1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јатрви

Дискусија во 'Брак' започната од rak11, 5 октомври 2011.

  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Знам дека ми љубомори, тоа ми е јасно од самиот почеток.А за заби да покажам хмм јас сум мн наивна и едноставно неможам да реагирам така, полесно ми е од ко ќе си појдам дома да се изнаплачам од колку да се расправам.Дечко ми во се ме подржува, и тоа ме држи а за тоа што викаш дека неговите родители се смениле после вашата веридба, неможам да коментирам останува времето да си го покаже своето.Се надевам ќе се среди :)
     
  2. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    лелеее се изнапишав и ми се избриша на крај :@ :lol: значи вака, јас имам золва(сеуште официјално не) и замисли пред цел кафич ме има исмејувано со бивша од дечко ми(другарки се) а јас глупава пак ништо не реков почутев, за на крај јас пак да не чинам и да сум расипувач на забави... 4годишна врска, а таму сум отидена можеби 5-6пати, и тоа за слава или роденден од дечкоми... Кога ке отидам таму, како да не постојам воопшто никој не ме перцепира, ама и тоа го проголтувам(дечко ми мирен, смотан да не им скокне да ме одбрани нешто од кога ќе си одам, КАКО НЕ :( ) сега малце смена таа, као демек ми зборува но си има некои нејзини стари навики... Ај си викам, ќе се мажи таа, па ќе ми дојдат моите 5мин(да не ме чуе мајками,требало сите да се почитуваат Господ се си гледал) :lol: Те разбирам, и такви ситуации стварно не се издржливи, ама чим ти е убаво со дечкоти ич не бери гајле за друг, бидејќи и кога ќе се мажиш, свекрвицата ќе си има денови кога ќе сака да избувнува :lol: да си се однесуваш природно каква што си, а не заради некого да се стегаш и да го менуваш однесувањето... Ти посакувам среќа да си го оствариш тоа што го замислуваш, и без нервози(а демек јас не се нервирам :?: ) се ќе си дојде на свое место, колцето си врти :) а ние ќе си се тешиме е вака по форум :lol: :inlove:
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    здраво !!! еве ме и мене на оваа тема ,имам и јас јатрва и пошто не живееме заедно (јас сум настрана а таа и свекрвата се заедно во една кука)еднаш неделно одиме на гости инаку се е ок само има еден пробем ,она има едно детенце помало 1 годна од моето и кога сме таму ние пошто е претерано галено имаме проблем се сака да е негово и да си игра со играцките од керка ми а неговите не ги дава па нон стоп да се квиче да се плаче да се рика абе неможис едно кафе на раат да се напие на секои 2минути спискува е најтрагично е што мајка му не се мрда да виде што е проблемот да го искара да му каже дека ние сме гости дека ке си поиграт и ке си одиме дека треба да деле играцки неможе се него нешто да му фале иискрено кога си идам стално главата тапан ми е и најчесто неможам на него па моите си го обираат бостанот и стварно незнам како да се понашам више и мислам декае најдобро да не одам веке кај свекрва ми ама како да икажам когаке види дека еднаилидве недели не одиме,,,
    ми треба искрено мисленје од вас за да знам како да реагирам и како да се понашам
    искрено фала срцинја сте
     
  4. lovegirl1

    lovegirl1 Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво!Еве и јас сакам да кажам нешто во врска со оваа тема.Имам дечко и одам со него веќе 4 и пол години.Неговиот брат има девојка еве веќе година и нешто. Таа најпрвин кога се запознавме не ми обрнуваше внимание ниту па зборувавме нешто како да ме гледаше нон стоп под око.Сега некако почна да ми се умилкува да зборуваме а исто така да му се умилкува и на родителите на дечко ми.Почна секоја недела да оди кај него дома да прави некои работи што ставрно ми е криво некако како да и љубоморам.Јас иначе сум во добри односи со родителите на мојот дечко и многу ми е страв од тоа да не престанат да ме сакаат и да бидат во лоши односи со мене некако како страв да ме фаќа.Ми е страв да не му го сврти паметот и да почнат да ме гледаат со други очи.Прави некои работи што јас не сум ги можела да ги правам.Јас не сакам да се карам со неа сакам да сум во добри односи ама нез зошто кога ке слушнам дека е кај нив дома многу се нервирам и љубоморам.Дечко ми ми кажува да престанам да се нервирам дека само си замислувам нешто и дека тој нема да дозволи никогаш таа да ме сврти против неговите родители.Многу се занесува таа и одвај се воздржувам да не заплачам многу сум наивна го знам тоа и дека не треба така да правам.Но некогаш си велам поарно да не ме гледа нервозна бидејки таа уште повеке ке се занесува.Си велам таа се занесува и ти уште повеќе.Незнам како да постапам ве молам за помош.!!
     
