Приватен живот и фејсбук никако не ми одат. Несакам многу да знаат за мојот љубовен живот.Така да во врска или сингл,љубовниот статус мене ми е скриен
Никако. Сметам дека тоа е приватност на двајца млади и не треба да знаат 2000 луѓе, од кои дали 1000 ги познаваш. Па ајде потоа срциња, бакнежи, слики, песни .. - Цуци, со среќа нека е, долго да одите, деца да имате - и слични глупости, кои ќе ги снема со првото ставање од " Во врска " во " Слободен " . - Леле, зашто бе, тргај чат да ми кажеш ; Колку ми е криво, а баш бевте добар пар ; Цуци ќе си најдеш подобар, овој не те заслужува ;. Ма немој да ме јебеш бре. Никогаш нема да се ставам во врска, и многу сум против тоа.
Јако,јако..шо да ти расправаме Инаку до сега никогаш немам ставено љубовен статус на фб,не ни планирам да ставам. Смешно ми е тоа. Мојот љубовен статус е моја работа,и не би сакала да го споделувам со познати/непознати луѓе на фб.Тие што треба да го знаат,го знаат
Не ми стои дека сум во врска, туку дека сум во брак и името на нели дечко ми. Така ни беше ставено на кладба уште кога бевме другари и стоеше така една година, кога се фативме, мислев дека нема потреба да се менува во статус -во врска. Кој и да беше на негово место-тоест кој и да ми беше дечко, статусот во брак немаше да го сменам.
Статусот на фб ми е скриен мнооогу долго време, и мислам дека така и ќе остане, немам потреба да објавувам дали сум во врска или не, едноставно веќе ми е излитено тоа
Никогаш не сум имала љубовен статус на фејсбук. Генерално сум против откривање премногу интима преку социјалните мрежи. Тие што ми се блиски ионака знаат и не им треба status update за да знаат што ми се случува Статус може да сменам евентуално кога ќе се омажам.
Ставени сме во врска на фејсбук и не се плашам од ништо. Доволно имам квалитети за да го задржам како и досега
статусот ми е скриен а кај него покажува само во врска тие што треба да знаат веќе знаат останатите се небитни