Јатрви

Discussion in 'Брак' started by rak11, Oct 5, 2011.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2010
    Messages:
    2,134
    Likes Received:
    64,799
    Gender:
    Female
    ^ Фала за просветлувањето :clap:

    Од мојот однос со јатрвите ќе зависи односот на моето дете со неговите братучеди и ете јас не сум толку површна па да не ме интересира што ќе биде во иднина, денес што ќе дробиш, утре тоа ќе сркаш а добрите односи се градат од прв ден а не од кога ќе пораснат децата, тогаш веќе во најголем број на случаеви е доцна.

    И јас не терам никого да си го менува мислењето во однос на јатрвата, моето мислење е дека јас не би сакала моето его да биде причина децата да ми растат без братучеди.
     
    Orthophill, Moira and imelda like this.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,546
    Likes Received:
    37,825
    Gender:
    Female
    Не те просветлував, срцка. :D Само си го искажав моето мислење. А од каде ти текна тоа дека јас сум површна? Секој нека си гледа за себе, а не да коментира за другите дали се површни или не.

    Инаку, да напишам зошто не сакам блиски контакти со јатрвите. Едната јатрва (постарата од мене) е озборувачка. Ако и кажеш нешто, цела фамилија ќе дознае што си и кажал. А другата јатрва не е дружељубива. Уште од почетокот се држи на дистанца од мене и од другата јатрва.
     
    irena.1 likes this.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,100
    Има многу ситуации каде треба да си малку позрел и да не растураш односи за глупости. Луѓе сме, грешиме, си збориме, некогаш во нервоза повеќе отколку што треба, некогаш недоразбирање, па не може секогаш остро да сечиш и да не се замараш да поправиш однос бидејќи не ти е крв па многу полесно е.
    Ако сега мажот те подржува оти нели почеток е, а на почеток е спремен да стори се за тебе и да прекине однос со секој кој барем малку ќе ја повреди неговата принцезиња, срцушка најмила, еден ден ќе сфати дека се драмело многу повеќе и заради тоа неговите внуци не идат кај вас воопшто, а братот и кога доаѓа ко на трња седи...и ќе го здоболи.
    Има и ситуации кога стварно треба да ставиш пепел на вашиот однос ама да им дозволиш на децата да комуницираат и да не се чувствуваш повредено и разочарано ако маж ти си комуницира со братот. Ама не, женишта, кај можат таква ситуација мирно да поднесат :D
     
    mimiiiii, Bozica1980, Moira and 3 others like this.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,358
    Малку офф, ама има врска односот према јатрвата какво влијание има на децата од двете фамилии. Жив пример, кога се спукаа двајца браќа(едниот ми е татко) во нашата фамилија, за две педи имање што се вика :^) , и нивните жени по дефолт се колнеа аир да не види другата, па едно 10 до 12 години отприлика, без влакна на јазик, спомни и името и аир да не види како надимак, пред децата :!:
    На фамилијарни слави ни здраво не си кажеа, не се сметаа за живи, почнаа и на децата да ни бранат да одиме едни кај други а живеевме преку двеста метра на иста улица. Пред кавгата чувале деца една на друга без да ги делат на мои и твои, едната ја прала другата кога била неарна, бркале ајвар во едно тенџере за двете, мислам разбирате што сакам да кажам.

    Епа после тие десетина години, не знам што им текна, не ме ни интересирало или интересира зошто, ама се смирија.

    А ние братучедите? На едно здраво сме кога се стрефиме, муабет чиста формалност, арно добро и ај да одам, поздравете по дома. Тие десет години за деца што растат се многу подолги од лутежот на мајка и стринка кои не го ни осетиле времето, очигледно, чим пак заедно бркаат ајвар.
     
    eloves, elena.mak, Moira and 4 others like this.
  5. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    541
    Likes Received:
    1,051
    Нешто слично како кај Imelda се случило и во нашата фамилија. Но, татко ми има двајца браќа. Со едниот се скарале уште од времето (делби) ама со другиот често се гледаа и си „живееја“ (како што се вели).

