Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јатрви

Дискусија во 'Брак' започната од rak11, 5 октомври 2011.

  1. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Издржувам највеќе поради маж ми. Не сакам да го оддалечам од брат му поради нејзините глупости. Сепак како што јас сакам маж ми да е во добри односи, со мажот на сестра ми, така и тој сака јас да бидам во добри односи со снаа му. Маж ми на темава вели да се стрпам уште малце, а ако веќе неможе да се издржи тој ќе реагира.
     
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Од секогаш сум се прашувал од каде овие зборови ЈАТРВИ ,СВЕКРИВ да не се однесувале со значење задскриено - ЈАКРИВА,СВЕКРИВА :lol: ... итн :lol:
    Шала на страна ,дали некој/а го знае митот и вистината :tmi: за тоа од каде и зошто се нарекуваат така? (јатврви,сверви,баџанцаи ,зетовци и се тоа ми е смешно многу :rofl: посебно ова со зетОВЦА у превод ..па затоа БАБИТЕ се горди и секогаш му угодуваат и го разглавуаат зетот М :?: ? )
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    непишано правило-зетот секогаш ко син се гледа а снаата ко вештерка...да се чуди чоек.Македонче јеби га.
     
    На sanjaж, Cricket, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Зајакот секогаш му вели на магарето дека има поголеми уши :D .Така и зетот бил ПОразгален ;)
     
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Хах. Ај ќе го прескокнам ова и така темава е за јатрви ;)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Tоа што го пиша DigY е потполно точно.
    Секогаш зетот се гледа и почитува како син, додека снаата е сосема друга приказна, без разлика каква е.
    Тоа за во нашето општество и за нашиот менталитет се однесува.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  7. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Јас можам да кажам дека сум прифатена како ќерка од свекрва ми, и свекор ми. Од нив неможам да се пожалам. Сепак тоа е офф топик нели? :)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Морав да ви реплицирам за ова иако темата е сосема поинаква.Навистина не би гледал зошто да биде почитуван повеќе од она што заслужил? Кажете некоја причина и зошто сметате дека јатрвите се тие што секогаш прават проблем (јатрви бе хахаах :D )
    ЈА-дрви :D
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.638
    Допаѓања:
    22.070
    Пол:
    Женски
    A така, арно ти рекоа сите заедно со Emotional, зајакот е во вреќа. Имате можности, само правиот момент се чека. Кај се трпело толку, потрпи уште малку. Броените денови побргу минуваат. ;) После секој со својот ред и со својот хаос нека си живее.
     
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    според мене секој со свој кров над глава(независно како кирија/купено/подарено-наследство)и фамилијарни дружења,празнувања блискост колку што дозволуваат карактерните соодветности/(не)соодветности сепак да се одржува некако родбинската блискост бидејќи крвта не е вода,но самостојност да бидејќи од мешкања што кој како бракови до пред распад стасуваат :( .
     
    На wtff, butterfly.mk и DigY им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Епа не е фер/ таа поделеност, не викаме ние дека е. Ама тоа е тоа.
    Незнам од која причина навистина ама едноставно така е :D
     
  12. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    можеби не сум баш компетентна на оваа тема но сепак сакам да дадам мое мислење......никогаш не ми било јасно и мислам дека нема да би биде јасно баш тоа ривалство меѓу јатрви...и двете се дојдени во таа куќа и наместо да живеат убаво зашто и двете делат да речеме иста судбина тие се караат и замеруваат..друго е снаа и золва каде едната е ќерка а другата снаа и се знае на која страна ќе се влече а друго е кога двете се снаи...што знам според мене мислам дека баш помеѓу јатрви треба да има убав однос ...може грешам но тоа е мое мислење....
     
  13. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    И јас мислев така, и сакав така да е. Кога се омажив со сопругот, му велев на деверот: Ајде кога ќе ја бараш? (Бидејќи правеа муабет дека треба да се земат и тие скоро, а и ми беше досадно, мислев дека баш убаво ќе ни оди.) И после 1 месец се зедоа, и таа почна со нејзините муабети по народот, и ред други работи кој ги напишав овде на темата, да не се повторувам сега. Имаме некој однос сега онака, но не е тоа тоа- штета. :^)
     
    На Milena-111 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Jас и мм,се одалечивме и од девер,золва,jатрва и сл и МНОООГУУУУУ СМЕ РАААТ. Да не се подречам. Поради обврски реткп се гледаме и супер е вака,,,,,,веке неколку години. А тоа за зборенjетп,па тоа сите го прават,сите оговараат и затоа понастрана.
     
    На Yassie96, Barbie20 и V.odolija им се допаѓа ова.
  15. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Иста ситуација и кај мене само што оваа е дволична и користољубива.
     
  16. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Јас многу си ја сакам и почитувам јатрвата,порано да се каравме ама затоа што живеевме на исти спрат и нормално колку и да се сакаат луѓе во заедница има расправии нас ни сметаше некои работи нив им сметаа некои работи зошто имаат 2 деца,а сега ние сме на едниот спрат они на другиот и си се дружиме си пиеме кафе си муабетиме по цел ден си помагаме може некогаш пак ќе се скараме ама пак ќе сме заедно многу пати и до колење дошла работата па повеќе од 2 недели не сме издржале да сме скарани,би сакала секогаш да е вака да не се караме па во иста куќа сме зошто да е така :)
     
  17. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Имавме одлични односи се до моментот кога парите не ја удрија во глава...Штета е колку парата го мењава човек..
     
    На Yassie96, fighter, Aneto10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    so idnata Jatrva se slozvime ubavo,ona e 10 god postara e mene,ama mnogu mlada se omazila i decko mi bil mal koga dosla taa vo kukjata taka da go saka ko brat,a i mene :D nastrana si ziveat,ama sekogas koga idam kaj decko mi ke dojdi,me vika kaj niv,mi se javuva na tel.. :*
     
  19. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Мојот однос за сега е лош,прво девојката почнува нешто да ме копира или мене ми се чини,а со тоа и не ми зборува мислам не правиме муабет иако ни јас не знам зошто.
    Спомнав дека после нас тие се верија,потоа ние се венчавме во март и рековме дека ке правиме свадба на 15 август,замислете свадбата ни беше од 6,а тие се венчаа во 4,и покрај тоа моето презиме е на ски заради тоа што сум во германија па и она го зела истото презиме.На свадбата едвај ми честита онака со пола уста и ми го даде цвекето.
     
  20. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Ја мразев и ке ја мразам јатрвата веке бивша јатрва .
    Змија една...