1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јас сум виновна или татко ми?

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 12 април 2012.

  1. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    нема веке да зборам со него.....а за пари ке се снајдам,неможам секогаш на мајка ми да и барам,уште малку 18 ке правам и ке се обидам да најдам работа......многу ви фала што одвоивте време да ми дадете совет.....
     
  2. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Обично блиските роднини од таткова страна им ја полнат глвата. Мојата тетка направи да не комунуцирам со татком 3 години иако претходно комуникацијта не ни беше добра ( баш поради неа иако се правеше дека нема врска а јас наивна и верував) Разгледај ги убаво работите и читај мегу редови , посебно гледај и пази на однесувањето на женските роднини(тетка , баба) од таткова страна иако си мала ако внимаваш ке забележиш нешто чудно.
     
  3. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    верица81 те разбирам што сакаш да кажеш,тоа ми е многу јасно,а јас не сум многу сакана од страната на татко ми....
     
  4. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Претпоставуавав дека е така зашто и јас не сум или не бев многу сакана ама испаднав многу наивна затоа и пишава.Мене таткоми никогаш не ме заштитуваше кога ме напаѓаа од негова страна дури и не ме ни прашал што се случило само на нив им веруваше. Во ваква ситуација разговорот нема многу да ти помогне треба да чекаш погодна ситуација па да реаѓираш само така можеш да го оправиш таткоти пази да не испаднеш наивна како мене. Мајка ти немора да знае за што се работи. Претпоставувам дека те обвиниле дека си зела нешто од дома на роднините од страна на таткоти а тој верува во тоа , пази да не наседнеш имај нерви и не се расправај обид се да докажеш дека си наместена. Јас имав слична ситуација ама се карав и испаднав наивна.
     
  5. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    .... едноставно не збореа многу со мене,не идев кај нив често на гости.....веке неможам да се замарам со ова,бидејки јас не сум крива што татко ми или некој роднина не ме сака :(
    а пак од страната на мајка ми сум најсакана,многу ме гледаа,ме чуваа,се ми купуваа,посветуваа доволно време за мене,многу често одев кај нив на гости (посебно баба ми и тетка ми)


    а точно е тоа дека ме обвини дека сум украла нешто (тоа го кажав и на почетокот кога напишав),тоа баба ми кажа..... :( :sweat:
    на почетокот не ни знаев ништо,ама денес се излезе на виделина....
    а ти многу не се нервирај заради што си испаднала наивна,гледај да бидеш човек и да успееш во животот... :)
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Обично блиските роднини од таткова страна им ја полнат глвата.
     
  7. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Татко ми,мене ме смета за една многу покварена личност.Да,бев непослушна ќерка,еден настан смени се,од тогаш не му зборам пари освен за ужина преку сестра ми што имав од него и плус не ги барав!Ако даде даде ако не не..Не му зборам некаде три ипол месеци... не добивав повеќе,и претходно не дека ми давал нешто повеќе.Само за слика сум побарала преку сестра ми.50 денари за слика.Од икс причини и сестра ми почна да не му зборува.Од пред некое време...Почна и за ужина дане ни дава пари.Не ме боли тоа.Тој во моите очи е расипан човек,не поради парите,ни најмалку,туку поради делата..А јас себеси знам дека не сум расипана.Јас знам што треба да правам и знам дека треба да успеам во животот.Се трудам.Сакам да успеам во животот...А тоа што сега се случува вкоренува само неубави спомени во мене,рани на срцето.Човек во најлошо си го покажува лицето.Страв ми е од тоа што го видов.И да, ме обвини,мене,сестра ми и мајками...Секогаш во исти куп не става „вие“ .... :(
    Ме боли тоа што се случи пред малку,страв,да седиш и да чекаш да помине........... :( :( :(