    Искрено јас како мала и не знаев дека татко ми имал уште еден брат. Не се гледаа, не комуницираа, не го спомнуваа (ни лошо, ни арно), барем не пред мене. А за другиот чичко знаев, одевме и ни доаѓаа на гости. Братучетките од овој едниов чичко (со кого се дружеа) беа повозрасни од мене - па немавме заедничко поле на интерес, според тоа и не се дружевме многу. Но истите тие не беа толку многу повозрасни од моите сестри, но ете и тие не се дружеа. Што дека родителите ни‘ се дружеа, кога ние бевме различни деца, различно воспитани, со различно поле на интерес? Од другиот чичко децата исто така постари, кога се смирија родителиве (после мнооогу години), си кажувавме „здраво, како сте што сте“ и толку. Немаме исти интереси, немаме теми за разговор.

    И ако споредите, со едниот брат комуницира, се дружи, ама децата различна возраст - не се дружат, со другиот брат не комуницира, не се дружат ни родителите ни децата. Исто му доаѓа. За да се дружат децата треба да се тука некаде по годините, инаку и најдобри другари да се браќава и сестриве - џабе е.
    И уште нешто: децата најмногу се воспитувани од страна на мајката. Како ќе си го научи мајка му, детето така ќе прави. И што ако јас во иднина го учам моето дете да ги сака девер ми и јатрва ми, да си ги сака братучедите, кога еве јатрва ми ја учи ќерка и‘ да не не‘ сака мене и маж ми. Девојчето, ни две-ни три ќе ти плесне некој невоспитан коментар в лице, во присуство на мајка и‘, а таа (мајка и‘) ни збор да и‘ рече, не пак да ја искара, да и‘ рече: :!: „немој, како така, тој ти е стрико, таа ти е стрина!“
    Што да очекувам јас во иднина?
     
    imelda likes this.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,358
    Да, да, се сложувам со тоа, децата ако не се на слични години нема да се зближат. Ама да не им се дозволува да се зближат истоглавци поради кавга за неколку бразди повеќе во делена нива, греота е.

    Конкретно јас еве доаѓам од генерација на родители со големи фамилии. Имам тетки, стрини, вујни, барабар многу братучеди на слични години, за празници и распусти не мешале, сме останувале со денови едни кај други, но, ако одиле и децата на стрина со кои не смееме да се мешаме, немој шуга ќе фатиме, не не пуштале ни мајка ни стрина да сме заедно кај друга стрина. Деца не се само раснат, туку се градат. Изходот од тоа е дека јас имам братучеди кои си ги сакам како продолжение на моите брат и сестра, и се радувам ненормално како тетка на нивните дечиња. Мили ми се, ги обожавам и разгалувам при секоја можност.

    Ама од „караните„ братучетки децата не ми се мили. Признавам тука на форум, на живо онака фамилијарно не би рекла такво нешто никогаш, оти нема да ми е крива стрина или мајка, оти сега сите си живееме во хармонија, биг хапи фамили |( , и јас ќе испаднам лошата оти ги делам децата така.


    Барем еве овие моите имале изговор да се колнат јатрвите повеќе од декада па да се смират, туку што им е бутур на оние што си ги вртат децата против родата без веза, само оти стринка не е наша па нема да ја сакаме. Жени :yawn:
     
    midnight.flower likes this.
  7. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Joined:
    Mar 9, 2013
    Messages:
    169
    Likes Received:
    180
    Јас ја имам најчудната јатрва на овој свет.Значи никогаш не сме си пререкле не сме имале причина не живееме заедно мегутоа таа од некој свој причини болни реши дек наема да комуницира со мене и мојот сопруг уште од самиот пошеток на нашиот брак.Воопшто не се замарам и не ме ни интересира ама можам да кажам дека по овој свет шетаат секакви исфрустрирани суштества.
     
