1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јатрви

Дискусија во 'Брак' започната од rak11, 5 октомври 2011.

  1. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    И јас здравје еден ден ќе имам јатрва. Сега доага кај нас дома,поточно кај Свеки и за сега имаме добар однос.Доага често кога имаме нешто работа по дома,помага,правиме зимници чат пат заедно,се на се арно е девојчето.Но велат сите си ги покажуваат вистинските лица подоцна,кога се омажат и влезат в куќа.Ке почекаме па ќе видиме :!:
     
  2. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    ne se karame ama se gleda deka ne se sakme,,koga togas ke ispliva se na povrsina zatoa sto se gleeda deka e mn zavidna i podmolna ama bukvalnoooo
     
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Извинете на ремет во темава, ама како се вика мажот на золвата? Јас немам јатрва, туку?
    Мојот маж и мажот на сестра ми, значи баџанаците( многу смешен збор) си се сложуваат од прв момент. Иако се гледаат 2-3 пати годишно, кога ќе се видат цело време гледаат да си угодат со гостопримство,а некогаш си прават зафрканции и вицови како ќе го делат лозјето од дедо ми( што ни ние не знаеме каде е, само знаеме дека имал лозје некаде :D )
    Зетот мој исто така, иако живеат во странство, секогаш сака да ни угодува на сите со внимание, со подароци, никогаш не се мешал во нашите сестрински муабети и договори. Мојот маж исто ја прифати и ја почитува мојата сестра и трча и се труди за неа повеќе отколку за сопствената сестра.
    Да не забегам со темава, ама поентата ми беше дека жените имаат проблеми со снаи,свекрви, золви, јатрви, додека мажите се многу попрактични и поискрени во чувствата и дружбата од жените.
    Никаде не прочитав дека маж, свекор, девер е проблем, секаде има проблем со женска суета, себичност, внимание...Исто така мм и зет ми никогаш ни прашале,ниту очекувале дали ни следува соба, стан, лозје, туку си бркаат работа и си го гледаат своето...А овде снаи и јатрви се спремни да одродат браќа и сестри за имот...
    Не знам дали ми е точна логиката со мажите или по некоја случајност зетовците во нашата куќа се предобри??
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  4. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    ^ Се согласувам со тебе, потполно. Кај што нема жени многу поретко има кавги. Жена сум, но признавам, ние жените сме многу по себични, по посесивни и по инаетливи. Многу потешко се прилагодуваме на новонастанатите ситуации (иако кога некој менува дом, место на живеење се соочува со еден куп промени, со кои мислам дека и маж многу потешко ќе се носи).
    Мажите едноставно не запазуваат детали, затоа и не ги забележуваат оние мал милион работи што се променуваат (и на жените им сметаат), само крупните промени ги воочуваат.
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. independent987

    independent987 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Е значи се убивам од нервоза, ние жениве кај да се свртиме мора да се соочиме, или со свекрва или со золва или со јатрва.. Иначе муабетот ми беше да си се пожалам да си ја олеснам душава кога веке немам каде барем тука. Првата ко сериозна врска ја почнав на 16ипол години и стварно колку и да делува смешно бев спремна на се само да успее, ама единствен виновник за нејзиниот прекин беа неговата мајка и сестра. Не убаво да зборувам лугето беа толку прости и заостанати во сфаќањата и сите само подметнувања што ми ги правеа кога ќе се сетам ми врие. Цели две години душата ми ја изедоа бе пред дечко ми беа срцки и него му збореа како ме сакаат колку сум добра мила воспитана паметна, а само шо ке свртеше глава тој ми зборуваа како сум неспособна, несмасна, мрзлива,дека не сум го заслужувала абе не ми правеа муабет по улица ако ме сретнеа сама. А ако некој беше неспособен беа тие кога се затвориле фабриките ги испуштиле од работа леб чекаја 22 годишен да им носи дома ништо не работеа само кукаа и се жалеа, ми викаа батали бе школо вработи се и ти да идаат пари од негде, а јас како под магија бев неможев да се тргнам ама фала му на господ и тоа се деси и моите од дома притиснаа ме гледаа цело време во нервози со плачење легнував со плачење се будев, па со муабети полека се освестив се вратив во нормала и со големо олеснување го прифатив крајот. Сега некако ми се средиа работите сегашниов дечко ми е срцка многу мило и добро дете пред се од добро семејтво, една добра средна класа културни образовани луѓе, бев многу скептична при запознавањето со неговите ама луѓето толку добро ме прифатија што со ќејф одам и седам кај него преубав муабет си имам со мајка му уште поубав со татко му едноставно од се шо поминав претходно абе ми доаѓа да ги гушкам по три пати на ден :rofl: ама нема ништо совршено па ни тука - девојката на брат му за многу скоро жена му е толку себична и завидлива особа толку препотентна уффф.. беше блиска со дечко ми и кога почнавме ние да се гледаме абе како да беше љубоморна и се на секое го боцкаше за мене, тој самиот виде како е работата се оддалечи од неа после некое време него го избриша од фб а мене ме блокира, (сме немале конфликт никогаш да сум ја навредила или повредила напротив како постара од мене ја почитувам и ке и подадам што ке и треба и кафе ќе и сварам ќе наместам ќе кренам ако нешто заедно јадеме пиеме, ааа пред свеки е добра и фина иначе не ме шиша 2%) толку детски и незрело 31 година, можда е љубоморна на тоа што сега се сите околу мене што е и нормално сега сум тука нова и интересна нека има сила 7 месеци како одам кај нив дома.. Леле кога ме покани свеки за кај нив на свадба е тогаш мислам дека ќе ме задавеше.. и како пишувам ми се враќаат моменти и ако застанам се во детали има три дена и три ноќи да пишувам.. ама дефинитивно е дека немам баш некоја среќа да ми се погоди се како што треба и да немат тензија и нервози
     