    Нема мир во куќава.. :( :(
     
  8. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Јас имам ситуација слична на оваа. Донекаде го разбирам, со оглед на тоа што имаше еден тежок период низ кој пројде, ама дел од кривицата е моја. Јас бев таа што постави ѕид и со сите негови обиди да имаме нормална комуникација каква што треба да биде меѓу татко и ќерка, гледам што повеќе да го избегнувам и да не му зборувам. Не верува во мене, не ги знае моите квалитети и неретко знае да ме омаловажи на некој начин пред другите.
    Не сте должни да трпите некој само поради тоа што имате иста крв. Smiley22, ти си најмалку виновна за неговиот бес. Многу често удел имаат и другите од семејството, кај мене на пример баба ми и дедо ми. Мајка ти е тука, можеш да се потпреш на неа. Само игнорирај го и верувај дека се издржува полесно така. :)
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    исто тетка ми коа ке седнат и коа ке почнат за мене лелелелел.....................шо и текне тава ке си кажуват.....они на нас ни љубоморат(да не излезе дека се фалам ама ние си имаме пари повеке и може се да си допуштеме)а керките на „тетките ми “никој не ги сака во друштво сите им се единици момче не можат да завратат и тие за мене говорат се и татко ми му ја беа напуниле галавата дека сум бегала до часови дека сум шетала секој вечер по ридот....дека сум одила со цел град....и шо уште не......ама јас ги наседнав што вејке ги е срам да дојдат кај нас.......направиле слики фотошоп(толку ниско паднале)ама мегу моите нозе и едно дрво бело......и тогаш јас го фатив татко ми седнав и се му кажав тој тогаш токлу се изнервира што ојде кај тетките и еднај го смирииме и и кажа нејкам вејке да ве видам.......ОЧИТЕ МОИ ДА НЕ ВЕ ВИДАТ ама баба ми некако го натера да не се толку лути......мајка ми уште од почеток не ги сакаше............ама заради татко ми ги трпеше.........па така и ти се ке се дознае....
     
  10. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    очигледно татко ти има причина што така се понаша и е некоректно како родител да се понаша така со сопствената ќерка, а мислам дека и мајка ти го има тој проблем бидејќи кажуваш дека и неа и се дери, значи и таа трпи, пробајразговарај со неа направи нешто таа мора да знае што е причината за тоа однесување но не сака да ти кажи за да не патиш, таа е реалноста, а можно е и твои роднини да му имат речено дури си била радовиш дека си правеланешто и тој се разочарал но треба да разговараш со него зошто така се понаша, а на моја колешка на сестра и направија магија да се кара со мажот и децата, и тие нон стоп се караја тој се смена кон сите и отидоја на бајач и им кажа и од тогас е поинаков позз
     
  11. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Касно коментирам,а и сум помала од тебе,ама сепак јас ќе ти кажам нешто.
    Значи сигурно дека не си виновна ти,дури и да си излажала за голема работа сигурно друкше би постапил.Јас мислам дека татко ти има проблем,и ти тука неможеш да направиш ништо,само да оставиш се на времето,па сигурно татко ти еден ден ќе се покае.
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    И јас имам проблем со мојот татко,не се согласувам со неговите (за мене )непромислени постапки,прво ме нервира и ми пречи што пие,да не речам е пијаница ,неговите пријатели пијаници се кај нас дома секој ден како ова да е кафана па јас или моја тамајка мора да ги служиме како они да се господа,не може човек главата да си ја одмори ,последното што го направил е земал кредит од банка иако тој две години е на боледување ,не знам ни јас како му одобриле и не знам зошто има потреба од кредит само знам дека дури сега страшно можеме да западнеме во долгови ,тој постојано парите ги троши непромислено и нерационално ,кога ќе го прашаш вели ова купив тоа купив а на виделина нема ништо ,најтрагично е што мојата мајка е секогаш на негова страна и секогаш кога се расправам со него таа мене ме обвинува вели ти ги правиш расправиите во оваа куќа . :!: smiley22 не грижи се и игнорирај го неговиот нефер и некоректен однос кон тебе едноствано одбегнувај да контактираш со него и може ќе сфати што треба да направи ,не си ти виновна едноставно некои не заслужуваат да бидат родители .
     
