исфенирана. Поубаво изгледа кога се средува сама, „професионалецов“ кој и да е утнал работа. Се надевам дека ќе ја средат малку подобро, виткана поубаво и' прилега според мене.
Шмизла. Татко и вработен во америчка амбасада издејствува да ја пратат на јуровижн неговата мисирка да ни појебе 200 иљади евра. Ние деца без врски од поштени родители ќе гледаме пред телевизор трудница како се проси. Многу ми е ќеф што не се пласира.
Многу невкусно од твоја страна вака да зборуваш за било кој, а посебно како машко за Јана Бурческа. Девојката испеа подобро од 80% од нејзините претходници, (тоа ти го тврдам), а и изгледа преубаво. А, тоа дека ти е ќеф што не се пласира, ти нешто пејач си или?
Татко и е службеник во америчка амбасада а Јаничка шеташе со шарените на протести. Длабоко се у политика и затоа отиде онаа лејка на евровизија. Јок, манекен. .
Ден денес уште ми е криво за песнава. Искрено, најдобра песна од сите што сме ги пратиле на Евровизија. Ако не се лажам пред пробите песнава котираше многу високо (топ 10) во обложувалниците кај странските фанови на Евровизија, дојдоа пробите и се' укакаа, ко и увек. Сцената беше трагикомична.