Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јатрви

Дискусија во 'Брак' започната од rak11, 5 октомври 2011.

  1. Alien_92

    Alien_92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    имаме ама живее во друг град. така да почесто се гледаме со неа и со деверот.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Македонската ... шо ќе прајш, ко така си задоен/а
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    И мојава исто. Јас ова направив јас тоа направив... само фалби..
     
    На andriana12 и ZAHRA им се допаѓа ова.
  4. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години го пишував проблемот со јатрвата кога бевме уште во врска со браќата.
    До ден денес односите помеѓу неа и мене не се добри. Живееме едни до други со посебни влезови и јазот помеѓу нас сеуште е присутен. Никакви разговори не помогнаа. Не знам дали некаде го има ова.
    Се срамам што мене тоа ми се случува. Двете сме на иста возраст веќе на кај 30 години и повозразни за разлика од она што се случуваше изминатите години кога бевме по 20 и некоја година и мислев дека ќе извлечевме поука од настаните ама ништо.
    Се одново почна кога јас дојдов тука. Таа беше пред мене дојдена уште пред 7 години а јас сум тука веќе 2 години. Односот на неа и со свекрвата не и е добар. Со неа сме биле во добри односи само ако ја озборуваме свекрвата. Но тоа не е добро. Сите имаме мани и ние и свекрвта нормално но некако мие навистина глупаво да зборувам лошо за мајката на сопругот само за односите со јатрвата да ми бидат во ред. Сега малку ќе го објаснам проблемот во триаголник затоа што вмешана е и свекрвата. Јатрва ми постојано се жалеше од неа како на секое им досадувала и доаѓала кај нив, им тропала на прозорецот да и отворат, ги пречекувала и испраќала кога си доаѓале од работа или од друго место, доаѓала со јадење само како изговор да ги види, поклоните кои ги добивала од неа биле потценување, никаква помош немале во реновирањето на куќата, кога ќе седнеле да ручаат на иста маса на почетокот свекрва ми ја гледала во устата и ги броела залаците што ги јаде. Обратната страна на сето тоа е што тие имаат финансиска помош од нив и тоа најголемата а тоа е дека од родителите и сметките му се плаќаат и се пазари за дома и до ден денес и тоа никој не го гледа. За разлика од неа па јас сум на другата страна каде мене никој сметки не ми плаќа и не ми пазари за дома бидејќи за мене е тоа некако и глупаво на 30 години да им бидеш терет на родителите поготово ако си вработен и ако можеш сам да се издржуваш како што е случајот кај нив сега. Тиквата пука еден ден кога таа ми се истура прво мене дека нас ни помогнале а нив не дека јас сум ги добивала поклоните од дуќани таа од по тезги и пазари, дека сме оделе на ручек кај свекрвата и работи за кои не е во право да ми ги каже. Прво јас тука не сум виновна и свекрвата можеби не е давала колку што имала. Единствена помош нас ни беше од нив што добивме спрат кој не беше почнат со изградба во внатрешноста па сопругот мој и јас вложувавме заеднички и си го средивме а и исто така и тие седат во посебна куќа која сакаше реновирање и вложување во неа. По скоро една година тиквата повторно пука и истите зборови се упатени кон родителите на сопругот со вмешување и на нас. Па кажете ми дали е во ред таа мене да ми забранува да одам кај свекрвата на ручек или да пијам кафе со неа или таа да доаѓа кај нас ако оваа не сака да живее ни со неа ни со мене? Мислам дека таа ги гледа само материјалните работи и затоа ние не можеме да имаме соживот. Сега кога е скарана со свекрвата е лута и на мене. Зборовите кои и ги упатила биле полни со омраза и навреда за кои не сакам да коментирам. Целата оваа ситуација доминира со многу негативни работи од кои сите сме зачудени. Дали ќе има завршница на ова еден ден не знам. И тоа што е најлошо што покрај се јас сакам да живеам со неа бидејќи не ги гледам на таков начин работите но таа очигледно не сака.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Имаме иста јатрва, сите ја фалеа како има добро работно место, колку убаво готви, колку е вредна и културна. Мене сето тоа ме нервираше оти е фалбаџика прва класа и едни кифли да замеси ги слика, ги кажува на сите. Јас и да направам нешто не сум тој тип, мм ако каже или ако ме прашаат нешто ќе се пофалам.
    Во последно време почнува да си ја покажува и негативната страна така да баш ми е мило, дека многу ја фалеа на почеток сите.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Колку подалеку, толку подобро. Од искуство зборувам. Избегнување блиски контакти за да немате напнати односи.
     