  13. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    па и ти не си во добра врска со татко ти..како што кажа НЕКОИ НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ РОДИТЕЛИ!
    Јас со него едноставно не комуницирам,а ти што мора да ги служиш?? Остај го нека си викне слугинка,не си ти должна да правиш такво нешто!
     
  14. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    79
    Ако сакаш да се разреши проблемот, сеемен психолог сигурно ќе помогне :)
     
  15. mimii94

    mimii94 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки.
    И јас имам проблем со татко ми,но е поразличен од овој на Smiley22.
    Мојот проблем е тоа што татко ми не ми дозволува да излегувам како сите мои другарки. Не во буквална смисла ,јас излегувам ама морам да бидам дома во 23:00 h . Многу се нервирам.Живеам во помала средина каде што нема насилства,моето друштво не се некои дрогираши,криминалци..незнам ти што.Сите се мирни девојчиња и момчиња,татко ми сите ги познава ,секогаш знае каде сум ( најчесто се собираме дома кај другарки или покрај школото) ,со кој сум..и пак сум таа што најпрва си оди дома. Моите другарки се помали од мене,јас за 2 месеци ќе наполнам 18 години,а тие се една година помали од мене уште неемаат ни полни 17 години па за разлика од мене остануваат многу подолго надвор. Oд кога не распуштија од школо ,значи од 10 јуни па се до сега само еднаш ми дозволи да останам до 12:30 h најдоцна,бидејчи бев на роденден во еден кафич. Повторно најрано си заминав дома. Моите другарки не ме иссмејуваат,тие ме сваќаат,ама мене ми е глупо,незгодно секогаш јас да морам да си одам прва.Шо се вика кога е најинтересно смешки ,зафрканции...јас морам да си одам. Многу се нервирам вака. Не се расправам со моите,секогаш сум го почитувала нивниот збор ,како кажат тие така е,никогаш не се бунам ,не се расправам.Во колку ми кажат во толку си идам дома.Ама неможам вака веќе,ми се живее,не сум мало девојче веќе,растам,сакам да излезам ,да се дружам.Јас сваќам дека сум нивно дете и дека треба да го почитувам нивниот збор (поточно зборот на татко ми,бидејќи воглавно тој е виновникот) ама и јас сум жив човек кој има потреба од приватност,од слобода.Се велам ај да не се расправам,ама ми препукува филмот во одредени моменти. На татко ми стално му потенцирам дека растам,дека сум веќе голема не сум мало дете...тој пак по свое.Претходната недела закаснив,си отидов дома у 23:30h и и рекол на мајка ми зашо уште ме нема,таа му рекла ќе дојде до 23:30h остај го девојчето,не е касно 23:30 ...а тој се налутил и рекол мора да има конторола,девојче е,цела ноќ да шета по надвор,неможе така. :(
    А у 9 ипол искачаме. Незнам како да постапам,за да му го сменат тој негов став.Не пијам,не пушам,не правам глупости,имам дечко со кој идам прилично долг период негде 9 месеци можда и повеќе ( како и сите девојчиња на моја воздраст) и тој ме сваќа,не праи проблеми околу тоа што малце излегувам,но сепак сите ми викаат дека сепак неможат да го сватат татко ми,бидејќи најпримерното девојче сум у цело друштво (таа велат :$ ). Незнам што да направам? Несакам веќе да биде вака,пошо колку повеќе попуштам толку повеќе лошо си праам. Што мислите вие? Сте биле ле во слична ситуација? Како постапивте?
     
