Со јатрва ми живеевме една година заедно,24/7 неразделни и ни една караница,додуша сеуште не се имаме искарано Не живееме сега заедно веќе 3-4 години и го имавме истиот однос Се до моментот (лани) дури не се венчаа , наеднаш стана презафатена
Imame izgleda ista jatrva Mojata koga se zema so brat mu na mm,me odbegnuva. Ke ja viknev na kafe, se ne moze, ke spiela, ke cistela, a posle pet minuti ke vidam deka edna komsika odi kaj nea (deka vo ist dvor), pa si rekov mrs tamu tebe ke te molam I ottogas ni kafe ni mafe so nea..
Јас да сум на местото твое две смени на работа,бар дури да дојдит бебушко па нека одат сите у пичку матер!!!! Во тој случај ке прам дојди дома лапни нешто на брзина,истуширај се,остај се така расфрлано и замини!! Дотичната принцеза ако не мојт ради децата јас нема да имам време од на работа !!
Свекрва ми Па по правило, нели треба тие да се иселат, дека поголеми, плус имат купено материјал за куќа да прават само што се уште немат почнато. Се оддложуваат.
Никој, ние ќе си трпиме додека не ни пукне филмот, потоа адиос. Обично е така поголемиот син треба да се дели и да прави куќа, или да купи сеедно, додека пак таа куќа во која сме живееле сите останува на помалиот син.
По правило да се иселат дека се поголеми? Немате памет што зборувате. По правило ако веќе сте решиле да стапувате во брак треба да си засукате ракавите и и вие да се иселите. Да си бидете сами домаќини и сами да се грижите околу сите потребштини околу вашиот дом. Не бе, овие размислувања уште 1000 години ќе останат. Па после никој не чини. Не викам дека не претеруваат свекрвите, ама да чекаш некој да се исели од куќа каде немаш ништо вложено, и пази, затоа што е поголем, ми е рамно на лудило.
Да немав кеш за под кирија воопшто немаше да се мажам. Не можам ни да замислам да живеам со неговите у 65 м2
Па не би рекла. Прв пат слушам вакво нешто. И нема сила што ќе ме натера на вакво нешто. И се додека сте со вакви размислувања ќе си имате проблеми. Затоа што, реално, сами си ги правите.
Сепак да не ја подречам јатрва ми, овие денови нагло се разработи, како да прочитала овде. Кога се сака се се може. Сум разховарала со мм за да се делиме, и тој често пати кога ќе се испокара со домашните знае да каже дека ќе се делиме крај краева и готово. Меѓутоа кога ќе се потсмири заборава на се. И толку. Сигурна сум дека не би сакал да се делиме.
Ама во случајов пошто тебе повеќе ти одговара правилото ок е може си рекле , оти ние да инвестираме а овие другиве се на готово, ке се потуткаме заедно. ( не ви ја знам ситуацијата , па само карикирам). Плус во башка куќа она ќе мора да чисти , а можда неќе.Или понудете им пари да ја забрзате работата, пофер да биде од нефер правилото . Мада, кога ќе размислам се е подобро од цело племе под еден кров.
А зошто и вие не се отселите? Зошто само поголемиот, м? Какви се тие правила не ми е јасно. Значи помалиот син со жена му на готово да се прчат, а поголемиот нека се снаоѓа како што знае и умее???
Тие и без тоа ќе добијат помош околу нас, пари кога и да им затребаат постојано им даваме Пред да дојдам јас овде маж ми разговарал со деверот. Му кажал седи ти тука ако сакаш и гледај ги родителите а јас ќе си се отселам. Арно ама тој не сакал кажал дека тој ќе се сели.. Знам ама си велев добро ќе функционираме, едно друго, а јас мала се омажив па појма немав што значи да живееш така, во заедница
мојата јатрва е просечно симпатична добра личност. Ама ме нервира што секогаш го има тој натпреварувачки став кон мене!!! Зошто?! реторичко е прашањево )