1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јас сум виновна или татко ми?

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 12 април 2012.

  1. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Значи вака...јас дома со татко ми сум во најлош однос што може да постои...не ни збориме како што треба а кога ке се налути само ми вика.
    Мисли дека јас сум крадец од незнам кој причина,незнам од каде му текнало тоа,понекгаш ке си замисли дека не одам во школо и дека сум бегала од часови и ред други работи....едноставно незнам од каде му текнуваат работи кои што се јас не ни сакам да ги правам
    Кога ми вика нема контрола,а мене ми фали само уште малку за да се мрднам од умот.
    Незнам дали јас сум виновна за ова,ама знам дека татко ми погрешно постапува Ве молам за некој совет да ми дадете како да поразговарам со него,што да направам?? ;(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    За да разговараш со него фати го во добро расположение и разговарај смирено за проблемот.Отворено прашај го зошто се однесува така кон тебе и зошто нема доверба. А дали некогаш те фатил дека лажеш за некоја голема работа? Ако те фатил веројатно поради тоа нема доверба во тебе,па сега ќе ти треба малку време за да ја повратиш довербата. :) Со среќа па кажи што си направила :)
     
    На AlanisM и smiley22 им се допаѓа ова.
  3. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    фала за советот ке се обидам
    инку во животов нормално дека сум го излажала бидејки не постои човек што ниту еднаш не излажал......јас само еднаш-двапати сум го излажала и не за мнногу големи работи
     
  4. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    можеби постои некоја трета особа која му ја полни главата на татко ти со разни лаги за тебе, не си виновна ти, туку тој што без да те праша верува во такви измислици, пробај прво со мајка ти разговарај можеби таа знае нешто, потоа сите заедно седнете и решетеги сите недоразбирања.
    пријди им отворено кажи дека нема ништо што да криеш се што ги интересира нека те прашаат тебе, ако не ти верува фати го за рака и одведи го во училиште нека се увери сам дека не бегаш
     
    На anagjorgjievska1 и smiley22 им се допаѓа ова.
  5. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Можеби постои трета личност...Но мајка ми не ее виновна,и со неа знае да се кара....на пример мајка ми ке се јави на колешка да праша нешто за работа и а ја види татко ми одма и се дере дека само трошела пари на глупости и ред други работи.....
    Пред некој ден му реков да дојде во школо (иако сум средно) за да се увари и кога почна да вика да одел таму и да се срамел од мене незнам што
    еве сега го чекам да дојде од работа и да направиме јас и он сериозен разговор :)
     
  6. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    не мислев дека мајкати е виновна, туку некој надвор од вашето блиско семејтво, можеби некоја тетка, стрина, чичо и сл.
    мислев со мајкати да поразговараш да најдете заедничко решение како да му се приближите и заедно да поразговарате со него, со среќа на разговорот :*
     
    На verica81 и smiley22 им се допаѓа ова.
  7. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    фала...еве сега уште малку ке дојде од работа и мајка ми ке разговара со него бидејки со неа подобро му оди разговорот...па се надевам дека ке ја решам работава :)
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    разговарај отворено и кажи си се што ти лежи на душа и ти посакувам срејка
     
    На smiley22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сигурно има некоја причина зошто така се однесува, неможе од чиста мира да му текне и така да се однесува кон тебе. Прво прави муабет со мајка ти затоа што таа сигурно ја знае причината (убаво обработи и дознај што го мачи човекот) а потоа седни со татко ти и реши го проблемот.
    Сепак ќе ти треба време да си ја повратиш довербата кај него, биди спремна и на тоа
     
    На smiley22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    123
    Smiley 22 што направи?
    разговараше?
     
  11. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    да зборев со татко ми,а и мајка ми збореше....Ама со него не се збори,најдобро ке биде да не зборам со него воопшто,зошто незнам што уште може да му текне и да почне да вика......
     
  12. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Smiley 22 а татко ти е таков од секогаш или сега нешто се има сменето? Ако е таков од секогаш, значи дека човекот си има таков карактер и на тој начин искажува нервоза, но ако е сега нешто сменет, мора да ја најдете причината. Можеби некоја твоја лага го променила неговото однесување, па сега настапува кон се со нервоза (иако и тоа не е оправдување). Стварно пробај некако да разговараш и да му објасниш, без да склучувате коалиции со мајка ти и да го напаѓате ;) . Може е и друга работа, сега си ти баш во пубертет па може и тоа го плаши, и ова му е некој одбрамбен механизам. А може па и ти сега поразлично ги гледаш работите, сега може си викаш ,,јас сум веќе голема а он ми се дере како на дете,,. Може па и он си има некој личен проблем кој го измачува. Во секој случај сите работи се решаваат со РАЗГОВОР а никако со незборење и љутење.
    Сепак колку што сфатив не те малтретира или тепа, не е насилен, само малце си е нервозен.
    И друга работа да ти кажам, во сите домови има дерење,викање,нервози и караници.Нека не те лаже некој дека него дома ружи му цветаат. И да ти кажам дека и родителите како стареат така све повеќе будалеат. Се мењаат 100 посто. Затоа мораш да рамислиш од сите аспекти, да раговараш со нив, и да не ги сфаќаш работите толку трагично. Се се средува. Поздрав и ти поскаувам се најдобро. Па пиши ни да не те мислиме.
     