  16. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    не сум била во слична ситуација затоа што моите родители т.е нашиот однос отсекогаш бил другарски, но имав другарки кои имаа сличен проблем.
    најубаво ќе биде доколку го седнеш на маса, поразговараш со него отворено и му кажеш како точно се чувствуваш, прашај го дали некогаш има слушнато нешто лошо за тебе, или пак дали си го разочарала, он нормално дека ќе рече Не и тогаш кажи му дека е време да прошеташ малку, кажи му дека ти е незгодно кога си одиш накај дома, затоа што другарките мора да те испраќаат, наместо да седат до покасно. јас мислам дека со искрен муабет се се постигнува.
    поздрав
     
  17. Minareli

    Minareli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    19
    И јас имам сличен проблем со како smiley22
    Па вака. Ние сме три деца. Сестра ми е најстара па брат ми па јас. Многу пати се имам почувствувано како да не сум дел од оваа фамилија. за се сум јас крива,само по мене викаат... памтам се што праве и им дозволуваа на брат ми и сеестрами кога беа на моја возраст.(имам14 години).Многу пати ми има пукнато филмот и им имам кажано се што мислам, а они никако неможат да сватат дека се криви и постојано само навалуваат врз мене. татко ми се и дозволуваѓе на сестрами. се што сака правеше,она им беше маза и уште е.иако сум најмала секој ден треба јас да раскревам дома,да мијам садови..стварно неможам тоа да го издржам.што и да кажам он само ми се дере,ми понижува.ева на пример одев на црвен крст и освоив 3 место во македонија,во скопје, и 1 место во општина.бев пресреќна а кога им се јавив да им кажам они само ми рекоа и што да правам јас сега,јас немам никаква корист од тоа.Искрено ја можам да кажам и дека незнам што е да се има татко.зошто он ми е како странец некој што живее со мене.многу малку збориме, скоро ич. кога ќе слушнам сите други деца се што правам со татковците,колку се сакаат и се искрено можам да кажам дека им љубоморам зошто јас никогаш не сум осетила дека ме сакаат,ни малку.ако некогаш им побарам пари за да искочам ќе ми речат неможе на јадење ќе ги потрошиш и после они ќе отидат и ќе си купат цигари.они ги трошат за труење.нешто што најмногу ме нервира.што да правам.некој соват?
     
  18. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Minareli не е дека не те сакаат, не постои родител што не си го сака сопственото дете, само јас како најмала ќе кажам, на твои години се чувствував исто, потполно исто. Дали било за излегување, за пари итн итн. Дури и неколку пати (сега кога ми текнува се смејам сама) им реков, зошто воопшто сте ме направиле ако не ме почитувате, само за измачување ме чувате?! Сега сфаќам дека така сум размислувала, дека се сум сфаќала трагично. На мои успеси не се радувале многу многу, сестра ми петка да донесе дома уште што не се расплакуваа :D Гледај малце позитивно на тоа, изграј финтаџиски што би се рекло, мамо мамо ако измијам садови ќе ми дадеш пари за (пр.) маичка? Штом се постари братот и сестрата нив им требаат повеќе пари, тоа ми го викаа мене а сигурно и тебе. Еден ден после 6-7 години ќе бидеш благодарна за нивниот однос спрема тебе, јас сум 50 пати по стабилна од сестра ми. За секаков вид на проблем она бара помош од сите, јас сама си ги вршам работите, никој ништо немора да знае. Многу сум поснаодлива, порешителна и сум самостална, додека нејзе цел живот и треба некој од дома да ја бутне за да направи нешто.
    Не е ништо лошо тоа, само ти се челичиш. Биди јака, кога ќе успееш многу повеќе од нив двајца, ти ќе бидеш дома миленичето :) иста ситуација моја и на сестра ми. до скоро татко ми викаше, е не како сестра ти, уште незнае сама сметка да плати :D
    Поздрав и без нервози, keep smiling :)
     
  19. srcuskata55

    srcuskata55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    29


    Ти го разгледував профилот и видов дека имаш брат, поголем ли е од тебе или помал? Доколку е поголем разговарај со него и тој нека разговара со вашиот татко и нека му рече да те остави да излегуваш до покасно, дека он ќе внимава на тебе..Можете и да излегувате заедно доколку тој сака ( немора да се враќате заедно тој нека остане покасно) или излегувајте заедно од дома и потоа секој по свој пат :) јас така правам со сестрами понекогаш демек заедно сме но јас се враќам побрзо како помала не останувам со неа до касно :)
     
  20. Minareli

    Minareli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    19