    teddygirl and blagica1991 like this.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,367
    секој си има своја причина ама мене не ми е јасен тој став што поретко со јатрвите... на тој начин и браќата се поретко ќе се гледаат. замислете вашиот маж да ви рече поретко гледај се со сестра ти мене така ми одговара... :^)

    јас пак размислувам обратно, многу сакам да се дружам со јатрва ми и срце ми се полни кога се дружиме кога си одиме на ручек кога си помагаме, навистина чуствувам огромно задоволство. и помагам дома кога правиме ручек кај нив го чувам и го пазам внук ми секогаш кога можам да одморат они си помагаме и за некои работи од работа споделуваме скоро се.

    кога ќе седнам на кафе со неа на тераса или слично ми е многу пријатно. ја слушам за се и ја прашувам за се кога нешто работиме заедно бидејќи е доста постара и нормално повеќе знае од мене. си разменуваме рецепти, па што е убаво од средства дома итн. јас тоа не го гледам како да ме имитира или слично (како некои што спомнаа) туку како споделување на производ кој што вреди да се користи.

    детето нивно им го обожувам и неможам да замислам да моето дете утре не се дружи со него. а ако родители не живеат помеѓу себе ни децата нема да се дружат...
     
    Daydream and Orthophill like this.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    7,698
    Likes Received:
    19,882
    Gender:
    Female
    и јас ке имам еден ден јатрва :^) баш би сакала да е убаво мегу нас ама незнам |( |( :D :D
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,546
    Likes Received:
    37,825
    Gender:
    Female
    Нема никаква врска тоа дека ако јатрвите контактираат ретко и браќата ќе контактираат ретко. Јас со моите јатрви контактирам многу ретко, а маж ми се слуша често со неговите браќа. Јас стојам на ставот дека не сакам многу контакти со јатрвите. А и веќе пишав. Едната јатрва е озборувачка. Еднаш и кажав нешто и таа го пренесе тоа на цела фамилија. Оттогаш ја избегнувам. Другата јатрва не е дружељубива. Многу пати се обидов да се зближам со неа, ама таа не сака. Е па немам намера никого да молам за да контактира со мене.
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,765
    Likes Received:
    23,734
    Gender:
    Female
    Во голем број случаи братучедите не зборат меѓу себе затоа што родителите си имаат обичај пред деца да зборат све и свашта и да ги направат да се чувствуваат како предавници ако им прозборат.

    Мојов случај е од многу порано (сега нема таков конфликт) и не беше со јатрви туку со мама и вујко.
    Поточно вујна ми првично си ја загреа манџата па после си се тргна настрана, па затоа викам мама и вујна.
    Брат ми поднаслушнал нешто и кога почнал и тој да не вика „здраво“ на улица на вујко/вујна, да се кара и лути со братучедите/тките.

    Но :!: мама тогаш кога разбра фино го седна и му напраи муабет. Му објасни дека светот на возрасните е поинаков од оној на децата и дури и да се случи да се скараат за одредени работи, тоа си е меѓу нив и дека не сака ни да слушне дека овој ги избегнува вујко му, вујна му и братучедите или пак дека се однесува со непочитување кон нив (тогаш тој дури и мене ми се налути што не правев така и првпат беше во животот некој да ми каже „предавник“ :D ). Koлку само го реметев кога на крај испадна на него дека треба да му се „чита буквица“ не сте свесни. :lol:
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,546
    Likes Received:
    37,825
    Gender:
    Female
    Односите помеѓу јатрвите се воспоставуваат уште на почетокот. Ако тогаш јатрвите не се зближат, нема ни понатаму да бидат блиски. Ова го кажувам од свое искуство.
     
