Се и е џабе, кога не е кадрна за ништо. Нема никогаш да се смене мојава, како велат волкот го менува влакното, но не и карактерот. А синоќа денот ми заврши со нервози а исто така и почна. Вчера ништо работа не фати по дома, се јас. И цел ден чиниите ги миев, ама џабе пак се собраа и ги оставив она да ги среде, ама ништо.. еве ги уште стоат, она не се замара а јас се нервирам бидејќи куќата ни е џунгла.. утрово станав во 6 и отидовме до град со мм, кога се вративме ем садевите стоат, ем не исчистено, ништо,ништо не направила. Сега мм ги однесе неа и децата и свеки до град децата на лекар ќе ги носат, и пак работата мене ме чека. А да ја оставам, да не завршам нешто свеки веднаш ќе се налуте. А ако и таа цело утро си седе и кафенце си пие. Не можам да трпам веќе, главата ќе ми пукне. Знам до мене е, од што сум многу мека вака си страдам.... Си си велам ќе и кажам на јатрвката , ама не не можам .. Секое утро јас метам по надвор на студот, таа ниедно утро ме нема сменето, се си е дома на топло и пак не и е погодено. Го чекам денот кога ќе се селат, а до тогашш..... Морав да пишам овде да споделам, ќе ми олесне знам, и онака нема со кого да споделам, се во мене чувам.......
Ostavi se taka. Ne mi e jasno. Vo zaednica ste i se zamaras deka taa ne sredila ili svekrvata ke se nalutela. Ne se zamaraj be.
Токму тука е и проблемот. Јас не можам се така да оставам, а тие можат.. Еве ќе ни дојди некој на гости, ненајавен, јас ќе бидат таа што ќе се засрами бидејќи се е расфрлено. Не знам како да и кажам, а ова вака што не бидува веќе, не бидува..
Јас да сум, од инат не би чистела. Те злоупотребуваат. Ако немаат чиста чаша, да видиш како ќе си измијат.
Не ти ја знам точно ситуацијата ама едно ке ти кажам Прво маж ти информирај го дека ке переш чистиш и миеш само ваши работи и од утредента накриви си ја капата и тури си црни очила и не гледај ништо Утре други ден ке поостариш и ке бидиш целата изкривена со шилци и ишијас и шо ти не од рмбање за се и сите Никој фала не ти вика чувај си го здравјето сеа не осекаш ама понатаки ке ми ги памтиш зборовите Знам звучам како баба и јас порано истото го мислев ама дојди време кога сватив оти се било така ко шо ми викале
Често пати така правам, но не ми одговара секогаш.. Сум пробувала и така, сум ги оставала по цела ден садевите неизмиени ама свеки веднаш се луте, преговара и ни држе говор и на двете што и како треба да работеме... Во право си, знам дека ќе биде така. На мм се му кажувам, знае се што се дешава во куќава, чат пат на шала на смеа ќе и ја изоди на свеки ама џабе. Таа само вели јас веќе сум стара, сега им давам предност на младите да се покажат, и се така во круг.....
За стара ,не е стара тоа и е само изговор си нашла измекарка и ужива се додека има будала шо му средува они ке кулират маж ти ако неке да се селе а гледа како ти се нервираш и како ти слугуваш шо бараш со него во брак коа не те сфака и разбира?
Стара на 50год али нема врска колку е стара или млада, едноставно ќе му поставиш ултиматум на тм или ќе заржи на мама а ти ќе си тераш за вас домаќинлук или да излезете под кирија, и ти душа носиш а вака само се нарушува твоето психичко и физичко здравје.
Па се ми вели, ќе помоне, ќе помоне.. знае дека проблемот е во јатрвката и вели дека свеки и пред мене се карала со неа, и кажувала што како да работи ама џабе. Се вели, ајде ќе се делат тие уште малку, ќе издржеме, и така.. Не е стара, само така филмови си прави. Има мн постари жени од неа, кои секојдневно си ја тераат работата. Мм често пати знае да и презбори дека се е на мој терет, од страна ама џабе.. Таа си вели јас работев кога требаше, сега е ред на нив..
Ама неможе бе ти на сите да слугуваш, чисти само по тебе и маж ти а не би било лошо и него да му тупнеш една смукалка во рака, да почне да цени труд. Од дечко и девојка уште кога почнавме да живееме заедно домашни обврски делиме со мм и ден денес доаѓа од на работа па додека заспивам деца ќе собере играчки и џогер ќе помине, ќе стави садови во машина и сл. Зошто кога ќе ги заспијам децата важно му е да седнам до него. И свеки моја за глава се фаќаше кога гледаше како синче и се ''мачи'' и имаше еден куп подбуцнувања ама се откажа кога виде дека не и пали. Јас од срце ти кажувам штеди се и сила и нерви, никој фала не ќе ти каже ама ако ти приговорат ќе им кажеш отворено не планирам на никого да бидам чистачка кој му пречи нека засука ракави.
Како бе живеете чопоратовно ко во 15ти век?Абе одете под кирија шо се замарате со јатрви и свекрви.ццц жална Македонијо
Во право си, знам дека најголемата вина е во мене, поради тоа што јас не сум како нив, јас неможам да приговарам како нив... А мм ми помага секогаш кога може, и раскрева и јадење прави понекогаш.. И садевите ги мие, е свеки тогаш станува и вели нека јас ќе ги измијам..
@Summer16 За колку време ќе се селат? Седи си в спална. Пиј си кафе. Пушти си музика. Порачувајте храна. Кога ќе си отиде јатрвата те чекаме во Свекрвите и снаите. Можеби така се однесува бидејќи ич не и се седи тука и нема волја и мерак за ништо и едвај чека да си отидат.
Да де за синко ја боли па не е стара да стане да измие. Нема неможам не сум како нив, утре деца ќе имате само полошо ќе станува, со стомак до заби и дете в рака ќе очекуваат пак се на тебе. Мора да пресечеш па кој колку сака нека се лути и најде навреден.
Не би рекла, тие сега си ја прават куќата, немат почнато ни да ѕидат, а 8 години живеат во заедница, да сакаа до сега 5 куќи ќе изградеа, имат множност. Ама не, тука им е убаво затоа не се брзат.