Јас имав два јачмени на двете очи околу 2-3 години, ми се појавуваа најчесто во пролет, најверојатно некоја алергија и ги имав до октомври, ноември месец. Што се не пробав, за на крај да одам во воена болница мислам беше и да ми ги дупнат. Осетив само боцкање од игличката малце и ништо друго. Веќе 7 год не се појавија.
Јас го имам ова на десниот капак (горниот) си стои веќе пола година... Се живо пробав и масти и капки ама ништо не помогна... Денес пак бев на доктор рекоа дека веќе е формирана капсула, ми закажаа за утре да ми го отстранат хируршки бидејќи друго чаре нема. Страв ми е еве и сега додека пишувам ми се појавуваат светкавци пред очи ама шо е тука е
Мене од време на време ќе ми се појави на еден од краевите на окото мало бело топче, кое кога клепам ме боцка во окото. Ќе земам ќе го боцнам со дезинфицирана игла и ќе потече многу малку гној, па ќе престане да боцка. После боцнувањето 2-3 дена му ставам облоги од чај од камилица и поминува за еден ден, но јас сепак ставам облоги 2-3 дена за да не се инфицира уште повеќе. Но по неколку месеци моќно е да ми се појави повторно ново такво мало гнојно топче, не мора на истото место, може на другиот крај од гото, горниот или долниот капак на окото или на другото око ... дали тоа е јачмен? или што е? Можеби грешам што го боцкам? Слични искуства???
Mene sekoja godina mi se pojavuva jacmen na oko .. mi trae po 2-3 meseci cela strana na liceto mi e potecena ..stavav citeral kapki i mast ...i so tek na vreme mi sobra gnojce i istece.. a na levovo oko imam uste luzna poso mi go gorea so igla , Ako ednas ti se napravi sekogas se pravi ,probav i so kamilica ne pominuva..
си ја погодила темата. Јас имав 3-4 пати више јачмичка на окото ии ми помогна чај од камилица свари го и додека е топол ставии крпче во него исцеди го и ставај на окото додека е топло потоа повтори го истото прави го тоа неколку дена или пак ако одиш на училиште паломаа стави на парното нека се стопли и потоа ставај ја на окото ... имам слушнато да намигнеш на некој со црвена блуза .. или пакк некое машко да ти намигне тебе.
Првпат слушам за тоа со иглата Инаку мене мн често ми излегува такво топче,но не го чепкам.Само од себе ми поминува. Имам слушнато дека може и лук да се ставе.
Сега пред малку ми искочи нешто црвено кај окото. Малку наликува на топче. Оково ми е како жешко и ме боли многу посебно на допир. Можно ли е да е јачмен ?
Вчера се разбудив сабајлето и окцето oд страна некако ме болеше,но ептен од страна тоа. Сега исто се будам,малку,многу малку ми е потечено,не се познава дури. Инаку тоа е многу меко потеченото.Не знам со што да се мачкам или што да правам да спадне овој мал оток.Би можело да биде јачмен на око,иако мајка ми вели може си се удрила спиејки.Зошто пред да си легнам не ми беше ништо,ниту чувствувам вака болка,само кога ќе го допрам,помалку ме заболува. И да е јачменче,кажувајте како да го решам веднаш,додека не почнало да се зголемува или сл.
Здраво женски, за прв пат во животов ми искочи јачмен на око и тоа внатрешен.Ви ги читав мислењата и ставив варено јајце на окото ама некако не помогна.Дали да ставам Дексаметазон или Хлорамфеникол.На другарка моја само Хлорамфениколот и има помогнато.. Офтопик- ја измив четката за сенки превентивно, дали можам да ја измијам и четката од римелот и од кога ќе ми помине пак да ја користам т.е дали ќе е употреблива. Хелп
Земи си Хлорамфеникол, одма помага и дава резултати. За неколку дена ќе ти се подсмири веќе. На крај ќе ти пукне и гној треба да излезе. Тогаш веќе ти е поминато да знаеш. Ако многу долго го користиш римелот смени го. Џабе ќе ја миеш четката ако има бактерии тоа и во течноста на маскарата е навлезено. И од нечисти раце , нехигиена исто се добива јачмен. Не користи шминка сега на очи дур не ти помине скрос јачменот. Ако ти се зголемува се повеќе со денови и те боли , оди на лекар.
Фала многу, сега ми е како малечко топченце го чувстувам на допир, на допир не боли-боли кога трепкам ама не цело време.На другото око немам ништо а посилна е болката. Римелот го имам месец дена едвај сенки се ново ми е и четката редовно ја мијам, имунитетот ми е супер очигледно е до фаќањето очи со нечисти раце.. Хлорамфениколот да го ставам внатре во окото или надвор? П.с имам долги шпицасти нокти не знам како ќе успеам а да не си го извадам окото
Eпа од нечисти раце ти е Си се фатила или почешала. Немој со нокти. Со самиот дел издолжен што е на тубата, со него ке нанесеш по линијата на окото, како да нанесуваш туш. И мааалце одвнатре на окото ќе ставиш. Јас така правев, не ни допирав таму со прсти дур го имав јачменот. Иначе, и мене така ми беше иста болката само дур трепкам ме наболуваше малце, и за 3-4 дена ми помина. Мачкај се насабајле и навечер пред спиење, не ставај шминка, и ништо друго освен маста. И не се чепкај со прсти и слично
Сега ми стави мајка ми баш како што кажа ти, со памукче го разнесов.Шминка нема да ставам неколку дена.Фала многу
Женски каде во Скопје би ми остраниле масно ткиво од јачмен? Имам на двете очи.И дали би ми ставиле анестезија?
Zdr dali pomaga chloramphenicol kupiv ama se isplasiv pisuva od mozni nesakani efekti? Za jacmen na oko mi e sto da pravam?
Не помага многу Има едни капки и маст, на Т беа прашај во аптека, одма помагаат. Јас бар кога имав, хлорамфениколот и не ми помогна многу А тие се баш за инфекции на очи
Dali se za nadvoresna upotreba? Bidejki ne sakam da stavam nisto vnatre vo okoto jer n3 mi e sigurno s3 bez doktor i kolku cini toj mast?