Југославија-еднопартиски систем и животот во тоа време

Discussion in 'Политика и настани' started by Karamela12, Dec 12, 2020.

?

Дали би живееле во република како што била Југославија?

  1. Да

    127 vote(s)
    76.0%
  2. Не

    40 vote(s)
    24.0%
  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,649
    Gender:
    Male
    Оооо еве уште еден југоносталгичар со пентаграм на чело.
     
    Аргентина * likes this.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2013
    Messages:
    2,472
    Likes Received:
    8,587
    Каква иднина може да има еден систем како социјалистичкиот, кој на својата младина и шепкал:"учи за да не работиш"! Што арно може да донесе такво воспитување?
    Духот на оваа доктрина се провлекува до ден денес низ цела бивша - Ју. И затоа сме си вакви какви што сме си.
    Фала им за ништо!
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,671
    Likes Received:
    14,138
    Јас сум била дете, но од она што слушам од постари, ако работникот печалил куќа, директорот исто за една куќа, ама поубава. Или ако работникот возел фиќо, директорот малку поубава кола, но немало големи разлики, како денес, мојот директор да има 3 стана, џип, а јас да преживувам.
     
    theBride, Nikolina35, SexiLy and 5 others like this.
  4. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2020
    Messages:
    315
    Likes Received:
    531
    Gender:
    Male
    Апсолутно да. Шансите за кражби се помали толку пати колку што во моментов има партии во Македонија, згора на тоа, Југославија била држава во секоја смисла на зборот. Своја индустрија, свој развој, свои човечки ресурси. Почитувана и призната насекаде во светот но, била вештачки проект. Целта била опоравување на тие земји од турското.

    На териториите на Југославија на почетокот, голем процент од населението биле селски жители со ограничен светоглед, застарени знаења и бариера со светот, ај да речам кралството СХС. Потоа, голем број од тие селски жители се носат во градовите каде им се даваат станови, цели блокови згради, од каде секој си добива работа. Индустријата е во полн ек.
    Подоцна се случува втората светска војна по што ранетата Југославија се префрла во герила начин на војување, завршува војната и се опоравува успешно бидејќи Братство и единство.
    И, како што минуваат годините така се зголемува нејзиниот напредок. Помага на афрички и блискоисточни земји, врши модернизација и кај нив, додека пак тука луѓето живеат во економски мед и хармонија. На крај, се распаѓа поради голем национализам, појава која на никој не му донела никакво добро, на еден фудбалски натпревар. Државите кои се распаднаа денес се не знам колку пати по задолжени на странски банки отколку самата Југославија, односно, на тие држави им се врши рекет од странски земји. Рекет во смисла на работници, доделување пасоши на граѓаните на тие републики, правење некои си фирми и проекти и слично. Значи, Југославија имала еднопартиски нескршлив систем кој бил на база на чесност и одговорност, нешто што сега од сите институции во тие земји, може да се сретне само во армиите, додека во другите институции владее хаос, корупција, неред и неспособност.
     
  5. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2020
    Messages:
    315
    Likes Received:
    531
    Gender:
    Male
    Ајде бе. Сега боље да не е, шефицата си зема два три стана а вработените пипер в очи немаат. Социјализам е лекот за ваков систем капиталистички.
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,414
    Likes Received:
    90,665
    Gender:
    Female
    Појма немате што зборите.
    Југоносталгија кај генерации кои не ни биле родени во тој период.
    Прераскажани филтрирани приказни од родителите кои не знаеле за подобро и за лична слобода.
    Нормално е државата да ви земе куќа,стан,нива,имот во свое власништво,затоа што така било одлучено?
    Југославија ја подржуваат само тие што зграпчиле нешто тој период.
    Фала Богу што се распадна.
    Последици уште ден денес имаме од тој систем.
    :puke:
     
    Srckata28 and BloodElf like this.
  7. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2020
    Messages:
    315
    Likes Received:
    531
    Gender:
    Male
    Некои земји од северна Африка имале своја Југославија (Либија, Египет) а некои земји никогаш немале (Конго, Судан, Мали) епа види ја споредбата. Да не била таа држава денес ќе бевме балкански Конго. Зграпчиле тогаш и завршиле на голи оток. Денес ќе зграпчат и газдите од запад ќе ги стаат на функција, додека децата ќе им студираат по светот на државна сметка а сиромаштија ќе ги фаворизира и ќе им се диви. Не знам ова е само мое мислење и колку и да е различно од мислењата на останатите, тогашната благосостојба била подобра од денешната.
     
