И мене првпат ми се направи некаде пред нова година, бев на лекар и ми дадоа капки дексаметазон мислам и крем хлорафеникол, и ми помина , ама во април некаде пак ми се појави, и јас си се мачкав од истиот крем, ама надворешно( некоја феминка имаше пишано внатре, мене строго ми напоменаа надворешно само да го ставам) и истите капки.Ама после тоа ми остана нешто како зрнце, и матичната ми рече да ставам топло камче за да ми се изгуби ама некако нема некое фајде и мене не ми се познава, само кога ке се допрам на окото се осеќа
Ќе бидам офтопик, ама старите викаат сме фатиле некој тип на окце, па трага оставил Не чинело мањачење
Мене пред неколку год, нон стоп ми се правеа, ама после ми кажаат да појдам кај една баба и таа ме помина со бовчата нејзина и ми помина, тоа беше еден вид кушања и фала богу од тогаш не ми е појавен!
Братучеда ми си имаше проблеми со јачмен на окото пред 1 година некаде. И и дадоа капки дексаметазон и некоја маст ( не знам како се викаше) и и помина. Но потоа пак и се појави и тогаш не и помина со истата дијагноза. Потоа и бајала една жена и и помина.
Да, нејзината бовча била стара и рапава и ги пресекла за да излезе гнојот. На моја пријателка детето 2 год. има малата има на двете очиња. Што ли уште не направи, и капки, мастови, мајчино млеко, бајачки....ништо. Нејзините се големи и и препорачуваат операција ама таа е многу мала. Се измачи детето 2 мес.,,
полани летото ми излезе на окото јачмен до тогаш незнаев што е тоа (мислам сум имала ама за кратко минеле) си викав ке помине утре дента мисе затвори октото бев на лекар ми дадоа капки и помина за неколку дена после пак ми излезе јас си мислев дека ми поминало не го осекав да ме боли несе познаваше а тоа внатрешно ми излегло(под капакот) него осекав и незнаев за него се додека еден ден не осетив водичка во окото и ме запече после извесен период почна да се познава отидов на лекар ми дадоа капки ги користев 2 недели и после мораше да ме оперираат да го остранат сега скоро пак мисе појави на окото бев кај една жена ми баеше и ми помина ( кој е од штип и го интересира за жената ако има мака да оди нека ми писе лп) поздрав
Едно време мака мачев со нив. Имам проблем со имунитетот и секогаш ког аќе се десеше некаква варијација мене таму ми удираше.. Памтам трета или четврта средно јас со огромни црни наочари песедов добри недела дена - сите часови. Фрустрира ептен и непријатно е. Да си збесне човек. Јас користев Хлоромфеникол маст и капки...Ама бидејќи не ми делуваа се префрлив на едни други капки..нешто појаки. И ми помина за 7 дена. Среѓа сеа сум веќе ок... со мали дигресии.
Втор пат во животот ми се појавува јачмен. И тоа баш денес кога треба да одам кај моите на гости на неколку дена. НЕ! НЕ ОДАМ ВАКВА! Ќе си седам дома, наредниот викенд кај нив. Дексаметазон капки велите? Колку се на приватно ?
јас користев дексаметазон капки и хлорафеникол маст, ама искрено мислаам дека повеке ми помина од маста и плус ставај затоплено камче на окото за побрзо да се изгуби
Прв пат чудово кога ми се појави бев на хирушко и ми го исчистија окото,арно ама втор пат сеа брзо кога ми се појави, цимеркава ми рече да испијам малку вода со стопен квасец , еднаш а ако не помине и утредента, мене сепак од едно пиење ми помина. Така да пробајте и вие...
VildCherry, kolku kvasec na kolku voda stavase i koga go piese(nautro-navecer, pred-po jadenje)? I moze li informacija za taa babata od kaj e, kade moze da se najde, neka mi pise nekoj i licna poraka. Pomagajte, oti derman nema od ova jacmenov, a ne sakam pod noz Pozz [mod-kirilica:3uqho9tm][/mod-kirilica:3uqho9tm]
Малку квасец(помалку и од пола) ке ставиш во филџан помалку од пола топла вода, и нема везе кога се пие
Ми се направи на окото начмич - јачмен, во внатрешната страна, бело грутче е, и многу боли на допир. Има некое чаре за ова или мора на очно да одам?
Ставај топли облоги (топли марамчиња, неверувам дека по дома имаш жито-јачмен зрна од јачмен за да ги затоплиш во марамче и така држиш топла облога) за да пукне и истече гнојот. И да одиш на лекар ќе ти дадат куп мастови и капки за очи и на крај ќе се сведе на истото, чекај да пробие и истече гној. Досадниии се и мачни за лечење
Баш денеска се оперирав, супер поминав со локална анестезија и немам постоперативни болки, само минимален оток, за неколку дена ќе ми ги извадат конците... За џабе бев толку преплашена, ништо страшно...
Пред да се оперирам ставав некоја каша за да ми истеце од внатре не ми помогна па после тоа со лук пробав али тоа па пеце ептен,незгодно место е ,и на крај операција ме спаси,до сега имам 3 правено и после тоа имав јаки болки па терапија едно 10 дена и потоа како нисто да сум немала ни лузна ни се познава дека ме сецеле
Баш тоа сакав да те прашам, во врска со лузната.. Се оперирав на пластична хирургија,кај Др. Туџарова затоа што сакав пред се естетски ефект. Еве после 2 дена од интервенцијата денес бев на контрола, ми рекоа дека раната одлично изгледа...имам само 2 тенки кончиња кои треба следниот вторник да ги извадам. Кога прашав дали ќе имам видлива лузна ми рекоа дека нема скоро ништо да ми се познава, но јас таква сум малце скептик по природа Дали ти после операцијата користеше Contractubex?? PS: За болки стварно не можам ништо да се пожалам.... Ах, и уште едно прашање: Правеше операција на надворешен или на внатрешен hordeolum (народски кажано "jaчмен") ?? Јас имав надворешен јачмен на горниот капак, кој беше инкапсулиран месец дена и немаше друг начин за да ми исчезне.
Ne stavav nisto za luzni samo po sebe skroz se se povlece,jas pravev i od nadvor i od vnatre me kopaa i bolkite pred se se od vnatre bidejki jas od vnatre imav uste 6 i traese malce podolgo,samo sto jas nemav konci ne me sieja bev prevrzana podolgo vreme i stavev kapki i mast sabajle i navecer
Уфф и јас сум имала јачмен,бев отечена цела мислам како некој бокс да ми мавнал на око хехеххе. Многу боли,не сакам пак пу пу...