Јас пак воопшто незнам како е да имам јатрва Девер ми не е женет уште, и да се жени нема да сме во заедница ама пак работата му е заедничка со маж ми, така да како и да е ке си имаме проблеми и мешање кој колку потрошил и каде потрошил
И јас имам јатрва. Многу сме различен карактер и со различни размислувања ама не живееме заедно и немаме никаков проблем. Од свекрва сме подеднакво третирани и двете, колку што добива едната, толку и другата и мило ми е што така барем засега нема фаворизирање на едната снаа. Исто стоиме горе-доле со финансии и можности и јас и мм, и она и девер ми. И они си живеат во стан што си го земаа на кредит, и ние исто така. Амаа..мм и брат му исто се скроз различни карактери, имаат различни ставови и ги имам приметено дека многу се караат за глупости, пример едниот мисли едно, другиот друго, без разлика на темата на муабет они си се контраат нон стоп. Имотот од свекор ми си е на негово име и не е поделен, ќе припадне на двајцата подеднакво. Станува збор за куќа која е на место кое не може да се гради зграда. И сега едниот сака едно, другиот друго да прави со куќата кога ќе им припадне нив. Едниот сака да ја продава, другиот не сака. Тоа нема да биде сигурно во блиска иднина ама еден ден ќе мора да се одлучи. Кога се прави муабет за тоа, јатрва ми си знае да се умеша и да си даде нејзино мислење или да си заземе став, а јас па ќутам и само го карам мм да не се расправа. Не знам до каде ќе стигне тоа ама искрено не би сакала еден ден да немаме муабет едни со други заради делба на имот, бидејќи имам многу такви случаи во фамилија кај што заради мешањето на јатрвите, браќата си ископале очи и нејќат да се видат. Искрено ми е чиста глупост тоа. Си го пишам ставов (што не сакам да се смени) за да се потсетам како сум размислувала кога ќе дојде времето за делба. А јатрва ми не мора да ме сака, ама една меѓусебна почит доволно ми е да си имаме.
Изгледа сум во поретките ама имам јатрва која ми е повеќе од сестра. Значи толку сме погодени што не е нити политика нити глума. Веќе 25 години сме заедно, 16 јас откако сум мажена. Во иста куќа, но скроз поделени по спратови, со посебни скали, струја, вода двор се. Но ние ништо не правиме одделно. Чистиме, средуваме генералка заедно. Често знае едната да зготви за сите. Денот ни почнува заедно со кафе една кај друга или во двор. Таа има 3 девојчиња на година разлика( 2 близначки и помала ќерка) само неколку месеци помали од синко. Буквално заедно ни се пораснати. Во една вода капени, од едно чиниче хранети. Сега се неразделни тинејџери. Со старите си живееме и двете, ама меѓу нас владее искрена слога, на која сите ни се диват. Секоја вечер излегуваме на шетање со бебе бидејќи мажите работаат приватно, а големите деца излегуваат. Имаме големо почитување кон родителите на секоја. Еве на крштевка покрај моите и на мм родителите и кумовите, сестра ми ги имав и нејзините покането. Со сестра ми живеат ептен како три сестри да сме. Ако до сега беше лице правење во толку години ќе се покажеше Различни карактери сме. Таа е по нервозна, брза, но бунтовна, а јас сум смирена бројам до 100 и се надополнуваме. Искрено многу ми е Мило што сме погодени. Само година сме разлика и само што ќе се погледнеме се разбираме. Често одиме на летовање зимување заедно. Па секој си има друштво.
Што убаво, навистина е реткост ова. Ти се погодила нормална особа, јас како да си живеам со лудачка. Очите ќе ми ги извади ако имам денар повеќе од неа. И мајка ми и стрина ми се многу блиски, сите мислат дека тие две се сестри, а не татко ми и чичко ми браќа. Затоа и со братучедите сме ептен блиски.
Алал да ти е, стварно алал. Јас имам шанса со јатрва ми да живеам исто така како вас, предобра е и позитивна и ептен сме слични на карактер, ама браќата не се ич блиски, затоа и ние сме подалечни... свекрвата гледа цело време да биде измеѓу некако, незнам како да објаснам, нема начин ние двете сами да пиеме кафе, нонстоп е она тука или со мене или со неа... се плаши да не е нешто изоставена абе бог да чува. И братму ич не ми се свиѓа на карактер, незнам како се сложуваат со јатрвата.
Немам ни золва ни јатрва фала богу, покрај свекрвица не ми ни треба додатен зачин. Инаку јас сум растена во куќа со многу луѓе како кај @Presrekna и немало двоење, сѐ заеднички се работело за куќата. Слога невидена, замерки нема, кој може ќе заврши работа (околу дворот) без калкулирање кој колку пати што правел. А овие моиве сегашни со сите комшии се испокарани, чудно ми е дури, јас од каква средина доаѓам. Замерки секогаш и за сѐ можеш да најдеш, ако ги бараш.
