1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јапонија ја погоди силен земјотрес

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Doberman, 11 март 2011.

  1. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Зар мислите сите што загинаа беа најгрешни па така им се случува, ако човек не се покае пред Бога така ке загине. Во Библијата пишува дека во последно време ке има поплави, земјотреси, војни а мир никаде нема да има, така е напишано така и се случува. Ако во Македонија нема ниту еден верник кој искрено верува, Бог ке ја уништи така и Македонија.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Една реченица,од еден чудникав и празен филм,случајно прееска го гледав.
    Луѓето кога се пред самиот крај,тогаш се менуваат и се однесуваат како што треба.
    Страшно,но тоа е,немоќни сме.Ова е нешто како жешка шлаканица од вашата мајка,откако сте шарале по мебелот и тотално сте го упопастите.
     
    На ladyinblack, Hova, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Јас мислам дека тебе попрво ќе те уништи што се дрзнуваш вака да зборуваш :^) Страшен земјотрес, однесени, имоти, куќи, коли, ЖИВОТИ :( А ти се глупираш со изјави од типот: заслужиле ?!?
    Се правиш многу верник, а уствари со ова докажуваш дека имаш лоша душа, полоша од сите нас тука.
    Затоа јас се плашам од религиозни фанатици, има нешто злобно во нив...
    Не ме разбирајте погрешно, не зборувам за нормални верници, туку за фанатици како аеродром :x
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Колку жално, стварно ми е жал за луѓето таму.
    Цел живот со земјотреси, цунами и на нив не им е лесно. :worried:
    Да си бидеме среќни тука што си живееме, какво е-такво е, барем нема кај нас толку земјотреси,цунами,торнада и сл.
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Сега и радијација ги удри :worried:
    Вчера на кратко ми пиша една другарка од таму дека е во ред бидејќи е во Токио а Токио е сосема ок, но ништо повеќе не ми кажа.

    Ах...тажно и страшно.

    А Аеродром, зарем постојат реално вакви како тебе? :o Јас ако добро знам верниците не треба да се полни со омраза и одмаздољубивост. Или она со каменот и лебот беше чаршиски муабет а? :^)
    Бог да чува и да брани од вакви фаци! Кој ве учи вака бе? Библијата не ќе да е!
     
    На LivingGlam, girl1985 и sesilija им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кутрички луге ;( жал ми е за нив ;(
    што се криви лугето што вака се случува :?:
    Господ Семокен нека им е напомош
    по се изгледа дека навистина се ближи крајот на светот, а за жал немаме друга (резервна планета) :!: ;(
     
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Значи многу се нервирам кога ќе прочитам некое мислење кога религијата се поврзува со се и сешто и се цитираат делови кои што се вадат од контекст!

    Како прво, еве јас сум верник, и тоа голем па никогаш нема да напишам онакво нешто како аеродром. Ако си ти верник, вистински, треба да си затоа што ја чувствуваш религијата, чувствуваш мир и спокој во душата кој не се опишува со зборови. Не си верник ако во секој раговор лупаш цитати извадени од Библијата и со тоа браниш став. И да, многу подобар човек си доколку живееш нормално, со модерни сфаќања на светот, кои колку и да се напредни, сепак не го докажуваат она вистинското прашање, кое е поставувано милион пати, отколку ако за се и сешто се "вадиш" со религијата, напаѓајќи како најобра одбрана. Вистинскиот верник не убедува никого во својата вера, и не напаѓа со неа! Не ја користи во секој разговор!

    ОнТопик, ме заинтересира ситуацијава во Јапонија од физичка гледна точка, па оддвоив малку време да прочитам за сето тоа. Дефинитивно не е лесна ситуацијата, штети од огромен размер ќе се направат, што всушност за планетава е нормално, но за луѓето штетно. Како што има влијание космосот врз земјата, нормално е да се случуваат вакви појави, се случувале пред да настане човештвото, се случуваат и ќе се случуваат. Секоја промена, мора да се регистрира некако... Ми падна ептен жал за луѓето што се таму, а и воедно се чувствувам немоќно, верувам дека сите луѓе се чувствуваат така кои сакаат да помогнат а не можат. Да се надеваме дека штетите што се направени ќе можат некогаш да се надокнадат... Жално за луѓето, навистина неубава глетка.
     
    На Phyramide, bittersweet и Hova им се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Почнаа вчера со 20 лица кои настрадале, сега се 1000 лица.
    А кога ја прочитав цифрата колку лица се сметаат за исчезнати се запрепастив :o

    90 илјади засега :worried:
     
  9. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Господ да не чува :|
    Прееска разбрав: Од потресов планетата земја се поместила од својата оска и поради тоа (за малку-не знам колку точно) денот ќе е по краток.
    Сведоци сме на невидени катастрофи.

