Мислам дека првичното кратко мислење ја става членката во погрешно светло, како да се издрала или да се фатиле за коси, дека таков е првичниот впечаток на тонот Но, вака објаснето, значи било уз кафе, никаква кој знае каква реакција, туку лежерно кажано на золва која очигледно сака да е како таа сака I mean, ете, првично е смирено објаснето зошто не може да се премести, дури и отпосле пак онака мех кажано
Па и ние останатите неистотебемислениците сакаме да кажеме па нема кој да не разбере. Моментот со парите, чантите спонтаниот требало уште тогаш да се реши и пресече, а не сега те чекав дур си трудна, малограѓанство. Биди си на ниво и политички одговори, тоа сите ти кажуваат, ама кој да разбере, нели.
Да ама неможеш да му угодиш на секој.Јас лично ја организирав свадба од странство во Македонија.И знам колку беше тешко,а не пак да ја преместувам.Едноставно невозможно ќе беше да требаше да се помести.Голема организација е.Свадбата се прави за да се прослави љубовта и бракот на младите,гостите чест треба да направат.Младите ги поканиле што значи направиле чест
Кој кажува да се премести, дај бе луѓе читајте што секој пишува, почит малку. Сите го коментираат повратниот одговор на членката која се брани на некакво си минато со золвата што мисли и е јатрва.
Овде искоментираа дека нарушувам однос на брат/сестра, ако е така сите што имате браќа и сестри ставете се во тарифа со нив и нека ви плаќаат телефони и нека ве финансираат, битни се браќата и сестрите, не фамилијата. Ова ептен излезе дека сум злоба невидена пошто и кажав на видео да ја гледа, сигурно нема да ја молам да иде ако не и се иде. Баш фино од мене, нека си одмара дома и нека си ја гледа на телевизор. Политички си терам јас дур не се преминат граници. На крај краеви не ја фатив за врат па да ме советувате дека сум злоба. Мене ми е разбрано тоа кој како со тебе, така и ти со него. Цинична си, цинично очекувај одговор. Нека команда и поставува граници на мажот и, а не во други фамилии.
Така си е, ем злобна, ем неписмена си останав. Од сега натаму мене ми е јатрва. За моето некакво си минато. Лепо, лепо смислено, без врска работа е. Важно е дека искоментирав дрско.
На крај краеви ќе излезе дека не ми е и ништо ама ајјјде, да не мешам поими де, во досие ќе ми пишува.
Очигледно тука се работи за подлабоко нарушени односи меѓу двете страни, па до некаде можам да го разберам односот на членката кон золвата. Дека јас би применила ваков одговор - не, во никој случај, ама јасно е дека има нетрпение кај двете. На крај членката не и го кажала тоа на никаков драматичен начин, туку уз муабет, може делува злобно од страна ама кој не осетил како некој му ги преминува границите, нема да разбери.
Мене лично не ми се допадна како и се обратила и искоментирав на почеток,и уште тоа го мислам.Никој никого не брани.На крај свадбата ќе се направи,золвата како така ќе дојде во тоа сум сигурна.Бебето ќе се роди.И се надевам сите ќе бидат среќни
Не си злобна. Ех, какви полоши зборови сум слушнала од нечии золви и снаи, ова твоево е дури во блага зона.
Не успеав се да прочитам на назад, ама од кај сега и золвата излезе? И јатрва и золвата и се бремени? Што е золва уствари?
Овде ме направија дека сум ја фатила за вратот. Таман кога мислев дека не сум толку злобна спрема јатрвата упс золвата, планирам уште по арогантна да сум. Јас во грешка тема имав напишано, ја мислев дека сестрата на мажот ми е јатрва, а она да излезе золва да ми е. Ете и јас научив нешто од колешките. Инаку јатрва била жената на братот на мажот, а золва е сестрата на мажот.
Пола не знаат што е золва, а што јатрва битно јака дискусија падна. Да ве забришат сите за „муабетиве“.
Мислам дека треба уште 15тина пати да прочитам за да разберам и да запомнам. Јас прв пат слушам и дека има роднинска врска золва. А инаку ова што било јатрва јас мислев дека си се снаи една на друга. Зошто само не постои една тема што се вика семејни врски, а не три дена да мислиш кај да пишеш?
Чекајте малку ме збунивте сега. Ако си машко не можеш да имаш јатрва само золва? Уств ако си машко што ти доаѓа сестрата на жена ти?