1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубе Бошковски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tinushka, 27 септември 2015.

?

Дали е виновен за работите што се товари?

  1. Да

    8 глас(а)
    26,7%
  2. Не

    16 глас(а)
    53,3%
  3. Можеби

    6 глас(а)
    20,0%
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Не викам дека фаќаш страна, ама кога терористи ни ја кројат судбината, не уценуваат со консензуален претседател, кога вработуваат по Рамковен и шуто и рогато, вие се фативте за Љубе не бил цвеќе. Да не е Грујо цвеќе?Ги навредуваше во кампања, како уште не ги кажа, ама не можеш да го стрпаш во затвор довека за свој ќеф.
     
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Љубе за кој што овие нашите ден ноќ трчеа по Хаг за да го извадат и спасат, како што излезе од затвор со толку мака, требаше да си седи мирен и да ужива во животот. Не верувам дека е во затвор само поради тоа што зборел против некој, секако има нешто повеќе.
    Многу црна и негативна кампања водеше на изборите, мислам тоа никој во светот го нема правено и тоа само поради што вмро не ја поддржаа неговата кандидатура. Реално се уште не му беше време тогаш за да стане претседател на државата. Жално е што така непромислено човекот се уништи.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Од што многу трчаа да го извадат вмровците со месеци, па и година дена можеби не му ја плаќаа адвокатката Едина Рашидовиќ од Босна, мислам дека тогаш излегоа муабети дека семејството на Љубе ја плаќа. Државата не му ја ни плаќаше одбраната редовно, и што повеќе од тука да се каже. И зошто мислите дека ВМРО го извади од Хаг?Што не го извадија и Јохан тогаш по таа логика?Па ние сме толку неважни и мали и немоќни и вмро и Македонија подалеку од Табановце ништо не значат.
     
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Љубе е укашкан со далеку многу повеќе дела од Хаг и 2001. Хаг, местенката на Јохан и јадењето пуканки за власта откако се врати не е ниту 1% од она што тој го има направено, нарачано и смислено. Љубе уште многу одамна го знаеме кој е и што е. Ни најмалку не е невин. По мене, сосема заслужено си е во затвор. Нека биде среќен што не му извадија еден куп други дела во врска со дрогата и проституцијата, тек тогаш никогаш немаше да излезе.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Љубе и Јохан добија најскапи и најдобри адвокати, во Хаг најверојатно не можеш да платиш и да те пуштат, ако беше така ќе излезеше жив и Милошевиќ од таму и Шешељ немаше да лежи толку време. Се што можеше да направи државата направи до крај. Тоа и Љубе и сите го знаат.
    Љубе го пуштија а Јохан не ете за тоа да ги прашаме судиите, ама ако ги прашаме нив ај да ги прашаме и зошто само Јохан и Љубе лежеа заради конфликтот и војната покрај еден куп терористи кои не нападнаа.
    Државата се им плаќаше редовно и на двајцата, и постојано имаа посети од највисокиот врв во знак на поддршка. Што е до тоа нема збор, Инаку подалеку од Табановце не значиме секако, се гледа по тоа цел живот како не третираат сите од страна.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Ама нема да се сложам дека ВМРО го извадија Љубе или дека Љубе го наместо Јохан. Такво нешто не е можно. Ниту ВМРО беше моќно да го извади Љубе, ниту Љубе беше моќен да намести било кој. На тие во Хаг им е совршено јасно што и како да се случило, ама Македончето мора скапо да плати како по обичај. А за власта, па не само што го затвори Љубе, туку и ги деградираше сите бранители. Повеќето се без работа, а терористите се на државни функции.
     
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Љубе Бошкоски беше екстрадиран во Хаг од Хрватска на 24 март 2005. Бошкоски до заминувањето во Хаг, неколку месеци беше во истражниот затвор во Пула. Хрватската полиција го уапси по барање на македонските власти откако беше обвинет за случајот „Раштански лозја“, за кој Основниот суд Скопје 2 и Апелацискиот суд минатата година донесоа ослободителна пресуда.

    види која дата е приведен по барање на власта, и кој беше на власт во Мк во 2005.
    а надоле ете има некои текстови колку да прочиташ од прилика, за адвокатите поддршката и слично.

    Јохан Тарчуловски замина од Скопје во Хаг на 16 март 2005 година.


    http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2008/07/080711_boskoski_doma11.shtml

    http://vecer.mk/makedonija/ljube-i-johan-zadovolni-od-garanciite

    http://kajgana.com/makedonija/vo-hashkiot-tribunal-sednica-za-zalbata-na-tarchulovski.html

    http://mk.mkdnews.com/macedonia/241-2009-07-22-18-00-58.html
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Не ги правдам СДСМ затоа што тогаш биле на власт, ама се е тоа заради западњациве, не заради нешто друго. Како на истите македонски власти не им текна Ахмети да го апсат на пример?
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    ни јас не правдам никој, онака ова беше оти навлеговме во муабетот, инаку политиката кај нас е ограничена, знаеш немаме права ние да апсиме луѓе во стаклени звона што се заштитени.
     
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Како може да апсат говедо кое е под директна заштита на чичко Сем? Разберете ние за ништо сами не одлучуваме и за тоа мора да се држиме а не нож во грб да си забиваме, како Љубе на Јохан.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Ехххе колку говеда имаме ние во администрација такви. Учки имаат фунцкија во АРМ и МВР.