1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јатрви

Дискусија во 'Брак' започната од rak11, 5 октомври 2011.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Јатрва имам... Нашиот однос е доста коректен и фер. Се дружиме заедно доста си помагаме и си се немаме замерено за ништо. Во глобала работите што си се меѓу нас си ги средуваме а она што кажале останатите дали едната е повредна од другата или подобра и дрн дрн... Тоа воопшто не ме замара секоја од нас си е различна и гледаме да си се поставиме и да изградиме коректен однос спрема нивното семејство. И ич не ми е гајле која од нас си ја сакаат повеќе :lol: :lol:
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Двајцата браќа имаат многу добар и коректен однос.Исто и јас со брат му баш добро си стојам како и со неговите.Вината никогаш не сум ја барала во родителите на дечко ми затоа што луѓето не ми згрешиле ништо.А тоа дека и другите го имаат приметено е доста јасно.Баш денот кога си заминав и не останав на ручекот таткото на дечко ми му се јави да го праша зошто си заминавме и не останавме на ручек,затоа што и дечко ми не остана туку и тој со мене замина.Мојов измисли како нешто сум имала работа и морало да заминиме а татко му рече само знам многу добро зошто си замина девојчето,некои работи се многу очигледни и секој би направил така.Прво мислев неговите ќе ми се налутат поради тоа што отидов но напротив тие ме сватија и само рекоја не се секирај xxx со сите така се однесува, и не ни преостанува ништо друго од тоа да се надеваме дека ќе се промени.А за тоа што си ми пишала д аја викнам да зборуваме најискрено немам намера.Решив да ја ставам на игнор и да не се замарам со неа па ако продолжи така можеби и на блок ќе стаса :lol: А и да не заборавам да се пофалам пред некоој ден ми зборна што е голем напредок :rofl:[/quote]
    Јас пак испаднав будала што ја викнав да разговараме и се каам за тоа сега премногу. Нашиот однос се врати на почеток. Таа мие љубоморна пак. Ми рече дека кога сум била јас таму сите зборуваме и таа не можела да дојде на збор. Демек се се вртело околу мене неа никој не ја забележувал. Местото не и било неа по крај нас ни со мајка му на дечко ми ни пак со мене сакала конктакти. Јас не сум крива што таа не сака да зборува и што постојано дреми и молчи. Со татко му од дечко ми разговаравме. Конечно јас дознав дека таа со сите е таква. Се сомневав но не бев сигурна додека не ми потврдија. Но ми рекоја дека јас нема од што да бегам и од кој. Таа е што има проблем со мене и што не зборува. Тешко е така и знам како тие. Јас не сакам да сум причината за нејзиниот неспокој но сама си прави така. Јас и пречам очигледно е тоа. Поинаку можеби мислела да изгледа сето ова. Не ми се цапнува таму но што ми се другите криви за нејзините постапки. Со брат му кажав си сме ок но и тој ме нервира што иди како да лицемери, пред мене едно а пред неа друго. Јас мислам дека и е земен под нозе и неможе тој ништо да стори со тоа. Го прашал дечко ми што е помеѓу нас но дечко ми рекол дека не сака да се меша. Ќе чекам да ме праша мене. Сигурна сум дека ќе го стори тоа само го чека моментот. Тој е многу добар не го заслужуваа таа но ете тоа тие тоа. Мајка му од дечко ми рече дека е право змиулче дека многу е лоша, тешко ќе бидело со неа. Сите се неспокојни заради неа. И точно е тоа дека местото се стекнува а не се поклонува. Кој како ќе си посее така ќе си жнее. Јас искрено мислев дека во родителите се проблемот но не е така тие не се ништо криви немаат ни право да се мешаат и да попречуваат нечија среќа но се плашат за исходот. Сега мие жал за нив.
     
