Имам одличен однос и со брат му и со снаа му.Бидејки темата е ја јатрвите па за неа и ке си кажам.Многу си помагаме,пиеме кафе заедно,разговараме,шетаме заедно,одиме во шопинг.Сеса за сега немам примедба се надевам така ке остане и во иднина
Ние сеуште не сме официјални јатрви ама како што иди работата ќе бидиме, али уште од кога сум во врска со дечко не можиме да се поднесиме значи таа е помала но подолго време е во нивната фамилија ...и од како дојдов јас е мн дигната не разговара ептен имаме едно здраво кога ќе се начекаме кај нив дома... мн е љубоморна мојот дечко си има направено цел спрат се му е опремен само да се ожени и да си седи али работе и со пот заработил пари сам си го направил спратот а помалиов нема ништо направено и тие седат долу со неговите и да видите како се однесува со мене а и со дечко ми не комуницира..незнам стварно типкава што мисли ...јас баш саакав да си живеам кафенце ова она ама не го бива така да сега јас ќе бидам таа клета и не и зборам воопшто едно здраво правам кога е неизбежно. така синоќа бевме собрани кај дечко ми со другари наши. пред да појдиме брат му и женска му биле веќе таму кога појдовме таа го подбуцна и заминаа кај него во соба ...а не сме мн разлика со 2 години поголеми, секаде сни ги викале да идат со нас и само не одбиваја повеќе нема шанси ...тоа значи дека не сакаат да живеат со нас. и дечко ми ги гледа работите и вика како што изгледаат работите тој не беше ваков таа го подвлече ако продолжи јас со него нема да живеам ....ахх што можат јатрвите да направат да ги разделат браќата жално .... ете такви ни се односите со мојата "идна" јатрва
САМО ТЕРАЈ СИ СВОЈОТ ЖИВОТ! Најдобро е што имаш поддршка од идниот ти маж,знам како е , во слична ситуација сум, ама ставија на игнор,верувај повеќе ќе се нервира.
Повеќе не се трудам веќе почнав да ја игнорирам ... се надевам нема јас да бидам таа кривата во од дечко ми фамилијата дека јас сум таа клетата и слично ...оти тие да неречам подлите особи знаат тоа да го направат и сите да ги привлечат со нивната лажна наивна фаца ...
Па не се јатрвите криви туку браќата кои не умеат да заземат свој став, а многу често произлегува и од страна на нивните родители околку нерешени односи во врска со поделба на имот. Па почнува со љубомора, лечење на фрустрации и др. глупости
Славица999 значи во нашата ситуација мојот се прави и сам кажува брат ми кога сме сами дома е истиот тој што го знам а кога е со нејзе не е тој истиот. Јас и мојот дечко се правевме да биди се во најдобар ред али не го бива а стварно го гледам брат му кога не е со нејзе е еден кога е со нејзе како да неречам потрчко можи грешам нз што да речам...а со тоа поделби на имот кај нив таа работа е целосно решена еден спрат за едниот друг за другиот значи исто е се, нема тука што љубомора. спратовите си ги прават сами како мојот така треба и брат му ... мојот со пот се си направи сам зошто таа љубомори нека го натера нејзиниоот нека си сработи нека си уредат како што сакаат тие ...нивните родители си го завршија нивниот дел.
ова не е ништо тек је почело нели вака е на старт уште не влезени во кука можам да замислам со ек биде коа ке се земите со вашите дечковци Веке коа си увидела дека нема соживот со неа игнорирај и од култура поштувај ја за атар на деверот али здраво и пријатно кога ке и текне дека со тебе ке треба да прави и свадби и матури и крштенки и роденденови тогаш може и ке и дојди умот
Како што разбрав неофицијалната јатрва е 20 години , не се знае дали ќе биде јатрва А и уште е млада и зелена може има бубачки у глава , почекај може ќе узрее па нема да дига нос Само "децата" не сфаќаат дека е многу важно да се има коректен однос , посебно ако треба да живеете заедно .
Јас имам две етрви, но сите живееме во различни држави. Едната со семејството беше кај нас на гости, и иако сме година - две разлика односите ни беа онака, не баш, ја трпев бидејќи ни беше на гости. А така, комуницираме онлајн и ок е, пола саат во недела дена може да се издржи.
И јас мислам така. Веќе имам пишано дека моите јатрви ги гледам многу ретко (3-4 пати годишно), бидејќи не живеат во Скопје. Кога ќе се видиме комуницираме најнормално. И крај на приказната. Единствените контакти ни се тогаш. Не комуницираме ниту преку телефон, ниту преку Фејсбук.
Не ја поднесувам етрва ми. Живееме во иста куќа, во по една соба и кујната ни е заедничка. Многу е неодговорна. Значи кога ќе идеш во кујна после неа, нема да најдеш нешто на место. Ќе дробела месо, немало да ја избрише плотната, ќе дробела зелка- пак нема да избрише, ќе сечела кромид - лушпите по кујната.... катастрофа. А по народот збори јас сум таа што не ја чистела кујната, а јас ли треба нејзиното ѓубре да го собирам? И имам кажано дека ако има некој проблем со мене да го реши, а не да збори по народот но пак имам слушнато муабети. Еднаш кажав на сопругот, тој одма отиде да разговара со брат му, а тој ладен само му вели а што тоа? ха.... Но пак гледам да зборувам со неа, сепак во една куќа сме... среќа јас и маж ми градиме куќа па наскоро ќе се иселиме... А да не зборам за тоа дека еден месец не ја заклучував собата и таа си земаше сама и без да ме праша моја облека... кх
Јас сеуште немам јатрва мислам уште не се венчани со девер ми но никако неможам да ја поднесам зошто е голема ТРАЧАРКА,a згора на се го подбуцнува и девер ми па тој сега е против мене и не сака да разговара со мене.Ама ич не се замарам..........
две години но за среќа јас и маж ми и двете лета (по 3 месеци) не бевме во мк. Маж ми е веќе некое време во странство, сега сум и јас. За 2-3 недели ќе се враќам, но можеби ќе седам кај моите родители бидејќи за 2-3 недели пак ќе дојдам кај маж ми, овојпат за стално.
Чекај,значи вие сте на печалба-парите штотаму ги заработувате ги вложжувате во ваша куќа-тука во Мк? Многу умно,сопствен кров над глава е првиот чекор кон созревање и сечење на папочна врвца од родителите.
Да, не може цел живот да го проживееме така, во по една соба Настануваат поголеми фамилиите. Етрва ми веќе имаат бебенце од 5 месеци. Каква и да е таа, бејбито е најслатко на цел свет буци мало
Издржи уште малце, не се расправај, занемари ги муабетите што ги прави. Од едно уво нека влезе од друго нека излезе. Уште малце и раат ќе си бидеш, зошто да се нервираш сега