    Се е резултат на нашата негрижа кон природата.. :x
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    И јас ќе речам, Господ да не' чува. Ама ова нема врска толку со нашата негрижа за планетата, колку што зависи од самата природа. Едноставно, ова што се случува е природен процес низ кој што минуваат сите планети во универзумот. А ние се затекнавме да живееме во такво време. Тоа е тоа.
     
    На ana-banana, Kitten, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    6.821
    Пол:
    Женски
    Цел ден од главата не ми излегува трагедијата во Јапонија :( Природата зезнува понекогаш...Толку ми е жал за тие кутри луѓе,пред некој час и плачев дури,ме стегаше грутка на грлото.Се жалиме за најситни работи,а не мислиме како им е на овие луѓе кои ги изгубиле најблиските.Имам една пријателка на поливор од Токио,не известуваше за тоа што и како се случило,ни кажа дека најдобрата другарка и е една од исчезнатите,дека нема да биде на интернет подолго време...Сега нигде ја нема и загрижена сум.
    Многу,многу ме погоди ова. :( Господ нека им е напомош,ако има некоја акција за собирање пари обавезно ќе донирам.
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Прееска кажаа на вести пак ја погодил земјотрес Јапонија, т.е цел ден ја треселе мали земјотреси.:worried:
    Ги покажуваа луѓето таму,плачат, им ги нема роднините и блиските. ;(
    Експерите велеле дека ова е можеби нов Чернобил...
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не знам како да кажам,а да не ме разберете баш како што не треба.
    Се плашам од земјотрес како од ништо друго на светов,навистина.Тоа е единствената работа пред која сме целосно немоќни,мајка природа...веројатно кон се што е од природата треба така да се однесуваме,да не се трудиме да ја спречиме,затоа што веројатно тоа е единствениот начин да се менува онака како што треба и да потрае,немислејќи на наредниве 100 години дур ние сме живи,туму многу повеќе.
    Па си размислувам,од една страна,можеби тоа е тој начин на природна селекција и покрај цел тој насобран жал и солзи.Навистина потресно е и не се сомневам во траорните глетки и моменти па тек да си таму...на никому не посакувам такво нешто.А од друга страна,си велам...дали е подобро да не казнува природата,па ете ќе речеш,немоќни сме,а дополнително да ја потврдам таа човечност во себе и останатите луѓе преку загриженоста и сочувствителноста или е подобро да слушам за вештачки катастрофи од типот на војни,Авганистан,Ирак,Иран,Гадафи,Бранко,Грујо,Велија,Петко,Станко кои носат многу повеќе жртви,па дури и прават од некому вечни маченици?!
    Мислам не би да филозофирам,не ми беше таа намерата,ама се некако вака ми се сведуваат работите.Во секој случај,навистина жално и потресно,уште некако ме држи под пресија и ми е некако неубаво.
     
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Страшноо!!! :( Греота луѓето :worried:
    Некој бараше мапа еве ја
    [​IMG]
     
  16. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Многу ми е жал за катастрофата во Јапонија.Земојотресите и цунамито денес станаа синоним на смртта,после оваа денешна катастрофа.Жал ми е за тој народ,бидејќи е многу мирољубив и доста напредна земја се,лидери се во технологијата.А и секогаш први помагаат кога се случува некоја несреќа,па се надевам дека и на нив ќе им се помогне на некој начин во овој тежок момент.Ако има донација преку Црвениот крст сигурно би помогнале и ние како земја,колку што можеме.
     
  17. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    леле стварно е зално вака сите да се запрасаат какви работи има сто немозат да се избегнат лугјево ни покрив ни надез немаат веке.еве јас сум во странство верувајте толку сум разо4арана од тукасниот менталитет толку се ладни лугјево на радио и тв цел ден се емитуваат настаните од оваа трагедија но целата фама е околу тоа дали има радиоактивни воздусни маси и колку е веројатноста тука да има стета.се наезив прееска кога со емисијата во зиво се јави една зена пла4ејки зосто децата и студираат таму и нема траг ни глас од нив но липајки изјави дека целава оваа нација тука е толку себи4на и воопсто незаинтересирана за лугјето сто оваа ве4ер нема кај да спијат а овие овде во тплите домови се гризат колку цестици прав ке налета .незнам зално
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Каде живееш Батрфлај?!Во Австралија?!
     
  19. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Трагично, многу. Колку е само сурова природата спрема нас, не знаеш што може да те снајде. Жално е тоа што луѓе страдаат поради природни катастрофи во некои делови на Земјата, а во други пак предизвикуваат војни и се колат секојдневно. Страшно. Бог нека им е на помош на сите жители на Јапонија. :worried:
     
  20. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    свајцарија