Или крај краева, соберете од сите пари, па нека ви доаѓа жена за генералка. Е ќе се буни свекрвати 3 жени дома, ама не сте само 3 жени , и мажи има ваљда кои би требало да сакаат да платат ако веќе не сакаат да помагаат за да олеснат на сопругите . Пошто со инает само може во гнасно да живеете. Јас планирам тоа да го направам, имам многу за учење, неќам се да свалам на маж ми, иако по пола чистиме. Свекрвица е километри далеку. Бирај што ти е поважно, не терај инает, не води далеку.
Пак ќе треба она да ја плаќа жената за чистење. Свекрвата ќе рече ја при две снаи не плаќам жена, јатрвата ќе рече три деца имам не можам да чистам и немам пари за чистачка и така, пак ќе си дојде на исто.Пари да се одделат посебно сигурно немаат. Понекогаш и инатот може да вроди плод. Ќе им смета на сите нечистотијата и ќе бидат принудени сами да реагираат и да се снаоѓаат. Па како за еден, така за сите.
Човек што сака чисто, ќе се поремети во нечистотија. На крај само свекрвата ќе чисти и ќе кука, а овие ќе се караат со мажите. И јас би поштедила трудница од хемикалии. Ако помагаат и 3ца мажи 2 пати помалку работа на секој. Ама не, мажињата се бегови во тутма калабалак
Не мешај сега што е штетно за трудница. Ако е трудна и и смета да чисти нека оди кај мајка и, таму нека седат. Тука дошла да живее во заедница и така треба да се однесува. А и ова не и е само кога е бремена, од секогаш била таква. Сите живеат во таа заедница а не само едната снаа па се на нејзин грб. И овде не се работи за компромис, попуштање, туку за правдина., еднакво распоредување на обврските. Зошто само еден да биде "магаре".
Јас готвам повеќе, а само на лето готви таа бидејќи ние одиме на нива. И тие неколку месеци може да работи и да готви а сега не може нели хх
Само ќе кажам јака ви душа што живеете во таква заедници, да готвите за сите, т.е. ко слуги да бидете. Јас не би можела така да живеам ни 24 часа.
Список бе женски, список на врата. Која кога чисти, која кога готви, кој простор е заеднички кој башка... Така функционира цимерскиот живот. Нема јас имам повеќе за работа, ти дома работи повече. Таа дома е и твоја и на сите иста обврска. Се глеа колку неодговорно човече е јатрвката штом у една соба 3 деца склепале.
Sesil Ovie drugive poarni da ne se?))) Barem do seks i e dojdeno vo taa guzva, plus pomalku se nervira i si odmara. I na niva ne odi. Na kraj ona najitra ke ispadne, drug zarabotuba, drug dvori. Normalno ke ima vreme za deca
Јас да сум, жена, сите три по 350 денари, раат у куќа. Не е убаво таа трудна да чисти, не е убаво таа што нема деца цел товар да е, не е убаво свекрвата стара. Ниту еднта е виновна што има деца+ бремена, ниту другата што нема деца +обврски. Секој си има своја вистина. Јас не би можела да живеам така, ниту пак сега нешто чистам бремена. Ќе викнам жена, ќе фатам некогаш, некогаш мм, сами сме, ама ако ми прдне да лежам и одмарам, па за ни една јатрва не ми е гајле, од било која страна да сум. Компромис куќа гради, ама сите си го цениме времето. Да чистам за некој константно, секојдневно и да готвам тоа ќе биде само за моето примарно семејство. А од друга страна да се труќам зошто некој сакал секој ден да чисти, а јас сакам со децата и тоа нема да го правам. Алал да ви е, тоа ќе кажам.
Мила, многу ја дексате вие јатрвс ти. Од големото добро утро да е, па нема толку теманети да и праете. Разбирам и бремена и деца и се, ама ако може да испрља у купатило, да седне и да се најаде може и да зачисти. Со инат ништо нема да постигнеш ама со разговор, фино лепо седни ги сите, кажи си го муабетот, договорете се како луѓе. Не си ти таму појдена за да слугуваш некому. Жалосно е какви луѓе има.. Ти посакувам среќа за понатаму драга, со таква јатрва ќе ти требаат памет и челични нерви.
Апдејт јас да напраам за мене, иако немам јатрва. Му реков на сопруг- хеј, следниве 4 месеци жена да платиме немам време јас, а не е фер се да е на тебе. Ме гледа, ми вика- не сум толку богат и стана и веднаш усиса, иако свежо дојден од работа. Ми вика- не мора па совршено . Овде жена е 15 евра на час. Далеку од тоа дека нема пари, него веројатно не му се троши на тоа па рече он ќе преземел, несовршено. Пеки. Јас сакам и да одморам, пошто мозок веќе ми чади од работа плус учење, а за мене чистење не е релаксирање туку потреба непријатна и замарачка. Јас лесно можам да ги дадам парите ако видам дека и тој забушава ,знам дека ем пис оф мајнд, ем чисто, ем ќе имам време за релаксација, ем нема да се инаетиме и да се напињаме. Ова е тоа времето е пари. не може и јаре и паре. Може уствари , ама тогаш си отепан и физички и психички ако имаш многу обврски. Мајка ми цел живот роб на домакинлук. Ниедна жена платена не и чини, мора сама се. Јас не сакам така.
Јас со мојата сеуште не официјална јатрва, од најдобри другарки пред да се омажам, до најголеми непријатели сега стигнавме да сме. Уствари сум мислела дека ми е другарка, излезе дека се било лицемерие. Веднаш по запросувањето мое, се оддалечи апсолутно од мене. Еднаш дојде бебе да види, и толку. Дури не доаѓа ни да спие кај дечко и. А,што убаво беше научена: Стани,свари кафе, остај филџанот измеќарката (јас) да измие, траскај со вратите колку можеш посилно, за да разбудиш бебе и јатрва. Раат сум сега без неа... Ама новата куќа ќе биде братска, со посебни влезови и се тоа, но сепак заеднички двор, една куќа! Но,мислам нема да се нафатам да живеам заедно со неа, или стан, или овде ќе си останам. Подалеку од јатрви
I mojata e slicna ko tvojata. Jas ne ni sakam da ja gledam zasto mi ima mnogu zgreseno. I vo pravo si, pred da se zemat so brat mu na mm bese najdobra, a otkako se zemaa odma si go pokaza vistinskoto lice.
Навистина бе и јас колку ја исфалив јатрва ми дека сме како сестри и од како се венчаа со девер ми се оддалечивме Интересно дека кај сите е вака Ми беше мака дека навистина многу ја сакав ама сега не ми е воопшто гајле Како се поставува така ќе си најде...
Сите односи се менуваат после венчавка. И со свекрва и со золва и со јатрва... Зошто е тоа така? Ама факт е дека е вистина.
@Mari* Тоа нешто како секоја девојка кога е во врска и иде двапати на гости кај дечкото и одма како свекрвата била супер, топ, фина, а после кога стапат во брак и почнат да живеат заедно, тоа првото било само на реклама За се едно нешто е така, едноставно се додека не почнеш со некого да живееш или да му влезеш во фамилијарната рамка, не можеш да го знаеш каков е навистина