1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јас или бившата

Дискусија во 'Разделби' започната од IndependentGirl, 12 февруари 2011.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не е дека ја нападнавме за нешто лошо. Т.е јас не ни имав намера да ја нападнам така испаднало.

    Искрено мене дечко ми да ми ја провери деталната сметка па и јас ќе збеснам ... Сакам да ми верува а не да ме гуши до тој степен.
    И уште поискрено доколку се случи еве да му најдам нешто во мобилен Не Би ЗБЕСНАЛА. Би се изнервирала од внатре и би ме погодила ситуацијата но нема одма да му речам крај на детски начин. Ќе го прашам која потреба ја имал да и се јави, па и да зборат толку време ... што зборувале ... Мислам девојката вика 24 саати сме заедно ме сака ова она а од друга страна зборувал со бившата ... нешто има а таа е несигурна ... требала да разговара а не крај одма ... и сега си прават муабет другарски а ете и она му е бивша.
    И дечко ми има фатено разговор кај мене на комјутер со бивш па двајцата слатко си се смеевме.
    Барем јас така гледам на овој проблем :)
     
  2. IndependentGirl

    IndependentGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Не збеснав ни јас... (т.е да но си се смирив и му се јавив)
    Можеби не сте прочитале но напоменав дека го прашав за разговорот а тој не ми објасни ...Цело време ми го вртеше муабетот дека ме сака,зар се сомневам во тоа....на што јас му одговорив дека не велам дека не ме сакал но да ми објасни каква потреба имал тој од тој разговор....тој го негираше разговорот и затоа изреагирав така....сега веќе призна дека се случил разговорот и кажа дека имал "објаснувње" т.е дека таа го замарала ово-оно.....Му кажав да си го чува објаснувањто зошто сакам да ме гледа во очи кога ќе ми го даде а не по телефон....Но..... :worried:
     
  3. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    еци пеци пец, ти си мали зец... :) Зошто си играш бесилка со твоите сопствени емоции? Лаже. Зошто? Ич да не ти е гајле. Кога ќе се потруди и ќе заслужи, АКО заслужи..сослушај го. Замини достоинствено сега. Не вреди за никој да се компромитираш себеси... Не изигравај невротична будала и не биди несигурна...Крајно е непривлечно. Негов телефон, негова ствар.
    Едноставно...со сила убавина не бидува. Ако има емоции за тебе, треба он да се ака од земја и да се притресава а не ти... Имаш обратна перцепција за ситуацијата.
     
  4. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас мислам дека многу е едноставно да се каже остави го, не те заслужува и сл., но не е баш така едноставно, кога станува збор за некој кој го сакаш и со кои си бил заедно.
    Не велам да го молиш, но треба да разговараш и да го сослушаш што ќе ти објасни, а потоа да изведеш заклучок.
    Иако ми е сомнителна целата ситуација, можеби и не е така како што изгледа, а и ти ќе осетиш дали ти ја кажува вистината. Ако и после тоа сфатиш дека те лажел или не му веруваш, најдобро би било да останете разделени некој период и да размислиш што понатаму.

    И незнам зошто на некои од вас им е чудно тоа во врска со сметката или чачкањето во телефон, или пак минувањето на долго време заедно. Јас можам да кажам дека сум поголемиот дел од денот со дечко ми заедно, во секој момент кога сакам можам да фаќам во неговиот телефон или тој во мојот, но тоа не значи дека е заради проверка или недоверба. Никогаш не сме почувствувале гушење, туку напротив уживаме во моментите заедно.

    Така да јас само би кажала, дека постојат различни карактери и сите постапуваме како што мислиме дека е правилно, ако некоја сака да се гледа 24/7 со дечкото ќе се гледа, не значи дека ако еден пар сака слобода и подолгото време минување заедно ги гуши и двајцата, дека и за другите тоа е исто. :)
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Уууф! Проблемов е како нож со две сечила.

