Каков однос мешам извини ? Ако можам да дадам пари ќе дадам , ако не можам , нема да дозволам да моето дете гладува , а јас го плаќам патувањето на зет ми и сестра ми , извини вака . Но , ако се работи за недај Боже болест , секако дека сум тука и може да ме бара кога било , па макар и ми ги нарушила финансиите . Тоа е веќе сосема друга приказна , болест е во прашање и ако не се потпре на мене , на кого би се потпрела ? Јас мислам дека ти не го разбра моето претходно мислење , и тоа е . Ниту мешам нешто , ниту кажав дека би ја оставила да умира додека јас се сончам на Малдиви . Без разлика дали е моја или сестра на сопригот , или зет . Кога е болест во прашање , тука сум прва за помагање околу се ! Кога е во прашање коцка и слични хирови , не постојам . Толку од мене на темава .
Не знам од каде таа потреба да ми ставате зборови што не сум ги пишала. Да, мешање е. Нема зошто да се споредува нешто што не се споредува. И не можам веќе едното исто да го пишувам кога пак ставате зборови што не сум ги пишала. Кој рече да гладува дете, што ви е?
Тогаш треба да ни кажеш точно на што мислиш сите ти пишуваме и сите испаѓаме погрешно сме те разбрале. Една не се најде на форумов што те разбра.
Ти пишуваш упорно дека од раѓање е воспоставено тоа братот да дава пари на сестрата и жената што ќе дојде ќе треба да се прилагоди на тоа и да го прифати. Ок ако вас ви функционира супер, ние останатите кажуваме дека не е ок некого да се финансира. А за тебе не е финансирање тоа.
Јас лично вака те разбрав . Јас како сестра што е помала , треба цел живот да барам сестра ми и зет ми да ми ги финансираат ноктите , патувањата , фризурата и се останато , бидејќи од раѓање имаме воспоставено посебен однос нели сестрински и зет ми и маж ми ќе треба да се прилагодат на тоа . Извини , ама стварно вака те разбрав . И не , не би сакала да верувам дека вака навистина мислиш . Да ние имаме посебна врска , нормално нашите деца се сакани од двете тетки подеднакво , золва ми сеуште не е во брак и со самото тоа нема деца , меѓутоа кога ќе има , тоа внуче нема да го сакам помалку од синот на сестра ми ! Затоа што знам колку золва ми и сестра ми им пружале внимание и љубов на моите деца ! Секако дека ќе добиваат подеднакво внимание и љубов внуците од двете страни ! Меѓутоа , не би сакала да им нарушувам финансии , за јас да одам на Малдиви . Тоа не ! Ако имам пари да си платам , ќе одам , ако немам или не одам или ако одам , и Охрид ми е одличен за промена и одмор , а со самото тоа , не би сакала да се најдам во обратната ситуација , да моите финансии се нарушени , за сестра ми да оди на Малдиви . Ако има пари , ќе оди , ако нема ќе најде алтернатива за бег од секојдневието . Еве јас стварно не знам , каде сфаќам погрешно . Така се имаш изразено под моето мислење , па еве објасни ми каква е таа врска која ја има воспоставено братот со сестрата од раѓање , па да ја финансира , додека снаата се бори со сите сили да подмири сметки и останати давачки , еве не ми е јасно , можеби сум јас глупава .
Епа, скроз погрешно си ме разбрала. Сите браќа и сестри се различни и различно функционираат. Некои се поблиски, некои не толку, некои се дружат, некои не. Се тоа зависи од родителите, од воспитувањето, од карактерот на децата, од разликата во години итн. Ние не се дружиме поради разлика во години, различни друштва итн ама сме многу блиски. Еве да не зборам за тебе, ќе зборам за себе како што ти пиша па може и ќе се разбереме. Да земеме пример, моја апсолвентска и летен одмор на брат ми. Секако дека јас ќе си уплатам прво за себе апсолевнтска па ако имам пари ќе му дадам на брат ми. Секако дека нема да речам јас нема да одам на апсолвентска за ти да одиш на Малдивите. Намерно не ставив два летни одмори, еве првото нека е еднаш што се случува а второто може секоја година. Никој овде не е должен спрема другиот ама јас ако имам и сакам ќе му дадам.И пред свои семејства, никој против сам себе не оди. Значи, прво јас не идам против себе, а не пак против маж или дете. Второ, и двајцата работиме и никој никого не издржува. Еден пример мислам е доволен, да не идеме со примери на дете, секако дека потребите на детето се на прво место. Каде настанува проблемот? Мислењето дека ако си во брак готово, не смееш денар да дадеш на сестра ти. Ова обично е е кај жените најчесто за своите мажи што многу често го читаме на форум. Последно, членката што пиша, а и многу претходни случаи, маж и и дал пари на сестра му за козметика. Козметика не е издржување. Издржување е ако и ги плаќа сметките, храна итн. Не е во ред ако домашните страдаат поради козметиката на сестра му ама ако никој не страда каде е проблемот? Епа тоа е проблемот, комплексот и фрустрациите дека несмее да дава на сестра му како да дава на швалерка.
Убаво е да се помагаме, сите луѓе си требаме за нешто еден на друг а камоли брат и сестра, сестри, слично. Претпоставувам се уште немаш искуство со брак и примарно лично свое семејство, па од таму и недоразбирањето. Конкретно у проблемот на членката беше ситуација каде братот плаќа на веќе венчана сестра сметка за телефон. Лично не би сакала да доживеам при жив маж и јас работоспособна брат да ми плаќа вака секојдневни работи. Апсолутно е човечки и во ред да се најде човек за вистински потреби. Ајде ете сакала еднократно креми, во ред, ама да му барам пари на братот а живеам со сопругот. Мене ми излегува ова од сите норми. Сепак ако во семејството се сите задоволни со ваквиот тек, fine by me, ама на членката ако не и се допаѓа, таа како жена е во случајов во право и приоритет.
Токму она што го пиша @JasBee11 е и мојот став . При жив , работоспособен и здрав маж , при жива , здрава и работоспособна јас , сестра ми и зет ми да ми плаќаат телефон или козметика ? Нема шанси . Прво јас не би сакала да се доведам до таква состојба . Ок е ако ми е роденден па ми поклониле некоја нивеа или нешто обично и не прескапо . Ама за моите потреби ќе работам и ќе си плаќам .
Ја читам дискусијава и јас се согласувам со напишаново. Само би додала дека како сопруга сакам да сум известена/консултирана за начинот на трошење на парите. Во брак нема мои/твои пари. Никогаш не сме ставале на кантар колку се потрошило на браќата/сестрите/внуците, се додека не трпи домашниот буџет и нашето семејство немало никогаш проблем да се дадат пари. Но сакам и очекувам отворена комуникација помеѓу партнерите.