  8. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Joined:
    Oct 31, 2020
    Messages:
    668
    Likes Received:
    1,789
    Напишете само Ден на Младоста на youtube да видите како се славело со точки на средношколци од цела Југославија и после зборете како тогаш било лошо. Каква фантастична оргаизација. Сега сме 100 години наназад..да не зборувам за се друго.
     
    theBride, SexiLy, Idedemja and 4 others like this.
  9. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Joined:
    May 17, 2015
    Messages:
    1,146
    Likes Received:
    14,447
    Gender:
    Female
    Се си има предности и мани. Ќе одам напоредно, од она што сум го слушнала од моите родители и баби и дедовци, од историски податоци, од информации кои ги знам.
    Социјалистичка Југославија после војната... Македонија е рамноправна, република... Но, наспроти ветувањата за Обединета Македонија (нешто што се дискутирало и на АСНОМ), само тогашната Вардарска Македонија влегува во состав на Југославија. Па има случаи како Крваво Коледе (партизани кои сакале да одат на Солун, не на Срем), членовите на АСНОМ затворани, малтретирани. Тука е национализацијата во која многу фамилии изгубиле огромни имоти. Уништување на козите, присилни колективизации и задруги. Не било баш се така розово. Наместо развивање на селата, индустријализација и населување на целото население во градовите. Во меѓувреме уште многу луѓе и нивните семејства жртви на УДБА и сличните организации. И не знам како можете да пишете дека не е страшно тоа, било кој израз на македонизам бил казнуван. Едноумие, нема слобода на избор. Добро е тоа што постоел ју-стандард, се граделе некои работи, можеле сите да си дозволат одмор, да за обичен човек секако дека е добро. Ама од каде се финансирало сето ова? Преку кредити и позајмици. Постои т.н. општествена сопственост (сечие а ничие), самоуправување... Еден професор велеше, економскиот систем на Југославија-експериментален систем. Примерите безброј, од премногу вработени (после технолошки вишоци), до земање кредити па претпријатието не може да ги врати па банката е сопственост на претпријатието, па печатење пари за да се покријат долговите што води кон енормна инфлација... Едноставно вештачки одржување на државата со кредити, и се знае дека еден ден сето тоа ќе престане, не може вечно така. Тие генерации што искористиле бенефиции супер, а после во транзициониот период за нив плаќаат. Можеби било добро од аспект на поголем пазар, иако дедо ми викаше: „Се што чинеше се носеше за Белград, ние работевме за Белград“. Не знам дали е толку розово кога чекале во ред за леб, млеко. Можеби социјалните разлики биле помали, ама тие што имале повеќе се знаеле, и најчесто биле партиски членови. Пред некој ден една европратеничка рече: „Националните идентитети биле 50 години гушени“. Што го потврдува тоа што се случуваше кога Југославија се распаѓаше, војната и последиците страшни. Најпосле, секоја од државите наследила и долгови. Така што ситуацијата денес делумно се должи и на Југославија и транзицијата. Дека било идеално, не било. Дека изгледало фер, изгледало. Дали би живеела во такво општество? Не, самото распаѓање на тоа општество и последиците говорат дека нешто што вештачки се одржува на крај носи полоши последици од претходно. Мое мислење, вештачки се креира Југославија од политички причини. Дека денес е добро, не е, ама промена се носи ако сите активно се вклучат, со пасивно граѓанство само ќе тонеме.
     
    Idedemja, daylight, mila89 and 3 others like this.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,447
    Likes Received:
    40,977
    Gender:
    Male
    Надворешен долг на:

    Југославија 1987: 26% од БДП.


    Надворешен долг на Екс Ју земјите денес:

    Македонија: 41% од БДП
    Србија: 54% од БДП
    Хрватска: 85% од БДП
    Словенија: 82% од БДП
    БИХ: 29% од БДП
    Црна Гора: 75% од БДП

    *процентите се разликуваат од извор до извор, и од година до година. Земени се некои средно приближни вредности.
     