    Како прво, јас се чудам што дечко ти сеуште има потреба и желба да се слуша со тебе после ова. Извештај од мобилниот? Молам? Лутете ми се сите колку што сакате, ама ова е болно. Мислам болно е ваквото проверување на дечкото. Се сомневаш во нешто? Прашај. Крај краева има и други начини да се дознае нешто, со еден извештај од мобилниот ништо не правиш.
    Големо чудо - и се јавил на бившата во 3 сабајле |(
    Поентата ми е дека не се сите работи црно - бели.
    Како второ - тражили сте? Гледајте. Чачкате по мобилни телефони? Епа не верувам дека нема да најдете барем нешто што не би можело да се објасни на барем 3 разни начини. Вклучете малку фантазија и ете ви драма! А дека на нас жените малку ни фали за такво нешто нели? Си знаеме какви сме ;)

    Или имај доверба или не го проверувај како Гестапо. Така доверба не се создава. Плус што самото проверување на мобилен ми е мене тотално навлегување во приватност и интима на еден човек која никако не смее да се чепне! Можеби сум чудна во ова, но не можам да разберам парови кои си ги знаат взаемно лозинките за нивните мејлови, фејсбуци, си ги гледаат мобилните итн.
    Колку пати ми рекле порано - земи мобилниот, види кој ми пишува. Ма не сакам да чачкам! Земи види си сам! Не дека се плашам да не видам нешто што не би сакала, туку едноставно не ме ни интересира. Секој треба да си остави дел од својата приватност само за себе, а тоа не значи дека зад грб нели изневеруваме нечија доверба и слично.
    На родителите не сум им кажувала се, не пак на дечкото!

    За крај, од сосема друга страна пак, велиш дека не признава дека воопшто разговарал со неа. А ти очигледно тоа си го видела. Епа навистина не знам што би те советувала. Или верувај му, помини преку сево ова, продолжи во врската ако има сеуште некаква смисла да се продолжи или не му верувај и чао џаци.
    Трето нема :|
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Уф ама лоши коментари ц ц ц . Ама го осудивте девојчето а само искрено побара совет. И самата имаш напишано дека и претходно имало некаков испад со бившата ( што и претпоставувам дека е причината за контролата на мобилниот и што тоа до сметам за баш нормално ) значи меѓу нив сеуште има некое жарче кое тлее. Не е нормално да рзговараш и тоа долг разговор во раните утрински часови. Ако навистина го сакаш, сакаш да бидете заедно разговарај со него ама само строго и да се надеваме дека ќе ти ја каже вистината.
    Р.Ѕ. Не дозволувај некои бледи спомени да ти ја уништат среќата
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Ма ајде сега сите светици сме.....Да ви се случи и на вас вакво нешто нема ли да побеснете, ах не не |(...и јас знам да напишам дека нема да побеснам, ама одвнатре ќе вријам, нема потреба од такви коментари!
    Девојче разговарај со него, дај му шанса да објасни! А ако го замара бившата, јави и се и покажи и го местото! АКо па сумјаш дека има нешто помеѓу нив, остави го! Тоа е мојот совет!
     
    На LilMissBossy и IndependentGirl им се допаѓа ова.
  8. bonb

    bonb Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    IndependentGirl твојата случка е иста како мојата со бившиот дечко пред 4 години мене ми се има случувано истото . За да не ти биде после тешко и да паѓашво депресија како јас затоа ќе ти кажам само расчисти си ги ти работите на време не дозволувај да си поигра со твоите чуства . Јас имав прекрасна врска со мојот бивш дечко мислев дека сум најсреќната девојка на целиот свет бевме многу убав згоден пар имавме разбирање имавме сериозна врска . Беше раскинат со неговата бивша девојка скоро две години немаа никаков контакт и секогаш кога разговаравме ми велеше дека е многу среќен што ме запознал и дека е многу среќен што има девојка како мене , дека ме сака . Неговите дома лудуваа по мене супер беше дури ми понуди брак сакаше да се вериме но јас реков не бидејќи имавме врска само 6 месеци сакав да ги запознаам и неговите и него пред се . Бевме многу среќен пар кога излегувавме во град во парк сите луѓе зјапаа во нас бидејќи и двајцата бевме згодни убави бевме како близнаци сите ни викаа леле како брат и сестра се колки се убави . Но , ете во сета таа среќа и несреќа . Почна сепак да контактира после 2 години со бившата на hi5 почнаа и да се гледаат излегуваа без јас ништо да знам толку бев сигурна во него дека ме сака ми велеше со сигурност дека ја заборавил бившата дека била многу безобразна и дури неговите домашни велеа фала богу син ми што се тргна од таа к**ва .. Знам точно се сеќавам дека дента отидов на сочуство кај него дедо му беше починат и ми рече треба да разговараме реков за што и беше толку сериозен и ми рече само мислам дека треба малку време јас почнав да се слушам со бившата ко памтам тој ден луѓе многу беше језиво колку плачев само ме однесе во парк да разговараме за дома неговите да не не слушнат дека плачев многу врискав ме повреди толку многу и ми рече дека утре ќе одлучел со кого ќе остане не ми се веруваше што слушав и низ што поминував колки ноќи неспани се случи што се случи ја одбра нејзе веќе се во брак , пробуваше еднаш да ме врати повторно назад но не дозволив беше верен со бившата а почнал да вади муабети дека се гледа со мене се слуша заедно сме дека ме сака но јас реков не бев толку силна иако го сакав многу искрено , . Ме повреди толку многу што јас бев целата падната во депресија не излегував од дома бев многу ослабната не јадев ништо не сакав да живеам ми беше многу тешко зашто го сакав човекот вистински и кога ќе ми текнеше дека секој негов збор бил лажен . Но тоа е таков е животот . Криво ми е само зашто да и се врати нејзе зашто ја одбра да беше некоја подобра од мене добро ајде пак некако , но таа беше катастрофа дебела црна безобразна со милион машки имаше спиено секакви работеше има правено . Но сепак велат таквите девојчиња секогаш победуваат . Но сега веќе помина сето тоа бидејќи го запознав човекот на моот живот кој уште повеќе го сакам со сето срце и душа моето злато . Имам прексрасна врска со прекрасен човек ...