    На Miss.N, Summer16, Black girl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Односот ни е така добар кафе бош муабети и така . Се во граница
     
    На Борат, SummerGirl и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  8. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Мојава пак е змија. Пишував овде еднаш за нејзе, ама не мислев дека е спремна толку далеку да оди.. Поточно, со сопругот веќе 2години и 4 месеци сме во брак и уште од почетокот се обидуваме за бебе, ама неможам да забременам. Пред некој ден случајно допрев до стариот телефон на јатрва ми кој веќе не го користи, туку детето си игра со него, и прочитав порака која ја испратила на маж и, пишеше дека детето побарало пари од нас а ние не сме му дале. А веднаш таа ден сум отишла на ЛЕКАР. Па боже мој како може за ова да приговара? Лесно и е нејзе таа 3 деца си има до неа, не знае што се сум поминала овие 2 години, воопшто не знае како ми било и сеуште како ми е. Му кажав на маж ми за ова и тој многу се изнервира, па веднаш и кажа на свекрва ми. Но, несакаа да се скарат. Веќе неколку дена не и правеме муабет па сега криво и е. А многу ме повреди со тоа, многу.. А за детето баш напротив тој период по неколку пати во денот и дававме пари за да си купи што сака, башка ние кога и да излевавме никогаш не сме се враќале со празни раце. Ама џабе кога нема кој да цени.. :@
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.177
    Допаѓања:
    102.224
    Пол:
    Женски
    Чие дете?
     
    На Summer16 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Колку што сфатив едно од трите деца на јатрвата.:?:
     
    На Adorabela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Не те оправдувам за фактот што чепкаш по туѓи телефони. Оти ете јас таква сум и никогаш не би чепнала телефон туѓ макар и да знам дека ме оговара некој ама ете..

    Друга работа, постапката не е во ред, не оправдувам и да, вие немате обврска да давате пари на децата секако се работи тука за почит и добра воља кон фамилијата..

    Трето..
    Седни со етрвата и разговарајте кажи и дека си повредена и слично разрешете укажи и на грешката.
    Оти ако сака некој да реши нешто ќе реши т.е ако му е стало до некоја персона или пак за жал нема начин да не и зборува оти е тука 24/7 пред нејзе..

    Да си најдете решение да си го зачувате семејството со маж ионака ич не е нормално и убаво да живеете во куќа стан што било со 4 генерации нормално дека не е нормална појавата и дека ќе се карате па и истепате на крај.

    Ако треба да решавате нешто тоа е живеалиште.

    А со останатите од почит и култура низ дома мораш да збориш не можеш да се лутиш кога сте сите тука.

    Да не ти стало и да не ја гледаш е др приказна ама па и приказната со проблемот потекнува клучно ете од заедницата за жал.
     
    На Summer16 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.093
    Пол:
    Женски
    Пораката си ја прочитала намерно, а не случајно. Не си требала да и навлегуваш во приватноста.

    Снаа ти од кај дознала дека не сте дале пари на детето. Може детето само и кажало ама децата често лажат па не треба да му верува 100%. Кој и кажал на снаа ти дека не сте му дале пари на детето? Колкаво е детето. Друго е четиригодошно дете да бара пари, друго е 14годишно. Можеби сте требале да му дадете, не знам зошто би требало да му дадете, а зошто не и зошто не сте му дале, за колку пари станува збор и дали смее да му давате без присуство на родител, не знам колкаво е може ќе отиде цигари ќе купи со парите.
    Тоа со лекарот може не е пишано во лош контекс туку за да објасни кое време и кој ден било тоа.
     
    На Summer16 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Детето е 6години. Знае дека не сме му дале пари затоа што пред неа ни има побарано. Кажав дека тој период по неколку пати на ден и дававме пари и затоа постојано бараше. Некогаш нормално немаш, па како ќе дадеш. А за лекарот беше напишано во смисла дека пари немаме за да му дадеме на детето а за лекар има...
     
