Љубе Бошковски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tinushka, 27 септември 2015.

?

Дали е виновен за работите што се товари?

  1. Да

    7 глас(а)
    24,1%
  2. Не

    16 глас(а)
    55,2%
  3. Можеби

    6 глас(а)
    20,7%
  1. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    4.756
    Пол:
    Женски
    Што мислите дали заслужи да гние во затвор ?
    Затоа што си ја бранеше татковината или сметате дека не изманипулира сите?
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Во никој случај не заслужи да заврши во затвор. Многу ми е криво за него. Го уништија максимално овие од власта. Искрено верувам дека Љубе и посакува добро на Македонија и Македонците.
     
    На Tinushka и stilas7 им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Човеков далеку од невин. После пресудата за Љуботенски бачила и фрлање на топката кој Јохан го замразив ептен. И предходно кога се појави ми беше некако лигле, ама после местењето на Јохан, во Хаг јасно беше како ке заврши. Да не заборавиме и за името и парите кои ги земапе за да глуми патриот пред народот, додека не продаваше.
    Поврзан е со убиството на Тушевски ( многумина кажаа и дека тој го нарачал).

    Еве како не има продадено уште во 2001

    Еве дел од тоа што Генералот Панде Петревски го има изјавено за Арачиново:

    Генералот на македонската Армија Панде Петровски, кој командуваше со операцијата во Арачиново, во фељтонот на „Утрински весник“ говори за драматичните настани на прекинот на операцијата, собирањето на револтираните македонски граѓани пред парламентот и евакуацијата на претседателот Борис Трајковски.
    „Во јавноста преку медиумите се ширеше пропаганда дека во Арачиново има над 4 илјади терористи, но имаше само околу 200-220. Јас бев против да се интервенира во Арачиново. Тоа не беше никаков проблем и можевме да го заземеме. Тоа го тврдам како професионалец“.
    Првиот ден кога почнала операцијата, безбедносните сили навлегле до новата џамија на Арачиново и почнале со дејствата против бунтовниците. Полека се стеснувал кругот, а третиот ден безбедносните сили веќе биле навлезени во две третини во Арачиново, вели Петровски.
    „Но, на состаноците што ги држевме во самиот почеток беше чудно што претседателот Трајковски неколку пати нагласи дека за Арачиново „ни се дадени само два дена“. Во почетокот не можев да го сфатам тоа, кој тоа ни дал два дена? И затоа реагирав како војник. Реков, јас не брзам во Арачиново, два дена, три, десет, петнаесет дена, не ми е важно, тоа не ми прави проблеми од аспект на некаква стратегија“, му рекол генералот на претседателот Трајковски.
    Но, Трајковски му одговорил дека таква препорака добил од генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.
    На 25 јуни околу 12,45 часот му се јавил Трајковски и му рекол: „Генерале, во 13 часот да ја прекинете операцијата“. Петровски одговорил дека не може во 13 часот туку во 13,30, бидејќи единиците се во дејство.
    Трајковски му рекол на генералот во 14 часот да дојде во хотелот „Белви“.
    Одејќи кон хотелот „Белви“, на Петровски му се јавил генерал Звонко Стојановски, командантот на военото воздухопловство, и го известил дека неговите пилоти забележале бели чаршафи на куќите во Арачиново и дека на радарите се фатени шест ловци-бомбардери од Италија на курс кон Македонија. Генералот му рекол да се приземјат хеликоптерите.
    „Кога дојдов во хотелот ’Белви‘, имав што да видам. Сите дипломатски претставници од запад и воено-дипломатски претставници беа присутни. Се изненадив што се случува. Влегов во салата и таму ги сретнав Бучковски и Бошкоски. Го прашувам министерот Бучковски: што е ова? Ми вели: ќе чуеш! И тогаш, не се сеќавам дали Никола Димитров или Стево Пендаровски, ме запозна со едно човече и ми рече дека тоа е господинот Питер Фејт, личен претставник на генералниот секретар на НАТО“, раскажува Петровски.
    Во „Белви“ беа присутни сите, вели Петровски. „До мене седеа Љубе Бошкоски, Бучковски и Питер Фејт. Побараа да направам план за извлекување на терористите од Арачиново“, вели Петровски.
