1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јапонија ја погоди силен земјотрес

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Doberman, 11 март 2011.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Незнаев кај да ја отворам темава,ако не и е местото тука префрлете ја.

    Денеска Јапонија ја погоди силен земјотрес со јачина од 8.9 степени.
    Земјотресот удрил во 14:46 часот во Јапонија (односно 5:46 по наше македонско време)
    Како последица од земјотресот имало големи цунами со висина од 10 метри.

    Сега гледав на CNN и снимките се страшни, сега и на нашите вести ќе кажат.

    http://www.youtube.com/watch?v=dm2Hr-1l1MM
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    И Gооgle алармираше.

    "Tsunami Alert for New Zealand, the Philippines, Indonesia, Papua New Guinea, Hawaii, and others. Waves expected over the next few hours, caused by 8.9 earthquake in Japan."
    http://www.google.com
     
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Резултат е тоа на доближувањето на месечината кон земјата (19 март најблиску ке биде)

    последен пат тоа се десило со ицидентот на Шри Ланка

    еве повеке инфо

    http://365.com.mk/statii/svet/7455-dali ... na-zemjata
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Нема што повеќе да се коментира освен Бог да им е на помош. Греота за сите луге од тој дел на светот. Се надевам дека барем цунамитo нема да се рашири насекаде. Се стравува од цунами и во САД, Австралија и целиот Пацифички регион. Велат дека веќе е стасано до Хаваи. 8.9 земјотрес, :o апокалиптично нешто, греота.
     

    Прикачени фајлови:

  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Aуу кога кажа прееска на вести,готова бев да заплачам,пошто живеам во Aвстралија,кажале дека ке е на другите делови,ние сме на Western,колку сум исплашена :worried: да не знае некој мапа да ми покаже,како се ширело цунамито?
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    [​IMG]
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ужас! Уште еден доказ колку сме мали и ништожни во однос на природата :(

    Ги гледам снимките и се ежам...имаше едно видео како удира цунами и носи се пред себе, и во не толку голема далечина се гледа автопатот и една единствена кола како бега. Се стаписав. Ова порано го гледавме само во американските филмови :worried:
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cамо што кажаана вести Australia is safe :whew: :worried: но сеуште ми е жал и страв за другите места,бог нека им е на помош :x
     
    На bittersweet и macence85 им се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Џабе муабетот овие неколку дена дека приближувањето на Месечината нема да предизвика последици и природни непогоди.
    Последното приближување на месечината кон земјата, поточно 2 недели пред тоа да се случи беше земјотресот и цунамито во Индонезија.
    А сега недела дена пред месечевата катаклизма, 19ти март, земјотрес и цунами во Јапонија.
    Сликиве и снимкиве ми изгледаат како апокалипсата да доаѓа.
    А зградите се нишале уште 30 минути по потресот. Вчера имало 7 степени по рихтер земјотрес со истиот епицентар.
    Џабе утешни зборови, кога последициве од катастрофафа ќе се санираат со години, а се надевам ќе нема огромен број човечки жртви :|

    Него 7,9 е или 8,9? Сите различно кажуваат. Американците измериле 8,9. Овие другиве 7.9, а по иста скала. И сега колку е?
     
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    8,9
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Денешниов бил 8,9 меѓутоа како што читав по нетов, имало уште еден на 9ти март со јачина 7,3 по Рихтер..страшно
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Уф, тешко ним. Ништо не ме плаши повеќе од земјотрес.Не можеш да го предвидиш, се случува во момент.Се е до каква ќе ти биде среќата, каде ќе бидеш во тој момент ти и блиските.И многу последици остава.Во Чиле,Хаити уште немаат основни услови за живот, само болести :x
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Добра вест,барем да не бидам загрижена за моите,на CNN се фокусирани на Америка не спомнуваат многу други држави.

    Природата е опасно нешто само не потсетува колку може во секој момент све да не одземе.
     
  17. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Навистина многу жално, ништо не се може против мајката-природа
    Голем земјотрес ја погоди северо-источна Јапонија, што создаде бран „цунами“ кој пак предизвика раширени оштетувања.

    Јапонската телевизија прикажа автомобили, бродови, па дури и куќи, збришани од високиот воден ѕид, по потресот со силина од 8,9 степени.

    Земјотресот предизвика и пожари во неколку области, меѓу кои и главниот град Токио - се стравува дека има бројни жртви.

    Епицентарот беше околу на 400км. од главниот град, во длабочина од 36 километри. Имаше и силни последователни потреси.

    Земјотресот се случи во 14:46 по локално време или 06:46 по средно-европско време. Сеизмолозите велат дека се работи за еден од најсилните потреси во Јапонија.

    Предупредувањето за цунами се однесува и на Филипините, Индонезија, Тајван, пацифичкиот брег на Русија и Хаваите.

    Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека бранот би можел да стигне дури и до Чиле.

    Цунами брановите ги погодија јапонските префектури Мијаги и Фукушима, предизвикувајќи штета во десетина локални заедници, соопштија официјални лица.

    Јапонската телевизија НХК го прикажа огромниот наплив како збришува згради, автомобили и бродови, стигнувајќи далеку на копното.

    Видени се возачи како се обидуваат да забрзаат пред водениот ѕид.

    Фармите околу крајбрежниот град Сендаи се потопени, а бранот носи автомобили преку пистата на градскиот аеродром.

    „Морска болест“

    Земјотресот предизвика и голем број пожари, меѓу кои и еден во нафтената рафинерија во градот Ичихара, крај Токио - горат резервоарите со нафта.

    Има извештаи и за околу 20 повредени во Токио, откако падна покрив во една сала, додека течеше промоцијата на дипломци.

    Жителите и вработените во Токио истрчаа од зградите и се собраа во парковите и на отворен простор, додека траеја последователните потреси.

    Многумина во Токио рекоа дека никогаш не почувствувале толку силен земјотрес.

    Во центарот на Токио, деловниот човек Џефри Баланг рече дека бил заглавен во неговата канцеларија, бидејќи лифтот престанал да работи.


    Јапонија, земјотрес, епицентар

    „Нема паника, но ни се лоши како од морска болест поради постојаното нишање на зградата“, рече тој за БиБиСи.

    Супер-брзата железничка линија кон северна Јапонија е запрена, транзитот низ Токио е откажан, а затворени се и некои од атомските централи.

    Премиерот Наото Кан рече дека нема радиоактивни истекувања.

    Во телевизиско обраќање, тој изрази сочувство за жртвите во несреќата, велејќи дека е отворен центар за итни реакции.

    Тој додаде дека земјотресот имал магнитуда од 8,4 степени, додека Американското геолошко набљудување објави јачина од 8,9.
     
  18. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Еден пријател од татко ми е дојден од Јапонија и откако слушна за случувањето сеуште е под стрес и не знае што се случува со неговите таму, не може да ги исконтактира цел ден. Страшно нешто, немам зборови... Не дај Господе, од ова мислам дека нема пострашно...
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас вечерва спиење-незнам! престрашена сум,ми се чини готово крај на светот :x :sweat:
    http://www.tocka.com.mk/index14.php?ID=35557
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ова не е КО апокалипса, за жал ова Е апокалипса за некои луѓе.

    Кога природата ќе ти ја собере куќата, имотот, животот, толку е :|

    Сега ги гледав снимките - Јапонците колку се сталожени. Навикнати да не речам. Значи им се восхитувам за некои работи :x
    Зградата се тресе они стојат на место. Супермаркетот се тресе, они рафтовите ги држат.