Можеби побезболно е тоа да и го кажеш ,наместо ова другово што го прочитавме Само незнам зошто ние да оладиме?
Абе не морало да ја откажете свадбата, знаеме сите колку се чека за термин сега, ама не морало и баш така да и одговорите..
Да се разбереме, мене ми е баш мило, бебе кој не сака во фамилија, ама најмногу ме изиритира нејзиниот коментар, е сега сум бремена, откажете ја свадбата да можам да дојдам и јас, а свадбата закажана точно пред 1г. Она не била крива што останала трудна, ние сме криви што порано не сме закажале свадба. Да може би дрско сум искоментирала, ама во таква ситуација секој би се изиритирал и би дал повратен одговор! Плус се лути дека свадбата е закажана во мојот град, не кај мм, како ќе дошла она толку далеку, 80км, пристојно искоментирав дека ќе има соба за неа да си одмара, ама и тоа не и чини. Кажав јас, подалеку од неа, само да е жива и здрава и лесна да и е бременоста.
Супер што си и ја понудила собата но во моментов тоа не ја решава ситуацијата, сепак разбрав жената тогаш ќе биде блиску пред пораѓај, па не ризикува толкав пат и голем настан кој бара енергија. Сепак постојат по људски одговори, сепак е сестра на твојот иден сопруг. Дете не може некој да планира па баш поради твојата свадба а ти можеше да видиш дали имало простор за поместување на датумот, ако не барем да и се извиниш или утешиш за ете приновата што ја очекува. Уште не влезена у фамилија на нож си се ставила.
Јас ќе се соблечам гола и ќе шетам во строг центар ако таа и понудила соба си го кажа таа своето нема сега правдање
Па нели ви рекла да ја поместите свадбата,сега велиш да ја откажете.Не велам дека тоа е возможно секогаш да се помести,голема е организација и нови датуми е тешко да се поколопат.Ниту таа има право да се лути,ниту пак ти треба така дрско да се однесуваш со бремена жена.На сите ни е најголема радост за свадба кај браќа,сестри.Многу лош одговор ќе има видео како да е комшивка некоја небитна дали ќе пристуствува или не.
Каков грев си си стацила на душа,тежок шо ке си го носиш цел век Не би да вреѓам недопусливо е на форум ама злобен човек си
@FlirtBerry малку дрско си постапила со неа... А на бремена жена пола и се простува, поради бременоста дупло по чувствителна е. А кој не би сакал да биде присутен на свадбата на братот? Сте можеле барем да се обидете да ја преместите.. Терминот за да се породи и да сака не може да го премести, свадбата може да чека...
Денес свадби ќе и подместува, утре гаќите нејзини ќе ги носи, поунаден дома ќе и преместува.... @FlirtBerry , само напред, тоа од почеток се покажуваат заби за да се знае до кај им се границите.
Добро ја советуваш не треба компромис со фамилијата и меѓусебно почитување дирекно на прва пресечи искарајсе со сите
Аууу, золвата сакала прво да се породи за да може да рипа на свадбата, па заради неа да ја подместува? Може да оди и бремена и да си седи на столче, ако и се игра и нека игра и шо сака нека праи, а не свадби да подместува оти така и текнало. Мислиш она треба да се породи баш на денот на свадбата. Абе ајде.
За сите исто важи. На кој му се иде нека иде, на кој не, не. Не е погреб тоа па да се подместува свадбата.
Разговорот веќе нема смисла , ќе почнеме да се вртиме во круг пробуваш да си ја одбраниш пријателката ама нема одбрана на гнасно саркастично однесување
Несакав тоа да го напишам бидејќи веќе влегуваме во круг, ама да се работи за некој нејзин близок маж и така да постапи сигурна сум дека нема да и биде се едно
И јас сум била на свадби на блиски со стомак до заби, никој не е должен да подместува свадба заради мене. И шо ќе и биде ако оди бремена на свадба, освен шо ќе и падне круната?
Не треба никој ништо да преместува Треба само да нема злобно коментари Можело по ок да и одговоре Да е бремената жена ќерка твоја вака исто би советувала? Немој молим те Таа бремена хормони ја пукат неможе да присуствува на свадбата на брат и и на сето капак одговорот од злобнава Јас сум протув само за дрскиот одговор за преместување се слагам
Јас мислам дека е во ред кога има простор да се помести за поблиската фамилија од двете страни.. Сигурно не и било лесно што нема да може да дојде на свадба на брат и па побарала да ја поместат.. Може не и е дали ќе седи или ќе игра едноставно сака да е присутна таму ама големи се шансите ако е при крај на бременоста да не може воопшто да присуствува.
Па не секој може да појде.Не се сите бремености исти.Не треба да ја премести свадбата далеку од тоа.Ама коментарот не е во ред.Можела само да каже жал ми е,не можеме да ја поместиме.А не да става ред во спална кога се прават деца