1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јапонија ја погоди силен земјотрес

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Doberman, 11 март 2011.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Читав дека пукнал реакторот, а владата уште го сокрива тоа. Исто ко случајот со Чернобил, коа Руската влада ги изнесе информациите после 5-6 дена, кога "облакот" веќе беше забалежан во другите држави и немаше каде
    Се надевам дека се само празни муабети
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    Радијација има и највероватно ке пристигне во европа за 2 недели
    така барем според шведски експерти ...



    Edit :

    линк еве

    http://www.taratur.com/node/21718
     
  3. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Еве нешто интересно што пронајдов и баш ме заинтересира, инаку поставено 2010 година, чудно :?:

    http://www.youtube.com/watch?v=ZnQDrPFFmFc
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    ИСПОВЕД НА МАКЕДОНЕЦ КОЈ ЈА ПРЕЖИВЕА КАТАСТРОФАТА ВО ЈАПОНИЈА


    Помислив, ова е крајот!


    Земјотресот почна со благ потрес, како и многу други земјотреси овде, бидејќи ги има почесто. Си помислив дека како вообичаено што се случува, така и сега за кусо време ќе престане и дека не е ништо страшно. Но, како минуваше времето, секундите изгледаа како часови. Почна да ме фаќа страв, раскажува за Нетпрес охриѓанецот Адријан Битрак, кој живее во Токио, како тој го доживеал петочното пладне, кога разорен земјотрес ја погоди Јапонија.

    "Во еден момент, некаде по две минути откако почна земјотресот, почнаа силни потреси. Стравично беше. Не посакувам никој да го доживее тоа. Искрено, не верував ниту дека зградава во која живеам ќе издржи. Ми дојде една мисла: ова е крајот! Чекав само да се урне зградата. Пискотници се слушаа од сите страни", го раскажува непријатното доживување Битрак.

    Тој живее во центарот на Токио и за време на катастрофата бил во својот дом. Вели дека не може ниту да замисли како пак било во североисточниот дел на Јапонија, каде потресот беше и најсилен. Тој додава дека најсилните потреси траеле меѓу 20 и 30 секунди, а целиот земјотрес, пак, околу три минути.

    "Токио издржа благодарение на добрите архитекти. Мислам дека нашите надлежни има многу што да научат во однос на тоа како треба да се гради еден објект за да се заштити од силни земјотреси. Други Македонци со мене нема, има едно семејство кое го познавам и кое живее во моја близина во центарот на Токио. Се слушнавме и тие се добро. Интересно е тоа што по катастрофата Токио, кој е светска метропола и кој живее 24 часа, одеднаш замре. Во ноќните часови има многу мало движење на луѓе и возила, што воопшто не е вообичаено за овој град. Некако е пусто. Има и рестрикции на струја, бидејќи властите апелираа да се штеди електричната енергија. Да снема струја во Јапонија не се случило од Втората светска војна, до сега. Зачудувачки е што во оваа ситуација не се случи ниту една кражба, нешто што не можам да верувам дека може да биде во ниту една друга земја во светот", вели Битрак, кој веќе пет години живее и работи во Јапонија.

    "Вестите пристигнуваат буквално од минута во минута. Луѓето овде се организираат за да им помогнат на најпогодените. Стравот е најголем од нуклеарните централи, од радијацијата", додава тој.

    Битрак вели дека и покрај ситуацијата во која е моментно Јапонија, тој засега не планира да се враќа во Македонија.

    ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНА РАДИЈАЦИЈА
    Македонските граѓани да ја напуштат Јапонија
    Министерството за надворешни работи им препорачува на македонските граѓани во наредните денови да не патуваат за Јапонија ако не мораат, а тие што се затекнале во таа држава ги советува навремено да се подготват за напуштање на земјата. Препорачано е да се напуштат засегнатите реони, односно Токио и регионот Фукушима, по информациите за зголемена радијација во воздухот и по оценките на експертите за можни нови потреси во наредните денови.
    - Советуваме затечените граѓани таму внимателно да ги следат информациите во врска со состојбата и да се придржуваат кон инструкциите кои ги даваат јапонските власти - соопштуваат од МНР.

