1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Југославија-еднопартиски систем и животот во тоа време

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Karamela12, 12 декември 2020.

?

Дали би живееле во република како што била Југославија?

  1. Да

    127 глас(а)
    76,5%
  2. Не

    39 глас(а)
    23,5%
  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Секако ова е доволен аргумент во твоја корист, што друго да ти кажам.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    isto validen kolku tvojot.
    ti rece-jas rekov
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Како и обично, пишуваш ваљда пошто ти е забавно да си у контра. Јас како италијанист сасвим доволно сум го изучувала Данте за да знам што зборувам. Секако, секој е слободен да мисли и верува што сака.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Абе сега ти кажвам дека го учевме и не беше цензуриран.
    И јас знам шо учев.

    Муабетот е јас реков-ти рече.
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Како знаеш дека не бил цензуриран, си го читала во оригинал, сте ја учеле првата објавена верзија, си го читала ракописот на Комедијата? На многу нивоа се случува цензурата, тоа што е спомнат во школо не значи дека не е цензуриран.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Е сега, не памтам шо верзија беше.
    Ама знаевме дека е инспирирана од Христијанството.
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Значи штом се спомнува религија, не е цензуриран. Во ред.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Е сега, ако биле некој зборој цензурирани, шо прај разлика?

    Ти всушност сакаше да покажиш дека религијата била забранета.
    Епа не беше.
    Сите сме крстени, венчани, пеени, шо не...
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Вајлд, читај што пишувам, не претпоставувај, не толкувај, не измислувај. И некои денешни препеви на различни јазици се цензурирани, небитно која е позадината на таквото однесување. И не е цензурата врзана само со религијата, колку и да сакаш да е така.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Добро.
     
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Повторно, краљица на банализирање на муабет или кога пишуваш пошто ти е досадно, утепуеш време, разбирам :)
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Да ви се надоврзам на муабетот во поглед на Југославија, цензура и верските слободи.
    Преведувачите понекогаш се самоцензурирале или поточно го адаптирале текстот од некои книги.

    Така во преводот од 1977 (Титот бил сè уште жив) на едно хинду верско книже со наслов „Шри Ишопанишад„ од англиски на српско-хрватски, низ првите страници каде наместо вовед е пренесено предавањето на еден индијски гуру одржано во Лондон, таму во оргиналот вели: „Lady`s and Gentleman (Дами и господа)„ но преведено е како: „Drugarice i drugovi...„ :rofl:
    8-| А во краткиот предговор од преведувачот вели дека целта на изданието не била да ги вознемири политичките, економските или социолошките мислења на индивидуи или групи туку да укаже на човековата релација со сèвишниот (според верското убедување изнесено во книжето).
    Интересно е уште што книгата не била печатена во СФР Југославија туку во Вадуц, Лихтенштајн. Не дека во Југославија не се печатела верска литература воопшто, но веројатно било покомплицирано. А веќе од почетокот на 1980-те (ако не и порано) верската литература била ослободена од данок што може да се види во изданијата на разните верски заедници и религиозни групи од тоа време.

    Од ова се гледа дека религијата не била забранета, но била потисната и маргинализирана.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Муабетот беше дека цензурата постои од кога постои светот, веројатно и многу многу пред Index Librorum Prohibitorum, и не е сведена само на религија.
    Камо среќа да е смислена цензурата во време на Југославија, светот би бил многу поубаво место. Инаку конкретно за препевот на Комедијата, цензурата не е на преведувачот, туку на уредувачката политика на издавачот. А другарице и другови е уметничка слобода :D:D:D
     
    На daylight и sonuvana им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    16.897
    Пол:
    Машки
    ✊ Пред точно 77 години, на 11 август 1945 година, жените во Југославија се изборија за правото на глас.

    Правото на глас за жени беше потврдено во 1941 година во документите на Врховниот штаб на Народноослободителна партизанските одреди на Југославија, кои во тоа време имаа моќ на териториите ослободени од нацистичката окупација.

    Ова право прв пат го остварија по Втората светска војна, на изборите за Уставотворното собрание во ноември 1945 година. Во тоа време, сите мажи и жени во земјата над 18-годишна возраст гласаа за Уставотворното собрание.

    По овие избори, први на кои југословенските жени имаа право на глас, на 29 ноември 1945 година, монархијата беше укината и беше прогласена Федеративната Народна Република Југославија.

    Во истата година, жените во Франција и Италија се изборија за правото на глас.

    Правата на гласање на жените беа воведени во меѓународното право во 1948г., кога ОН ја усвои Универзална декларација за човековите права.

    Правото на глас на жените исто така е наведено во Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените , која беше усвоена од Обединетите Нации во 1979 г.

    Во текот на Народноослободителната борба на народите на Југославија од јули 1941 до мај 1945 година во редовите на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Југославија се бореле повеќе од 100.000 жени, од кои околу 25.000 биле убиени.

    Од сите 40.000 жени кои биле повредени за време на војната, повеќе од 3.000 станаа инвалиди. За народни херои прогласени биле 91 жени, а 3.344 од нив добиле Партизанска споменица 1941. Повеќе од 2.000 жени станаа офицери на Југословенската армија. Од околу 1,7 милиони Југословени, кои биле убиени за време на Втората светска војна, околу 620.000 се жени, а само во камповите биле убиени повеќе од 282.000.
    1 (1).jpg 1 (2).jpg 1 (3).jpg 1 (4).jpg 1 (5).jpg 1 (6).jpg 1 (7).jpg 1 (8).jpg 1 (9).jpg
    Извор: Слободен печат
     
    На Meni65, CameliaMiller, Wideperpetual и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.765
    Пол:
    Машки
    Хрватите од инат, поради Србите, иначе им се плаче.

    [​IMG]
     
    На CameliaMiller, Scott Weiland и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Како бе кај нас населението смета дека сме биле оштетени нема шанса да е реална анкетава па кога се распадна Југославија јавна тајна е дека мнозинство од населението беше против напуштање на Југославија стравуваа референдумот да не излезе неуспешен па затоа имаше вакво трики прашање

    Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?

     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  17. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    2.223
    Пол:
    Машки
    Не ти е точно референдумското прашање. Не е „суверени“ туку „суверените“. Има голема разлика!
    Screenshot_20230701-000300.jpg
     
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Како и да е прашањето беше двозначно и нарочно се создаваше клима во јавноста за некаков иден сојуз или конфедерација со бившите републики за да помине референдумот мнозинство од народот не беше за излегување од Југославија ова сум го слушал и од доста политичари низ емисии
     
    На Bratot и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    2.223
    Пол:
    Машки
    Да, прашањето беше двосмислено.
     
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.765
    Пол:
    Машки
    Мислам дека не го разбра убаво прашањето.
    Анкетата покажува колку граѓани мислат дека тоа што се распадна Југославија ни наштетило (донело полошо е подобар превод) или донело бенифити.

    Како што гледаш, кај нас само 12% мисли дека имаме бенифит. А тоа не е тешко да се претпостави кој етникум мисли така.

    Воглавно, освен Косово, и Хрватска, сите мислат дека не сме виделе никаков бенифит од распаѓањето на Југа. Па дури и една Словенија е 50-50.
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.