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :!: аман бе деца прво скокните па после речете ОП! а не вие ОП ! ОП! и ке се уморите и ке се откажете пред време !
    П.С. Што сакал поетот да каже ????? тоа е најважно сега !
     
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Сега ќе се потепате која попрво да и се допадне на свекрвата и ќе собирате поени, а кога ќе станете снаи, ве очекуваме во другата тема „Снаите и свекрвите-проблеми“. :lol:
    Шала на страна, секогаш подобро поминувале оние што не даваат се од себе и што не се упикуваат.Кога човек ќе го навикнеш на преголема близина, подоцна дистанцата што ќе сакаш да ја направиш ќе биде погрешно протолкувана, па дури и невозможна.
    Држи си се на страна.Ако сакаш да уживаш почит кај нив, не мора да им миеш садови и да им дремеш во куќата 24/7, доволно е културно да ги поздравиш и да им направиш 2-3 реда муабет.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757


    Ги молам поискусните односно оние што се веке во брак да ме посоветуваат нешто !!!!!
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Eva,јас воопшто во таков случај не би го кривела моето дете, па уште да го „обере бостанот“.Мајката не мрда и не превзема ништо зашто знае дека вие ќе превземете и тоа во корист на нејзиното.
    Јас да сум на твое место, воопшто не би превземала никакви мерки.Па ако сака нека легне и нека рита, нека скока, стој на раце нека прави, нека засипне од дерење, око нема да ми трепне и ноншалантно ќе си го срцкам кафенцето.А ако на нејзе и е мерак да ги слуша со високотонци гласовните способности на нејзиното дете, приушти и го тоа задоволство.
    Ќе рика еднаш, двапати, трипати и кога ќе сфати дека рика на празно и дека ништо нема да добие со тоа неандерталско понашање, ќе се откаже.
    А ако свекрвата ти префрли нешто,слободно кажи и дека и твоето дете не е на пеќурка никнато и дека и тебе те боли за него.Дека се чувствувате непријатно кога ќе дојдете и дека сакате да си ги поштедите ушите од тортурата на тоа мало подвижно врескало од 15 кг месо.
    Кога е мое дете во прашање, за никој друг ништо не ме интересира, ни дали ќе бидам погрешно сфатена и протолкувана, ни ништо, а ако јатрвата и свекрвата немаат друга работа, слободно нека ме анализраат при секое утринско кафе.
     
    На baby-star, AIT, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    Потполно се согласувам со Геа... Па не си должна никого да трпиш а немој нервозата на своите не е убаво... Послушај што ти кажа колешкава феминка Геа :) и ќе видиш дека се ќе биде добро... :)
     
    На eva11 и Gea им се допаѓа ова.
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мене не ми е јасно уште не сте стапиле во брак се замарате со “идните“ јатрави, со “идните“ свекор и свекрва! Јас со дечко ми одам 6 ипол години и со неговите родители имам чисто коректен однос она само добрар ден, како сте и чао пријатно никогаш ама никогаш ни самата јас не сум сакала да им се докажувам и да им се умилкувам.
    Дистанца луѓе, дистанца најдобра работа и знам дека еден ден ако даде Господ да им бидам снаа исто ќе си се понашам строго на дистанца, зошто секоја блискост може да доведе до проблеми. Исто и дечко ми има брат, а пак тие девојки на крај памет не ги ставам и секогаш кога дечко ми ќе каже дека “снаата“ им е на гости јас секогаш велам што пајакот пак е кај вас :lol: Многу ми е глупо да скапувам кај нив само да им оставам добрав впечаток. Тие нека се трудат да ми остават добра впечаток :lol: Среќа родителите на дечко ми се многу фини и културни луѓе и со такви работи не се замараат и кога и да се видам со нив најфино се понашат. А и мани дриго кој вели дека две јатрви треба да бидат најдобри другарки?
     