    Од Министерството информираат дека државата погодена од силни земјотреси и цунами може да се напушти со редовните меѓународни патнички летови.

    http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4057A4C7DC9CCD43B2080CB65DE276DC
     
  5. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Како се што сме граделе долго време може да се сруши за секунда :doh: страшно!
    Искрено многу ми е жал за луѓево. Знаете ли дали некаде ќе се собираат пари за помош?
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Радиоактивниот облак на пат кон Европа
    Радиоактивниот облак од нуклеарната централа „Фукушима“ треба да стигне во Европа за две недели, проценува шведската атомска агенција.

    Ветерот ќе го донесе облакот преку Северна Америка, а експертите очекуваат само незначителни последици по околината во Европа. Словенечката управа за нуклеарна безбедност објави дека не се потребни дополнителни мерења на радијацијата поради облакот во Јапонија затоа што радиоактивните материи ќе се распаднат додека стигнат до Европа, а ќе бидат мерливи само теоретски, без последица по здравјето на луѓето.

    Институтот за јавно здравје нема измерено зголемување на нивото на радиоактивност во животната средина на територијата на Македонија. Вредноста на амбиенталниот дозен еквивалент (доза на јонизирачко зрачење) што се мери на секои пет минути во тек на 24 часа на 11 мерни станици, кои се во Скопје, Дебар, Кичево, Крушево, Охрид, Битола, Велес, Неготино, Берово, Струмица и Гевгелија, се движи во нормални рамки.

    Извор: Утрински Весник
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Денес баш имав разговор со професорот по физика и морам да признаам дека ова новинариве грешно се изразуваат. Значи како што пренесоа, дека е ПУКНАТА нуклеарката, не е. Всушност дошло до прегревање на нуклеарниот реактор, и е зголемена радијацијата, во големи размери да, критични, но НЕ е пукнат реакторот. Затоа што ако пукне, ќе се направат штети од размер кој е поголем за 10-15 пати. Прашав исто како може да се санира сето ова, и може да се санира на тој начин да ја заѕидаат нуклеарката. Да стават доволно материјал за сето тоа да се покрие, па кога и би пукнала, да се намали штетата. Не може да се избегни, ама да се намали. 3тиот реактор бил најкритичен моментално, од него најмногу стравуваат. Но исто така, се знае дека кога се работи со нуклеарен материјал треба прво да се обезбедат добри услови, па така во реакторите има посебни ѕидови, посебни структури со кои се врши ладење, и сето тоа се врши во одредени притисоци и температури. Е сега заради сигурносните структури кои го чуваат реакторот, се ослабнати, затоа дошло до таквото прегревање. Ако не дај Боже пукне, ќе пукне третиот.

    Инаку всушност за да "пукне" треба да се победи основниот фактор кој ги мачи физичарите, а тоа е како да ги доближат атомските јадра едно до друго доволно. Затоа што сметаат електроните најпрвин тие би се судриле и би предизвикале таканаречена анихилација, би се емитирало енеригија, ама јадрата сепак не би се фузирале. Затоа и до ден денес не е усовршена оваа техника, еднаш ја направиле во Хидрогенската бомба, и знаеме какви се последиците.

    Луѓе ако пукни третиов тогаш светот ќе се измени премногу. Заради ефектот на пеперутка, односно лет на пеперутка во САД може да е земјотрес во Јапонија и обратно, ова ќе го претрпи цел свет. Клима, радијација, ниво на воднен столб, буквално многу работи ќе се променат, кои ќе бидат фатални за огромна маса на народ. Да се молиме да не пукне третиот реактор, затоа што овде човештвото е во прашање.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.643
    ^^ Да не знаеш кој го организира и каде ќе ги пратат парите?
    Мислам знам во Јапонија, ама преку која организација...
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.643
    Јапонците ако го немаат ова усовршено никој го нема... Мислам дека нема да дозволат да пукне.. Не дај Боже :(
     
  11. Plavokosa

    Plavokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    20
    не да ме плаши ова со јапонија, ме ужаснува навистина. незнам колку год ќе бидат потребни да со надохнади оваа штета. луѓето мрзнат, гладуваат, без вода.... гревови, ептен ми е жал и страв...се прашувам што ли ќе биде навистина :sweat:
     