  3. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Нон стоп слушам проблеми помеѓу јатрви (и браќа нормално) и да ви кажам какви не чуда имало по светов. Едно само можам да кажам, да не ширам, ниту да должам:
    Единствено решение за да нема проблеми помеѓу браќа и нивните жени, е ниту 1 ден да не живеат заедно! Се жени и да се дели. Така е најдобро за сите. :)
     
    На bibiiii и Fidan4e им се допаѓа ова.
  4. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    И да си одвоено еден ден мора да се сретнеш било за што па и ако си во иста куќа и макар да си на различни спратови секако дека ќе се сретнеш. Спасот е само да нема брат ниту пак сестра сам да си е или некаде да седиш далеку од нив. :) Не знам кај нас посебно на ова подрачје од толку прости луѓе спас да се нема. Зацртано им е во главта од памтивек дека јатрвите не треба да живеат, снаите, золвите, свекрвите и се така си тера до каде не знам а бракови милиони се растураат поради ова и никој ништо не презема. Секој за себе си мисли дека е во право. :) Мене искрено би ми пречело ако не не третираат исто, во поглед на давањето за било што, однесувањето и сл. Кај нас е тука проблемот. Можеби затоа таа така со мене се однесува, ме игнорира мисли дека јас ќе и го земам местото. И затоа јас ги кривев неговите кога даваат нешто нека биди еднакво бидејќи ни таа е нешто повеќе од мене ни јас од неа. Мајка му е наклонета кон брат му и колку да рече нешто за неа дека е лоша или било што сепак од другата страна ги гледа поинаку работите. Не ја кривам за тоа и не завидувам но мие страв дека некогаш тоа ќе предизвика проблеми. Таа сега не доаѓа кај нив, многу ретко, па кога ќе разбере дека сум јас тука никако. :)Но не ме интересира повеќе, што сака нека прави и дали ќе иди или не нејзин проблем. Зошто јас да се нервирам за другите кога за мене никој нема да се нервира :) Престана да доаѓа од кога дечко ми почна да го прави спратот и се гледа колку е проѕирна нејзината љубомора. Сестра е секогаш потенцирала дека нејзиниот имал куќа голема и автомобил а брат му од дечко ми не, така и се сеќаваат дека лутењата почнуваат од тука.
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    milicka19 па ти за сите теми од овој карактер имаш жлби и поплаки, од двекрвата, снаата, од јатрвата :?:
    Опушти се немора да ти бидат најдобри другарки биди си искулирана и нема што да се замараш. Превише си опседната сите да те почитуваат и да ти обрнуваат внимание, а конкретно во случајов па и девојката не ти е јатрава ( сеуште ). Додека не влезеш во венчаница во таа куќа немаш право да се мешаш!

    А па да нема ни мајка ни татко уште поубаво, но да има голема куќа и бизнис |(
    Какви сфкања немам зворови :x Наместо да се радувате за големо семејство, да уживате во заедничките ручеци вие како размислувате. Еј milicka19 пред се барај ја вината во себе па после во другите погледни па неможе сите да се лоши, а само ти добра и во право!
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    79.281
    Не ми се верува што читам...цццццццццц
    Единствен спас било сопругот да нема ни брат ни сестра.........
    Некој што има нулта толеранција пронашол епохално решение....
    Секој што вака размислува дефинитивно има проблем,но, со самиот себе!
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Баш тоа и јас сакав да го кажам туку би и упатила добронамерен совет а како сака нека ме разбере - девојче да се преиспиташ ти самата себе си, можеби ти некаде грешиш
     
  8. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Не е решение да нема ни брат ни сестра.
    Мајка ми има една јатрва и две золви.. и никогаш се нема скарано со нив, секако дека не може се совршено да биде. Ама за се мора да постои некоја толеранција. Па и да се има некои поголеми проблеми, решението не е да биде единец. Фала му на Господ што тие постојат и што ги имам братучедите, срцето ми се кине ако слушнам некој лош збор за нив.
     