  11. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Поделба на имот не мора да значи истиот да се препише на синовите, за снаите да бидат мирни, туку да се каже на време кој што ке земе по смрта на родителите, а не после тие да се тепаат и убиваат.
    Јас со дечкоми сум 3години во врска, брат му сеуште нема девојка но нормално и тоа некогаш ке биде, кога неговите родители сватија дека нашата врска е озбилана и се приближуваме кон следниот чекор веднаш ја започнаа поделбата на куќата, на него еден спрат, на брат му друг, со посебен влез од надвор за двајцата, а тие си направија посебни две соби за нив исто со посебен влез, една куќа 3 влеза, и има кажаа кое чиво е да се знае, нивниот дел ке го добие тој што ке ги чува и ке се грижи за нив до смртта, неможе еден да изигрува поттрчко и да ги носи, мази и пази, а друг што ке дигне 3 у вис и ке ужива да земе повеќе.
    На ова се одлучиле бидејки таткотот на мојот иден свекор, несакал да го подели имотот на децата бидејки несакал да ги дели сите му биле исто, па затоа хоророт започнал по смртта на старите, кога децата ( заедно со снашките) неможеле да се договорат кој што да земе и ден денес се влечат по судови и делат, а сигурно има 15-20год од смртта на нивните родители.
    Кај мене дома се знае на брат ми ке му се препише куќата, а јас ке добијам половина од вредноста во пари, па со тие пари дали ке шетам со сопругот или ке купам некој стан за да осигурам едно од децата или во случај на розвод да имам каде да отидам, ке одлучуваме со идниот сопруг (сеуште не ми е) кога ке дојде време за тоа.
    А со јатрвата и свекрвата би сакала да се сложувам, немора најдобри другарки да бидеме, доволно е да имам со кого муабет да направам и кафе да испијам, а и утре децата да има кој да ми ги причува додека сум на раб.
     
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    оф ке гледам да го следам твојот совет кој е и те како наместо при секоја наредна посета јас ке си седам мирно и што сака нека се случува ич око нема да ми трепнеа намоите имкажав дома да не довволуваат да гиблаве како што сака иако ги задева или гиапе иплука комотно му е дозволено да го шлапната јас ке си се правам на тошо фала на советите
     
  13. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Нешто како мојот проблем слично и ти си имаш. Јас напишав еден гоооолем пост претходно и мислам дека си нешто слично како идната ми јатрва. :D Порано јас не гледав ни кога ќе биди тука ни што прави ни како прави единствено ме нервираше само кога нејзиното име ќе се споменеше таму. Не помислувај дека ќе те сврти против неговите родители. Тие се доволно возрасни и свесни за да ве проценат и сигурно нема да си го дозволат тоа. Е сега нормално е да има љубомора меѓу вас. И кај мене почна да има од кога почнавме да се гледаме со неа и да комуницираме. Почнав да прашувам кога е таму, што прави како прави и.т.н. И потоа си реков дали вреди јас да се замарам со таква личност и всушност што е таа повеќе од мене па да и љубоморам. Од дечко ти да не очекуваш голема поддршка. И онака тој само ќе биди на средина и ќе го ставиш во многу незгодна ситуација, да бира помеѓу тебе и семејството. Пробај да си го најдеш во тебе проблемот. Немој да мислиш дека се занесува и таа беше за мене која мислеше исто. Ќе се каеш сигурно за тоа некогаш. Пробај да си воспоставиш некаква врска со неа. Сепак можеби ќе живеете под еден покрив не знаеш што ќе биде во животот. Не можеш да ги тераш луѓето да се однесуваат како што ти сакаш. А најдобро за вечна љубов во различни куќи и рајат да си бидите. А за постапување мислам добро те советував. Ослободи се малку докажи и дека си добра личност истераја љубомората од тебе и пробај да се зближиш со неа. Ќе видиш дека ќе се чувствуваш подобро :D
     