  13. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    не е таков отсекогаш....во јануари кога бев во радовиш кај роднини и се јавувам на мајка ми и мајка ми гласот и беше како да плачела,после му се јавувам на татко ми и ми се дере,ми викаше зошто сум му се јавувала и др...кога се вратив од радовиш татко ми не беше тој што бил порано....не знам што е работата,а инаку е таков со било кој човек...........а пред да идам на гости во радовиш татко ми беше најдобриот човек и татко,16-17 години беше супер,ама веке незнам....

    се извинувам што ви досадував и фала на советите... :)
     
  14. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Не знамм..во многу лоша ситуација си :( Само можам да ти кажам дека за ништо не си виновна и начекај го татко ти кога е расположен и прашај го што си му згрешила..Разјаснете ја ситуација :) ..Гуд лак ;)
     
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    здраво
    очигледно е дека татко ти има некој проблем што го мачи, по ова што го кажуваш е сличен тип на луѓе како мајка ми, кога ке се изнервира многу и неможе да ја покажи нервозата (поготово на работа) кога се врака дома е како темпирана бомба, и јас исто како тебе се карам се расправам и цркаме викаме урламе ама за брзо време ни поминува и на девете и после исто како ништо да не било, си пиеме кафе се смееме оговараме :lol: , е сега кај тебе со татко ти можеби проблемот е тоа што и тој се нервира за нешто, па што викаат постарите неможе на магарето на самарот мава, и ви се истура вас дома. не се секирај многу такви се возрасните, некогаш се како вистински деца, само викаат а немаат причина за тоа, тргни малку настрана, не му збори некој период и ке видиш како ке осети дека и тебе ти смета неговото понашање, па може ке се нормализира. Кога јас бев помала и кога татко ми ми цркаше за глупости, јас одева кај мајка ми и плачев, се жалев, и мака ми после тоа како тигрица ме бранеше веднаш почнува да му кажува кај му е грешката, и дека не треба така, или пак обратно плачев кај татко ми кога цркаше мајка ми. биди и ти малку милениче на мајка ти спротиставете му се двете мора да му дадете до знаење дека е во голема заблуда, и ке видеш дека со текот на времето се ке среди, и возрасните ги фака втор пуберитет, па почнуваат да беснеат, битно е дека ке му помине :*
     
    На me4ii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163

    Епа додека ти не си била тука,се случило нешто 100%. :!:
    Ама незнам од која причина тебе не ти кажуваат.Можеби тоа е само за “возрасните“.И сама знаеш дека родителите не ни поднесуваат извештај,а тоа го прават само кога им бараме пари.
    Зборот ми беше,нешто се случило помеѓу мајка ти и татко ти и ти наместо да се обидуваш да разговараш со татко ти,разговарај со мајка ти.Таа нека ти објасни,ако може и ако сака.Се наведува кон тоа,тој период кога ти не си била тука.Сега,дали некој му ја наполнил главата на татко ти или што незнам.Проба да разговараш со него,не иде.Разговарај со мајка ти,мислам дека тука лежи зајакот.Ако се работи за нешто посериозно..,па два ума подобро размислуваат ако е нешто трагично ти ќе и бидеш подршка.Не сакам да те плашам и одма црни мисли да кажувам,ама неговава промена на негативно се свртела.Можеби се работи за семејни работи кои ти не треба да ги знаеш од милион причини.За да не се грижиш.ИЗВИНИ ако само ти ја полнам главата со моиве црни мисли,само сакам да ти помогнам да го пронајдеш проблемот,а потоа да го решиш.
     
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Татко ти очигледно си има некој проблем, а ти не си виновна за ништо. Кога ќе почне да вика повлечи си се, оди си во соба и воопшто не слушај што зборува. Само ќе си ги губиш нервите. Ако можеш пробај разговарај со него кога ќе биде добро расположен или пак мајка ти нека проба да допре до него. Со среќа.
     
  18. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    не е ми ја полниш главата со црни мисли,јас ви досадувам...инаку знам дека се случило нешто ама незнам што,а мајка ми како што ја знам јас ништо не кажува,а за ова сум ја прашала милион пати.....отсега ке се обидувам да го избегнувам и да не го гледам.според мене ова е најдоброто кога веке не се збори со него....а мајка ми се прави како ништо да не знае и секогаш ми вика деке ке зборела со него....фала за советите..
     
  19. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    И јас не зборам со татко ми.Поради..да не ја полнам темава со оф топици,да скратам,сакав да кажам дека откако не му зборам раат ми е душава,најсериозно. Со луѓе што неможеш да се рабереш,не се ни обидувај.Најдобро е да не му зборуваш,според мене.Од моето искуство тоа ти го кажувам.А ако ти требаат пари,а нели он ти е родител и те издржува до твојата 18 година-нека ти посредува мајка ти,или брат/сестра ако имаш.Има мир да осетиш,верувај ми.Само треба многу да се изнервираш,да речеш КРАЈ и тоа да биде така! :?:
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Штом е така јас лично мислам дека нема врска со тебе, тој, како што кажа, на сите го истура својот бес, така што мислам дека не е поради тебе. Освен ако некој му ја нема нешо полнето главата за тебе додека си била во Радовиш...мада и тоа не ми е баш за верување.

    Ти ништо немаш направено, нека ти е мирна совеста, а ако не се праи асален муабет со него, поарно ич не му праи и не си ја мачи душата.