    Планот предвидувал бунтовниците да бидат извлечени од Арачиново и да бидат одведени кон Косово.
    Тогаш Љубе Бошкоски скокнал: „Не можат да бидат извлечени неказнети“!
    Генералот Петровски го смирил со зборовите: „Чекај да го сослушаме, нека каже, па потоа и ние ќе си кажеме“.
    И така и било. Во 16 часот влегол НАТО со четири автобуси од Тетово и седум автобуси од НАТО со обезбедување и плус седум борбени „хамери“ и седум санитетски „хамери“.
    „Како професионалец, потоа сфатив дека нашата Армија е понижена. Излезе дека за два дена не можеме да го преземеме Арачиново, па требаше да влезе НАТО и да седнеме на маса. Сфатив дека тоа било планирано уште од 14 јуни, кога претседателот Трајковски испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, Робертсон“, вели денес Петровски.
    Но, по влегувањето во Арачиново настанале проблеми. Никола Димитров, тогашен советник на претседателот Трајковски, му рекол на Петровски: „Господине генерале, се јавува Питер Фејт и вели дека бунтовниците не сакаат да се извлекуваат со автобуси на НАТО, туку сакаат од Никуштак со свои камиони и трактори да се извлечат“.
    „Ако е така, нека се повлече НАТО, јас ја продолжувам операцијата! Пренеси му така на Питер Фејт“, гневно одговорил Петровски.
    Димитров му ја пренел реакцијата на Фејт. По пет минути влегол повторно кај генералот и смеејќи се му рекол: „Господине генерале, ја прифатија одлуката да се извлекуваат со автобусите на НАТО“. Петровски му рекол на Димитров: „Треба да знаеш, тоа е однапред планирано, кај нив (НАТО н.з.) нема шега“.
    Кога јавноста сфати што се случува во Арачиново, почнало собирањето пред парламентот. Кога се вратил Петровски истата вечер во Генералштабот, му се јавил Златко Кецковски, шеф на обезбедувањето на претседателот Трајковски.
    Му рекол: „Генерале, на претседателот му се заканува опасност да биде убиен, ајде да го засолниме“. Петровски предложил да го евакуираат претседателот Трајковски во касарната „Илинден“.
    Трајковски таму пристигнал со телохранителот Кецковски и со уште еден телохранител, сите собрани во едно возило.
    „Претседателот беше многу вознемирен, бидејќи веќе на телевизија се пренесуваше што се случува пред парламентот“, раскажува Петровски. Масата револтирани граѓани почнала да навлегува во парламентот. „Му реков на претседателот дека морам да го известам министерот Бучковски каде сум. Го прашав претседателот дали знае премиерот дека е тој овде со нас“, раскажува Петровски.
    Но, Трајковски му одговорил: „Никој не знае каде сум, освен јас и ти“.
    Петровски го известил претседателот дека му кажал на министерот Бучковски каде се наоѓаат и дека Бучковски веднаш тргнал на пат кон касарната „Илинден“.
    Во меѓувреме, на Петровски му се јавил и премиерот Љупчо Георгиевски. Тој прашал: „Каде е претседателот?“ Петровски му рекол на Трајковски дека мора да го извести и Георгиевски каде се наоѓаат. „Со мене е“, му рекол тој на Георгиевски. „Каде сте?“, прашал Георгиевски. „Во касарната ’Илинден‘“, одговорил Петровски. „Доаѓам и јас“, рекол Георгиевски.
    По кратко време дошол и Црвенковски и собирот заличел на мини државен врв.
    Од касарната „Илинден“ следеле на телевизија с` што се случувало пред парламентот. Премиерот Георгиевски рекол: „Барај го Љубе Бошкоски“. Петровски го барал министерот за внатрешни работи Бошкоски, но тој не бил достапен на неговиот мобилен телефон. Се фатил за телефон и самиот Георгиевски. И тој се обидел да му телефонира на Бошкоски, но попусто. „Јас знаев каде беше и со кого беше Бошкоски“, тврди денес генералот Панде Петровски. Генералот на шега му рекол на Георгиевски: „Зошто не ја рушат Владата, туку парламентот?“
    Потоа Петровски му телефонирал на полицискиот генерал Ристо Галевски. Му рекол: „Немој да дозволиш некој да тргне преку Вардар“.
    „Ако отидеа на Бит-пазар, ќе дојдеше до граѓанска војна! Масата беше разјарена. Почна сериозно да се дискутира да се употреби Армијата да ги затвори мостовите на Вардар спрема Бит-пазар. Јас не го дозволив тоа. Армијата не е за тоа, ниту е оспособена ниту има таква намена. Целата состојба можеше лесно да излезе надвор од контрола“, вели Петровски.