  6. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Незнам зошто се замараш воопшто со нејзе, едноставно игнорирај ја и готово..
    Сигурно дека животот не ти се сведува на тоа што она ке каже и како ке каже и други глупости па затоа не се замарај, а јас да сум ко тебе за инат ке отидам на свадба крај на крај верувам дека и дечкоти ке сака да дојдеш , него сепак му е брат .. а таа ако си нема работа нека се дува и нека си збори, ти гледај си со дечкоти да ти биде се во ред..
    Бтв околу раскренување , чистење и такви ствари , на почетокот кога се омажив свеки и јатрва ми јас а фатам нешто тие да завршеле, ке земев да кренам маса и тие одма стануваа и двете и јас добро чим така сакате чим ви се работи, повелете слободно.. така да не се замарај со банални работи гледај си со дечкото да ти биде добро... :) А таквите како нејзе постоеле и секогаш ке постојат ...
     
  7. independent987

    independent987 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Баш преѓе со дечко ми праевме муабет во стил дека се осеќам непожелна и не сакам некој цело време да ме гледа на криво и да се осеќа напнатост ама тој ме уцени ми рече ако не доаѓаш ти не одам и јас, а мене ми е најмалку дојдено да правам раздор и сцени или да привлекувам вниманиеа а и од брат му сум секогаш испоштована едноставно не заслужуваат другите да ги повредам ради неа, ке стиснам заби и ќе одам.. Во однос на раскревањето се имам осетено непријатно на неколку пати ми има дофрлено пепелникот не го истресе, еј ова не го дофати во тие моменти ми доаѓа да и речам алооо не сум ти јас слуга а ниту пак ти си скршена стани подфати нешто, ама нема врска бе имам јас нерви ако не нерви инает па не и прам ќејф да и покажам слабост или нервоза :)
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.489
    Да кажам ама мислам дека со јатрва не можеш да живееш како пријател.Оти како што гледам секогаш ке се мери со тебе која до дека е и ќе љубомори од лично искуство викам.
    Јатрвата правеа свадба пред пола година и се деси во мегувреме да останам турдна и оп и за мене треба свадба.Е сега мојта свадба беше во експресно време требаше да се направи се за 1.5 месеци оти несакав да бидам со големо месе на свадбата.И сега нормално таа правила свадба скоро и ја прашувам за фустан од исто место го порачав само различен модел.Друго музиката требаше иста група да свири на свадбата ама проблемот беше што нивната група беше зафатена и порачав друга група која воопшто не ми беше по кеф бидејки не важеа за толку добри во градот и други не ги фалеа(ама за среќа ми помина свадбата супер и добро се покажаа излегов презадоволна од нив и од атмосверата што ја направија), и викам ај да го направам репертоарот да видам од прилика кои се весели така песни од нивната свадба да ги издвојам и да му ги кажам на пеачот кој ќе свиреше кај мене.Во мегувреме родата на маж ми се понуди да направи штикли по порачка како за неа така и за мене се разбира да си одберам модел.И замисли ги бараме цдињата од нив и почнуваме да ја гледаме нивната свадба и да си избереме песни и се симнува деверот доле лут и ми вика на мене добро ти кога ќе престанеш да ја копираш жена ми и јас целата ваква :o и он продужува од исто место ја земате невестинскиот фустан(иако е различен модел).Тортата ја порачуваш од исто место, штиклите ви се слични што ќе ти ги прават( ако немаше ни с од слишност нејзините сандали мојте се салонки ама нели од исто место биле), а сега и музиката да ја копирате(инаку таа група свиреше и кај другарками на свадба и се и е тај репертоар ама небива кај нив нешто посебно свиреле и други глупости истресе уствари си го покажа лицето.И јас му викам земи си ги цедињата неам потреба од нив и толку, а маж ми лут две пред него не гледа.