  14. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    На јатрвата
     
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.093
    Пол:
    Женски
    Ех па ти како имаше пишано мислев којзнае во каква смисла го пишала тоа.
    Не се замарај ни со јатрва ти ни со снаа ти и се ќе биде ок.
    Ни на сестра не би и влегла во пораки да читам.
    Да не се замараше со телефонот сега немаше да го знаеш тоа и ќе беше посреќна. Гледај си само за себе, батали ги нив.
    Не знам некако се нешто се замараш зошто таа така таа вака абе кој што сака нека прави.
     
    На Summer16 и duffi им се допаѓа ова.
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    @Summer16 за некои луѓе колку и арно да правиш тие пак влакно во јајцето ќе бараат за да те направат виновна. Децата на мојата јатрва (од 1 братучед) се секој ден кај нас, ги сакам ко свои, мили ми се, си играат со син ми, внимавам постојано на нив и претходно бремена и сега со мало бебе во раце но напорно ми е многу, ќе се скараат, ќе се степаат, јас морам да се расправам со нив и никогаш за ништо им немаме преречено и наместо да го цени тоа таа кон нас гледа со омраза, се лути за банални работи и со денови не прави муабет.
    Порано се замарав, ама сега воопшто не ми е гајле, исто и ти, нема што сега да расправаш за лански праски, се гледа колку и е акалот на таа, не може ти постојано да им даваш пари на нејзините деца, а и на дете од 6 години што ќе му се пари. Таа треба да го воспита дека не е учтиво така да бара пари постојано, не е мало детето, а не тебе маана да ти наоѓа зашто не си му дала.
     
    На Summer16 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lavica 344

    Lavica 344 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Jatrva
    Jas sto imam jatrva zmija !!!!!
    Sekogas koga ke dojde kaj mene sekogas prasuva sto pravite,kade odite sto ima novo se saka da znaje a nisto ne kazuva koga ke dojde samo prasuva a doma koga e na dever mi mu kaze se sto da kaze koga dojde kaj nas!!!ima dve decinja i nikogas neke da gi ostavi kaj nas nego sekogas se javuva na svekrvami da odi tamo da gi cuva !!!
     
    На Lavica344@ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Знам можеби лошо сум постапила. Ама нели полошо е да ја затекнеш во туѓа соба без дозвола, сосем тајно, додека нема никој дома. Јас кога ка затекнав ништо не ми кажа ни што правела таму ни па друхо.
     
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.093
    Пол:
    Женски
    Не и одговарај или излажи ја како би сфатила дека не сакаш да и одговараш.

    Додека ти се жалиш дека не ви ги остава јас би се жалела дека ми ги остава. Си и кажала дека може слободно да ви ги остави вас ако сака? Ако ви ги остава тогаш ќе се најде нешто друго за што ќе се замерите бидејќи таа секако ќе биде змија за тебе.

    Кога не прашуваат како сме не ни чини, ако не не прашаат не им е гајле за нас. Епа што сакаме ние?

    Секогаш заклучувај соба. Ако немате клуч набавете и оставете плус еден дома за секој случај. Ако отклучи без да праша и без за секој случај тогаш имаш право да се пожалиш тука. И сега имаш ама тогаш повеќе.
    Да си ја прашала може ќе ти кажела нешто и подобро да си ја прашала макар и да излажела. Вака сешто можеш да си помислиш.
     
    Последна измена од модератор: 28 јули 2019
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    28.512
    Е баш вака се коплицираат проблемите! Ова не е за премолчување, напротив, ова е ситуација кога јасно ќе си кажеш дека не сакаш без твоја дзвола и во твое отсутво некој да влегува во вашата соба.
    За такво нешто не треба да се муртиш, да праќаш скриени сигнали дека си навредена, или после да возвраќаш на исто таков простачки начин чувствувајќи се оправдана за да чепкаш по приватноста на некој друг. За такво нешто одма се реагира и сите нек знаат дека не сакаш да ти чепкат во приватноста.
    По мене ова е поголем проблем отколку муабетот за давање или не давање пари на внуците!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.