    За Љубе има многу матни работи и сметам дека казната го стигна и дека ја има заслужено.
     
    На Daydream и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Машки
    Не се разбирам многу у политика, али снимката што ја слушнавме на Сител пред 6-7 месеци како се договарал за името ли беше не ми текнува, ќе ти всади у глава дека е далеку од невин. Сеа што беше филмско и режирано апсењето е друго, али не е невин, убеден сум у тоа
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Човекот после излегувањето од Хаг беше пречекан како херој и ке останеше тоа, доколку не се уфилма дека може да стане премиер. Народот се изреволтира, кога се дозна како и со кој пасош побегна од Хрватска. Народот се изреволтира за Јохан, а највеке ја утна коа очекуваше од Љупчо предавникот помош за да ги прекрие срањата од 2001. Каде со тој предавник предавнику?
    Националното предавство е еднакво на смртна казна.


    ова рандом го најдов на нет

    Филип Петровски за Љубе...
    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123719

    А кој се тие сомнителни финансии?

    -Финансиите се многу сомнителни, за дел од нив вчера господинот Бошкоски сам кажа за врските со Косово и мислам дека нема потреба повеќе од тоа да се зборува, меѓутоа можам да додадам едно што досега не го кажав. Целото претседателство се рекетира и господинот Љубе Бошкоски ја користи партијата за рекетирање, за свои приватни цели, додека од една страна собира и бара пари, скоро насила и прима луѓе заради тоа што му дале пари во претседателството, од друга страна слушаме дека бил во Кан пред да оди во Хаг. Мислам дека тоа е неприфатливо и несериозно во една политичка партија. Јас на тоа се спротивставив.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.266
    Никако во затвор, Љубе е премногу ГОЛЕМ за во затвор да гние !

    Јас лично не се замарам со политика но многу е иронично и трагично е да тројцата јавни личности што беа директни учесници во 2001 г во конфликтот и си ја бранеа својата земја од терористи сега да се двајца од нив во затвор а третиот да оди на печалба во Ирак една од најнесигурните земји во светот за да си ја прехрани фамилијата , зборам за Генерал Стојков, Љубе кои се во затвор и Генерал Ангелов кој е во Ирак

    dont make sense кој што сака нека збори
     
    На Luna91, Скопјетесакам, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. honest girl

    honest girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.655
    Пол:
    Женски
    Љубе испадна многу глуп у целата ситуација, ко прво испадна педерче што го намести Јохан а друго си ги дигна акциите и наместо да биде благодарен на "вемерото" што го пречекаа со сите почести од затвор (кој пречекуе бе затвореник на таков начин?! :fubar: Само у мк ова го има и за Јохан исто али др тема е тоа) али не, он почна да плука по Грујо лопатар дека бил и Мијалков дека бил македонскиот Полат и *урци палци, епа извини ама треба глуп да си да вреѓаш јавно фаца како Мијалков што ги држи конците у свои раце у државава и што може коај ќе му текне да те упика у затвор и дебело да зажалиш за тоа.
     