  14. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Еве уште еден мој исповед во врска со оваа тема.Пишував и претходно за тоа како немам однос никаков со сега пред некој месец вереничката на братот од мојот дечко.Се надевав дека се ќе се промени, али се разбира на подобро а не вака.Јас и таа никогаш за ништо се немаме скарано, тоа е резултат на тоа што немаме никаква дружба и комуникација, али и покрај тоа таа не ми збори.Јас сваќам дека таа е таму 7-8 год а од пред 2-3 месеци и верена а јас сум само 1 год али сепак тоа не и дава за право да се однесува така.Ако појдам кај дечкото дома што е доста ретко а потоа да дојде таа она само ќе ме погледне онака ладно и одсечно и ќе ми ја заврти главата.Еве вчера се собираме кај дечкоми за да одиме на матка, ние и неговите кумашини и она беше таму и јас седам на тросед она замина на трпезариската маса само да не седи тука.Па добро бе жено немам ни сида ни сифилис да бегаш од мене.За 10тина мин доаѓаат вујна ми и другата комшивка на гости и таа им носи нив кафе и на другите а мене не ме ни праша дали сакам.Гледам што е помалце да се сретнувам со неа.Имам чувство дека мисли оти јас сакам да и завземам место и поради тоа сите ги одбегнувам и воопшто не с епојавувам таму и како резултат на тоа си имам караници со дечко ми.Вчера требаше да останам на ручек кај неговите али и таа таму беше и јас си заминав.Дечко ми збесна поради тоа што не останав.Јас едноставно го правам тоа за да увиди таа дека немам никаква намера да и го превземам вниманието и местото што го има во таа куќа, али па поради ова си имам големи проблеми со дечко ми.Според него требало да ја игнорирам и воопшто д ане размислувам што и како мислела таа.На почетокот ми беше мн тешко и после секое гледање со неа дома плачев али сега решив да не се замарам со неа.Единственото нешто што ме теши малку е тоа што одкако се вериле та апочнала на никој кај нив дома да не им збори.Односите што ги имала спрема родителите на дечко ми а исто и спрема него мн ги сменила и заладила.Тоа е мојот проблем со мојата идна јатрва која се надевам за брзо ќе свати дека никој ништо несака да и земе и ќе почни да ме третира како што заслужувам.
     
  15. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски

    зошто правиш така кога и самата знаеш дека тоа му смета на дечко ти, не прави распрвии помеѓу вас за некоја што невреди, спред тоа што го напиша таа тоа и го сака вие да се скарате, не и го дозволувај тоа, неа игнорирај ја, не и обрнувај внимание како да не е присутна, како таа со тебе така и ти со неа, но не го прави тоа со сите останати, оди си кај дечкоти, прави муабет со неговите во секоја прилика биди весела пред нив, утре можеби ке живеете во иста куќа, што ке правиш тогаш ке се затвараш во соба за таа да моше да се шири, не и го дозволувај задоволството, местото во куќата на саканиот треба да се заслужи тоа неможе да се поклони и отстапи.
    денес е убав ден за почеток, недела е сите се дома, отиди и покажи и дека си силна и неможе да те прегази, колку и да ти е непријатно остани на ручек, исто како таа да не е таму, понуди се да помогнеш на мајкаму во припремањето или доколку јатрвата ја поставува маста ти разговарај со мајкаму потражи заедно да гледате слики од дечкоти кога бил мал, нека ти раскажува кога се сликани или смисли нешто друго, освој ги сите, а таа нека се подамисли малку како треба да се однесува, ке видиш дека со тек на време ке се промени и ке почне да разговара со тебе, вака таа само си ја храни душата, а ти се расправаш со дечко ти.
    и двете имате исто место во таа куќа без разлика на годините поминати таму, немој да бидеш како неа и да не разговараш со никој, биди си своја ;)
     
    На Nati.P и teddygirl им се допаѓа ова.
  16. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Тедигрл не се замарај и уживај. Ти си таа која треба неа да ја игнорира штом таа така се однесува. Прави си како на тебе што ти е добро. Со тоа што сакаш да и укажеш дека не сакаш да и го земеш местото само и помагаш да и се крева цената. Иако е таа верена а ти само девојка таа не е ништо повеќе од тебе. Прави како тебе ти е убаво, па дали тоа било да останеш на ручек или што и да е. Таа сега не ти збори, а некогаш кога и двете ќе бидете снаи мислиш ќе се промени?? Јас не верувам. А која е причината за ваквото однесување, сте се карале некогаш, или?
     
  17. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Не никогаш се немаме карано.Јас неа првпат ја запознав од како тргнав со дечкото и единствената комуникација која што ја имав на почетокот беше здраво и како си.Но како што врската почна да ни станува посериозна она сосема се промени и го смени однесувањето.Се немаме карано затоа што никогаш не сни имале некоја комуникација.Но замислете денес ми рече здраво, како си ?па дури и ми се насмеа и јас останав ваква :o аааа денов ќе си го запишам во календарче со црвен маркер хахахах :rofl: :rofl: :rofl:
     