  13. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    1,608
    Likes Received:
    8,242
    Потполно се согласувам со SummerGirl за тоа што го пиша и тоа дека ако не живеат воздрасните нема да бидат блиски и децата.Јас претходно пишав какви проблеми имав со јатрвата пред свадбата.Исфрустрирана била заради абортусот како не, и јас абортирав и знам како е ама ај сега да зборувам се и сешто на маж ми и да ги скарам браќата и тоа да ми се опростува под објаснување нервозна сум.А со текот на времето си навлеков и друг проблем свекрвата која упорно пробува да спои два + .Ај јас пак попуштам во име на добрите фамилиарни односи да не живееме во куќа каде нема ни здраво да направиме(не мора голема близина ама ако беше некоја повлакнеста одамна ќе пресечеше поради работите кои се случија),ама со тек на време видов дека не оди.Тоа е едно себично створење кое после и свекрвата мораше да признае по некои нејзини постапки САКА САМО ДА КУПИ, НЕ ДА ПРОДАДЕ.Успат има само она укус за средување и само она знае да направе се најубаво.Се сака да знае за нас и нашите проблеми(мои и на маж ми), а она ги крие како змијата нозите нејзините.
    И затоа еден ден ја седнам свекрвата и и посочам се што е направила, и и кажам фино лепо да не ме масира со тие нејзините дружби мегу мене и јатрвата.Не може се јас да прашам треба ли помош, дојди на кафе, сакаш ли боја за фарбање јајца(ако она си купила и знам дека нема да дојде),да готвеме за вас ручок( не ми е криво за јадењето што го јадат ама те ќе направам година како сум мажена не е викнала она еднаш да каже денес не правите ќе се качете кај мене, се да ја прашуваш)ама тоа е свекрвата се навалуваше прашај ја та прашај ја и јас и кажа не можам само јас да држам комуникација и да ја прашувам и да прекине да навалува.А она ако се вика ти поприфаќаш и критика и такви бла бла глупости, во присуство на јатрвата тоа се избледее и и го лижат гзот на велико, те затоа сакам да се поделам, да не има се некој да ми кажува што да правам и да си имам психички мир.
    Сега сум на дистанца порано пиевме кафиња заедно сега само на здраво, не ми треба кафе каде само јас ќе зборам, а другиот да трае и да слуша.Маж ми комуницира со деверот сега за сега нормално( секогаш вика некој ден ќе пукне тиквата меѓу мене и брат ми) ама јас сум си на дистанца
     
  14. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Joined:
    May 30, 2013
    Messages:
    147
    Likes Received:
    56
    Мојата сеуште не е званична јатрва ама кај и да е тука е :P ќе се земат со девер ми. прво не ми е нешто комуникативна,второ немаме и теми на разговор,има огромно 'досие' од минатото сите ја знаат ама како глуми и нема рамен :o Ама што не ги матам глеам се пика со свекрвами демек еве што колку се сакаме па глеам и помага по дома нешто изводи,јас не сум со свекрва ми заедно па не ми смета доволно ми е да ги ѕирнам еднаш месечно на кафе или да дојдат и раат ми е глата знаат некогаш да направат некоја драма ама не им успева баш во последно време сум релаксирана и ништо не ме нервира :D Иначе и двете се КУПУВАМ НЕ ПРОДАВАМ мене лично такви луѓе не ме бендисуваат јас сум отворена и комуникативна личност по природа искрена а не МОЛЧИ ТОЛЧИ како што викаат па затоа си ги држам на дистанца но без да приметат онака пак се трудам да не го зафркнам односот но не поќутувам тоа ми е доблест или маана незнам но го кажувам она што го мислам искрено незнам да се преправам :talk:
    СОВЕТ ДО СИТЕ глејте си го СЕМЕЈСТВОТО! :!: се што е надвор од него е споредно обврнете му внимание само ако заслужува |(
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,014
    Gender:
    Female
    Да не чујат злите, до сега за изминативе 5 години, додека не бевме официјални јатрви бевме супер.
    Се надевам така ќе биде и понатаму.
     