  12. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Хаваријата со нуклеарните реактори во „Фукушима“ излезе од контрола па компанијата TEMPCO и Токио Електрик побарале доброволци и луѓе со искуство да помогнат и да спасат она што може да се спаси. Станува збор за мисија од која веројанто нема враќање назад. На овој повик се одзвале 20 доброволци и херои кои се придружиле во гаснењето на нуклеарките.
    http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/vesti/ ... a-20-heroi

    Која храброст... :x
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Секоја чест на 20те доброволци. Баш Херои (намерно голема). Се наежив кога прочитав, треба многу храброст и големо срце за такво нешто. Преживеале и сека идат во скоро сигурна смрт, да за спасат друг. Браво

    Кукличка, јапонците најмногу од сите други го имаат усовршено овој систем, ама сепак се работи за земјотрес од 7-8ми степен, па огромно цунами. Да беше само земјотресот немаат гајле, ама многу ги нападна и цунамито. Се е катастрофа. И сепак добро се држат покрај се ова. Да се десеше вакво нешто на америка или европа ќе беше мноооогу полошо. Се покажаа како спремен и издржлив народ.
     
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Последниве неколку денови на работа, само тоа разгледувам.
    Последици, фотографии, статистики.
    И не се вчудоневидувам, ниту плашам, само сум разочарана од сознанието дека, балансот на земјината топка, мора да се прави катаклизмично.
    Ќе рече некој не е фер, но, тоа што си жнееме, тоа и сееме. Сите експерименти, исцрпувања на природните извори, некако, циклираат и како бумеранг се враќаат, на места каде што е најпогодно за тоа.

    Земјата, памети, ние забораваме. Дури и овие ужасни фотографии и сведочења.
     
    На 2468 и Offspring им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум се восхитувала на традицијата на Јапонците. Мислев дека со брзото модернизирање го изгубиле она што ги одликуваше низ вековите, но после несреќава видов дека не е така. Се одликуваат со неверојатна смиреност и достоинство, и јас само можам да кажам - секоја чест :bow:
    Преживеале катастрофи и порано, и не се сомневам дека ќе застанат на нозе повторно.

    http://okno.mk/node/10471
    Посебно ми се допадна писмово:
    http://okno.mk/node/10521
     
    На julie77 и Phyramide им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ливинг, нели? Поинакви се, чудни се, но јас им се восхитувам со години и сега само ми потврдија зошто е тоа така.
    Едноставно вакво нешто да се случеше во нашата цивилизација, живи ќе се изедевме досега. Ама тие?

    Преголема дисциплина и сталоженост во решавање на работите, едноставно им правам едно понизно
    :bow:

    А оваа слика само што ме расплака, буквално :(
    Сама насред хаосот. Штама, урнатини, човечки тела, и таа осамена седи и липа.

    [​IMG]
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Сликите се застрашувачки, немам доволно силно срце за да ги гледам :doh:
     
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Овде се организираа сите професори по физика од сите факултети и пратија решенија како би можел проблемот со нуклеарните реактори да се реши.

    Сега мислиме дека проблемот е во Јапонија, но со самото тоа што се промени оската на земјата за толку сантиметри, допрва ќе видиме мака... Исто мислам дека треба да размислат да евакуираат луѓе на поголем радиус од 20 километри од реакторите... А за ова, не ни ми се коментира, жал ми е многу, затоа што се им се насобра, земјотреси, цунами, радијација... Алал им вера на тие што се нафатија да се пробаат да го решат проблемот, не знам друго што да пишам, само штракам со прстиве по тастатурава и бришам. Јас веќе донирав пари, дајте луѓе и вие донирајте, вашите 200тина денари се 2 пијачки во кафич за една вечер, но некому нашите заеднички 200 денари ќе им го разубават животот.

    И свака им част, како мравки се, не се како луѓе. Kако јато птици кое никогаш не се дели... Од ова, да гледаме и да учиме само можиме ништо друго...
     
    На Alanna, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.