    Ти посакувам среќа во љубовта IndependentGirl и не дозволувај дљ ти ја уништи некој среќата и да те расплака и да ти остави рана во душата ..

    Биди силна и храбра

    Позз
     
  9. IndependentGirl

    IndependentGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Bonb,
    На некои места кога читав како мене да се гледав...Тој со неговата бивша имал врска од 2-3 години,но била со многу прекини и караници....тој во друг град на факс и слабо се и гледале...За неа ми има кажано дека многу му згрешила и многу пати сме разговарале на тема бивши и мои и негови и многу е љубоморен за еден мој бивши,кога ќе се напие постојано ми зборува за него (како му е страв од него и слични работи).Ми вели дека на почетокот кога тргнавме љубовта не била кој-знае колку (што е и нормално,не беше ниту од моја страна) но подоцна кога сватил што има до него со тек на време се повеќе ме засакувал за да денес е луд по мене.Во врска со неговите дома приказната е иста..Ние сме заедно година и околу седум месеци,постојано сме или јас кај него или тој кај мене.Неговите се луди по мене,постојано се слушаме и со сестра му.Ме обожаваат,а и јас нив.Тој исто така е многу близок со моите.Се гледа со нив и оди кај мене дури и кога мене ме нема.Ми вели дека досега ниедна од неговите бивши не го добила тој третман кај неговите.Дека не ги ни водел дома.Во споредба со бившата му исто сите велат дека е најсреќен што ме добил мене..Таа навистина е девојка со незавидливо минато но незнам (јас мислам дека ја сакал стварно).

    И сега се случуваат такви некои работи кои ме тераат да мислам дека пак има чувства за неа..
    Зошто тогаш е толку време со мене ,и се однесува како што се однесува,и толку се зближи со моите а и јас со неговите? :?: Зошто не си е со неа туку откако се скаравме постојано ми звони дека ме сака,дека со мене бил најсреќен како не сум могла да го сватам тоа,и ми плаче по телефон?

    Незнам но навистина сум ептен збунета.... :worried:
     
  10. bonb

    bonb Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Можеби кај тебе е веќе друго не знам навистина може и навистина те сака и те цени . Сепак ви треба разговор за да немаш погрешни мисли за него . Сепак среди ги работите навреме не дозволувај да остане вака мора да бидеш упорна ако навистина се сакате не дозволувај некој да ви ја уништи сета таа среќа не дозволувај да ти го земе некој . Мора да бидеш упорна .

