Уффф...внатрешен јачмен е уште погадно, ама добро битно со помин да биде и никогаш повеќе да не се повтори!! Јас се надевам дека ќе немам хендикеп со лузната и ќе им верувам на зборот Затоа и отидов на естетска хирургија. Имам од неколку извори слушнато и прочитано за некој ако има склоност на јачмени да консумира најмалце 2 месеци пивски квасец, го имам и како таблети, но најдобар е во прав на растварање, може да се најде во продавница за здрава храна...
Девојки да ве прашам после колку време отидовте на операција да ви го вадат јачменот? Мене ми излезе во петокот внатрешен. Прво ми беше на средината на подочњакот, и сега ми е некако по внатре накај носот отиден и поголем е. Бев на доктор и ми даде маст и ми рече топло јајце да држам ама мене повеќе ме боли кога го држам јајцето пошто како ќе го затворам окото посилно или ќе го допрам ме боли... И како да си шета јачменов секој ден приметувам дека е на друго место од средина на десно па нагоре-надоле
Мене ми е надворешен, (ме правеа само надворешно пред месец ипол операција, ама одма пак ми излезе на истото место) бев денес кај еден доктор у војна болница, па ми закажа интервенција за у вторник и ми рече дека ке мора да ми го третира и од внатре и од надвор, дека жариштето ми било од внатре. Па да видам како ќе поминам и ќе пишам...Сепак се надевам дека све ке биде како што треба..
Девојки, не се плашете од операција. Не е толку страшно. Мене ми е тазе, пред 1 месец се оперирав на очно во воена болница и да чукнам во дрво се е како што треба за сега. Ќе ве нафукаат со капки прво, ќе ви стават локална анестезија на капакот (тоа малце боли, ама многу брз убод е) по минута ќе ви го свртат капакот со еден специјален инструмент (тоа е језивко, ама не боли ич), се прави мал рез од внатрешна страна и се вади капсулата,местото се киритира. И то е то..10-15минути работа. После тоа ќе ве изврзаат со завој околу глава. Болки може да се јават после анестезијата траат некој пола саат до неколку саати, ама се издржуваат..ќе се напиете еден аналгин. Утредента ви го вадат завојот и ви го чистат окото, па уште еден ден ќе носите обична лепенка. После тоа околу 10 дена ќе мора редовно да ставате терапија антибиотски капки и кортикостеродидна маст. П.С : Кога ми го извадија завојот кога се видов во огледало бев потечена и со мали модринки, ама за 5 дена све се повлекува како ништо да не било.
За јачмен најдоброто решение е варено јајце и излупено не многу жешко и да се стави на местото на јачменот и тој ќе пукне и ништо не ви треба никаква операција ова е од доктор рецепт, мајка ми го проба тоа имаше јачмен цело лето и кога отиде на очен така и препорачаја. Само внимавајте значи не треба да е многу жешко јајцето да се прилагоди на температурата на телото.
Леле женски ми се зацрвенува окото и почнува да ме боли и малку отекува, мислам дека е јачмен. Има ли нешто да ставам да не ми отече скроз и да го сотрам?
Која е разликата меѓу внатрешен и надворешен јачмен, мислам како изгледа едниот како другиот, имам веќе една недела нешто како топче веднаш до солзниот отвор, не дека нешто испаничив, ама читајќи тука гледам и дека не поминува така лесно, ме замисливте, уште ова ми требаше.
Среќа до сега не ми се појавил пу, пу, пу, ама затоа мака мачам со херпеси на уста. Која е веројатноста да ми се појави за прв пат сега или ако до сега не сум имала проблем, нема ни натаму? Некој искуство?
Верувај, и со јајце пробав и со све живо....јачменот ако премине во фаза на Chalazion, односно се формира капсула, ништо не го оправа освен хирушка интервенција, што беше случај кај мене...
Ми се појави јачмен на оково вчера и денес не можам да си го отворам оково, од внатрешна страна. Кажувајте помош.....Еве сега ќе се напијам квасец, како што прочитав, се мијам со камилица....барам бајачка, да не знае некој во Битола/Прилеп/Крушево некоја? Операција нема шанса, страшно-нестрашно...не одам, не можам! Ве молам девојки помагајте.
пробај со маст декстаметазол и капки проколин и најважно масирај со мраз на местото да не се запеци гнојот и да си остане јацменот
Јас имав јачмен на окото и отидов на државна ми го извадија. Ама таква страшна болка никогаш во живот не сум имала. Како прво и основно влегов во една сала каде што треба да ми се изврши зафатот. Ме покрија со зелена прекривка. Ми ставија капки во окото и нешто како анестетик, и беше БЕЗ АНЕСТЕЗИЈА. Од што ме болеше се дерев од внатре, сестрата ме држеше за раменици за да не се поместувам, а докторот со една железна штипка ми го преврти капакот од окото и ме засече од внатре. Се ежам од самата помисла. Ако ми се појави уште еднаш не дај боже никогаш нема да ги трпам истите болки.
здраво, имав внатрешен јачмен користев капки и маст, и ми помина но ми остана како на капакот и внатрешно црвенило и некогаш осекам како да ме зачешува, и сега незнам што да правам?
Јас ова сум го имала како мала и знам дека ме однеле на бајач што живееше кај нас и ми поминало фала му на Бога веќе не ми се појавило
Леле и јас имав порано со тоа проблеми на секое ми илегуваа и по некое време се повлекуваа,сега да не се подречам ми нема излезено одамна се мачкав со хлоранфеникол маст и ке ми поминеше до сега не сум била на болница,а по ова што прочитав не веруам дека ке појдам ми се ежи кожава од страв.Имам слушнато дека кога ке го сетиш дека почнал да излага да се намачкаш со првата плуканица од сабајле кога ке станеш и брзо поминувало немам пробано,но ако лечи не е на одмет да си проба човек.
Да не се заречам, досега не сум имала вакво чудо. Баш некни зборев со цимерка ми за ова, нејзе често и се јавува, и вика дека кога ќе примети дека излегува го плави често само со вода, и ништо друго и и се повлекувало.
На другарка ми и излегуваат јачменки на очи Не е ништо страшно,нејзе и цела година и стоеше па ништо !