  9. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Во ред така е во мене е проблемот фала многу за советите и погрешните сфаќања. Сакав да кажам дека ако нема ни брат ни сестра нема ни овие глупави проблеми да излегуваат а не дека некој треба да биди богат со бизнис не знам што и да има ова и она. Намената на кажаното беше од многуте и ваши поплаки и најдобро е некој сам да се бара и никој на никого нема да му се меша и смета. Овде луѓето оти имаат точно така проблем самите со себеси. Милиони се на форумот што постираат проблеми како за една не се осудивте да ја нападнете за ваква работа. Претходно една феминка има ваква ситуација па сите бевте со добронамерни совети. Никој материјални ствари не спомна дека сакам богат или било што не знам јас од кај го прочитавте тоа. Во мене нема проблем туку сакав да се надоврзам со мислењето на феминката со која имаме скоро иста ситуација а не проблеми. Значи пак истата ситуацијата ми се нафрлате на која и да дојдам тема. Срамота од вас! Јас со никој се немам скарано од нив точно така не можи се да е совршено. Но не ја сфатив причината за бегањето исто како и со другата феминка. Проблемот е кај неа што не бега од мене туку од целото семејство а се од кога се случи тоа со куќите делбата и што не можите тука да разберите не знам дека во мене има проблем каде е проблемот во мене?????
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    milicka19 како прво мајката на твојот дечко не ти е свекрва, кога ќе ти стане маж тогаш ќе ти е свекрва, а ти уште од старт гледаш ривалство спрема девојката и на тоа гледаш како загрозување на ’’твојот’’ терен!
    Миличка никој не те непадна и никој не се испокара со тебе туку сите ти дадовме добронамерен совет. Немам време сега да ти пробуричкам по мислењата и да ти го најдам она што ми бодеше во очи во темата Снаи и Золви и таму имаше добар период кога беше главна!
    Исто и за свекрвите, жената сеуште не ти е свекрва, а ти си имаш проблемни со неа епа што ќе биде кога вистински ќе ти стане свектва?
    А впрочем како не сакате да имате проблеми во врската кога вие уште во врска си се вдомувате кај дечкото со секојдневни одења и со часови седење со неговата фамилија шо правите си бележите терен? Немој некоја да дојде да ви го зафати?
     
  11. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Е вака најмногу мразам значи кога нема за што да се фатите и како слепиот за стапот. Се подрзабира значи дека не мие и нема што да се потенцира но еден ден ќе ми биде и мое право јас како ќе се изразам тоа и не беше тука темата за разговор. Што се однесува до другото јас никој не гледам како ривал туку ја барав само причината на нејзиното однесување. И тоа што си го пронашла се поранешни мислења за кои не планирам јас да се навраќам. Изнервирана бев и сакав да се испукам некаде и тука најдов прилика но некои го злоупотребуваат тоа. Сепак фала за времето што го губеше да ми помогниш да сфатам некои работи и нема потреба од ништо да ме потсетуваш. Јас си ја знаам причината поради која и сум пишувала.
     
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Де бре Миличке,не скокај веднаш,веднаш се лутиш .
    Па и ти си сестра на брат ти,нели,замисли си твојата снаа така да вели и за тебе....а, нели не е убаво?
    Па ти уште не си станала официјална снаа,а веќе имате проблеми со јатрвата ?
    Што да каже твојата снаа ,што е под ист кров со сите вас дома?
    Кога ти го читав првото мислење за снаата твоја,навистина те жалев,ти давав совети,ама како поминува времето и ти ги читам мислењата,да ти кажам право почнав да ја жалам снаа ти.Јака нека и е душата-со таква золва како тебе под ист кров -свекрвата нема да може на ред да дојде....
    Жално...млада девојка си,а размислуваш како .....сите да пијат нафта,само ти најпаметна.
    Лути се ако сакаш-твое право-еве и јас кажав свое видување на нештата.
     
    На midnight.flower и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Кога не ти значат ништо нашите мислења и критики јас незнајм зошто воопшто пишуваш и си член на форумов? Уште по овие твои коментари се познава твојот карактер, цело време сметаш дека ти си во праве, ти си жртва. незнам на што се однесуваше тоа
    али кај тебе богами има за што да се фатиме не се малку работи, но сепак тоа го сметам мое губење на време џабе е на тебе да ти се објаснува и џабе е секој наш совет. Јака и душа на ‘‘свекрвати‘‘, ‘‘јатрвата’’ и на снаати сепак не им е лесно со тебе!
     
  14. gavolica4

    gavolica4 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    22
    Mi se dopaga ovo no koga mojata jatrva i dever pravea kuka ja bev taa sto ke spremese rucek bidejki taa ke pravi nokti ke se depilira farba i red drugi raboti a i voedno i neznae da pravi a vamu me ogovara
     
  15. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Па со мојата идна јатрва немаме баш некоја којзнае каква комуникација ( имаме едно здраво) они си се поише затворени и коа се кај дечко ми си седат во друга соба. Таа е помала и вниманието е поише свртено кон неа али не ја гледам како закана , и утре ако даде господ да бидеме во иста куќа сакам да се сложуваме :)
     