    Ти посакувам среќа
     
    На IndependentGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Во ред е да го проверуваш телефонот на дечкото,нормално е..и сите сме исти,сите чачкаме.
    Меѓутоа,да вадиш детална сметка - god damn it.
    Многу е тоа,премногу - посебно за годините.
    Тоа е опсесија и болна љубов.
    Меѓутоа,секој со своето.
    Што се однесува до телефонскиот разговор со екс-девојката,незнам по кој повод ја барал - па на крај и не признава.
    Не гледам ни еден логичен одговор,не во 3 по полноќ и тоа 20 минути.
    Меѓутоа,подолко време сте заедно и не би требало да носиш толку избрзана одлука.
    Разговарајте,и бидете искрени.
    Ако не оди - не оди,но не биди безкомпромисна.
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ми се има случена слична ситуација со мојот бивш, уствари не еднаш него двапати (инаку мала детективска работа во врска мислам дека не е на одмет и не го сваќам тоа како болест или претерана контрола и љубомора) и истото лажење-не знам јас ништо, не сум од тука, многу те сакам, ти си ми се...бла бла...да скратам на крај моите сомнежи се потврдија...не мора да значи дека истото ќе биде и кај тебе, јас само го кажувам мојот случај.
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    И уште нешто...ако некој наумил да те лаже и да крие работи од тебе, нема никакво фајде од искрен разговор затоа што ќе биде искрен само од твоја страна...добро е да мислиме дека во врска треба да се има доверба и тоа стои но мислам дека 100 % доверба не можеш да имаш во никој...
     
  14. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    Искрено никогаш не треба да му се верува на машко,јас секогаш си имам некоја резерва дека може да постои друга освен јас....за потоа ако дојдеме до самата вистина можеби ке ни биде полесно отколку да веруваме дека не може без нас а постоела некоја друга
     
  15. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Nikogas nemoj da dozvolite da bidete necija vtora violina ili da bidete zamena, da se hranite so troski. Vie zasluzuvate mnogu poveke. Sekoja zena zasluzuva da bide sakana, toplina neznost. Kakva e taa dilema bivsata ili jas. Pa takvo nesto ne smee da postoi. Ako saka da bide so bivsata, POVELI. No nema nazad. Ako ednas popustite, togas ste go izgubile avtoritetot vo negovite oci. Sekogas ke ve zeme vo rezerva. Taka e so se vo zivotot. Avtoritetite se gradat od strat, koga ke se izgubat kasno e da se vratat. :D
    [mod-kirilica:1ycfqf0z][/mod-kirilica:1ycfqf0z]
     
    На srcekrsacka и kallias им се допаѓа ова.
  16. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    на оваа тема ке кажам само нешто....На прочитена книга крајот и се знае однапред....така да ако сака со бившата повели назад-во сонови само....никоја девојка не е канта за отпадок или љута резерва...имајте достоинство...зборел со бившата а не признава :^) седни разговари ако не сака да признае пак ондак прст и врата.... :!: па подобро спречи него лечи...ја мразрл не ја поднесувал а ја спомнува? Кој живее во минато нема иднина така да што би ја спомнувал ако ја мрази...мојот бивши е бивши значи минато зошто би му спомнувала име или би зборела дали го сакам или мразам? |(
     
  17. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Independent помина долго време, пиши што направи, разговаравте ли? Јас мислам дека со искрен разговор ќе го решите проблемот.Мора тој да ти каже што навистина сака, греота е да се лажете.Во долга врска секоја опција е можна. Јас одев со маж ми 7 години, многу работи се случија за тоа време. Еднаш додека бевме на одмор, тој се тушираше, а на телефонот му ѕвони скриен број. Се јавив јас, а од другата страна женски непознат глас. Девојчето се стаписа кога реков дека на телефон е девојка му, не знаеше што да ми каже, само рече дека е пријателка, со име кое јас првпат го слушав??? Мојов после рече дека сигурно била грешка, тој не познавал таква. Не ми беше сеедно, ама не му раскинав, оставив да видам како ќе се одвиваат работите. Сега откако се земавме, случајно заборавил да се одјави од hi5, јас од љубопитство видов пораки од непознати девојки со кои што се дружел и излегувал на кафе пред 2 години, јас поим сум немала за тоа. Со 100% сигурност тврдам дека ни едно машко, ама баш ни едно не знае да биде верно, поготово во долга врска! Сега доверба мора да се има, почит исто, верност колку се може. Само па и не да се седи на две столчиња, зошто кога тогаш ќе паднеш од двете :!:
     