    На butterfly* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    А како тоа зборите дека Љубе го намести Јохан. Тоа е невозможно. Па нели во Хаг гледаа докази и сослушуваа сведоци. Зошто Љубе не го намести Ахмети? Зошто никој од УЧК не одговараше? Нема врска местењето едноставно некој мораше да оди курбан од нашиве. Плус се товарат мислам за различни дела, едниот а убиени муџахедини или што беа, а друг за цивили. Не заслужи да биде во затвор. Велите не е невин, да можеби има грешки ама се многу помали од овие криминалци од вмро. Викате за убиството бил нарачател? Епа убијците се во Република Српска и никој не ги бара, а Љубе го судат демек не ги открил убијците и дозволил да избегаат. Апсурд. И тоа после 13 години.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Викаш затвореник. А за кого лежеше во Хаг? За Македонија и за тоа што го бранеше својот народ. Сите терористи ни се во Собрание па шиптарите не велат " еееј види терористи не водат". Јас мислам дека да имаше целосна слобода во 2001 година, Љубе ќе ги згазеше шиптарите и ќе ги вратеше раселените во Матејче, Арачиново и Радуша.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    А како ќе го смени името и ќе земе мито за тоа кога не е на власт. Тој што е на власт преговара за името. Тој може да прифати промена. Многу гледате сител.
     
  11. honest girl

    honest girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.655
    Пол:
    Женски
    Има снимки и докази дека го намести Јохан, не го измислив јас тоа.
    А сега тоа што гние у затвор е по негова заслуга, кој к*р најде да се р'чка со овие на власт и да мисли со цел памет дека нема да го наместат? Не е свесен колку глуп испадна а можеше да си остане "херој" на слобода, а вака картите излегоја на виделина и снимките кај што го кодоши Јохан и снимките дека работи за свои интереси и плус го стрпаа у затвор епа извини ама многу треба да си глуп сам да си го упикаш до таа мера.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Машки
    Снимките се доказ дека не е маченик ко што го претставуваа некогаш. Снимките се доказ дека нема чесен политичар, исто како бомвите на опозицијата што се докази за тоа што праела власта у позадина.
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Ништо не намести Љубе. Тие во Хаг се свесни што и како се случило и дека Македонците не треба да лежат во затвор. Што мислите тие се глупи во Хаг и сега Љубе го намести Јохан?Видовте ли таму како одговараат, само за тоа што ќе ги прашаат кратко и јасно. Нема простор за местње, едноставено наместени се Македонците, а од друга страна никој не одговараше за маровските работници, за браната Липково, за Бриони, за етничко чистење на македонски села и слично. Нормално нема Ахмети да оди во Хаг, ќе одат невини луѓе. Никој не е чист од политичарите, ама да му се монтират дела не е во ред, посебно не на Љубе.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Снимките се обичен разговор, како што јас можат да зборам за името или било кој. Љубе не беше на власт и не беше во позиција да го менува името и кој е луд да му даде пари за нешто што не е во негова моќ да го направи.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    9.196
    Да се повтори 2001.

    31854.jpg
     
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    9.035
    За ова дело што го теретат се знае дека е чиста намештаљка. Се знаеше од почеток, а со бомбиве се уверивме. Кој како што се случувало во Хаг не знам. Ама не е фер нашиве да гниат у затвор, а од учк да се тегнат во собрание.
     
    На Tinushka, Tanjamm и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  17. honest girl

    honest girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.655
    Пол:
    Женски
    Не само со учките, ништо не е фер у државава, али у случајов Љубе сам се намести, никој не вели дека на власта требал да и ќути али он да имаше добра стратегија или јаки врски да ја урне власта онда ок и херој ќе беше а он малтене никој и ништо у споредба со сите врски што ги има Мијалков у државава, најде со него јавно да се подјебава епа не иде тоа така, глупо е.
     
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    9.035
    Абе да, ама не иде и секој што ќе каже нешто против да заврши апсаана. Или секој треба да се води по она, наведната глава сабја не ја сече?
     
    На Tanjamm и honest girl им се допаѓа ова.
  19. honest girl

    honest girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.655
    Пол:
    Женски
    Сите сме за фер судење али ај, очигледно е дека демократија е непознат поим у државава диктаторов да го навредиш и компанија таму видовме што се случува, и новинари завршија во затвор или уште потрагично загинаа нели "аccidentally", ја искрено се надевам дека ќе се појави некој со искрени намери и добра стратегија да ја урне оваа власт али засега не гледам некој таков на повидок. За жал.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Машки
    Toкму тоа го викам погоре, кога не бил на власт правел такви невини разговори, а ако дојде на власт или влезе во коалиција да речеме со некој, не можеш да знаеш.
    Секој што се вплеткал во политика, не останал чесен, тоа е муабетот, не дека фаќам страна плава или портокалова.