  16. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Јас имам јартва и многу си ја сакам!!! сеуште не сме земени, ни ние ниту пак тие (на дечко ми брат му) ама оди натаму работата и кај нас и кај нив. Со неа дружиме повеќе од три години, се слушаме и едвај чекаме да се видиме како најдругарки. И совети, и поддршка, тука сме за се. Читајќи ве, дури си викам дали е ова реално, ама штом толку долго време се сакаме ;) верувам дека е реално и дека ќе остане така и понатаму. Ни јас, ниту пак таа сме љубоморни една на друга, поминавме и делба на имот и сл, и само поддршка си даваме и ги оговараме браќава :rofl: :lol:

    Исто така, со свекрвата сме супер сите три. Кога сме заедно како три другарки сме, не можеме да се изназборуваме. Се надевам дека така и ќе остане, и после свадби, после преселби, деца и сл. дека сеуште ќе ја имаме оваа близина и искрено пријателство.
     
  17. Fidan4e

    Fidan4e Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Имам јас една јатрва, сирота едвај 24 години има, ама ''истриена'' е за сите пари. Алал да и е како успева сите да и одат по ''газот" а она само има некои барања, се нешто не и е по кеф, сите малку поклон и однеле, тоа е жена што не е задоволна со ништо и со никој освен сама со себе. Пред да станеме јатрви имавме коректен однос, но потоа се се сведе само на правење лице. Разбрав муабети за свадбата моја што многу ме погодија и и реков во лице, на фин начин без карање, се надевам ке ме разбере..
     
  18. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    и јас си имам јатрва и си ја сакам многу бидејки не живее во оваа држава иде еднаш годишно и седи 2 недели во тие две недели само си се шета,си се дотерува,си се шминка и си лежи, па страмота е нели во 2 недели да се искарам :D а инаку редовно со пораки се допишуваме абе убо се рекло колку подалеку тоа подобро.
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Еххх мајка ми што има една јатрва,еј една ама и вредна! :!: ....не би сакала ни да зборувам.
    Толку проклета личност како неа најискрено не сум видела.Ваква јатврва не би и посакала ни на душман ни на пријател. :!: :lol:
     
  20. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Колку погрешни сфаќања од ваша страна. Не знам зошто толку лош в печаток ви оставив на форумот и од каде вие толку прецизно го одредивте мојот карактер не знам. Од првото мислење мое па се до тука јас не видов ниеден ваш совет туку само навреди, крититки и она како во стилот демек јас поим немам од животот и пишман треба да сум што сум родена. Вашите мислења не ми се допаднаа на неколку од вас бидејќи не сретнав совет од ваша страна никаков сигнал во кој дел од проблемот јас грешам или каде треба да се поправам или како да постапам.
    И така на секој мој пост вие одите контра без оглед дали јас сум вистина во право или не и го чекате моментот да ми се истурите како јас нешто да ви имам згрешено и направено а лично никој не ме познава па да носи такви одлуки дека од неколку мислења тука мојот карактер е видлив. Така испадна да вие неколку добиете погрешна слика и јас тоа и колку да се трудам да го изменам не се променува. Така да не ми помогнавте никако искрено кажано само направивте да се чувствувам бетар од претходно. Гледано суштински од ваша страна вие сте во право бидејќи тие што ме следеле низ темите сфатиле како демек јас не успевам да се вклопам во целата таа ситуација јас сум таа што мене никој не ми одговара и тешко на другите. Многу е лесно тоа да се каже и мене мие лесно да го сфатам. Можеби е така но има причина за јас во целата таа ситуација да се чувствувам така. Поинаков совет јас не сретнав освен критика и навреда и доаѓам до заклучок во која тема сега и да пишам за било што вие ќе продолжите со истото. Се однесувате како да убив човек или да сум најгадниот човек на планетата. Сум пишала и во други мислења не барам да ме сожалувате, да се правам јас жртвата и вие само да ми викате леле да да во право си, туку побарав само разбирање од вас со добронамерен совет во кој дел од целата ситуација сум погрешила, како треба да постапам, можеби некој бил во слична ситуација итн. Е тогаш со право да речете дека јас грешам во се а вие сте во право. Што е толку тешко да му се укаже на човек каде греши. Треба да се вреѓа и критикува само. Од ниедно мислење ваше јас не видов да некој се обиде да ми даде совет туку само ме анализирате како личност од аспект ваш а не се задржувате вие на мислењето што точно треба да го дадете во темата. Дај да отвориме тема Анализа на мојот карактер па тука истурете ги сите мислења кој сметате дека треба.