  18. IndependentGirl

    IndependentGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Драги фемининки....Ви благодарам на сите за советите....и ИСКРЕНО ви се извинувам што подолго време ме немаше,но како што повеќето знаете,си бев дома (и уште сум) и некако време за нет слабо :) :)
    Со дечко ми се видовме одма кога си дојдов..бидејќи и моите и неговите не знаеја дека сме скарани (од причина што несакав никој да ми се меша) тој знаете ли што направи?? :o Си дојде кај мене дома на кафе,си ме изнагушка и дека никој не знаеше ништо за нашата караница се си изгледаше нормално :D Додека ме гушкаше дома јас му шепотев да не користи ситуација а тој ми одговараше дека нема шанса да ја пропушти приликата да ми се радува...послем си отиде и вечерта се сретнавме да разговараме...неговото оправдување беше дека таа нему му досадувала и бидејќи мислел дека ќе се изналутам ми ги криел тоа (иако во некои наврати ми има кажано дека таа му досадува и сака пак да биде со него)..За долгиот негов разговор ми кажа дека тоа било после кој знае кој нејзин повик,и се јавил ја отерал во триста и го фрлил телефонот од нервоза....(на тоа баш и не му поверував но...) се случи нешто друго...таман ми кажуваше дека му се јавува постојано од секакви броеви се појави една моја пријателка таму каде бевме и малку го сопревме разговорот...движејки се јас,тој и другарка ми некој му даде сигнал...непознат број...веднаш прашав кој е,а тој само ми рече стрпи се и ми упати еден поглед дека другарка ми е со нас после ќе ми кажал..откако дојде моментот пак да сме сами ми го даде телефонот и рече еве јави се ти и прашај кој е...се јавив и ми одговори женски глас (неговата бивша)...кога прашав кој е таму,ми рече извини грешка...пак прашав зошто звони на тој број,а таа само рече реков грешка е извини и ми склопи... :@ Кога ми потврди тој дека е таа почнав да му викам зошто му звони ово-оно бидејќи стварно немав живци повеќе,а тој уште поизнервиран почна да вика што да направел,на кое јас му реков што не и каже да престане.Тој го зеде телефонот и ми рече иако и рекол милион пати сега ќе и речел пак,и така скроз изнервиран се јави на истиот број и пушти хендс фри...и изнакажа навистина све и свашта...ја отера во три лепе...викаше кога еднаш ќе престане и изнакажа страшни пцовки ...таа пак рече,реков грешка е извини ... по ова решив да му поверувам... ми рече дека ако сакам и на нејзиниот број (дека вртеше од друг) ќе се јавел и ќе ми дадел да слушам,и ќе и го кажел истото,дури и јас ако сум сакала да разговарам со неа...Но не сакав...ми изгледа ептен некако просто тоа,и мислам...несакам да слегувам на тоа ниско ниво...сега пак е се океј...ја нема нешто да звони, :D па ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму...знам дека ме сака...едноставно знам..и сега за сега решив да продолжам да си бидам среќна...ако се испречи некаков сличен проблем или ако се докаже дека грешам што му верувам ќе си се соочам со последиците и тоа е... И? Добро сторив? :?:
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    добро си сторила на твое место истото би го направила и би побарала да разговара со неа пред мене значи дечкоти на крај се оправдал и ти го дал твоето место има и за што да бидеш среќна на почетокот на мојата врска бев во иста ситуација како твојата бившата на дечкоми просто опседната беше од него и сеуште го бараше имавме доста караници во првиот месец но сепак тој упорно ми покажуваше дека треба да верувам во него и се трудеше за нас а и побарав од него безусловно да сме искрени и све да ми кажува а и јас него и секогаш таа кога и да звонеше еднаш во неделата или инт.не е битно тој ми кажуваше одлучив да му верувам зошто мислам дека заслужи па се надевам дека нема да се излажам ;)
    аман со тоа бившите
    до преку глава ми е од такви жени кој не се разбираат од збор и кој немаат никакво достоинство секоја од нас на некој некогаш му била бивша па животот продолжил понатаму боже мој
     
  20. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да ви кажам. Значи на Денот на жената добив порака од непознат број во која стоеше како таа убаво си поминала со мојот сега брзо. Првиот момент се изнервирав, само му ја препратив, а после се смирив веднаш, па јасно е дека некој сака да ме изнервира. Вечерта од неговиот број тој се јавуваше, па после прати порака на тој број во која и кажа да е важна, и на овој ден би бил со неа. Таа ниту одговори, ниту врати. Знам која е иако испрати порака од непознат број, целта беше да направи ршум на денот, ама не дозволив. Некогаш треба ладно да се реагира на провокација. Штом ми ја праќа, јасно која е целта. Немма друга работа, ке се допишувам. И друг пат пишувала и сум одговарала, ама веке никогаш. Нема да и ја хранам злобата.
    За тоа зборувавме само 5 минути, и после супер си ја поминавме вечерта.