И кај моите имало слога и немало замерки. Мајка ми и стрина ми супер се сложуваа. Јас со моите јатрви не сум блиска. Не ни сакам. Секој на секого е гостин. Супер ми е вака.
И нас многу не мислат сестри. Дури сме личеле, а врска немаме. Од што сме заедно. Кажи колку е убаво да растеш во таква слога Кај нас браќата се различни карактери, но си живеат. Бизнисот плус ги врзува. Браќа кои браќа некогаш ќе се спречкаат, но ние ко за инат тогаш сме уште поблиски и веднаш им поминува. Никогаш не сме се замериле посебно не за децата колку пати ќе се скараа, четири деца на скоро иста возраст, но ги игнориравме или секоја ќе го обвинеше своето и веднаш се миреа. Баш жално што не сте блиски со твојата јатрва а можете. Некогаш е поважна од сестра бидејќи ти е тука, старите ни се исто на двете, мажите исто така. Кај нас предност е што старите ни се многу горди на нас и либерте во тој поглед. Мило им е што живееме, делиме се што имаме . ..
Ne ve razbiram, dve zenski induvidui razlicno rasteni vosoituvani razlicen karakter izgled sfakanja i pogledi kon svetot...i sega zasto sopruzite ni se braka treba da se sakamekako sestri?! Jas ziveamvi ista kuka so poseben vlez dvor..(dobro ne ezagraden pa vorot i ne e poaebenna nekoj nacin) pa imam edno zsravo kako si i cao. Se obidov edni creme da iname nekoja baza barem za kafe pienje muabet i inicirav no gledamnema feedback pa se otkazav i podobro taka..mn mi e neprirodno sase zblizucam jas so nekpj si tamu nepoznat koj moze da bide bilo koj ama bukcalbo bilo koj...nie ne "kliknavme" ama sega nemam ni zelba bidehki e mn razlixna i nonstop kuti i posmatra kako nekoj krt mi e
Имам јатрва. Боље да ја немам. Не ја можам, тотално сме различни. Типична сељанка со размислувањата. Ретко седнувам со неа, само на прослава некоја. Кафе не пиеме заедно, не ни сакам. Т.е. кога се зема она со брат му на мм ја викав на кафе, но таа одбиваше. Не сакам да се зближувам. Мене ми е чудно тоа нон-стоп дружење, јадење, пиење заедно, па дури чистење не знам ти што. Си сакам свој живот, слобода, а не да се зближувам, па после трт Милојко.
Па ако ти се погоди личноста, зошто да не. И тие што ти се блиски пријатели сега, некогаш биле некои си непознати, ама ти станале и повеќе од семејство. Барем јас имам такви.
Ама едно е пријателки, друго е фамилија. Не ги ставам на исто рамниште. Не мора да значи ако браќата се дружат дека тоа треба да го прават и јатрвите. Си имам јас со кого да сум блиска. Од фамилија што е можно подалеку.
Ако така гледаш на работите, зошто па да се зближиш со некој таму било кој што може да биде и да ти стане маж?! Буквално било кој?! Соживот? Семејство? Мора да се одвоиме од сукната на мама и да почнеме сами да ствараме семејство, е тоа семејство треба да му дадеме шанса и е сите до едно создадено од непознати ликови. Ако нема фидбек, онда се повлекувам, ако има продолжувам даље. Во животот судени ти се само мама, тато и браќа/сестри, родено семејство, се друго ти е било кој на планетава земја.
Semejatvo mi e soprigot i decata a jatrvata e "treta licnost" koja likom prilikom familija treba da mi bide?!izvini no ne e taka, ako bese taka vo maticno site da se potpiaevme zaedno so jatrvata.Alo luge vlwguvam vo brak i ae obvrzuvam da toleriram soprug a ne uste 3456 lica...
Не ме разбираш. Се запознавате нели, ви се погаѓа муабетот, си одите на кафе, буквално исто како со рандом другарка. И фукнционирате исто. Нигде не напишав дека така треба зошто ти е фамилија. Ако ти е погоден муабетот со неа, зошто да не се дружиш со неа исто како со другарка. Нема потреба од одма пречекување со канџи на јатрви/золви/свекрви. Јас баш би сакала да имам таков однос со золва/свекрва, јатрва немам, ама не ни се погодени брановите должини. Имам другарка со свекрва и како најдобри другарки се. Маж и го чува детето, овие две по кафани. Камо таков однос да можам да имам.