    Инаку свекрвата и сите во куќата ја мислат јатрвата за санта марија и нон стоп консултирај се со неа за се што ти треба за свадбата она ќе ти каже.Инаку овај испад на деверот јас добро знам чие масло е оти да не му квиче женаму цел ден на главата се симна и го кажа тоа што оваа ја нервира и јас знам дека со вакви работи мажи не може да се замарат само жените се замарат.Јас тоа уште од почетокот ја видев злобата и начинот на кој одговараше кога требаше да ја прашам нешто во врска со свадбата ама сите други беа слепи.
    Е сега она па оти знае дека ќе ја осудат старите тактички изигра и се симна доле абе маж ми не знае што зборе он е таков избувлив извини многу и јас се расплака маж ми исто така, па и свекрвата леле коа фанаа да кукат лош син и е, а не гледат чиво масло е тоа.Па и врвот леле белки со ваква добра снаа како неа ќе се измеша со син и сојо и поарен ке бил :^) .Абе лепење усти за неа.Маж ми отиде да зборе со брат му на само и овај плакал и го гушкал му се извинувал дојде и на мене се извини ама тоа не се забрава тие зборови болат.А свекрвата се гледам влече накај нив Да знаеш наште алишта во нашта куќа ќе ги переме демек да не кажувам за овоа на никој.И маж ми пополека фаќа да увидува кој каков е ама му треба време ако ќе чекам и јатрвата ќе си го покаже лицето кад тад, а објаснувањето што го даде за што и било тешко на нив е дека јатрвата имаше спонтан аботус и брат му мислил дека они треба прво да имат дете и затоа биле така под напон и они.И затоа ми ја уништија цела недела пред свадбата, а кој ме гледа мене што сум трудна и што не треба да се нервирам.
    Туку се си викам дај побрзо и јас да го направам спратот што ни е и да се оделам од старите како брат му и деф оти и оно се нон стоп се за нив па никој од нив не ми треба само доброутро добарден и чат пат ради реда некое кафе и подалеко од очи подалеко од срце.Па и свекрвата ем гледа колку се они некоректни и се не притиска и му увртува на маж ми во главата да попушта демек брат му е поголем, е јас тоа не можам да го поднесам, а маж ми па се е повеќе за нив не знам ама брат му не се замара со нив туку они му го лижат гзот,а овај мојо и го лиже на нив.Затоа викам одели се и деф од се.
    Е овоа е моето лично искуство и затоа не верувам дека јатрви можат да си живеат во смисла на голема блискост да имаат.
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Fairy баш си ја ископирала јатрва ти. Во се. На некој начин, според ова ти што ги пиша, ја сфаќам жената.
     
  10. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.489
    Според мене ако земаш од исти места не е копирање кога и јас ќе ги носам истите работи тогаш е, а продавница како продавница ако и јас купам од таму и купувам различни работи не значи дека се е исто ;)
     