  18. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски

    Добредојте во клубот и ти. :D Правилно си постапила што си заминала кога некој не ти обврнува внимание не е заслужен да седиш на иста маса. И таа малку нека почувствува што значи да ја одбегнува некој без причина. Го имав истиот проблем и јас. За разлика од вас тие не се земени одат исто време колку и ние и одиме што се вика истовремено кај дечковциве. Нејзина чудна реакција што таа постојано бегаше од мене а јас и таа никаков контакт и комуникација. Едниствено на едно здраво ако се начекавме таму и се во посебни соби седевме и сеуште е така. Кога и јас ќе му кажев на дечко ми дека има нешто тука тој ќе ми речеше само измислуваш и често имаше кавги за нив. Мене ми беше криво зошто така да биди а нема причина. Брат му беше се ок кога таа не беше тука. На колку само неделни ручеци и собири отсуствуваше таа само поради мене. Што е полошо испадна дека и мие роднина. Јас прва го скршив мразот и и пишав на фб што мисли вака и до кога ќе бега од мене. Имаше забрането се од мене а јас со неа ни зборував ништо не пак на фб да и пишувам. Од тогаш многу се налутив му кажав на дечко ми и тој почна навистина да сфаќа дека има нешто и дека не е во право таа. Прво ја избришав од фб да почувствува дека не е ни најмалку битна во мојот живот. Потоа ми прати покана колку што се сеќавам. И така почна нашата комуникација. На крајот испадна таа да ми се извинува дека во неа бил проблемот не се однесувала само кон мене така туку кон секој што не го познава бла бла. Но јас се помирив со тоа таа каква е и каков карактер има. Почна воопшто да не ми смета јас слободно си одам таму без разлика колку таа често иди или не. Видов дека е залудно ние да се караме со дечкото за некоја која не е ни битна во животот мој. Нема да сме на ист спрат, ќе бидеме и во посебен влез. Така да јас си се лутам на себеси што секогаш прво гледам да го најдам во себе проблемот и грешката пред да ги осудам другите за нивните постапки. Исто и таа можеби се плашела дека јас ќе заземам место таму неа нема да ја сакаат или било како но истото дојде и јас да си го мислам заради нејзините глупости. Родителите негови да знаеш дека не се криви. Јас прво нив секогаш ги обвинував но тие неможе нешто со сила да направат. И тие се нервираат сигурно за тоа и гледаат но се повлечени. А браќата се тие што треба да го прават балансот помеѓу вас. Сигурно нејзиниот сопруг го гледа тоа како таа се однесува но си е повлечен и пасивен исто колку и твојот дечко. Не знам тие како браќа колку се блиски и се сакаат бидејќи ваму во мојот случај баш и многу не се во најдобри односи како браќа па и ми беше нормално сето ова што го преживеав.
    Би ти предложила за во иднина да одиш таму и да присуствуваш на семејните ручеци или било какви поводи и собири. Таа сигурно се гордее со тоа што го прави и гледа како тебе да те исфрли од таа куќа уште не појдена таму. Нека види дека ти немаш никаков проблем со неа и тогаш барем ќе сфати и малку дека греши. Не прави и го тоа задоволство да те нема кога си поканета или било како. Таа ќе мисли дека си ја остварила целта. А домашните негови со тек на време ќе сфатат а можеби сфаќаат за каков тип на човек се работи. И исто би ти предложила да ја викнеш ти прва на разговор и види што ја мачи неа толку. :D
     
  19. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Двајцата браќа имаат многу добар и коректен однос.Исто и јас со брат му баш добро си стојам како и со неговите.Вината никогаш не сум ја барала во родителите на дечко ми затоа што луѓето не ми згрешиле ништо.А тоа дека и другите го имаат приметено е доста јасно.Баш денот кога си заминав и не останав на ручекот таткото на дечко ми му се јави да го праша зошто си заминавме и не останавме на ручек,затоа што и дечко ми не остана туку и тој со мене замина.Мојов измисли како нешто сум имала работа и морало да заминиме а татко му рече само знам многу добро зошто си замина девојчето,некои работи се многу очигледни и секој би направил така.Прво мислев неговите ќе ми се налутат поради тоа што отидов но напротив тие ме сватија и само рекоја не се секирај xxx со сите така се однесува, и не ни преостанува ништо друго од тоа да се надеваме дека ќе се промени.А за тоа што си ми пишала д аја викнам да зборуваме најискрено немам намера.Решив да ја ставам на игнор и да не се замарам со неа па ако продолжи така можеби и на блок ќе стаса :lol: А и да не заборавам да се пофалам пред некоој ден ми зборна што е голем напредок :rofl:
     
  20. steal

    steal Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    26
    јас имам јатрва но на голема срека не живееме заедно ниту пак сме близу,и онако коректен однос и на дистанца во 2 месега еднас се гледаме и пиеме кафе ;)
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.