  16. SamovilkaH

    SamovilkaH Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2012
    Messages:
    201
    Likes Received:
    2,037
    Gender:
    Female
    Имам 2 јатрви и со двете односот ми е одличен а и се надевам така ке остане :)
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,546
    Likes Received:
    37,825
    Gender:
    Female
    Јас веќе пишав дека имам 2 јатрви. Едната е постара, а другата е помала од мене. Помалата официјално ми стана јатрва во мај. Пред да се венчаат со девер ми таа беше многу фина со сите. Откако се венчаа со девер ми, почна да ја избегнува цела негова фамилија. Не доаѓа кај нас, кај другиот девер, кај свекорот и свекрвата. Не се јавува на телефон. Едноставно, типката си го крена носот во облаци. Од другиот девер дознав дека се обидува да го скара маж и со неговата фамилија. Откако девер ми се ожени со неа, престана да му се јавува на маж ми. Значи, јатрва ми имала тактика. Да биде мирна додека да се венчаат со девер ми, а после тоа да го скара со неговата фамилија. Јас уште кога ја запознав ја проценив каква е.
     
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Joined:
    Jan 23, 2011
    Messages:
    1,434
    Likes Received:
    577
    Јас имам еден пример дома, мајка ми и нина ми и искрено кога ги гледам сакам и јас да имам таков однос со јатрва ми. Живееме во иста куќа ама на различен спрат, они секогаш заедно си пијат кафе еднаш кај нас, еднаш кај нив, си помагаат, ако на едната и фали нешто другата и дава, за совети и јас често одам кај неа, исто мајка ми со братучедките. Да чукнам во дрво до сега се немаат скарано. Исто и татко ми со чичко ми многу добар однос имаат, прави браќа. Секогаш заедно славиме за се, супер ни е. Сите роднини на баба ми и дедо ми им викаат алал да ви е какви деца и снаи имате :)
    Јас лично, званична знаа немам, ама девојката на брат му на дечко ми :lol: е ептен фина за сега барем, кога ќе се видиме пријатен муабет правиме, изгледа прибрана не некоја олош, така да се надевам и ако станеме јатрви ќе си бидеме такви :) Незнам, јас ептен сакам да имам добар однос со јатрвата па и со свеки зашто да не :lol:
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,546
    Likes Received:
    37,825
    Gender:
    Female
    И мојата јатрва додека да се земе со девер ми, комуницираше со мене. Откако се зема со деевр ми, престана да комуницира. Не само со мене, туку и со цела фамилија на девер ми.
     
  20. cvetce3

    cvetce3 Активен член

    Joined:
    Oct 16, 2013
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Здраво девојки..одамна ве читам но сега решив да се приклучам во оваа тема. За еден месец ке станам снаа, дечко ми поточно вереникот има брат кој е женет, досега ххх беше ок спрема мене, добро на почеток ме гледаше некако накриво но почнавме да се дружиме да излегуваме заедно по комшии, на купување. но во неа не гледам проблем засега ке видиме потака откако ке влезам, проблемот е во брат му, не ми прави мубает едно здраво едвај ако имаме, ама све си е од моја страна на игнор како тој така јас немам намера да се расправам , на вереникот ништо не му имам речено во врска со ова се надевам ке се смени. Ама глупо ми е во иста кука ке живееме а да не имаме муабет или ако се случело да дојдиме до муабет све како цинично со ароганција, и избегавам да разговарам многу, а за ххх немам лош коментар сега за сега, ја проценив уште првиот пат кога ја видов, се надевам нема да излезе како што сум ја проценила ,се надевам дека грешам. Ке покаже времето..само ако може некој совет за ова погоре, бидејќи несакам да има расправии помеѓу браќата, сакам да сме фамилија, бидејќи сум израсната во ептен раскарана фамилија, никој со никого муабет да нема, очи си вадат кога ке се видат. Несакам така да е. :)