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Не се согласувам воопшто. Зошто ја ископирала во се? Затоа што јатрва и веќе поминала низ тоа и знае како одат работите? Знае што и како треба? Знае за квалитетот на фустанот и на чевлите? За снимката и фотографиите? Зошто да се фрлаат пари на нешто што не е добро и квалитетно, а ова веќе проверено? Или можеби оти останала бремена, ама имала спонтан, па оваа видела од неа и оп и она трудна останала, да не е покусо? А и да земала скрос ист фустан и истите песни да се свиреле и сандалите да и биле исти, што има јатрва и да го боцка маж и да се кара со нив? Нека и рече отворено, сепак се едно семејство. Така подобро ќе се разберат, отколку вака, со боцкања. Мене утре ова да ми се деси, со драга воља би и помогнала на јатрва ми, па ако треба и мојот фустан ќе и го дадам да го носи. И јатрва и наместо да се радува за бременоста, таа уште и љубомори и го боцка маж и да се кара со fairy88 и со нејзиниот маж, а после се вади дека не знаел што зборува :x :fubar: Штом поминала низ абортус сигурно знае колку е тешко и треба и неа да ја разберат, ама не вака да сплеткари и да шири муабети дека јатрва и ја копира. Бог да чува :x А ти fairy88 воопшто да не и се сеќираш. Сигурна сум дека си била поубава невеста од неа и твојата свадба била поубава од нејзината ;) Уживај си во бременоста и ич да не се нервираш.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.489
    Инаку да напоменам свекрвата инсистираше на ист сликар, хотел и цвеќара и други ситни работи ама за среќа јас бев упорна и ги сменив иако тие не гледаат како копирање на тоа јас знам дека јатрвата гледаше како копирање, ама многу други фактори имаше што мораше да се одлучам за исти места како прво немањето автомобил да се разгледаат и другите места и да се прошета и по другите градови каде некои работи беа поевтини затоа отидов за фустан во Велес на веќе проверено место, а и краткиот рок на спремање на свадба само 1.5 месеци.
    Инаку ако се гледаше кој треба прв да прави свадба тоа ќе бевме ние јас со маж ми одев 8 години додека деверот и јатрвата само 2.5 години.Ама како што кажав многу влиаеше мислењето на свекрвата и таа отворено во повеќе наврати кажуваше дека инсистирала прво деверот да се земе па ние оти тој е постар од маж ми 6 години, а маж ми иако и до ден денешен не признава знам дека ова мислење нејзино беше одлучно во тоа дали ние први да се земеме,а не немањето на пари како што вели.
     
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.628
    Пол:
    Женски
    Јас до некаде ја сфакам јатрвава иако начинот не и на место со такви подбуцкувања.Сепак да изгубиш дете не е мала работа па можам да замислам како се осека и се и смета во моментов па ете на погрешен начин тагата ја искажува.Сепак не е мала работа и нормално дека не и е дојдено ни до славење ни до веселба и до целата таа еуфорија што настанува околу припремите за свадба.Не викам дека и трудницата не е во право но сепак треба да се има малце обзир према трагичниот случај што го имала јатрвата.
    Како сме се научиле одма очи да се вадиме за се нешто стварно испага онаа старана поговорка Homo homini lupus est.Јас да сум на местото на fairy88 ке земам ке седнам и ко човек ке направам муабет и со деверот и со јатрвата,зошто така мислат и зборат ,и отворено ке им кажам дека тоа што ја прашувам и се консултирам со нејзе е зошто ми треба помош а не дека сакам да ја копирам и сл. глупости.И без навреда но фактот што си во блажена состојба не значи дека треба сите да дубат на глава ,сите имаат проблеми а кога станува збор за ваква несрека мислам дека е сосем фер да и прогледаш кроз прсти и да и простиш за испадот што го имала.
     
  14. KristinaAna

    KristinaAna Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0

    Веќе не обрнувам внимание ниту си дозволувам да се нервирам за јатрвата. Сватив дека не е добро да си го рушам мирот затоа што постојат различни карактери. Во животот подобро ми е да се завртам кон поважни проблеми отколку кон анализата на карактери и постапки. Од нервозите наидуваат многу болести , а животот не се состои само во угодување на сите, треба да се мисли и на својата среќа, Јас си ја барам среќата во својата душа повеќе не смеам да дозволам да трошам повеќе време на луѓе кои мислат само на својата среќа.Животот е краток зарем не ?
     
