Ако неможе да присуствува, немора. Убаво и рекле. Ја немаат тепано, со разговор и кажале, ако неможе - немора.
Може има тешка бременост, па нема да може и да седи.. Може едвај успеала да остане бремена па ризик и со стомак до заби да оди на свадба.
Немора да оди. Младина не младина, тоа е. Свадба закажана уште пред ГОДИНА ДЕНА, она сака да се подместува. И она требала малку да размисли кај се пика и шо збори, а не само членката.
Луге погреб поместувале на дете сопствено, за сестра да стигне од друг континент, за жал, не па за веселби, ако ја сакам и ми е важна , би поместила, ама тоа од брат се очекува, а не од снаа. Ама читајки ја снајка, и братов не е за машала. Некои луге се поважни од некои настани. Кај мене најдобрата другарка буквално пред пороѓај беше на свадба, сабота, во понеделник се породи, и играше, рамни чевли носеше. И јас сум била бремена на свадба, ама кон крајот дека со ризик, откажав навремено присуство на свадба- две.
Мисли си ти. Останала бремена и ајде свадба ќе презакажувала оти сака да се породи и да се пијанчи и да тресе газ на свадба. Друго нема. Понудено и било и соба за одмарање, и тоа не и чинело. Па замисли со цел акл отишла и барала да се презакажи свадбата шо е веќе закажена 1 година. Значи уопште не размислува дека треба и во ресторан да презакаживаат, и во црква да презакажуваат ако се венчат тамо, и плус и поканите..... Со кој акл?? Како уопште не и било срам така да направи?
За снаата ниту би поместила а ниту би ми паднало на памет да и кажам што не си се пазела. Дете е дар од бога и кога и да се роди ќе бидам најсреќна. Ако не може да дојде, здравје. Јас пропуштив многу свадби поради ризична бременост. меѓу која и на прв братучед. Никој збор не кажал.
Како тоа знаеш ти дека ќе се пијанчи нели трудна беше жената Мислев дека само сакаш да ја одбраниш ама после ова може само да сватиме дека исти вредности делите со пријателката твоја и твојот вокабулар многу кажува,доволно беше со темава
Па и било понудено соба за одмарање ако неможела госпоѓата, ама не - она сакала да дојде баш после пораѓајот. Зашо може да е друго? Хм? Туѓ срам ме изеде.
Ama shto tolku dramenje. Terminot i bil po svadbata. Moze da odi de. Pa so prvo dete retko koj se poragja pred termin.
Глупости, ајде ако не ќе планираме свадби според туѓи бремености. Трудна е не е болна. И ние се "пазевме" до свадбата на брат му пошто сакав јас да си истерам убаво на свадбата. Останав трудна 3мес после свадбата. Точно, некој не може да планира или да чека, ама тоа е сеа. Да бев трудна ќе поседев 2 саати и ќе си одев.
Добро бе Адидаске, после бебе ќе има, ако го дои секако нема да може да пие. Не знаеме дали се поставила како каубоец кога побарала да поместат датум, ама тоа се замолува брат, а не снаа. Ама да и' речам пази кога шириш нозе или слична глупост, е многу простачки.
Ама култура не се покажува во безобразни одговори.Можела да покаже дека е далеку покултурна од золвата.Таа паднала неколку ниво под
Не е тука до културата толку, колку шо е до поставувањето граници. Џабе ти е културата ако почне да те гази кој стигне. Да те вртат околу малиот прст. Еве, и другите теми се доказ за тоа. Плус, која култура ја има па таа за да кажува кој кога да праи свадба?
Она нема право да бара да ја поместите свадбата ради неа, ама и ти си претерала со коментарот. Подобро ќе беше да ѝ кажеше дека не мора да доаѓа ако не ѝ одговара.