    SexiLy, Idedemja, Bratot and 5 others like this.
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    3,259
    Likes Received:
    8,528
    Gender:
    Male
    Југославија и Тито - Земја на неврзаните и отворен систем, нешто како Кина денеска.
    Социјализам - преодна фаза за Комунизам каде луѓето се уште имале потреба од држава.
    Социјализмот најмногу чинеше за средната класа, вработени сите, бесплатно здравство и фармација, школување и сл. Или кажано: "Секој според можностите, секому според потребите".
    - Би живеел во едно партиски систем и мислам пак ќе се роди еден вид нов комунизам-социјализам во светот особено ние посиромашните земји, бидеќи од богаташиве народот неможи глава да крени, капитализмот само за нив измислен истите па истите само се богатат и редат.
    Некои велат Југославија била проект а Тито агент, но луѓето сепак беа задоволни.
    Сум за нов едно-партиски систем каде повторно ќе биде отворен социјализам како Кина денеска но со блага потпора на национализам бидеќи гледаме што ни се случува во државава (не буквален национализам како оној на Хитлер).
     
    Lolli and Idedemja like this.
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2010
    Messages:
    1,042
    Likes Received:
    1,968
    Лол, знаеш дека нема никаква врска ова со поентата твоја, така? Знаеш колкав е долгот на САД, Британија, Јапонија?
     
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,447
    Likes Received:
    40,977
    Gender:
    Male
    Зошто не? Се збори во темава колку била презадолжена Југославија и како тогаш луѓето живееле на кредити. Всушност, Југославија била меѓу помалку задолжените земји тогаш, а денес екс ју земјите имаат дупли или тродупли долг и живеат од тој кредит.
    Гревовите не ни се гледаат од долгови нас. Тешко на тие идни генерации кои ќе треба да го враќаат ова што сега ние го трошиме за да живееме во оваква беда и сиромаштија, добивајќи трошки.
     
  14. asdas

    asdas Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2010
    Messages:
    1,042
    Likes Received:
    1,968
    Не е битна големината на долгот туку твојата способност да го вратиш. Пола од ЕУ државите имаат поголем долг/БДП од нас. За империите да не правиме муабет.
     
    Bezimenka90 likes this.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,447
    Likes Received:
    40,977
    Gender:
    Male
    Затоа де и пишав во проценти од БДП, а не во цифри на пари. ;)
     
  16. asdas

    asdas Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2010
    Messages:
    1,042
    Likes Received:
    1,968
    Кој спомна во пари?
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    4,311
    Југославија и не била република, туку федерација, а во рамките на таа федерација постоеле 6 републики (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, и Црна Гора) и 2 автономни покраини (Косово, и Војводина). Секоја република имала свое знаме и свои закони (во голема мера всушност исти) а еден заеднички устав, пасош и валута - југословенскиот динар.

    Каков бил животот во Титовата Југославија (1945-1991) може да се насети преку јутјуб кој нуди изболиство видео записи на пр. Вести од разните републики.Обидете се да го слушате кажаното и снименото „меѓу редови„.



    Имајте во предвид дека секоја деценија имала свои црти. Не бил животот во Југославија ист во текот на доцните тешки 1940-ти (прикажано во филмовите: „Среќна Нова `49„ и „Големата вода„) и 1970-тe и раните 1980-ти кога било се далеку поизградено, постабилно и полиберално.

     
    Last edited: Dec 14, 2020
    Abel likes this.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,447
    Likes Received:
    40,977
    Gender:
    Male
    Да, пошто Југославија не била способна да врати 25% долг, затоа Македонија е способна сега да врати 50%.
    Мхм. Збори ми за тоа како тогаш живееле од кредити. :?:
     
    cresa-jagoda and Tanjamm like this.
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2010
    Messages:
    1,042
    Likes Received:
    1,968
    Ниту моја изјава, ниту мое мислење.

    Тој процент никако не може да послужи за споредба меѓу сегашниот и тогашниот живот. Словенија има дупло повеќе од нас. Лошо им е? САД по некои проекции ќе има повеќе од 100% годинава или в година. Лошо им е? А, од друга страна Естонија има само 9%.
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2017
    Messages:
    4,018
    Likes Received:
    17,163
    Gender:
    Female
    Според кажувањата на моите баби и дедовици, порано се живеело многу подобро. Мојата баба и дедо (и од двете страни) почнале од нула, немале свој дом, самите успеале со сопствен труд да изградат свој дом (купат), имале солидна работа (заработувале добро), купувале се што им треба за дома и им останувале плус пари. Нема лето да не биле појдени на одмор. За разлика денес јас иако сум вложила во образованието и се вработам на струка, знам дека немам никакви шанси да купам нешто свое, стан, куќа, нова кола, образование катастрофа, здравство катастрофа, администрација катастрофа, живееме во жива мизерја.
     
    theBride, shz, cresa-jagoda and 4 others like this.