  15. Melaniiii

    Melaniiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    20
    Ајде да ја наречам идна јатрва бидејки оди со братот на мм.
    Не знам и немам видено по чудно створење од неа. Дојде за веридбата помина покрај мене не ми честита. Правев свадба летово таа доби покана и не дојде, ме виде вцарсија со мм и пак не честита. Пред свадбата правеше само слетки и кавге помеѓу мене и мм. Не знам како да постапам со неа. Кога ке дојде дома и тоа е ретко ако ја поасам нешто ке одговори инаку молчи па потоа не дечкото нејзин е му кажува демек како јас не сум и зборувала, не сум и обрнувала внимание.
    Од парите од свадбата си купивме кола со мм и сега брат му ја побара неколку пати да ја земи да излези со неа иако имаат и друга кола.
    Не е проблемот со тоа што ке ја земи и вози меѓутоа ме фака инает и нервоза зошто таа е таа што го тера на тоа да искористи се што може а да се понаша буквално како невоспитано суштество.
    А и плус тоа само вика девер ми дај ми ги клуцевите од колата јке излегвам. Па алооо чекај малку прашај прво дали и вие ке излегувате и дали имате некоја работа.
    Секој млад сака да излези и секој млад сака да прошета со нова кола , но нивново е неубаво понашање според мене. И како да постапам јас со нив и со мм иако тој вика брат миу е ке му ја дадам него кога сака и кај сака.
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Коментаров мој нема врска со јатрва ти туку со девер ти. Иако ризикувам да бидам наречена лошка јас нашата кола не би ја дала. Кола се позајмува со причина а не за мерак. Едноставно ако сака да ја проба нека заврти еден круг а ако сака да се вози со нова кола нека повели во авто салон и таму се ќе му објаснат. Плус еве да речеме ја чукнат или некој пијан ја изгребе на паркинг, се се случува, ќе си пукнете од мака.
    И полека убеди го маж ти дека таа кола е ВАША, за ваши потреби а не е трофеј на брат му. Јас многу би се изнервирала и во потполност те разбирам.
     
  17. Melaniiii

    Melaniiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    20
    Во право си cecilia нив му е гајле за тоа дали било девер ми и ли на женска му.
    Доволно беше што јас и мм се напрчивме да дадеме толку пари за некој друг да прави задоволство.
    Што е важно тие ке излезат а јас ке си седам дома и ке гледам тв.
    Сепак тоа не е заедничка кола платена по пола туку лично наша и плус дадени пари од свадбата лично од мојот татко бидејки тој не сакаше да ни купува кола па да не изненади на нашиот најубав ден во време од играњето на свадбат ани даваше пари со мм а со другата половина од парите што ги даваа лугето планираме да си обновиме нешто низ дома. И после сево ова јас незнам како има образ да побараат а сепак не се однесуваат како што личи.
     
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    мелани а да те прашам што толку се долносуваш и уште недојдена снаа она да ти прави сплетки во фамилијата и што дозволуваш рекла казала
    следното видување пред било кој и да е или и да сте сами ке и речеш дека сакаш да ја прашаш нешто и отворено речи и зошто измислуваш дека не ти правам муабет и те одбегнувам кога и сама знаеш дека не е така??? прашај ја дали мисли она дека утре други ден дека треба да живее со тебе да тера свадби родендени или мисли оти другарките и комсиките или пак со свекрвати ке тера она нема да бидапи ие 100 години да биде жива кажи и дека немаш ништо против неа и дека сакаш да си жибеете а ако не сака она нека се изјасни одма сега и да расчистите веднаш со тоа
    многу е глупо да се изиграва расипаин телефон и од еден на друг се надават различни работи и на крај испага нешто сасвим трето не кути и не си прави филмови лично во лице изјасни и се и после тоа се ке остане на неа и нејзинто понашање ако и после тоа се понаша така можеш слободно да ја ставиш на игнор и да не се замараш со неа повише
    а за колата колку е твоја толку е и на маж ти и ако он ја дава ти застани и речи јас не ја давам и значи што колата ке си остане кај што е ако и ова не помогне на деверот кога ке ја побара ти истапи и изјаснисе дека не ја даваш колата оти ти треба и тебе
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Така е, се согласувам и јас. Штом колата ви е заедничка и плус татко ти дал пари за неа, значи дека и ти имаш право на глас. Кога нареден пат ќе ти ја побара, кажи дека ти треба и на тебе, па дури и да не ти треба :P Ако имаш положено уште поубаво. Со мажот, разговарајте, објасни му дека, како што кажаа погоре, кола се позајмува од потреба, а не од желба за покажување и докажување. На потенцијалната јатрва се отворено речи и, така е најубаво. Уште не дојдена, а веќе носи закони и сплеткари. Гласно и јасно кажи и кај и е местото, не и дозволувај да прави проблеми меѓу тебе и маж ти. Сега таа не е ама баш никаков фактор во таа куќа, бидејќи нели, уште не е снаа.
     
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Колата и жената не се даваат на друг-стара поговорка.